Вистината за ЕУ која се премолчува

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.620
Поени од реакции
716
Русија изгуби во Првата Светска Војна, а денешниот мир во Европа и во светот трае од 9 мај 1945 со победата над нацизмот и фашизмот во Втората Светска Војна.
Зошто мислиш дека победникот од војната е во основата на овој долг мир, откако има стотици примери дека тоа пред не се случило во 19 и 20 век?

Во Првата светска војна победник беше Антантата, исто како во Втората светска војна - Сојузниците. Како така Антатанта не успеа да го зачува мирот, а Сојузниците успеале?

Во времето на комунизмот во Бугарија и нас тоа ни учеле, но комунизмот умре.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428

Тоа ќе ги прашаш Сојузниците и Антантата.

Е па како што тебе во времето на социјализмот те учеле дека победата на социјализмот донела мир, така и ти денес продаваш лаги од типот дека постоењето на ЕУ е гаранција за мир.

Вистината е дека денешниот мир е резултат на десетици милиони жртви кои ставија крај на години исполнети со крвопролевање, од кои најголем број на жртви даде Советскиот Сојуз - над 27 милиони загинати - луѓе кои не загинаа ниту за социјализам, ниту за твојата вештачка творевина ЕУ, туку луѓе кои загинаа за јас и ти денес да живееме во овој мир во кој живееме денес.

Твојата вештачка творевина ЕУ нема никаква поврзаност со мирот во кој живееме денес. Напротив, токму твојата вештачка творевина ЕУ денес ги увезува на европско тло денешните и идните неонацисти од блискиот исток и од северна Африка, претставувајќи ги пред европската и пред светската јавност како бегалци и азиланти.

Ќе биде интересно да се види кои ќе бидат твоите аргументи во одбрана на твојата вештачка творевина ЕУ за 10 години од сега кога силувањата низ Келн и други германски градови од страна на овие неонацисти, ќе бидат секојдневие како низ Германија, така и низ Европа.

Освен ако во меѓувреме се разбуди здравиот ум и разум кај европските народи, па им стане јасно дека оваа вештачка творевина ЕУ од поодамна ги надмина сите граници на здравата логика и припаѓа единствено во историјата и минатото, а не во сегашноста, а уште помалку па во иднината на Европа и на светот.
 
Т

Триптико

Гостин
ЕУ е создадена во 1993 год со договорот од Мастрихт и нема врска 50ти 30ти години, војни, курци палци. Ако веќе враќаме наназад, ЕУ е продолжение на Европската Заедница за јаглен и челик и Европската Економска Заедница. Целта е да се создаде еден пазар за слободен проток на капитал, стоки, услуги и луѓе помеѓу земјите, членки на истата. Кога веќе ставаш мир во муабетот, замисли, основата е договор за соработка помеѓу Западна Германија и Франција ;) Велика Британија и онака правела влези/излези од унијата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
...

Кога веќе ставаш мир во муабетот, замисли, основата е договор за соработка помеѓу Западна Германија и Франција ;) Велика Британија и онака правела влези/излези од унијата.
Ги измеша малку лончињата во последната реченица.

Франција е таа која има правено влези-излези од НАТО, а од ЕУ досега ниту една држава членка не излегла.

Прв исклучок може да биде Велика Британија доколку Британците на референдумот на 23 јуни 2016 гласаат за престанок на досегашното членство на Велика Британија во ЕУ, но тешко дека тоа ќе стане реалност.

Шкотланѓаните сакаат да останат во ЕУ, а Англичаните, Велшаните и Ирците се поделени, поради што повеќе од сигурно е дека Велика Британија ќе остане во ЕУ и после 23 јуни 2016.

Додај ја на ова и неписмената британска младина, израсната во 1990-те години во илузијата наречена ЕУ, параноични во своето јавно мислење дека Велика Британија нема иднина надвор од ЕУ и дека британската држава и британската економија ќе пропаднат надвор од ЕУ, и референдумот на 23 јуни 2016 е осуден на пропаст.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Русија изгуби во Првата Светска Војна, а денешниот мир во Европа и во светот трае од 9 мај 1945 со победата над нацизмот и фашизмот во Втората Светска Војна.
И не само от страна на СССР.
Тоа ќе ги прашаш Сојузниците и Антантата.

Е па како што тебе во времето на социјализмот те учеле дека победата на социјализмот донела мир, така и ти денес продаваш лаги од типот дека постоењето на ЕУ е гаранција за мир.

Вистината е дека денешниот мир е резултат на десетици милиони жртви кои ставија крај на години исполнети со крвопролевање, од кои најголем број на жртви даде Советскиот Сојуз - над 27 милиони загинати - луѓе кои не загинаа ниту за социјализам, ниту за твојата вештачка творевина ЕУ, туку луѓе кои загинаа за јас и ти денес да живееме во овој мир во кој живееме денес.

Твојата вештачка творевина ЕУ нема никаква поврзаност со мирот во кој живееме денес. Напротив, токму твојата вештачка творевина ЕУ денес ги увезува на европско тло денешните и идните неонацисти од блискиот исток и од северна Африка, претставувајќи ги пред европската и пред светската јавност како бегалци и азиланти.

Ќе биде интересно да се види кои ќе бидат твоите аргументи во одбрана на твојата вештачка творевина ЕУ за 10 години од сега кога силувањата низ Келн и други германски градови од страна на овие неонацисти, ќе бидат секојдневие како низ Германија, така и низ Европа.

Освен ако во меѓувреме се разбуди здравиот ум и разум кај европските народи, па им стане јасно дека оваа вештачка творевина ЕУ од поодамна ги надмина сите граници на здравата логика и припаѓа единствено во историјата и минатото, а не во сегашноста, а уште помалку па во иднината на Европа и на светот.
Не знам каде ти полнат главата со таква глупост,но определено имаш сериозен проблем.
Само да ти припамтам,едка СССР се раздели и веке такво нешто не постои и то се раздели со не малце загинати и воjни, а гледаме дека и во моментот продолжува со воjни на бившиот негов простор.
За да има воjна-требат 2 страни минимум. Нито ЕУ сама може да биде гарант, нито СССР е бил некога гарант за мирот.
Кога зборуваш за вештачката ЕУ- то и СССР беше вештачки. Ништо различно не гледам во тоj правец и ако едните те пикаха со сила и воjна внатре.
Преди да ни зборуваш за увезуването на бегалците, да се запрашаме дали некоj не ги натера прво да бегат ;)

Уште мешаш ЕУ со воен соуз. Ако видиш ЕУ дори нема заедничка армиja,а тоа е исклучиво икономски соуз со согласуване на надворешните си политики. Се уште мешаш држава со соуз.[DOUBLEPOST=1464333207][/DOUBLEPOST]
Додај ја на ова и неписмената британска младина, израсната во 1990-те години во илузијата наречена ЕУ, параноични во своето јавно мислење дека Велика Британија нема иднина надвор од ЕУ и дека британската држава и британската економија ќе пропаднат надвор од ЕУ, и референдумот на 23 јуни 2016 е осуден на пропаст.
Британската младина не знае што е ЕУ дори,а ти ми зборуваш дека израснала со идеjата дека нема иднина надвор от ЕУ. Кога последно си бил во Велика Британиja и изобшто стапнувал ли си тамо?
Британците винаги са били галеното дете на ЕУ и заради нив сите други држави членки плакjaт за да можат тиja да седат внатре. Уште от времето на Тачар.
Лично jaс сакам да напуштат ЕУ за да може сите како вас да видат што ке се деси. Како Лондонското сити ке биде удрено и колко работни места ке бидат загубени и што ке се деси со фунтата.
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.620
Поени од реакции
716
Тоа ќе ги прашаш Сојузниците и Антантата.

Е па како што тебе во времето на социјализмот те учеле дека победата на социјализмот донела мир, така и ти денес продаваш лаги од типот дека постоењето на ЕУ е гаранција за мир.

Вистината е дека денешниот мир е резултат на десетици милиони жртви кои ставија крај на години исполнети со крвопролевање, од кои најголем број на жртви даде Советскиот Сојуз - над 27 милиони загинати - луѓе кои не загинаа ниту за социјализам, ниту за твојата вештачка творевина ЕУ, туку луѓе кои загинаа за јас и ти денес да живееме во овој мир во кој живееме денес.
Советскиот Сојуз можеше да заврши војната години порано и да избегне скоро сите од овие 20+ милиони жртви, но се полакоми за територија. Денес Русија се гледа колку е голема во споредба со СССР пред 1939.

Твојата вештачка творевина ЕУ нема никаква поврзаност со мирот во кој живееме денес. Напротив, токму твојата вештачка творевина ЕУ денес ги увезува на европско тло денешните и идните неонацисти од блискиот исток и од северна Африка, претставувајќи ги пред европската и пред светската јавност како бегалци и азиланти.

Ќе биде интересно да се види кои ќе бидат твоите аргументи во одбрана на твојата вештачка творевина ЕУ за 10 години од сега кога силувањата низ Келн и други германски градови од страна на овие неонацисти, ќе бидат секојдневие како низ Германија, така и низ Европа.

Освен ако во меѓувреме се разбуди здравиот ум и разум кај европските народи, па им стане јасно дека оваа вештачка творевина ЕУ од поодамна ги надмина сите граници на здравата логика и припаѓа единствено во историјата и минатото, а не во сегашноста, а уште помалку па во иднината на Европа и на светот.
Што е иднината на Европа? Русија? :tapp:

The ECSC was first proposed by French foreign minister Robert Schuman on 9 May 1950 as a way to prevent further war between France and Germany. He declared his aim was to "make war not only unthinkable but materially impossible" which was to be achieved by regional integration, of which the ECSC was the first step.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
И не само от страна на СССР.

Не знам каде ти полнат главата со таква глупост,но определено имаш сериозен проблем.
Само да ти припамтам,едка СССР се раздели и веке такво нешто не постои и то се раздели со не малце загинати и воjни, а гледаме дека и во моментот продолжува со воjни на бившиот негов простор.
За да има воjна-требат 2 страни минимум. Нито ЕУ сама може да биде гарант, нито СССР е бил некога гарант за мирот.
Кога зборуваш за вештачката ЕУ- то и СССР беше вештачки. Ништо различно не гледам во тоj правец и ако едните те пикаха со сила и воjна внатре.
Преди да ни зборуваш за увезуването на бегалците, да се запрашаме дали некоj не ги натера прво да бегат ;)

Уште мешаш ЕУ со воен соуз. Ако видиш ЕУ дори нема заедничка армиja,а тоа е исклучиво икономски соуз со согласуване на надворешните си политики. Се уште мешаш држава со соуз.
Не знам за глупости, но сериозно ме изненадуваш со ваквиот коментар, бидејќи не е во твој стил да бидеш објективен со коментари од типот дека ниту Советскиот Сојуз беше гарант на мирот - што е точно, исто како што ниту ЕУ е гарант на мирот - што исто така е точно. :bravobe:

Или не си се напил утринско кафе, или часовникот ти е застанат во 9 часот, па се погодило како и секој расипан часовник да бидеш точен 2 пати во едно деноноќие.

И да, точно е тоа дека и ЕУ е вештачка творевина, создадена не за интересите на граѓаните на нејзините држави членки, туку за интересите на евробирократите и на бирократите и големите бизниси кои ги водат државите членки на ЕУ.

Ти благодарам бидејќи за прв пат после ептен долг период објавуваш коментар кој всушност е потврда на моите аргументи.

Ако ЕУ е само економски сојуз, што бара да си го пика носот во домашните политики на нејзините држави членки, како на пример, кога Ирците гласаа против Европскиот Устав, да им бара да гласаат повторно ?

Зошто ЕУ бара заедничка законска легислатива за сите држави членки, што е директен упад во нивната сувереност ?

Ако јас и ти живееме во заедничка зграда и плаќаме исти месечни сметки за одржување на зградата, со кое право куќниот совет си го пика носот во мојот дом за да ми кажува како да го уредувам мојот дом, што да продадам, а што не, и на што да штедам пари, а на што не ?

Чекај да помине референдумот, па после ќе видиме колку ЕУ нема армија.

MPs warn voters being 'conned' as Brussels keeps plans for EU army secret until after referendum

Британската младина не знае што е ЕУ дори,а ти ми зборуваш дека израснала со идеjата дека нема иднина надвор от ЕУ. Кога последно си бил во Велика Британиja и изобшто стапнувал ли си тамо?
Британците винаги са били галеното дете на ЕУ и заради нив сите други држави членки плакjaт за да можат тиja да седат внатре. Уште от времето на Тачар.
Лично jaс сакам да напуштат ЕУ за да може сите како вас да видат што ке се деси. Како Лондонското сити ке биде удрено и колко работни места ке бидат загубени и што ке се деси со фунтата.
Не си ја притискај среќата, и јас сакам Велика Британија да излезе од ЕУ за конечно да се случи домино ефект кој ќе стави крај на ЕУ најдоцна до крајот на оваа деценија. Ако не домино ефект, евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ барем нека послужи за пробудување на евроскептицизмот низ сите држави членки на ЕУ.

Но не верувам дека ќе имаме толкава среќа.

Патем, ја пратиш референдумската кампања во Велика Британија ?

Јас ја пратам, и освен ако рејтинзите се ептен добро наместени - што воопшто нема да ме изненади - не гледам друго оправдание за високата поддршка која ја има членството на Велика Британија во ЕУ кај британската младина.

Но обиди се да ги разбереш - деца се, сеуште не завршиле ни факултет, а веќе имаат право на глас бидејќи имаат над 18 години и никогаш не се соочиле со вистинските предизвици на животот за да знаат што значи да плаќаш повеќе за членство во ЕУ бидејќи твојата држава всушност остварила повисок економски и/или трговски раст од очекуваниот, како што им направија на Британците во 2014 година, кога Дејвид Камерон прво се правеше големо мажиште, велејќи дека нема да плати повисоки финансиски доприноси кон ЕУ, за на крај да ги плати истите, големото мажиште. :tapp:

Советскиот Сојуз можеше да заврши војната години порано и да избегне скоро сите од овие 20+ милиони жртви, но се полакоми за територија. Денес Русија се гледа колку е голема во споредба со СССР пред 1939.
Ехехеее, многу работи можеа да бидат, но не беа.

Како и зошто Советскиот Сојуз одлучи да игра на картата на експанзионизмот во Втората Светска Војна, ќе треба да ги прашаш Јосиф Висарионович Сталин и останатото тогашно раководство - недемократско и неизбрано раководство на Советскиот Сојуз, исто како и недемократското и неизбраното раководство на ЕУ.

Факт е тоа дека Советскиот Сојуз, исто како и Сојузниците од анти-фашистичката коалиција за време на Втората Светска Војна, беа главните фактори кои придонесоа за долготраен мир во Европа со нивната победа над Нацистичка Германија и силите на Оската, а не ЕУ и нејзиното постоење.

Што е иднината на Европа? Русија? :tapp:

The ECSC was first proposed by French foreign minister Robert Schuman on 9 May 1950 as a way to prevent further war between France and Germany. He declared his aim was to "make war not only unthinkable but materially impossible" which was to be achieved by regional integration, of which the ECSC was the first step.
Ти го велиш тоа, не јас. :tapp:

Ако не знаеш да донесуваш самостојни одлуки во твојот живот, туку ти треба сурогат старател да ти кажува што треба да правиш, а што не, тогаш повели дозволи и` на Русија да ја игра таквата улога на сурогат старател во твојот живот. Или на било кој друг, има и други сурогат старатели низ Европа и низ светот.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не знам за глупости, но сериозно ме изненадуваш со ваквиот коментар, бидејќи не е во твој стил да бидеш објективен со коментари од типот дека ниту Советскиот Сојуз беше гарант на мирот - што е точно, исто како што ниту ЕУ е гарант на мирот - што исто така е точно. :bravobe:
Като гледам, не е твоe качество и во моментот да бидеш обективен,а бргу сврти страната нанекаде :)
Луге, кои ми зборуват за антифашистки борби и нацизми...просто во XXI век е смешно
Или не си се напил утринско кафе, или часовникот ти е застанат во 9 часот, па се погодило како и секој расипан часовник да бидеш точен 2 пати во едно деноноќие.

И да, точно е тоа дека и ЕУ е вештачка творевина, создадена не за интересите на граѓаните на нејзините држави членки, туку за интересите на евробирократите и на бирократите и големите бизниси кои ги водат државите членки на ЕУ.

Ти благодарам бидејќи за прв пат после ептен долг период објавуваш коментар кој всушност е потврда на моите аргументи.

Ако ЕУ е само економски сојуз, што бара да си го пика носот во домашните политики на нејзините држави членки, како на пример, кога Ирците гласаа против Европскиот Устав, да им бара да гласаат повторно ?

Зошто ЕУ бара заедничка законска легислатива за сите држави членки, што е директен упад во нивната сувереност ?

Ако јас и ти живееме во заедничка зграда и плаќаме исти месечни сметки за одржување на зградата, со кое право куќниот совет си го пика носот во мојот дом за да ми кажува како да го уредувам мојот дом, што да продадам, а што не, и на што да штедам пари, а на што не ?

Чекај да помине референдумот, па после ќе видиме колку ЕУ нема армија.

MPs warn voters being 'conned' as Brussels keeps plans for EU army secret until after referendum
Сакам леко да се запра на тоа што го сложив во болд.
Дали си свестен,дека ЕУ се обедини за да подигне Европа после ВСВ чисто икономски. Ако икономиката на една поголема површина не е во интерес на граганите,а на некакви бурократи(кои изобшто не знам како г и дефинираш и кои са) jaс стварно не знам каде гледаш интересот на обичните грарани.
Така гледам дека читаш напишаното от мене както дjaвола чита евангелието.
Кажав и надворешна политика. Все пак устроjството на ЕУ не е свештена крава и то се променува. Затоа идеjaва беше да има заеднички устав. Тоа не се деси както видовде. Тоа беше причината да има втор референдум тамо.
ЕУ не се меша во теми, кои не ja засегат директно.
Зашто ЕУ бара заедничка регулатива - заштото за да има едаква можност и право на сите држави членки и сите грагани, треба да важат еднакви закони и регулативи. Кога си купам производ Х от Бугариja или Романиja, тиja треба да отговарат на стандартот коj e за целиот ЕУ. Не гледам никаде упад.
Тоа ти е како да кажеш, владата от Скопje прави упад врз санитарниот контрол во Битола за продавниците.
Ти сакаш ли како граганин да получиш една и иста заштита от гледна точка на санитарни норми?
Па да ти кажам, ако не си плакjaш на кукниот дом, можат и да ти запрат достапот до домот,а не да ти кажуват како да си го оредуваш, ти си си избрал да си купиш стан тамо. ;)

Не си ја притискај среќата, и јас сакам Велика Британија да излезе од ЕУ за конечно да се случи домино ефект кој ќе стави крај на ЕУ најдоцна до крајот на оваа деценија. Ако не домино ефект, евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ барем нека послужи за пробудување на евроскептицизмот низ сите држави членки на ЕУ.

Ако била икономска заедница, што барала от ирците.
Но не верувам дека ќе имаме толкава среќа.

Патем, ја пратиш референдумската кампања во Велика Британија ?

Јас ја пратам, и освен ако рејтинзите се ептен добро наместени - што воопшто нема да ме изненади - не гледам друго оправдание за високата поддршка која ја има членството на Велика Британија во ЕУ кај британската младина.

Но обиди се да ги разбереш - деца се, сеуште не завршиле ни факултет, а веќе имаат право на глас бидејќи имаат над 18 години и никогаш не се соочиле со вистинските предизвици на животот за да знаат што значи да плаќаш повеќе за членство во ЕУ бидејќи твојата држава всушност остварила повисок економски и/или трговски раст од очекуваниот, како што им направија на Британците во 2014 година, кога Дејвид Камерон прво се правеше големо мажиште, велејќи дека нема да плати повисоки финансиски доприноси кон ЕУ, за на крај да ги плати истите, големото мажиште. :tapp:
Референдумот но UK е една голема игра и ништо повеке за уште остапки уште права на UK. Уви, ке ги получат и заедничко срекно ке си живеат отново во ЕУ. UK e инструмент во рацете на САД за внатрешно влиjaние во соуза.
Нормално е да платиш повеке, кога имаш поголем раст. Вноската за ЕУ е % от БВП и кога си планирал икономиката ти да расте 2%,а таа пораснала со 5%, нормално да имаш да даваш уште пари во буджетот на соуза. Да не зборуваме,дека UK има прекомерни отстапки гласани и плакjaт доста помалце от сите држави членки во заедничкиот буджет .
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
Като гледам, не е твоe качество и во моментот да бидеш обективен,а бргу сврти страната нанекаде :)
Луге, кои ми зборуват за антифашистки борби и нацизми...просто во XXI век е смешно
Па да ти бидам искрен, и на мене историјата ми делуваше смешно се додека не ја видов како им се повторува на неписмените.

Бидејќи сум само еден од ретките кои се занимаваат со историјата, не можам многу да направам за да спречам истата да се повтори, но сепак не морам да молчам и да не правам паралелна споредба помеѓу тоталитарните општества на 20-от век и про-тоталитарните општества на 21-от век.

Сакам леко да се запра на тоа што го сложив во болд.
Дали си свестен,дека ЕУ се обедини за да подигне Европа после ВСВ чисто икономски. Ако икономиката на една поголема површина не е во интерес на граганите,а на некакви бурократи(кои изобшто не знам како г и дефинираш и кои са) jaс стварно не знам каде гледаш интересот на обичните грарани.
Така гледам дека читаш напишаното от мене както дjaвола чита евангелието.
Кажав и надворешна политика. Все пак устроjството на ЕУ не е свештена крава и то се променува. Затоа идеjaва беше да има заеднички устав. Тоа не се деси както видовде. Тоа беше причината да има втор референдум тамо.
ЕУ не се меша во теми, кои не ja засегат директно.
Зашто ЕУ бара заедничка регулатива - заштото за да има едаква можност и право на сите држави членки и сите грагани, треба да важат еднакви закони и регулативи. Кога си купам производ Х от Бугариja или Романиja, тиja треба да отговарат на стандартот коj e за целиот ЕУ. Не гледам никаде упад.
Тоа ти е како да кажеш, владата от Скопje прави упад врз санитарниот контрол во Битола за продавниците.
Ти сакаш ли како граганин да получиш една и иста заштита от гледна точка на санитарни норми?
Па да ти кажам, ако не си плакjaш на кукниот дом, можат и да ти запрат достапот до домот,а не да ти кажуват како да си го оредуваш, ти си си избрал да си купиш стан тамо. ;)
Ама ако народот веќе еднаш ти кажал НЕ, што ќе ти е втор референдум ?

Дали мислиш дека Југославија имаше право да бара втор референдум за независност на Македонија, само бидејќи Македонците на 8 септември 1991 гласаа за независност ?

Никогаш не сум ја третирал дискусијата ниту со тебе, ниту со било кој друг, како дискусија врз религиска основа за да ги земаш во предвид ѓаволот и Евангелието. Јас и ти имаме спротивставени ставови за многу работи, а тоа нема никаква религиска основа.

Е па токму во политиките кои ја засегнуваат ЕУ е проблемот, бидејќи ако ЕУ навистина е само економски сојуз, тогаш треба да се фокусира исклучиво и само исклучиво на слободната трговија, а не да ми кажува какви краставици и патлиџани треба да одгледувам, колку треба да штедам, а колку да трошам, и најлошо од се - да ми кажува на што треба да штедам, а на што да трошам.

И не - ниту ЕУ, ниту било кој друг има право да прави санитарна инспекција во Битола, освен локалната битолска санитарна инспекција. Во ред се вонредни контроли еднаш или два пати годишно од инспекциска служба од друг град, но само доколку има оправдани причини за тоа, но од друга држава да ми доаѓа санитарна или било каква инспекција, најкомотно ќе ги пратам назад од каде што дошле за таму да си вршат инспекција, а не кај мене.

Прашањето не беше дали јас треба да плаќам повеќе за одржувањето на зградата доколку не плаќам редовно, туку со кое право куќниот совет си го пика носот во мојот дом - во мојот приватен дом во кој јас уживам ексклузивно право на приватност и на приватна сопственост - и со кое право куќниот совет на мене ми кажува на што смеам, а на што не смеам да ги трошам моите пари ?

Референдумот но UK е една голема игра и ништо повеке за уште остапки уште права на UK. Уви, ке ги получат и заедничко срекно ке си живеат отново во ЕУ. UK e инструмент во рацете на САД за внатрешно влиjaние во соуза.
Нормално е да платиш повеке, кога имаш поголем раст. Вноската за ЕУ е % от БВП и кога си планирал икономиката ти да расте 2%,а таа пораснала со 5%, нормално да имаш да даваш уште пари во буджетот на соуза. Да не зборуваме,дека UK има прекомерни отстапки гласани и плакjaт доста помалце от сите држави членки во заедничкиот буджет.
Се согласувам дека референдумот ќе заврши неуспешно како резултат на отстапки кои ќе следуваат исклучиво за Велика Британија, но не мислиш дека тоа не е фер кој тебе и кон Бугарија, кои се трудите да постигнете рамноправност за сите држави членки на ЕУ ?

Или сепак ќе се согласиш дека Грција и Германија не можат да опстојат заедно во заедничка економска зона со заедничка валута, бидејќи Германецот работи многу повеќе за разлика од Гркот и се пензионира децении подоцна после Гркот ?

Мојот економски раст си е моја работа и ничија друга, а ако членарината се одредува според процент од БДП, тоа само дополнително објаснува колкава е нерамноправноста во ЕУ, бидејќи ниту сиромашниот ќе биде задоволен да даде повисок процент од својата заработувачка, ниту ќе биде задоволен ако богатиот плаќа ист процент колку и тој самиот.

За жал, во вистинскиот свет не функционираат бројките на ЕУ, што е само аргумент повеќе зошто и самата ЕУ не функционира онака како што треба и зошто треба во целост да престане да функционира и да постои.
 
Т

Триптико

Гостин
Ги измеша малку лончињата во последната реченица.

Франција е таа која има правено влези-излези од НАТО, а од ЕУ досега ниту една држава членка не излегла.

Прв исклучок може да биде Велика Британија доколку Британците на референдумот на 23 јуни 2016 гласаат за престанок на досегашното членство на Велика Британија во ЕУ, но тешко дека тоа ќе стане реалност.

Шкотланѓаните сакаат да останат во ЕУ, а Англичаните, Велшаните и Ирците се поделени, поради што повеќе од сигурно е дека Велика Британија ќе остане во ЕУ и после 23 јуни 2016.

Додај ја на ова и неписмената британска младина, израсната во 1990-те години во илузијата наречена ЕУ, параноични во своето јавно мислење дека Велика Британија нема иднина надвор од ЕУ и дека британската држава и британската економија ќе пропаднат надвор од ЕУ, и референдумот на 23 јуни 2016 е осуден на пропаст.
Мислев на француското вето за влез (двапати), ама лошо го напишав. Дека Британците биле цвеќе, не биле. 2 пати имаат референдум (едниот сега што ќе биде) за да останеме во унијата или не, прашање е сега. На почетокот, Западна Германија и Франција се договараат за соработка, престанок на провокации и сл и започнуваат силно развивање на сите полиња. Како и да е, има еден друг факт, што фрла малку поинакво светло, а тоа е:

the Bilderberg Group in 1955, there was support for a single European currency (i.e. the euro) and for a common market in Europe with lower tariff rates than those outside of the common market, and greater pan-European integration, based on the then six members of the European Coal and Steel Community, "particularly with regard to the industrial utilization of atomic energy.

Поентата ми беше, дека нема врска унијата со мир. Врз основа на економски интереси е формирана. Да бидам безобразен до крај, да не беа Американци и Руси, војната можеби ќе траеше до денес.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Па да ти бидам искрен, и на мене историјата ми делуваше смешно се додека не ја видов како им се повторува на неписмените.

Бидејќи сум само еден од ретките кои се занимаваат со историјата, не можам многу да направам за да спречам истата да се повтори, но сепак не морам да молчам и да не правам паралелна споредба помеѓу тоталитарните општества на 20-от век и про-тоталитарните општества на 21-от век.
Ако правиш паралели мегу тоталитарните општества треба да гледаш причините за тоа.
Причините са различни.

Ама ако народот веќе еднаш ти кажал НЕ, што ќе ти е втор референдум ?

Дали мислиш дека Југославија имаше право да бара втор референдум за независност на Македонија, само бидејќи Македонците на 8 септември 1991 гласаа за независност ?

Никогаш не сум ја третирал дискусијата ниту со тебе, ниту со било кој друг, како дискусија врз религиска основа за да ги земаш во предвид ѓаволот и Евангелието. Јас и ти имаме спротивставени ставови за многу работи, а тоа нема никаква религиска основа.

Е па токму во политиките кои ја засегнуваат ЕУ е проблемот, бидејќи ако ЕУ навистина е само економски сојуз, тогаш треба да се фокусира исклучиво и само исклучиво на слободната трговија, а не да ми кажува какви краставици и патлиџани треба да одгледувам, колку треба да штедам, а колку да трошам, и најлошо од се - да ми кажува на што треба да штедам, а на што да трошам.

И не - ниту ЕУ, ниту било кој друг има право да прави санитарна инспекција во Битола, освен локалната битолска санитарна инспекција. Во ред се вонредни контроли еднаш или два пати годишно од инспекциска служба од друг град, но само доколку има оправдани причини за тоа, но од друга држава да ми доаѓа санитарна или било каква инспекција, најкомотно ќе ги пратам назад од каде што дошле за таму да си вршат инспекција, а не кај мене.

Прашањето не беше дали јас треба да плаќам повеќе за одржувањето на зградата доколку не плаќам редовно, туку со кое право куќниот совет си го пика носот во мојот дом - во мојот приватен дом во кој јас уживам ексклузивно право на приватност и на приватна сопственост - и со кое право куќниот совет на мене ми кажува на што смеам, а на што не смеам да ги трошам моите пари ?
Както знаеш, пршането на референдумот не беше истото.

Не знам каде намеси Jгославиja ,но прво референдумот во НРМ беше наполно различен. Тамо стануваше прашане за независност и отделане от Jгославиja. Самата таа немаше потреба да бара втор референдум поради простата причина,дека имаше веке и инфилтрира доволно луге, кои после ви изjaдоха главата,а и до днес го прават. Само за пример ке посочам операциjaта "Опера".

Относно религиите, не сум ги вмешал ,а не разбираш метафората со коja си послужив.

Извини икономиката е нешто многу повеке от само слободна трговиja. Икономиката е преко поврзана со квалитет, со иновации, со стандарти и така натаму.
Монетарната политика и фискалната политика исто са дел от икономиката на сека држава.

Ама санитарните правила са на национално ниво ;) Со два збора во Битола има упад на правилата земени во Скопje ;)

Ти си избрал да живиш во таа сграда? Ако не ти бендисват правилата...повели.

Се согласувам дека референдумот ќе заврши неуспешно како резултат на отстапки кои ќе следуваат исклучиво за Велика Британија, но не мислиш дека тоа не е фер кој тебе и кон Бугарија, кои се трудите да постигнете рамноправност за сите држави членки на ЕУ ?

Или сепак ќе се согласиш дека Грција и Германија не можат да опстојат заедно во заедничка економска зона со заедничка валута, бидејќи Германецот работи многу повеќе за разлика од Гркот и се пензионира децении подоцна после Гркот ?

Мојот економски раст си е моја работа и ничија друга, а ако членарината се одредува според процент од БДП, тоа само дополнително објаснува колкава е нерамноправноста во ЕУ, бидејќи ниту сиромашниот ќе биде задоволен да даде повисок процент од својата заработувачка, ниту ќе биде задоволен ако богатиот плаќа ист процент колку и тој самиот.

За жал, во вистинскиот свет не функционираат бројките на ЕУ, што е само аргумент повеќе зошто и самата ЕУ не функционира онака како што треба и зошто треба во целост да престане да функционира и да постои.
Кога Бугариja влегуваше, Велика Британиja си имаше своите привилегии. Не гледам проблемот. Разбирам сега за прв пат да ги барат, но не. Те са ги имали винаги. Уште повеке, ако Бугариja е имала против сега...да го е кажала и ако го е кажала за да се согласи е постигнала сделка со Лондон.

Германиja и Грциja са ти друга приказна. Както веке ти кажав ЕУ е жив организам и се мени. Не за прв пат се зборува ЕУ на повеке скорости. Просто Германиja и Грциja ке бидат на различни скорости во иднина.

Твоja раст си е твоja работа, но кога вноската ти е процент от БВП, тоа е работа на сите и наjвеке на ЕК. Тоа са правилата, така е договорено. Не гледам проблем во тоа. Еднаквиот % поставува и симошниот и богатиот на равна нога. Не гледам нешто посправедливо или поне не е предложено.Тоа е истото както вие имате равен данок за сите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
Ако правиш паралели мегу тоталитарните општества треба да гледаш причините за тоа.
Причините са различни.

Както знаеш, пршането на референдумот не беше истото.

Не знам каде намеси Jгославиja ,но прво референдумот во НРМ беше наполно различен. Тамо стануваше прашане за независност и отделане от Jгославиja. Самата таа немаше потреба да бара втор референдум поради простата причина,дека имаше веке и инфилтрира доволно луге, кои после ви изjaдоха главата,а и до днес го прават. Само за пример ке посочам операциjaта "Опера".

Относно религиите, не сум ги вмешал ,а не разбираш метафората со коja си послужив.

Извини икономиката е нешто многу повеке от само слободна трговиja. Икономиката е преко поврзана со квалитет, со иновации, со стандарти и така натаму.
Монетарната политика и фискалната политика исто са дел от икономиката на сека држава.

Ама санитарните правила са на национално ниво ;) Со два збора во Битола има упад на правилата земени во Скопje ;)

Ти си избрал да живиш во таа сграда? Ако не ти бендисват правилата...повели.

Кога Бугариja влегуваше, Велика Британиja си имаше своите привилегии. Не гледам проблемот. Разбирам сега за прв пат да ги барат, но не. Те са ги имали винаги. Уште повеке, ако Бугариja е имала против сега...да го е кажала и ако го е кажала за да се согласи е постигнала сделка со Лондон.

Германиja и Грциja са ти друга приказна. Както веке ти кажав ЕУ е жив организам и се мени. Не за прв пат се зборува ЕУ на повеке скорости. Просто Германиja и Грциja ке бидат на различни скорости во иднина.

Твоja раст си е твоja работа, но кога вноската ти е процент от БВП, тоа е работа на сите и наjвеке на ЕК. Тоа са правилата, така е договорено. Не гледам проблем во тоа. Еднаквиот % поставува и симошниот и богатиот на равна нога. Не гледам нешто посправедливо или поне не е предложено.Тоа е истото както вие имате равен данок за сите.
Е па твојот жив организам наречен ЕУ мутира во идиотизам од кој нема враќање и од кој единствен спас е исекување на главата и погребување на умртвениот организам во историјата.

Мојата приватна сопственост е моја приватна сопственост, и ниту ти, ниту било кој друг од зграда има право да ми наметнува на мене правила за тоа на што смеам, а на што не смеам да ги трошам моите пари, а уште помалку па да ми кажува како треба да си го уредувам сопствениот дом.

Моето право на приватност има поголема тежина и поголема релевантност наспроти правилата на зградата, без разлика колку тоа им се допаѓа на останатите станари или не.

За жал, патот кон пеколот секогаш е трасиран со добри намери - така беше со социјализмот, така беше со политиката на задоволување на непријателот, која Сојузниците ја практикуваа кога им ја предадоа Судетската област од Чехословачка во 1938 година, а подоцна во март 1939 и останатите територии од Чехословачка на златна тацна на Хитлер и на нацистите - во замена за мир во нашето време - како што гласи неславниот говор на неславниот британски премиер Невил Чемберлен, па слободно можеме да кажеме дека и твојот жив организам ЕУ можеби на почетокот бил создаден со добри намери, но неговата мутација во Франкенштајн е луксуз кој европските држави и европските народи не можат да си го дозволат. Наредна и последна станица - на гилотиња.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319

Za da zboruvash za EU treba d imash i nekakvo iskustvo so istata, ama podaleku od Petrich i Leptokarija. Kako sho gledam toa go nemash.
EU e pred se ideja koja funkcionira seushte dosta dobro, iako ima i dosta problemi, no problemi ima nasekade vo svetot i ne veruvam deka postoi porazvien, pohuman i poprosperiteten region, zemja, kontinent od ona shto se narekuva EU.
Civilizaciskite dostignuvanja na deneshnata EU se neosporni. Toa e realnost za sekoj zhitel. Ako se sporedat sosedite na MK, Bugarija i Grcija kade i shto kje bea denes, a da ne bea chlenki.

Sporedbite od tipot kukjen sovet,zgrada, stan vo privatna sopstvenost ti se nevidena blamazha. Stanot e tvoja sopstvenost do pragot, a kako kje stignesh do nego? Zgradata ima i fasada, shto e isto taka zaednichka sopstvenost, pa mora kukjniot sovet da intervenira ili da se mesha, kako ti kazhuvash. Toa nemeshanje dovede da zgradite i vlezovite lichat na horor. Tipichnen balkanski folklor koj se povekje se pretvora vo trulezh !
 
Оооф кутриот ти, од што се изнашета, се спушти на ниво да дискутираш со балкански фолклор кој се претвора во трулеж.

Не се секирај за фасадата, јас веќе платив скеле и фасадери од мој џеб бидејќи куќниот совет не си ја врши работата како што треба и си ставив изолација само на мојот кат од фасадата го варосав мојот дел, а останатиот необновен дел им штрчи на останатите како показател дека нешто не чини во управувањето на зградата, исто како што не чини и во управувањето на ЕУ.

Мојот стан не е на висок кат, почесто одам по скали отколку со лифт и ако е потребно, ќе платам од мој џеб за одржување на скалите до мојот кат, а останатите се добредојдени да го следат мојот пример.

Колку сакаш раскажувај ги и прераскажувај ги твоите бајки за цивилизациските достигнувања на ЕУ - без разлика дали за истите си слушнал во Петрич, Лептокарија, Брисел, Берлин или било каде, истите ти се многу потрули од мојот балкански фолклор или трулеж.

И како што веќе спомнав, патот кон пеколот секогаш е трасиран со добри намери, па уживај ти во твоите "европски цивилизациски достигнувања" додека ние балканските фолклористи и трулежи колку-толку се држиме настрана од твојот пат кон пеколот.
 
Jas sum se rodil na Balkanot i ne se sramam od toa, naprotiv. Ama se gadam od balkanizam - svetot pochnuva od mene, jas sum najvazhen, samo moeto e bitno.
Taa filozofija go pretvori vo edno evropsko mochurishte (so iskluchok kaj nekoi zemji), koe kako shto gledam, ne mu pretstoi nishto povekje osven edna zhabokrechina i toa ushte za dolgo.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom