Кој е овде луд?
Текстов е за Викторија Бекам и иако има текст, нема приказна затоа што не ни може да има приказна за некој што е глобално познат и покрај тоа што нема никаков талент и никаква работа, а се занимава исклучиво со позирање во својот приватен живот. Милион фотки и ниту една приказна. И многу пари – и тоа нејзини заработени, башка од Дејвид.
Значи, деновиве Викторија тргнала на прошетка во Париз, се стегнала и се дотерала триста и почнала да позира на плоштад. Тргнете ги фотографите и телохранителите и добивате човек што го дели еден погрешен чекор од лудница.
Да станеш сабајле, да се пицнеш, да излезеш на плоштад и да почнеш да му даваш примитивна одишка на своето огромно его – а сето тоа да ти носи пари и слава и уште повеќе пари. Генијално!
За јака , јака е ама само тоа има да го даде од себе....Ама друго ништо нема во неа...Аурата и е дури и одбивна...Кутрата преценета е за сметка на славата на Бекам, а од друга страна па и искомплексирана....За дамата нели немаше бутици каде ќе може девојчето да ги троши парите во Македонија...Паметите сигурно...
Многу одамна си го поставувам ова прашање...Викторија е таа која во многу чекори заостанува зад нејзиниот Бекам, кој да си признаеме дека ја "шија" во многу работи...Кај неа тоа се нафрлило како голем комплекс и веќе женава не знае што да прави со себе...Мислам дека се измачува а и сметам дека нивната љубов не е вистинска, онака е вештачка и може да се увиди тоа...
Сметам дека за Бекам е потребна многу поинаква жена...Само од оваа пијајца тешко да се откаче...
Коментари?