И не само от страна на СССР.
Не знам каде ти полнат главата со таква глупост,но определено имаш сериозен проблем.
Само да ти припамтам,едка СССР се раздели и веке такво нешто не постои и то се раздели со не малце загинати и воjни, а гледаме дека и во моментот продолжува со воjни на бившиот негов простор.
За да има воjна-требат 2 страни минимум. Нито ЕУ сама може да биде гарант, нито СССР е бил некога гарант за мирот.
Кога зборуваш за вештачката ЕУ- то и СССР беше вештачки. Ништо различно не гледам во тоj правец и ако едните те пикаха со сила и воjна внатре.
Преди да ни зборуваш за увезуването на бегалците, да се запрашаме дали некоj не ги натера прво да бегат
Уште мешаш ЕУ со воен соуз. Ако видиш ЕУ дори нема заедничка армиja,а тоа е исклучиво икономски соуз со согласуване на надворешните си политики. Се уште мешаш држава со соуз.
Не знам за глупости, но сериозно ме изненадуваш со ваквиот коментар, бидејќи не е во твој стил да бидеш објективен со коментари од типот дека ниту Советскиот Сојуз беше гарант на мирот - што е точно, исто како што ниту ЕУ е гарант на мирот - што исто така е точно.
Или не си се напил утринско кафе, или часовникот ти е застанат во 9 часот, па се погодило како и секој расипан часовник да бидеш точен 2 пати во едно деноноќие.
И да, точно е тоа дека и ЕУ е вештачка творевина, создадена не за интересите на граѓаните на нејзините држави членки, туку за интересите на евробирократите и на бирократите и големите бизниси кои ги водат државите членки на ЕУ.
Ти благодарам бидејќи за прв пат после ептен долг период објавуваш коментар кој всушност е потврда на моите аргументи.
Ако ЕУ е само економски сојуз, што бара да си го пика носот во домашните политики на нејзините држави членки, како на пример, кога Ирците гласаа против Европскиот Устав, да им бара да гласаат повторно ?
Зошто ЕУ бара заедничка законска легислатива за сите држави членки, што е директен упад во нивната сувереност ?
Ако јас и ти живееме во заедничка зграда и плаќаме исти месечни сметки за одржување на зградата, со кое право куќниот совет си го пика носот во мојот дом за да ми кажува како да го уредувам мојот дом, што да продадам, а што не, и на што да штедам пари, а на што не ?
Чекај да помине референдумот, па после ќе видиме колку ЕУ нема армија.
MPs warn voters being 'conned' as Brussels keeps plans for EU army secret until after referendum
Британската младина не знае што е ЕУ дори,а ти ми зборуваш дека израснала со идеjата дека нема иднина надвор от ЕУ. Кога последно си бил во Велика Британиja и изобшто стапнувал ли си тамо?
Британците винаги са били галеното дете на ЕУ и заради нив сите други држави членки плакjaт за да можат тиja да седат внатре. Уште от времето на Тачар.
Лично jaс сакам да напуштат ЕУ за да може сите како вас да видат што ке се деси. Како Лондонското сити ке биде удрено и колко работни места ке бидат загубени и што ке се деси со фунтата.
Не си ја притискај среќата, и јас сакам Велика Британија да излезе од ЕУ за конечно да се случи домино ефект кој ќе стави крај на ЕУ најдоцна до крајот на оваа деценија. Ако не домино ефект, евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ барем нека послужи за пробудување на евроскептицизмот низ сите држави членки на ЕУ.
Но не верувам дека ќе имаме толкава среќа.
Патем, ја пратиш референдумската кампања во Велика Британија ?
Јас ја пратам, и освен ако рејтинзите се ептен добро наместени - што воопшто нема да ме изненади - не гледам друго оправдание за високата поддршка која ја има членството на Велика Британија во ЕУ кај британската младина.
Но обиди се да ги разбереш - деца се, сеуште не завршиле ни факултет, а веќе имаат право на глас бидејќи имаат над 18 години и никогаш не се соочиле со вистинските предизвици на животот за да знаат што значи да плаќаш повеќе за членство во ЕУ бидејќи твојата држава всушност остварила повисок економски и/или трговски раст од очекуваниот, како што им направија на Британците во 2014 година, кога Дејвид Камерон прво се правеше големо мажиште, велејќи дека нема да плати повисоки финансиски доприноси кон ЕУ, за на крај да ги плати истите, големото мажиште.
Советскиот Сојуз можеше да заврши војната години порано и да избегне скоро сите од овие 20+ милиони жртви, но се полакоми за територија. Денес Русија се гледа колку е голема во споредба со СССР пред 1939.
Ехехеее, многу работи можеа да бидат, но не беа.
Како и зошто Советскиот Сојуз одлучи да игра на картата на експанзионизмот во Втората Светска Војна, ќе треба да ги прашаш Јосиф Висарионович Сталин и останатото тогашно раководство - недемократско и неизбрано раководство на Советскиот Сојуз, исто како и недемократското и неизбраното раководство на ЕУ.
Факт е тоа дека Советскиот Сојуз, исто како и Сојузниците од анти-фашистичката коалиција за време на Втората Светска Војна, беа главните фактори кои придонесоа за долготраен мир во Европа со нивната победа над Нацистичка Германија и силите на Оската, а не ЕУ и нејзиното постоење.
Што е иднината на Европа? Русија?
The ECSC was first proposed by French foreign minister Robert Schuman on 9 May 1950 as a way to prevent further war between France and Germany. He declared his aim was to "
make war not only unthinkable but materially impossible" which was to be achieved by regional integration, of which the ECSC was the first step.
Ти го велиш тоа, не јас.
Ако не знаеш да донесуваш самостојни одлуки во твојот живот, туку ти треба сурогат старател да ти кажува што треба да правиш, а што не, тогаш повели дозволи и` на Русија да ја игра таквата улога на сурогат старател во твојот живот. Или на било кој друг, има и други сурогат старатели низ Европа и низ светот.