B
Borg_Drone
Гостин
Нацистичка Германија настана поради тоа што се бараше од Вајмарската Република да плаќа воена оштета на Франција, и како резултат на тоа мораше да го отстапи и Келн како еден од најважните индустриски градови тие времиња на Французите за да може да ја плаќа оштетата.Значи врти-сучи кога ќе видиш тука пак немаш плаќање на воени оштети и ставање на цел еден град под туѓа окупација за да може да се платат долговите на една држава.Келн бил после Големата Војна под француско владетелство, во денешна Европска Унија немаш такви работи кои се стремат кон такво нешто.Огромна разлика.Во овој случај тука имаш како една држава крадела од другата.Јас ниту те цензурирам, ниту ти солам памет.
Едноставно не се согласувам со тебе, исто како што и ти имаш право да не се согласуваш со мене.
Да, работите се движат нагоре, како што велиш, но меѓу сите тие работи кои се движат нагоре, се и невработеноста и сиромаштијата.
Очигледно не правиш разлика помеѓу држава и нација, бидејќи крајот на една држава не значи и крај на една нација. Тоа што оваа генерација на Македонци ја прокоцкала својата шанса да изгради сопствена македонска национална држава, не значи дека некоја идна генерација на Македонци нема да си ја има својата шанса да изгради сопствена македонска национална држава. Ниту јас ниту ти не знаеме што носи иднината.
За мене лошо е државата да ги задолжува идните генерации за да се плаќаат долговите од сегашните генерации или од претходните генерации. Исланд ја научи таа лекција и банкротираше, граѓаните на Исланд на референдум одлучија да не и ги вратат на ЕУ парите кои му ги даде на Исланд, а наместо граѓаните да го плаќаат цехот за долговите кои ги набилдале исландските политичари и банкари, се случи сосема спротивното - исландските политичари и банкари завршија во затвор.
Во сите тие држави кои ти ги спомна - Грција, Португалија, Шпанија и не знам кои други кои се нашле под тој спасувачки чадор како што ти го нарекуваш, политичарите и банкарите кои ги довеле граѓаните до питачки стап и понатаму се на слобода и се на платен список како пратеници во парламент или како функционери, додека граѓаните се тие кои го плаќаат цехот за туѓите глупости.
Ако добро ја познаваш историјата на 20-от век, би знаел дека и 1920-те години биле прекрасната декада која му претходела на кошмарот наречен Нацистичка Германија и Втора Светска Војна. Тоа не се работи кои се случиле туку така преку ноќ, туку се работи кои настанале како последица на цела серија на грешки кои се повторувале една по друга.
Кристално истото се случува во ЕУ. Оваа економска и должничка криза не се појави преку ноќ, туку е последица на долгови билдани со години, ако не и со децении, но некој дозволил тие долгови да се билдаат со текот на годините, односно со текот на децениите.
Кристално истото еден ден ќе се случи и во Македонија, бидејќи актуелната влада ги задолжува идните генерации, а кога ќе пристигне цехот за плаќање, последиците ќе бидат катастрофални.
Во врска со државата наша, едното и другото оди во неповрат, што мислиш колку Македонци ќе се изборат во иднина да се врати нивната држава?Ниту еден, зошто сите имаат лоши искуства од тука.
Сите од тука предвидуваа дека Шпанија, Ирска и Португалија нема да се извлечат од калта, но на крајот испадна дека ќе се извлечат.Сиромаштијата и невработеноста ќе се искорени и таа, откако државите се застанати на здрави нозе.Ќе испадне после пет години дека ова што го пишувам дека е вистина.Само ајде, живејте си во илузијата дека во ЕУ е нула а кај нас што е важно да си имаме лепче дека е подобро, патетични обиди за тешење за надминување на нашата неспособност и носталгија да живееме во една таква Унија за да можеме да ги почуствуваме придобивките од сето тоа.Али ајде, секој со своето мислење, да бистрам политика веќе немам намера, секој со своето мислење.Поздрав.