@ everybody : Жална е состојбата на религиозното познавање кај покето од вас так да морам како атеист со интересирање за религиозни текстови да просветлам бар покето од вас !
@ Алахов роб и Hasan el Basri :
As-Salāmu `Alaykum морам да признам дечки дека ме фасциниравте со вашето познавање на христианските свети текстови ... Да беа пола од христианите толку запознаени со исламот и пола од муслиманите толку запознаени со библиата ке бевме цел свет многу по срекни .
Него да се вратам на темата .
Да бидиме сериозни за многу од работите кои ги кажавте сте во право ... Значи тоа кое сега е познато како библиа е создадено као зборник на религиозни текстови во никеа во 412 година од страна на патриарси и монаси повлиаени најповеке од павловото учење кое во тоа време е само еден од правците на христианството .
Али историски гледано најблиско до оригиналното исусово учење го имала ерусалемската црква која исус го сметала за само голем пророк а не син божји . Иначе оригинален предводник на оваа црква по сите историски податоци е Јаков кој е во некаква фамилиска врска со самиот Исус или како јас што сакам да си го викам Јесуе . Само што ова црква била забранувана од римските власти бидејки римјаните ги сметале за евреи ( а поради бунтот на евреите во 2 в.н.е) бидејки : јаделе кошер ( чиста храна ) , посетвале синагога , и ги следеле сите религиозни правила кои ги следеле и евреите . Занчи порадо е јудаизам одколку ислам .
Затоа дечки ако идеата ви е да го оспорите Павле и да посочите на сличноста мегу исламот и прото христианството тогаш препорачувам да не се повикувате на новиот завет бидејки и нај старото евангелие во библиата е после дејаниата на Савел ( најстаро е датирано евангелието по Марко ако не се лажам и е средината на 2 в.н.е )
@ The рисјани :
Дечки бе , дали се гледате колку ви се мизерни познавањата од вашата религиа ? ? ? А пак за исламот и другите религии не ми се ни почнува .
Прво користите делови од евангелиата кои како што спомнав треба да се исклучат од дискусиава бидејки точно нивната валидност е во прашање !!! Мислам размислете малце ... се поставуваат во прашање точно тие евангелиа . Има и други , така наречени гостички евангелиа ама овие 4 стигнале да бидат во библиата и како што спомнав тие се после павле кој е поставен во прашање тука на темава . Никој не го напаѓа Исус , Јесуе , Иса ... се поставува во прашање порадо сличноста мегу прото христианството , јудаизмот и Исламот .
Второ: Изјави од типот на -
Еве неколку докази:
1. Мојата вера
2. Мојата доверба во вероучението
3. Конзистентноста на тоа учење
4. Немањето граница помеѓу теоријата и пракстата-учењето се живее а животот според учењето, дава искуства и ја потврдува точноста од учењето.
А категоријата „...библиски цитати...„ и тако даље и томе слично, не е специфика на мојата вера.
НЕ се валидни , не се ни докази !!!! Бидејки : Твојата вера е субјективна димензиа , според тоа кое си го напишал ако јас вервам во Летачко Шпагети Чудовиште такво ке постои .
Исто важи и за ова „Мојата доверба во вероучението “
Конситентноста на учењето благе везе нема со реалноста . Учењето дека сонцето се врти околу земјата било консистентно цели 3000 (поќе од христианството ) ама то не го прави вистинито . ИТН
Да форум е место каде секој може да го изрази своето мислење , али во дискусиа со факти и податоци нема место за субјективни гледишта .
А и да ...
Исус никаде ама апсолутно никаде во евангелиата не се прогласува себеси за Син Божји . Али и да е , и да е .. кој според вас е поголем и поважен : Таткото кој го создал свето и испратил својот син да ги искупи сите гревови Човечки , или , Синот кој умрен крстот и воскреснал ( Бидејки таткому бил милостив доволно да им укажи на лугето дека има нешто после смртта ) ???? Во крајна сметка христианството ги оделува дури и во крстењето еден од друг нив двајцата .
Ај толку за сега .