Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Не е поентата какви се промените, туку што всушност е свеста како феномен кога е очигледно дека влијае на исходот - на самите принципи кој ги препознаваме како причина и последица!Промените на квантно ниво се случуваат поради енергетската емисија на нервните импулси. Како и да е, тие се мали незначајни промени но сепак ќе се сретне кај многу квази научни теории како The Secret и слично.
На кој начин промените во нервните импулси внатре во мозокот на набљудувачот го менуваат исходот бранот да стане честичка? Дали тоа за тебе е незначајно? И дали ти Нилс Бор и Макс Планк ги сметаш за квази научници? Знаеш ли кој фактор се тие во науката? Јас никаде не споменав документарци, тајни или било што од шундот кој се форсира, тие луѓе ги имаат поставено темелите на денешната модерна наука.
--- надополнето: 11 август 2012 во 19:22 ---
А кој вели дека природата на реалноста не е апсурдна? Од каде ти е тој заклучок? Кога Ајнштајн ја промовираше неговата теорија за релативноста каде просторот и времето се испреплетени и не се константни, дека можат да се растегнуваат, собираат и извиткуват, мислиш дека тоа на остатокот од научниот свет не им изгледало апсурдно?Многу не си во право. Од тие тези до ставот дека свеста е последното градиво на Универзумот има провалија. За да ја сфатиш целата апсурднист на тезата, само запрашај се една детско прашање. Еве на пример, какво значење можеш да му дадеш на ставот дека еден мост се состои од свест?
Звучи детски и наивно, но детските хипотези мора да идговараат на детски прашања.
Јас знам дека ти своите ставови и перцепции ги темелиш врз филозофски и логични издржани претпоставки, но реалноста не ја следи секогаш човечката логика, и многу пати се покажува како апсурдна во очите на човечката филозофија.
Еве уште неколку размисли на Бор во врска со апсурдноста на природата на реалноста:
"How wonderful that we have met with a paradox. Now we have some hope of making progress."
"There are some things so serious you have to laugh at them."
"We are all agreed that your theory is crazy. The question which divides us is whether it is crazy enough to have a chance of being correct. My own feeling is that it is not crazy enough."