city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Да значи во последно време се шпекулира дека Груевски сериозно размислува токму Вила Трајковска да биде индиот кандидат за претседател на РМ. Најновиот (утрешен) број на Утрински во еден свој текст помеѓу другото пишува и за ова:
утрински ([url напиша:www.vesnik.com.mk)][/url] Груевски веќе подолго време игра на картата на сеќавањата што македонските граѓани ги имаат кон загинатиот претседател Борис Трајковски. Со најновиот кадровски новитет тој воспоставува уште една релација кон поширок круг гласачи и поддржувачи, бидејќи Димитров и Лепавцов не беа само соработници туку и лични пријатели со Трајковски. Дури се шпекулира дека Груевски сериозно калкулирал и со вдовицата на Трајковски, Вилма, како можен претседателски адут на следните избори, се' со цел да се искористат свежите сеќавања на граѓаните кон трагично загинатиот претседател.