Вистината

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
О, вистино! Кој може тебе да те порази? Лагата никако и никогаш, туку само оние што ја кријат и умираат со неа скриена. Да, и оние што се плашат таа да не ги открие угул голи. Какви што се, а не какви што ни се прикажувале или ни се прикажуваат.
О, вистино! Што најдолго те покрива за оној кој не може ни да живурка без тебе? Неискреноста, заблудувањето? Најмногу ветувањето.

Рекле за вистината:

Качувајќи се на планината на вистината, никогаш не се качувате залудно: ако денес не сте достигнале повисока точка, вие сте ја тренирале својата сила, така што утре ќе можете да се искачите повисоко.
Фридрих Вилхелм Ниче

Два елемента се потребни за да се изгради вистина: замисла и факт.
Реми д Гурмон

До најдлабоки и најчисти вистини пред се доаѓа со чувството одошто со размислување.
Анатол Франс

Не е доволно само да се разбира вистината, во неа мора и да се верува.
Вилјем Блејк

Има вистини во кои не е добро да се верува.
Пјер Огистен Бомарше

Вистината постои; се измислува само лагата.
Жорж Дуамел

Доколку соништата се поубави и посмели, дотолку има повеќе валкана вистина.
Иван Цанкар

Соништа имаме затоа што без нив не би можеле да ја поднесеме вистината.
Ерих Марија Ремарк

Вистината купувај ја, никогаш не продавај ја!
Библија

Ја мамиме својата совест плашејќи се да ја кажеме вистината за другите, а се затвораме во сопствената гордост зашто на самите себе си не сакаме да си ја признаеме вистината.
Окакура Какузо

Вистината не се наоѓа во фактите, туку во нивната хармонија.
Рабиндранат Тагоре

Најголем пријател на вистината е Времето; нејзин најголем непријател е Предрасудата.
Чарлс Калеб Колтон

Има вистини кои можат да убијат цел еден народ.
Жан Жироду

Неспорната вистина не бара никакви украсувања- таа е едноставна.
Максим Горки

Вистината избива на виделина, иако никој не ја бара.
Менандер

Една вистина- значи, нема вистина.
Фјодор Достоевски

Она што е вистина во едно време, во друго е заблуда.
Шарл Луј Монтескје

Вистината е невешта слугинка која крши чинии кога ги измива.
Карл Краус

Вистини има разни и доволно е секој човек да биде во право.
Душан Радовиќ

Вистината овозможува, а лагата оневозможува комуникација помеѓу лѓето. Како што светлината се открива сама себе и темнината, така и вистината е норма на себе си и на лажното.
Барух Спиноза

Сите вистини што ќе се премолчат стануваат отровни.
Фридрих Вилхелм Ниче

Вистината ја познаваме не само со умот, туку и со срцето.
Блез Паскал

Вистината и чесноста поставуваат граници кои дрскоста и лицемерието лесно ги прескокнуваат.
Вилјем Хазлит

Постои едно оружје многу пострашно од клеветата- тоа е вистината.
Шарл Морис д Талејран

Човекот е слободен само тогаш кога и служи на вистината.
Лав Толстој

Оној што секогаш ја зборува вистината не мора да има добро паметење.
Теодор Хеус

Нема полоша лага од вистина која е погрешно сфатена.
Вилјем Џејмс

Вистините кои најмалку сакаме да ги слушнеме се токму оние кои најмногу би ни користеле да ги знаеме.
Жан Д Ла Бриер

Против непријатните вистини има само еден лек- треба со нив да се измириме.
Албер Ками

Луѓето можат да ја величаат вистината; вистината не може да ги велича луѓето.
Конфучиј

Остануваме запрепастени колку е мала користа од вистината на овој свет.
Артуро Граф

Мојот главен сведок дека ја зборувам вистината е мојата сиромаштија.
Сократ

Да се поддржи вистината може да биде добро, ама да се пронајде е многу подобро.
Џузепе Верди

Вистината еее вистината.... Сакам да ја слушнам вистината секогаш, али незнам колку сум подготвен да ја слушнам секогаш...? Заебана алатка е вистината за тој што незнае како да ја соопшти а уште повеќе за тој шо не знае да ја прими. Или пак кај вистината нели не постојат илјада лица, маски, лицемерие, вистината е една и како таква е едноставна, толку едноставна, а понекогаш толку болна - се прашувам ЗОШТО ? Ја зборувате ли вистината? Дали е возможно секогаш да ја зборуваш вистината? Зарем не е тоа луксуз? Зарем вистината, зборењето на вистината не се граничи со дрскоста?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
со оглед на тоа што секој го перцепира светот на свој начин и со свои леќи, вистината за различни луѓе различно значи, односно вистината е субјективна работа, не постои една објективна вистина што би предизвикала еднакви чувства кај сите..
Дали ме лаже или не ме лаже за мене тоа е вистина додека МИСЛАМ дека е вистина.
И мислам дека со доволна толерантност зборењето на вистината или може да се нарече и како 100% искрен, многу повеќе ќе не зближи како суштества кои навистина сме.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Според мене финалната победа на вистината во еден човек зависи од тоа колку е храбар истиот.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Според мене финалната победа на вистината во еден човек зависи од тоа колку е храбар истиот.
Вистината е ствар на состојба, а не на знаење или квалитет.
Храброста е програма, како и стравот.
Илузијата никогаш нема да ја дофати вистината.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Вистината е ствар на состојба, а не на знаење или квалитет.
Храброста е програма, како и стравот.
Илузијата никогаш нема да ја дофати вистината.
Никаде не спомнав дека вистината е знаење или квалитет (иако може да се дефинира и како квалитет).
Од каде тоа храброста е програма?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Никаде не спомнав дека вистината е знаење или квалитет (иако може да се дефинира и како квалитет).
Од каде тоа храброста е програма?
Чекај малку, треба да разграничиме некои работи.....не се нервирај, добра намера имав. :)
Ултимативната вистина е да дознаеш кој си, а тоа е ствар
на состојба а не на знаење.
Храброста тука нема никакво влијание, затоа што е особина на личноста......а личноста е илузија.
Така да и сите особини што ги има личноста се илузии(програми) што работат на ауторан.
Секое сабајле кога ќе станеш виндоусот ти прави лоудинг :) Вистината е во тоа да ти не си виндоусот.....ако веќе си сватил дека не си ни телото, ама еве претпоставувам дека знаеш веќе дека не си ни телото.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Ултимативната вистина е да дознаеш кој си, а тоа е ствар
на состојба а не на знаење.
Храброста тука нема никакво влијание, затоа што е особина на личноста......а личноста е илузија.
Хм, сметам дека преку развивање на одредени особини на личноста (иако е илузија) може да се отвори пат за растење кон тоа што ти го нарекуваш "ултимативна вистина". Храброста е спротивна на стравот и развивајќи ја храброста единствено можеме да ги согледаме вистините.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Хм, сметам дека преку развивање на одредени особини на личноста (иако е илузија) може да се отвори пат за растење кон тоа што ти го нарекуваш "ултимативна вистина". Храброста е спротивна на стравот и развивајќи ја храброста единствено можеме да ги согледаме вистините.
Абе се е тоа ок, ама состојбата неможе да ја форсираш :)
Зен филозофијата вика дека и проститутката и светецот се исти на некој начин.
Само што проститутките не пишуваат книги, и не сум чул за некоја просветлена :pos:
Вистината исто така не зависи од интелектот.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Абе се е тоа ок, ама состојбата неможе да ја форсираш :)
Зен филозофијата вика дека и проститутката и светецот се исти на некој начин.
Само што проститутките не пишуваат книги, и не сум чул за некоја просветлена :pos:
Вистината исто така не зависи од интелектот.
Сметам дека состојбата може да се форсира. Состојбата не доаѓа "од никаде", таа се добива преку насочување на своите особини кон поголема вистина.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Сметам дека состојбата може да се форсира. Состојбата не доаѓа "од никаде", таа се добива преку насочување на своите особини кон поголема вистина.
Aбе можеби би имало некое влијание.
Ама проблемот е во тоа што незнаеш на каде да одиш.
Замисли се дека си во сон, не знаеш дека постои јаве.
Што би направил за да се разбудиш?
Хаххах смешното е и да се разбудиш ќе се чудиш.
Нема да ти биде јасно доста време :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Вистината која е искажана во погрешно време е полоша и од лага.
Во борбата помеѓу лагата и вистината, лагата ја добива првата битка а вистината последната.

Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае она што всушност не сака да го знае.:unsure:
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.042
pokraj smrtta vistinata e edna i konechna nepromenliva kategorija
crnoto e crno.,beloto e belo ....nema tuka svoevolno percipiranje na rabotite ., ., se ovoa da ne e samosebe zalazhuvanje i drugite okolu nas
samiot zbor terminoloshki ja ima istata vrednost i znachenje kako vo duhoven taka i vo materijalen smisol
 

Kajgana Shop

На врв Bottom