Вистината за ЕУ која се премолчува

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
vredi da se procita

http://loza.mk/2016/01/debelite-lagi-za-evropskata-unija-zad-politikata/

ПРВА ЛАГА
Лага е дека Европската Унија е демократска заедница на држави. Таа, прво, не е парламентарна демократија и, второ, Европскиот Парламент не може да предлага закони. Сите законски акти ги предложува неизбрано од народ врховно извршно тело, т.н. Европска комисија. Европјаните ги бираат само пратениците во Европарламентот, но тие (внимавајте!) не смеат да предлагаат закони, туку само да расправаат и да даваат свое мислење за нив. Целата власт всушност се наоѓа во рацете на од граѓаните неизбрани моќници, т.н. европски комесари. Каде е тука владеењето на правото и правната држава кои еврократите не ги симнуваат од уста? Да не заборавиме: секогаш кога волјата на народот ќе престане да ја контролира извршната власт демократијата се претвора во диктатура. Едноставно кажано, Европската Унија е една квази-демократска гротеска и карневал.

ВТОРА ЛАГА
Лага е дека новите замји-членки „повлекуваат“ огромни парични средства од ЕУ. Од една страна, ЕУ не е добротворна организација, а од друга таму владее спектакуларно расипништво! Најниската почетна плата на запослен асистент изнесува 2,654 евра, а најголема предвидена службеничка плата изнесува 18, 370 евра. Европарламентарците заработуваат до 14, 727 евра месечно, комесарите на Европската комисија и до 23,000 евра, а претседателот на Европскиот совет дури над 30,000 евра. Од друга страна, малите слаби држави треба да плаќаат висока „членарина“, па така Хрватска на пример мора да плаќа 600 милиони евра годишно, а од друга страна за 2012 година од ЕУ добила само 170 милиони. Кој тука добива?

ТРЕТА ЛАГА
ЕУ не е праведна кон сите свои членки. Не се сите еднакви, во Унијата има и поеднакви. На пример, таканаречента UK-корекција: неа ја плаќаат сите земји-членки заради договорениот смален доприност на Велика Британија. Словенија, на пример, во 2011 уплати 14, 3 милиони евра за Велика Британија. Колку ли ќе мора богатата Македонија да плаќа за сиромашкото Обединето Кралство? Натаму, тука се и таканаречените „длабоки економски мистерии“ на аграрната политика на ЕУ. За што се работи? Ако годишна субвенција по хектар во Летонија е 83 евра, а во Белгија 447 евра, како воопшто летонскиот селанец ќе биде конкурентен на белгискиот? А што е со македонскиот, колку нему ќе му биде дозволено да биде конкурентен?

ЧЕТВРТА ЛАГА
Голема лага е дека ЕУ е заедница која успешно се бори против корупцијата. Таа е еден прекумерно бирократизиран и заради тоа премногу скап механизам. Европската Унија е до срж корумпирана; 17 години по ред не се положени сметки заради милијардите изгубени во измами и расипништво. Само во Европската комисија работат околу 38,000 луѓе. Во Европскиот парламент во кој има 700 европратеници (секој од нив со сопствен персонал), работат и уште 6,000 луѓе во неговиот Генерален секретаријат. Во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ работат 3,500 луѓе. Сето ова е само дел од целата таа бирократска армија која европските граѓани ги чини 1,147.885.101.616 евра годишно!!! Ќе се снајдете ли со цифрата?

ПЕТТА ЛАГА
Лага е дека сите земји-членки рамноправно учествуваат во кроењето на политичката судбина на Европа. Колку македонски европратеници би ималово Европскиот Парламент? Хрватска има 12. Ние би имале 5-6, или околу 0,8% од вкупно 736 пратеници, што значи дека ние во Унијата би биле помалку влијателни од обична статистичка грешка. И тоа под претпоставка дека во Европскиот парламент воопшто се решава за нешто, а не се решава.

ШЕСТА ЛАГА
Лага е и тоа дека Унијата овозможува слободно движење и школување на младите од новите земји-членки. Унијата, поточно нејзините главни/најбогати држави, би ги образувале за свои интереси, би искористила се што вреди од таквите „интелектуални ресурси“, би ни ги вратила пред пензија, а нас би не претворила во земја со необразувана работна сила неспособна да управува со сопствената држава. Целиот регион би бил подрачје од кое се црпи евтина и необразувана работна сила (и природни богатства, почнувајќи од водата). Тоа е поврзано, бидејќи ако работната сила е слабо образувана нема да може да управува со своите богатства. ЕУ препорачува на универзитетита да се ограничиме во првите три години со Болоњскиот систем и низ него да ги препознаеме најталентираните студенти, а потоа да им ги испорачиме на нив. Тие кај нив би завршиле дипломски испит и би докторирале. Потоа кај нив би работеле додека можат, за потоа да се вратат. Тоа не е пат кон прогрес туку кон дополнително заостанување на послабите и посиромашните.

СЕДМА ЛАГА
Лага е дека сите сакаат во ЕУ, а никој не сака да излезе од неа. Дури 80% од Норвежаните се против ченство во ЕУ. По два неуспешни обиди, во 1972 и 1994, тие веќе не планираат реферндум за членство. Исланд ја повлече апликацијата за придружувае во Унијата, а повеќе од 80% Исланѓани би гласале против. Денес Исланд доживува процвет, откако граѓаните си ја презедоа власта во свои раце и му ставија крај на евро-банкстеризмот. Половина Британци со задоволство би ја виделе нивната земја надвор од ЕУ, а само 37% веруваат дека членството во ЕУ е позитивно за Велика Британија. Пред заострувањето на кризата и доаѓањето на неизбраниот премиер Монти, 63% од Италијанците сакаа нивната држава да ја напушти ЕУ.

ОСМА ЛАГА
Лага е дека Европа и Европската Унија се едно исто. Не се. Европа е прекрасен континент, а ЕУ е недемократска федерација кој му служи на интересите на крупниот капитал и на банкарската мафија, т.н. банкстери. Нема ништо лошо во европската соработка, но има премногу негативни работи во ЕУ. Со цел свет може убаво да се соработува на економски, културен и секаков друг план, без да се влегува во сомнителни и скапи асоцијации. Во таа смисла, лага е дека ЕУ нема алтернатива.

ДЕВЕТТА ЛАГА
Лага е дека ЕУ се грижи за граѓаните на своите земји-членки. Таа се грижи за своите интереси кои се испреплетени со интересите на крупниот капитал кој всушност ги поставува на нивните функции. Тоа се вика корпоративизам. ЕУ е неолиберална федерација на корпоративно-банкарски интереси. Слушнете ги функционерите на Унијата: секогаш зборуваат за санирање на долгови, извлекување на државите од кризите, спасување на банките и инвестициите – но никогаш не говорат за луѓето! Ах, да, освен во случаи кога им подготвуваат драстични штедења, болни резови, стегање на ременот, смалување на платите и воведување нови даноци.

ДЕСЕТТА ЛАГА
И лага голема е дека ЕУ е гарант за стабилноста и развојот на демократијата во Европа. Таа е мека диктатура во која власта не произлегува од народот. Ни повеќе, ни помалку. Во последно време се забележуваат и симптоми на тоталитаризам: Само пред неколку години, Унијата на Грција и Италија сосема отворено за премиери им постави свои луѓе од злогласните Билдерберг група и Трилатералната Комисија, кои се извршни тела на т.н. светска влада во сенка и на т.н. Нов светски поредок. Според принципот „проблем-реакција-решение“, кризата на Унијата (која претставува „проблем“) намерно се продлабочува за да се предизвика барање на народот нешто да се направи („реакција“), за потоа да се понуди излез: т.н. сеопшто обединување, единствена светска влада, војска и банка, целосен надзор и Новиот светски поредок (како „решение“ кое е замислено уште од почетокот). Тоа не е теорија на заговор, туку нејзина пракса. И се случува пред нашите очи. Кој има очи нека гледа.

Секако, има уште лаги со опашки, но овие се најсуштинските, кои од инаку добрата идеја за обединување направија еден неправеден и експлоататорски систем во кој, наместо на врвот, граѓаните се ставени на дното на интересот на евро-елитите. Секој сам нека процени колку на една мала држава и се исплати да се зачленува во таква корумпирана и октроирана асоцијација. И не верувајте кога ќе ви кажат дека „ЕУ нема алтернатива“ бидејќи кога изборот е сведен само на една алтернатива, тогаш избор всушност и не постои. А кога нема избор, нема ни демократија, ни слобода.

Превземено од Зад Политиката – Информативно-аналитичка страница за настаните, историјата, идеите, проектите, личностите и тајните зад денешната глобална (гео)политика.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Целата статија е една голема лага...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
Целата статија е една голема лага...
Десетте лаги потенцирани во статијата, се поткрепени со конкретни факти за истите, потенцирани во статијата.

Со кои факти го поткрепуваш твојот став дека целата статија е лага ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Извртени информации доведуваат до мултиплицирана извртена вистина. Или што би рекле точни, делумно точни и неточни, лепени.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Десетте лаги потенцирани во статијата, се поткрепени со конкретни факти за истите, потенцирани во статијата.

Со кои факти го поткрепуваш твојот став дека целата статија е лага ?
"Лага 1"
1. Не е задолжително една демократска заедница да биде парламентарна демократија
2. ЕУ = комисија + совет + парламент
3. Претседателот на Европската комисија се избира од страна на Европскиот совет со подржката на мнозинството од страна на Европскиот парламент, а тој си избира тим. Нормално е луѓето кои ние сме ги одбрале во европскиот парламент подобро да проценат кој е најсоодветен да биде претседателот на европската комисија. Нормално е претседателот да си избере и тим со кој ќе работи. Номинациите за тимот се одобруваат од европскиот совет. После европскиот парламент гласа за тим како целина, врз основа на индивидуалното претставување на номинираните пред парламентот.

"Лага 2,3,4,5,6,7,8,9,10" - Другото нема да ги коментирам. Истите манипулации и елементарна анти-ЕУ пропаганда.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Shtipjanecu d ane si portparol na EU.
Pretesedatelot na EU kako go odbara ti.
Zastapuva tvoe mislenje.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Shtipjanecu d ane si portparol na EU.
Pretesedatelot na EU kako go odbara ti.
Zastapuva tvoe mislenje.
1. Јас сум гласал за кандидатите за европратеници, кои сметам дека најдобро ќе ги штитат интересите ми.
2. Претседател на Европската унија нема, има на парламентот, на советот и на комисиjата.
3. Ако граѓаните гласаа за овие 3 претседатели и тројцата да се од една одредена нација, која има најмногу граѓани (Германија). Логично е тоа да се врши на сосема друго ниво.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
I tvoeto glasnaje ima direkten impakt vo EU ?
Nekoja potreba na Bugarija bila uslishena niz ovoj sistem !
Ova me podseka na politkomesarite na SSSR.
Cudno i vo evropa s eKOMESARI zar ne.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
I tvoeto glasnaje ima direkten impakt vo EU ?
Nekoja potreba na Bugarija bila uslishena niz ovoj sistem !
Ova me podseka na politkomesarite na SSSR.
Cudno i vo evropa s eKOMESARI zar ne.
Колку твоето гласање во Република Македонија има директен импакт врз државата, толку и моето има врз Унијата.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Колку твоето гласање во Република Македонија има директен импакт врз државата, толку и моето има врз Унијата.
Не би рекол, ние Владата може да ја смениме на избори,
но вие во ЕУ немате никаква контрола врз бирократите,
затоа што тие не доаѓаат на власт преку избори, туку на друг начин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
"Лага 1"
1. Не е задолжително една демократска заедница да биде парламентарна демократија
2. ЕУ = комисија + совет + парламент
3. Претседателот на Европската комисија се избира од страна на Европскиот совет со подржката на мнозинството од страна на Европскиот парламент, а тој си избира тим. Нормално е луѓето кои ние сме ги одбрале во европскиот парламент подобро да проценат кој е најсоодветен да биде претседателот на европската комисија. Нормално е претседателот да си избере и тим со кој ќе работи. Номинациите за тимот се одобруваат од европскиот совет. После европскиот парламент гласа за тим како целина, врз основа на индивидуалното претставување на номинираните пред парламентот.

"Лага 2,3,4,5,6,7,8,9,10" - Другото нема да ги коментирам. Истите манипулации и елементарна анти-ЕУ пропаганда.
Па нормално дека не можеш да ги коментираш вистините за лагите врз кои се темели твојата вештачка творевина ЕУ, особено со оглед на фактот дека не си обожавател на парламентарни демократии.

Со такви како тебе, на кои повеќе им одговараат диктатори како Аугусто Пиноче во Чиле, бидејќи како што и самиот злосторник против човештвото Хенри Кисинџер има кажано:

"Ова е премногу големо прашање за да го оставиме чилеанскиот народ самостојно да го реши",

сосема непотребно е да се дискутираат демократските вредности, бидејќи ти и таквите како тебе не сте ни запознаени со поимот демократија, а уште помалку па со демократските вредности.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Не би рекол, ние Владата може да ја смениме на избори,
но вие во ЕУ немате никаква контрола врз бирократите,
затоа што тие не доаѓаат на власт преку избори, туку на друг начин.
Јавно ти е тешко да разбереш дека има разлика помеѓу унија и држава. Ако бирократите можат директно да се избираат од народот, ќе се само Германци, бидејќи тоа е многубројната нација и тие секогаш ќе гласаат за нивните претставници - бидејќи државата е на политиката за народот. Тука не станува збор за поинаква политика, каков што е случајот во државата, а за националност и држава во ЕУ. Би било глупаво народот да може директно да избира претседателите и составот на тимот.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Јавно ти е тешко да разбереш дека има разлика помеѓу унија и држава. Ако бирократите можат директно да се избираат од народот, ќе се само Германци, бидејќи тоа е многубројната нација и тие секогаш ќе гласаат за нивните претставници - бидејќи државата е на политиката за народот. Тука не станува збор за поинаква политика, каков што е случајот во државата, а за националност и држава во ЕУ. Би било глупаво народот да може директно да избира претседателите и составот на тимот.
Тогаш ЕУ не е демократија, туку сосема нешто друго,
ти благодарам што ја долови поентата.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Па нормално дека не можеш да ги коментираш вистините за лагите врз кои се темели твојата вештачка творевина ЕУ, особено со оглед на фактот дека не си обожавател на парламентарни демократии.

Со такви како тебе, на кои повеќе им одговараат диктатори како Аугусто Пиноче во Чиле, бидејќи како што и самиот злосторник против човештвото Хенри Кисинџер има кажано:

"Ова е премногу големо прашање за да го оставиме чилеанскиот народ самостојно да го реши",

сосема непотребно е да се дискутираат демократските вредности, бидејќи ти и таквите како тебе не сте ни запознаени со поимот демократија, а уште помалку па со демократските вредности.
Европската унија е во основата на мирот во Европа во последните 70 години и е најважниот настан случил се на континентот за сите времиња.

Инаку во право си дека не сум обожавател на парламентарната демократија. За мене најуспешна форма за Бугарија е уставна монархија.[DOUBLEPOST=1463856051][/DOUBLEPOST]
Тогаш ЕУ не е демократија, туку сосема нешто друго,
ти благодарам што ја долови поентата.
Препорачувам ти повторно да прочиташ дефиницијата за демократија, а потоа да се изразиш "компетентно".

Oxford English Dictionary: Government by the people; esp. a system of government in which all the people of a state or polity (or, esp. formerly, a subset of them meeting particular conditions) are involved in making decisions about its affairs, typically by voting to elect representatives to a parliament or similar assembly; (more generally) a system of decision-making within an institution, organization, etc., in which all members have the right to take part or vote. In later use often more widely, with reference to the conditions characteristically obtaining under such a system: a form of society in which all citizens have equal rights, ignoring hereditary distinctions of class or rank, and the views of all are tolerated and respected; the principle of fair and equal treatment of everyone in a state, institution, organization, etc
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom