Вистината

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Промените на квантно ниво се случуваат поради енергетската емисија на нервните импулси. Како и да е, тие се мали незначајни промени но сепак ќе се сретне кај многу квази научни теории како The Secret и слично.
Не е поентата какви се промените, туку што всушност е свеста како феномен кога е очигледно дека влијае на исходот - на самите принципи кој ги препознаваме како причина и последица!
На кој начин промените во нервните импулси внатре во мозокот на набљудувачот го менуваат исходот бранот да стане честичка? Дали тоа за тебе е незначајно? И дали ти Нилс Бор и Макс Планк ги сметаш за квази научници? Знаеш ли кој фактор се тие во науката? Јас никаде не споменав документарци, тајни или било што од шундот кој се форсира, тие луѓе ги имаат поставено темелите на денешната модерна наука.
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:22 ---
Многу не си во право. Од тие тези до ставот дека свеста е последното градиво на Универзумот има провалија. За да ја сфатиш целата апсурднист на тезата, само запрашај се една детско прашање. Еве на пример, какво значење можеш да му дадеш на ставот дека еден мост се состои од свест?

Звучи детски и наивно, но детските хипотези мора да идговараат на детски прашања.
А кој вели дека природата на реалноста не е апсурдна? Од каде ти е тој заклучок? Кога Ајнштајн ја промовираше неговата теорија за релативноста каде просторот и времето се испреплетени и не се константни, дека можат да се растегнуваат, собираат и извиткуват, мислиш дека тоа на остатокот од научниот свет не им изгледало апсурдно?
Јас знам дека ти своите ставови и перцепции ги темелиш врз филозофски и логични издржани претпоставки, но реалноста не ја следи секогаш човечката логика, и многу пати се покажува како апсурдна во очите на човечката филозофија.
Еве уште неколку размисли на Бор во врска со апсурдноста на природата на реалноста:

"How wonderful that we have met with a paradox. Now we have some hope of making progress."

"There are some things so serious you have to laugh at them."

"We are all agreed that your theory is crazy. The question which divides us is whether it is crazy enough to have a chance of being correct. My own feeling is that it is not crazy enough."
 
Н

нихилист

Гостин
Јас зборував за можност, варијанта! Затоа реков дека секогаш постојат повеќе од две варијанти.
А тоа дека таа хипотеза никогаш не се сметала за релевантна и издржана е во најблага варијанта кажано дрска невистина. Цитатите кој ги посочив не се од било кој кажани, туку од великани во науката. Ако Планк и Бор ги сметаш за псевдонаучници тогаш воопшто нема потреба понатаму да продолжуваме со дискусија.
Дабл слит експериментот итекако докажува многу работи, да се негира значи само едно - тврдоглавост.
Помеѓу "свеста е фундамент на реалноста" и "дабл-слит е доказот" постои непремостлив мост.

Јас сум прилично сигурен дека освен цитатите од Бор и Планк, и пар јутуб клипчиња немаш ништо друго да понудиш што би ја поткрепило хипотезава. Сакал или не, мејнстрим науката не ја смета за издржана, една брза прошетка низ википедија ќе ти го потврди тоа. И те молам не ми ги извртувај зборовите, не реков дека Планк и Бор се псевдонаучници туку дека самата хипотеза спаѓа во псевдонаука, а тоа никако не ги негира нивните достигнувања во полето на квантната физика. Ти од друга страна, се однесуваш како да станува збор за богови кои го поседуваат дарот на сезнајноста... Па и синонимот за гение грешел во повеќе наврати. :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Не е поентата какви се промените, туку што всушност е свеста како феномен кога е очигледно дека влијае на исходот - на самите принципи кој ги препознаваме како причина и последица!
На кој начин промените во нервните импулси внатре во мозокот на набљудувачот го менуваат исходот бранот да стане честичка? Дали тоа за тебе е незначајно? И дали ти Нилс Бор и Макс Планк ги сметаш за квази научници? Знаеш ли кој фактор се тие во науката? Јас никаде не споменав документарци, тајни или било што од шундот кој се форсира, тие луѓе ги имаат поставено темелите на денешната модерна наука.
Свест де-факто не постои. Постојат електрохемиски процеси кои ја создаваат илузијата дека свеста постои. Нервните импулси се електрични полнежи кои креираат електромагнетно поле кое влијае на квантно ниво.

We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind.

Според денешната научна и скептичка фела, ова е лупетање глупости.Природните феномени е потребно да се објаснат со природни објаснувања, преку валидни теории.
Оваа реченица се коси со тој принцип.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Помеѓу "свеста е фундамент на реалноста" и "дабл-слит е доказот" постои непремостлив мост.

Јас сум прилично сигурен дека освен цитатите од Бор и Планк, и пар јутуб клипчиња немаш ништо друго да понудиш што би ја поткрепило хипотезава. Сакал или не, мејнстрим науката не ја смета за издржана, една брза прошетка низ википедија ќе ти го потврди тоа. И те молам не ми ги извртувај зборовите, не реков дека Планк и Бор се псевдонаучници туку дека самата хипотеза спаѓа во псевдонаука, а тоа никако не ги негира нивните достигнувања во полето на квантната физика. Ти од друга страна, се однесуваш како да станува збор за богови кои го поседуваат дарот на сезнајноста... Па и синонимот за гение грешел во повеќе наврати. :)
Не се работи за шарлантани туку недоразбирање, квантната механика односно теоријата на истата функционира одлично во микро универзумот, но кога се работи за макро каде што ние живееме истото губи секаква смисла инаку досега ќе се телепортирав кај Ким Кардашијан во спална.

И оти бе избега од форумов?
 
Кога веќе зборуваме за извртување зборови, да не заборавиме дека на мојата забелешка дека секогаш постојат повеќе од две опции, ти ми префрли дека сум сметал како физиката се поклопувала со моите верувања! Така да чувај си ги двојните стандарди за себе.
Далеку од било која вистина е дека панпсихизмот е нерелавантна хипотеза кај научниците.
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:34 ---
Свест де-факто не постои. Постојат електрохемиски процеси кои ја создаваат илузијата дека свеста постои. Нервните импулси се електрични полнежи кои креираат електромагнетно поле кое влијае на квантно ниво.

We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind.

Според денешната научна и скептичка фела, ова е лупетање глупости.Природните феномени е потребно да се објаснат со природни објаснувања, преку валидни теории.
Оваа реченица се коси со тој принцип.
Ако свест непостои, тогаш како ти свесно ги перцепираш моите зборови во пишана форма? Што е разликата кога си во длабок сон и сега? Поголема небулоза од тоа свесен ентитет да ја негира свеста тешко дека може да има.
 
Н

нихилист

Гостин
Кога веќе зборуваме за извртување зборови, да не заборавиме дека на мојата забелешка дека секогаш постојат повеќе од две опции, ти ми префрли дека сум сметал како физиката се поклопувала со моите верувања! Така да чувај си ги двојните стандарди за себе.
Физиката не се согласува со тебе.
Се извинувам ако погрешно те разбрав.
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:41 ---
И оти бе избега од форумов?
Ми досади едно време. :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Кога веќе зборуваме за извртување зборови, да не заборавиме дека на мојата забелешка дека секогаш постојат повеќе од две опции, ти ми префрли дека сум сметал како физиката се поклопувала со моите верувања! Така да чувај си ги двојните стандарди за себе.
Далеку од било која вистина е дека панпсихизмот е нерелавантна хипотеза кај научниците.
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:34 ---

Ако свест непостои, тогаш како ти свесно ги перцепираш моите зборови во пишана форма? Што е разликата кога си во длабок сон и сега? Поголема небулоза од тоа свесен ентитет да ја негира свеста тешко дека може да има.
Мозокот интерпретира информации добиени преку сетилата. Тоа и роботи го можат. Сонот е, како и размислувањата, електричен процес во мозокот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мозокот интерпретира информации добиени преку сетилата. Тоа и роботи го можат. Сонот е, како и размислувањата, електричен процес во мозокот.
Не е битно дали е човек, робот, мозок или машина, за да интерпретира било што, мора да има свесност! Тоа е факт. Е сега, има конкретни експерименти во кој самиот акт на мерење или набљудување, влијае или го менува исходот на експериментот. Ако свеста непостои и е само нуспроизвод на мозокот, роботот, компјутерот или било кој друг извор, како може да влијае на експериментот? Како може исходот дали на крај ќе добиеме бран или честичка да зависи од свеста, ако таа е ограничена само на електрохемиските реакции на мозокот?
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:58 ---
Не се работи за шарлантани туку недоразбирање, квантната механика односно теоријата на истата функционира одлично во микро универзумот, но кога се работи за макро каде што ние живееме истото губи секаква смисла инаку досега ќе се телепортирав кај Ким Кардашијан во спална.
Истите принципи кој важат на квантно ниво, важат и на макро ниво, но се далеку покомплексни и затоа и ефектите се далеку помали. Тоа му доаѓа као да ја дискредитираш математиката, затоа што полесно ќе пресметаш собирање на два едноцифрени броја отколку комплексна операција на која некој суперкомпјутер би потрошил два дена.
 
Н

нихилист

Гостин
Па и погрешно си ме разбрал, дали реков физиката се согласува со МОИТЕ верувања?
Што сакаш сега? Да ја отераме дискусијата во погрешен правец зошто те замолив да не ми ги извртуваш зборовите, па ти како навреден се чувствуваш должен да ми вратиш со иста мера?

Колку сакаш да тераме пред да утврдиме дали си рекол дека физиката се усогласува со твоите верувања, ДЕСЕТИНА страни?

Од тебе освен детски инаетења (така е, не е така) ништо не видов на темава, а мене не ми е до бесцелни опонирања... затоа поздрав, толку од мене на темава.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Не е битно дали е човек, робот, мозок или машина, за да интерпретира било што, мора да има свесност! Тоа е факт. Е сега, има конкретни експерименти во кој самиот акт на мерење или набљудување, влијае или го менува исходот на експериментот. Ако свеста непостои и е само нуспроизвод на мозокот, роботот, компјутерот или било кој друг извор, како може да влијае на експериментот? Како може исходот дали на крај ќе добиеме бран или честичка да зависи од свеста, ако таа е ограничена само на електрохемиските реакции на мозокот?
Не е факт. Тоа е wishful thinking. Не се базира на никакви експерименти поврзани со токму тој проблем. Од друга страна, сите ефекти до кои придонесува свеста се регистрирани како мозочна активност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Cerebral_cortex
Овде се случува "магијата". Ништо повеќе.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е факт. Тоа е wishful thinking. Не се базира на никакви експерименти поврзани со токму тој проблем. Од друга страна, сите ефекти до кои придонесува свеста се регистрирани како мозочна активност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Cerebral_cortex
Овде се случува "магијата". Ништо повеќе.
Факт е. Секогаш кога при експериментот - "double slit experiment" нема непосредно мерење, резултатот е интерференција или добиваме бранови! И секогаш кога мерењето се одвива истовремено со експериментот, резултатот е изостанување на таа интерференција, при што наместо бранови, се добиваат честички! Токму поради ова, природата на електроните, фотоните, протоните, атомите па дури и на молекулите се смета за двојна - (wave particle duality). Ова е даааалеку од wishful thinking.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Истите принципи кој важат на квантно ниво, важат и на макро ниво, но се далеку покомплексни и затоа и ефектите се далеку помали. Тоа му доаѓа као да ја дискредитираш математиката, затоа што полесно ќе пресметаш собирање на два едноцифрени броја отколку комплексна операција на која некој суперкомпјутер би потрошил два дена.
http://en.wikipedia.org/wiki/Schrödinger's_cat
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Факт е. Секогаш кога при експериментот - "double slit experiment" нема непосредно мерење, резултатот е интерференција или добиваме бранови! И секогаш кога мерењето се одвива истовремено со експериментот, резултатот е изостанување на таа интерференција, при што наместо бранови, се добиваат честички! Токму поради ова, природата на електроните, фотоните, протоните, атомите па дури и на молекулите се смета за двојна - (wave particle duality). Ова е даааалеку од wishful thinking.
Веќе ти одговорија во врска со овој експеримент погоре. Единствени поборници кои тврдат дека ја докажува свеста се квази научни толкувачи на истиот.
Експериментот нема врска со свеста. Има врска со самото постоење на истиот. Состојбата на информацијата е различна откако честицата има интеракција со другата материја на начин на кој може да се детерминира низ кој slit ќе мине истата. Нема никаква врска дали набљудувачот е "свесен" или не. Има врска со интеракцијата на честицата со апаратурата за мерење. Ова не значи дека кога постои шема на дифракција, ниеден свесен ентитет не знае низ кој slit ќе мине честицата. Поентата е дека само она што може да биде детерминирано можеме да го сознаеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom