Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.642
До каде отидоа “еУропејците“ само Господ знае -
се’ поблесаво забегано станува во нивните закони и забрани
Во Норвешка забрана на јавно носење ланчиња со верски симбол (крст) заради таков ланец работата ја изгубила и познатата норвешка водителка на NRK Кристин саелман
А од минатата година во Англија има забрана за христијаните на работа да носат вакви украси .
неколкумина кои откажале да ги извадат сметајќи дека тоа е чиста дискриминација се дадени на суд :tapp:

:drk: http://www.upi.com/Top_News/World-News/2013/11/04
/Norwegian-newscaster-banned-from-wearing-cross-on-air/UPI-35371383574837/

http://www.telegraph.co.uk/news/religion/9136191/Christians-have-no-right-to-wear-cross-at-work-says-Government.html
Норвешка не е членка на ЕУ, но нека им служи на чест на Норвежаните за тоа што го прават, само нека не се изненадат ако од некаде се појави некој нов Андерс Брејвик.

А Британците од една страна забрануваат употреба на христијански симболи на работните места, а од друга страна молчат кога британски војник е убиен на јавно место од страна на муслимански фанатик.

Ниту Швеѓаните не се нешто поарни, во Шведска веќе има градови кои се етнички исчистени од Евреи.

Земајќи ги во предвид овие примери, треба човек да се запраша за што се залагаат денешните таканаречени европејци, за мир или за уништување ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.642
Најверојатно фрлање коска на Британците кои се скептични кон примањето на нови имигранти од источна Европа, особено од Бугарија и од Романија.

Всушност, токму Жозе Мануел Баросо неодамна во Европскиот Парламент изјави дека Најџел Фараж и неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство, ќе победат на европските парламентарни избори во 2014 година, токму поради лошата организираност на останатите британски политички партии.

Очигледно целта на ваквото одложување на влезот на Бугарија и на Романија во Шенген зоната, е Фараж и неговата партија да останат без еден од главните адути на претстојните европски парламентарни избори во 2014 година.

Но се разбира, целта не е да се маргинализираат само Фараж и неговата партија, туку и сите кои се скептични кон проширувањето на ЕУ, на евро-зоната и на Шенген зоната, а токму во Велика Британија во последно време се почесто се поставува прашањето за одржување на референдум на кој Британците би гласале за излегување од ЕУ.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Референдумот ќе биде оддржан дури во 2017 година, и за тоа е притискан Камерон од врвни политичари од неговата партија.Камерон лично се изјасни против излегувањето на Британија од ЕУ, а и голем дел од компаниите од таму се против излегувањето на Британија од ЕУ.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.087
Поени од реакции
12.642
Референдумот ќе биде оддржан дури во 2017 година, и за тоа е притискан Камерон од врвни политичари од неговата партија.Камерон лично се изјасни против излегувањето на Британија од ЕУ, а и голем дел од компаниите од таму се против излегувањето на Британија од ЕУ.
Мала поправка:

Дејвид Камерон, актуелниот премиер на Велика Британија, вети дека ќе распише референдум на кој Британците ќе гласаат за излегување на Велика Британија од ЕУ, но под 2 услова:

1. Да освои втор мандат на редовните парламентарни избори во 2015 година, што тешко дека ќе се случи;
2. Референдумот да се одржи кон крајот на неговиот втор мандат, што би било некаде околу 2020 година, под претпоставка дека ќе победи на редовните парламентарни избори во 2015 година.

Дејвид Камерон покажа и докажа на дело дека не се држи до својот збор. Освен референдум за излегување на Велика Британија од ЕУ, други ветувања кои ги има прекршено, се намалување на таксите за лов и риболов, како и укинување на забраните за лов и риболов во одредени подрачја и во одредени територијални води на Велика Британија во кои им е забрането на британските ловци и риболовци да ловат, односно да риболоват, но од друга страна, дозволено им е на ловците и риболовците од Франција, Белгија и Холандија.

Има и ред други ветувања кои Дејвид Камерон ги има дадено, а не само што не ги реализирал, туку и откако стана премиер на Велика Британија во 2010 година, има изјавено дека не ни планира да ги реализира истите тие дадени ветувања, па затоа неговиот збор е буквално безвреден, дури и да вети референдум за излегување на Велика Британија од ЕУ, додека не го реализира даденото ветување, воопшто не заслужува луѓето да го држат за дадениот збор и да веруваат во неговите ветувања.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Добро, сепак Британија ако излезе од ЕУ има многу повеќе да изгуби.Затоа што придобивките на компаниите се зголемени со влезот на Британија во ЕУ.Лично, Британците секогаш биле арогантен народ, тоа им е во крвта, они не сакаат со другите да живеат заедно.Можеш тоа да го видиш и по тоа што толку години се во ЕУ, а не го прифаќаат еврото и некои други работи од Европската Унија.
Само најголемата смејурија е кај нив тоа што Лондон на пример е град во кој живеат сега повеќе емигранти отколку стари Англичани, цела Англија им е преплавена со луѓе кои потекнуваат од други народи, сега овие сакале да се отцепи Британија од Европската Унија.Тоа ми е најсмешната работа во целава приказна со Англичаните.Нека си одат, не се потребни, и онака цел живот само знаеле да изиграваат кочничари и ништо друго.
--- надополнето: Nov 18, 2013 3:07 AM ---

Само најголемата смејурија е кај нив тоа што Лондон на пример е град во кој живеат сега повеќе емигранти отколку стари Англичани, цела Англија им е преплавена со луѓе кои потекнуваат од други народи, сега овие сакале да се отцепи Британија од Европската Унија.Тоа ми е најсмешната работа во целава приказна со Англичаните.Нека си одат, не се потребни, и онака цел живот само знаеле да изиграваат кочничари и ништо друго
Тие кочничари го закочија Хитлер во Битката за Британија во 1940 година кога ги бомбардираше.

Да, дефинитивно се арогантен народ, но паметно е тоа што не го прифатија еврото, вака си имаат сопствена валута чии што политики ги диктира нивната национална банка, а не Европската Централна Банка во Франкфурт.

И не се единствена држава која е членка на ЕУ, а не го има прифатено еврото, Шведска и Данска исто така се членки на ЕУ, но не планираат да го прифатат еврото, додека членките како Чешка, Унгарија, Бугарија и Романија се обврзани да го прифатат еврото, но не се обврзани со конкретен рок, а ако им проработат мозоците на нивните политичари, никогаш нема да го прифатат еврото.

Така на пример, 2014 година нема да биде само година кога ќе се бираат нови пратеници во Европскиот Парламент на редовните европски парламентарни избори 2014, туку ќе биде и година кога Виктор Орбан, актуелниот премиер на Унгарија, кој не е ништо поарен од нашиот актуелен премиер, или ќе освои нов мандат на редовните парламентарни избори 2014 во Унгарија и ќе им стане уште поголем трн во око на евробирократите, или ќе ја изгуби власта и ќе биде заменет со подлизурковците на евробирократите, кои сигурно ќе го прифатат еврото.

Но нема да им биде така лесно како што очекуваат, бидејќи Орбан ја зацврсти автономијата на Народната Банка на Унгарија и одложи било какво прифаќање на еврото на неодреден период, поради што ќе мораат да реализираат реформи кои сигурно ќе им удрат силно по џебовите на веќе презадолжените Унгарци, па нема да биде изненадување ако грчкото сценарио се повтори во Унгарија доколку Орбан изгуби на редовните парламентарни избори 2014 во Унгарија.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Тие кочничари го закочија Хитлер во Битката за Британија во 1940 година кога ги бомбардираше.

Да, дефинитивно се арогантен народ, но паметно е тоа што не го прифатија еврото, вака си имаат сопствена валута чии што политики ги диктира нивната национална банка, а не Европската Централна Банка во Франкфурт.
Да бе, било паметно што не го прифатиле еврото, требаше да го прифатат македонскиот денар.Диктирале своја политика, ама нивната политика кај и да е ќе дојде до колапс, тогаш ќе треба да ги спасува нивната национална банка, а не Европската Банка со седиште во Франкфурт.Сега па и уште излез, излезот за осумте од вкупно десет најважни компании во Британија би значело огромни загуби.Британија нема да излезе, Европската Унија нема да ја повтори грешката на Југославија, таа е градена по моделот на Југославија но, нема да се распадне како што си мислат сите.
 
Сите комплет, и Велика Британија и Шведска и Данска, па и Чешка и Унгарија и Романија и Бугарија, сите ќе се распаднат само затоа што не прифатиле валута која себеси се одржува со давање заеми за плаќање на долгови, а и тие заеми исто така ќе мора порано или подоцна да се вратат, со камата се разбира.

Па Исланд банкротираше, но граѓаните не го платија цехот за политичарите и банкарите кои ги презадолжиле, туку токму политичарите и банкарите завршија за решетки, јас лично мислам дека Народната Банка на Исланд очигледно добро си ја заврши работата со банкротот, бидејќи Исланд денес е една од помалку задолжените држави во Европа и не живее во страв од тој колапс за кој ти говориш.

Хехе, е па зошто тогаш Југославија се распадна ?
 
Да, а во исто време Шпанија објавува дека ќе излегува од спасувачкиот чадор на ЕУ.Како и Ирска и Португалија.Зошто нели, ЕУ се распаѓа.Југославија се распадна зошто Балканот секогаш бил буре-барут, или пак црната дупка на Европа.Не сме созреани да живееме заедно во една таква Унија.Ама друго ќе биде кога Германија ќе го контролира сето тоа.
Замисли, Шпанија, Португалија и Ирска објавуваат дека можат повторно да застанат на сопствени нозе, а ние тука зборуваме за тоа како Британија требала да го прифати македонскиот денар.Попрво ние ќе се распаднеме, во љунферска држава нормално.Со извинување до Албанците, зошто за мене едно се Албанци а друго Љопурди.
Кај живеете само не знам, говорите за распад на ЕУ, а државата ви се распаѓа пред очи.
 
Друго ќе биде кога Германија ќе го контролира сето тоа ?

Сакаш да кажеш дека ЕУ всушност е под контрола на Германија ?

Па каде е тука националниот суверенитет ?

Зарем не беше националниот суверенитет една од главните причини зошто Југославија се распадна, бидејќи југословенските народи сакаа да имаат неотуѓив национален суверенитет ?

И зарем не беше националниот суверенитет главната причина за распаѓањето на Берлинскиот ѕид и за обединувањето на двете Германии ?

Никој на форумов не спомна дека Велика Британија требала да го прифати македонскиот денар, туку ти го спомна тоа.

Јас од друга страна, претходно спомнав дека Велика Британија веќе има сопствена стабилна валута - британската фунта, која има поголема вредност и од американскиот долар и од еврото, поради што Британците воопшто немаат никаква потреба зошто да се откажат од сопствената национална валута и да прифатат валута која опстојува врз товарот на долговите на државите кои ја користат истата таа валута, а истовремено истите тие држави кои ја користат истата таа валута немаат речиси никакво влијание врз одлуките и политиките кои ги диктира Европската Централна Банка во Франкфурт која ја пушта во оптег таа буквално безвредна валута.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Друго ќе биде кога Германија ќе го контролира сето тоа ?

Сакаш да кажеш дека ЕУ всушност е под контрола на Германија ?

Па каде е тука националниот суверенитет ?

Зарем не беше националниот суверенитет една од главните причини зошто Југославија се распадна, бидејќи југословенските народи сакаа да имаат неотуѓив национален суверенитет ?

И зарем не беше националниот суверенитет главната причина за распаѓањето на Берлинскиот ѕид и за обединувањето на двете Германии ?

Никој на форумов не спомна дека Велика Британија требала да го прифати македонскиот денар, туку ти го спомна тоа.

Јас од друга страна, претходно спомнав дека Велика Британија веќе има сопствена стабилна валута - британската фунта, која има поголема вредност и од американскиот долар и од еврото, поради што Британците воопшто немаат никаква потреба зошто да се откажат од сопствената национална валута и да прифатат валута која опстојува врз товарот на долговите на државите кои ја користат истата таа валута, а истовремено истите тие држави кои ја користат истата таа валута немаат речиси никакво влијание врз одлуките и политиките кои ги диктира Европската Централна Банка која ја пушта во оптег таа буквално безвредна валута.

Онаа држава која е економски најмоќна е моторот на Европската Унија, тоа сите ние го знаеме, да не се „правиме на Тошо“, и како ќе речат они, така ќе биде.И правиш погрешна проценка, едно е поделена Германија, друго е држави кои не се поделени, но живеат во една унија нешто како што беше на пример Југославија.Луѓето не сакаа да имаат неотуѓив национален идентитет, напротив повеќе од педесет проценти кукаат по тие времиња да живеат во таква унија, денеска со „националната ни независна држава“ сите гледаат да избегаат од неа и никогаш да не се вратат, како што се тука пример многутемина македонски дијаспорци-патриоти кои се прават патриоти од туѓина а избегале од сопствената држава зошто виделе „колку е саатот“.Мислам дека и ти еднаш зборуваш дека си бил во Германија.Еврото инаку опстојува уште од 2001 година, односно уште од пред да почне да се краде на големо од европските фондови, тоа што некои држави си имаа обичај да крадат и да трошат пари на скапи воени играчки и мегаломански олимписки игри е друга работа.Вчера гледав вести, не од оние на Латас туку на ZDF, Шпанија објави дека ќе излегува од европскиот спасувачки чадор, Ирска тоа го објави пред еден месец, а исто така и Португалија ќе излегува наскоро, а тоа е поради тоа што овие држави можат сега да застанат на свои нозе благодарение на помошта која ја добија од ЕУ.Значи ги исполниле нормите за да не бидат „црните овци“ на ЕУ.
 
Ги исполниле нормите за да не бидат црните овци на ЕУ, но невработеноста кај младината останува 50%.

Ти делува тоа нормално ?

Прочитав неодамна дека како што расте светската економија, така растат и невработеноста и сиромаштијата и кога би живеел во Германија или САД или некоја друга развиена држава, сигурно не би го разбрал ова. Но го разбирам бидејќи живеам во Македонија, каде што исто така имаме влада која се фали со економски раст и со не знам какви реформи, додека невработеноста кај младината е 60%.

Вистина е тоа дека јас сум бил во Германија и тоа еднаш, во март 2007 во посета на саемот на информатички технологии ЦЕБИТ, кој се одржува секоја година во Хановер.

Но не видов ништо во Германија што не може да го има и во Македонија и на Балканот, но сепак го нема само затоа што нема желба и волја за тоа, а истовремено има и криминал и корупција.

Можеби на тебе идејата за подлабока Европска Унија ти делува како прифатлив модел за економска хармонија, но тоа не важи и за социјална хармонија, бидејќи невработените остануваат невработени, а младината не знае каде да сврти глава барајќи спас од ваквиот идиотизам.

Ниту јас сум виновен, ниту ти си виновен бидејќи луѓето не си ја учат сопствената историја, поради што истата им се повторува, па исто како нашите предци, така и таканаречените патриоти фаќаат џаде во странство откако се разочаруваат од големите глупости кои ги направиле откако гласале за едната или за другата лоповска опција на избори, па откако и едната и другата лоповска влада ги ограбиле, конечно се освестиле откако им станало јасно дека не знаат како и за кого да гласаат, па фатиле џаде во странство.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ги исполниле нормите за да не бидат црните овци на ЕУ, но невработеноста кај младината останува 50%.

Ти делува тоа нормално ?

Прочитав неодамна дека како што расте светската економија, така растат и невработеноста и сиромаштијата и кога би живеел во Германија или САД или некоја друга развиена држава, сигурно не би го разбрал ова. Но го разбирам бидејќи живеам во Македонија, каде што исто така имаме влада која се фали со економски раст и со не знам какви реформи, додека невработеноста кај младината е 60%.

Вистина е тоа дека јас сум бил во Германија и тоа еднаш, во март 2007 во посета на саемот на информатички технологии ЦЕБИТ, кој се одржува секоја година во Хановер.

Но не видов ништо во Германија што не може да го има во Македонија и на Балканот, но сепак го нема само затоа што нема желба и волја за тоа, а истовремено има и криминал и корупција.

Можеби на тебе идејата за подлабока Европска Унија ти делува како прифатлив модел за економска хармонија, но очигледно не важи и за социјална хармонија, бидејќи невработените остануваат невработени, а младината не знае каде да сврти глава барајќи спас од ваквиот идиотизам.

Ниту јас сум виновен, ниту ти си виновен бидејќи луѓето не си ја учат сопствената историја, поради што истата им се повторува, па исто како нашите предци, така и таканаречените патриоти фаќаат џаде во странство откако се разочаруваат од големите глупости кои ги направиле откако гласале за едната или за другата лоповска опција на избори, па откако и едната и другата лоповска влада ги ограбиле, конечно се освестиле дека не знаат како и за кого да гласаат, па фатиле џаде во странство.
Да, ние ги избираме нив, тоа е така, и ние тука ја носиме вината.Али најмногу мразам кога некој ќе ми глуми „локален-патриот“ а во исто време тоа глумење го извршува на некоја сцена во Германија или Британија на пример.Невработеност имаат да, ама работата е тоа што одат нагоре, чекор го чекор го решаваат проблемот, значи се движат некаде, копаат нагоре за да може да допре и светлината до нив.Да бидеме реални едноставно, ние сме тие што сме бедни и мизерни, на нас ни се заканува да станеме во сопствената држава малцинство, на нас ни се заканува тоа ние да станеме љопурска држава, на нас ни се заканува распадот, не на ЕУ.
Нема да пишувам за тоа како треба сите да излеземе и да се кренеме на бунт, зошто ќе ми пишат повеќето зошто не го направиш ти тоа, и ќе имаат право донекаде, донекаде и не, зошто тие години кога требаше да се направат најважните „потези“ за да бидеме како Словенија, јас бев уште дете, а на нас само еднаш ни беше дадена шансата да направиме држава и ние таа ја прокоцкавме.Луѓето бегаат од тука, во ред, тоа го разбирам, јасно ми е и зошто бегаат, не сакаат да носат кечиња во иднина, нема пари, цела држава е партизирана, да се противиш против нешто малку и ќе те бележат како комуњар или пак бугараш твоите луѓе, твојот народ,( значи тука има нешто чим го прават тоа, значи на нив им е убаво со состојбата која владее во оваа држава, патем), ама најмногу, едноставно најмногу мразам солења памет за тоа како горе било лошо а тука било убаво, како овие што ваделе бугарски пасоши биле предавници и како тоа оние горе ќе се распаднеле а кај нас цути работата.Луѓе, да бидеме реални, ние ќе се распаднеме попрво, и сега некој што избегал на пример зошто не можел да најде тука работа мене ќе ми соли памет со наслов на тема „Вистината која се премолчува во врска со ЕУ“.Па немој да ме „цензура“.

Таа Унија не се распаѓа, порано и јас размислував дека ќе се распадне но нема да се распадне, знаците стојат дека се опоравува, овие нови пораки од Шпанија, Ирска и Португалија се доволен доказ за тоа, знаат како да играат Европјаните, не се како нас тука на Балканот, дива лига.
 
Јас ниту те цензурирам, ниту ти солам памет.

Едноставно не се согласувам со тебе, исто како што и ти имаш право да не се согласуваш со мене.

Да, работите се движат нагоре, како што велиш, но меѓу сите тие работи кои се движат нагоре, се и невработеноста и сиромаштијата.

Очигледно не правиш разлика помеѓу држава и нација, бидејќи крајот на една држава не значи и крај на една нација. Тоа што оваа генерација на Македонци ја прокоцкала својата шанса да изгради сопствена македонска национална држава, не значи дека некоја идна генерација на Македонци нема да си ја има својата шанса да изгради сопствена македонска национална држава. Ниту јас ниту ти не знаеме што носи иднината.

За мене лошо е државата да ги задолжува идните генерации за да се плаќаат долговите од сегашните генерации или од претходните генерации. Исланд ја научи таа лекција и банкротираше, граѓаните на Исланд на референдум одлучија да не и ги вратат на ЕУ парите кои му ги даде на Исланд, а наместо граѓаните да го плаќаат цехот за долговите кои ги набилдале исландските политичари и банкари, се случи сосема спротивното - исландските политичари и банкари завршија во затвор.

Во сите тие држави кои ти ги спомна - Грција, Португалија, Шпанија и не знам кои други кои се нашле под тој спасувачки чадор како што ти го нарекуваш, политичарите и банкарите кои ги довеле граѓаните до питачки стап и понатаму се на слобода и се на платен список како пратеници во парламент или како функционери, додека граѓаните се тие кои го плаќаат цехот за туѓите глупости.

Ако добро ја познаваш историјата на 20-от век, би знаел дека и 1920-те години биле прекрасната декада која му претходела на кошмарот наречен Нацистичка Германија и Втора Светска Војна. Тоа не се работи кои се случиле туку така преку ноќ, туку се работи кои настанале како последица на цела серија на грешки кои се повторувале една по друга.

Кристално истото се случува во ЕУ. Оваа економска и должничка криза не се појави преку ноќ, туку е последица на долгови билдани со години, ако не и со децении, но некој дозволил тие долгови да се билдаат со текот на годините, односно со текот на децениите.

Кристално истото еден ден ќе се случи и во Македонија, бидејќи актуелната влада ги задолжува идните генерации, а кога ќе пристигне цехот за плаќање, последиците ќе бидат катастрофални.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom