Точно.
Не е згодна,не е ништо посебно убава,не е ни нешто приближно до интелектуалец,ама е модна икона да се разбереме. Модна икона е, не оти јас го почитувам нешто посебно нејзиниот стил, туку оти таа се смета за модна икона.
И модните икони не ги одредуваме јас или вие,туку ја одредуваат надлежни личности за тоа,преку свои мислења истакнати во медиумите или пошироко.
Инаку освен што е прогласена за една од поважните модни икони,туку и таа престанува да биде мајката-домаќинка.
Способност е што знае да ја искористи славата,парите и сите нивни врски,за да го дуплира сето она што го има досега. Сигурно сте слушнале дека досега објавила две книги: првата нејзината автобиографија,втората нешто во врска со модата и нејзината примена кај „обичните смртници’’. Друго,ете погоре прочитавте дека ќе има свое реално шоу,има своја линија на парфеми,фармерки,ташни и сенешто.
Јас лично,не и се восхитувам како личност или како карактер или како модна икона. Убаво се тоа што работи,што се покажува како способна и се промовира со тоа,но човек прво треба како карактер да се покаже ако сака да им е пример на останатите луѓе. Баш некни во весник читав нејзино интервју. Во Теа модерна мислам беше. Претерано ладна британка,претерано ограничена,претерано непристапна за добра комуникација,ма било за која тема. Многу кренат однос,понашање. Нормално,тоа и личи како позната личност,но не сум го забележала истото кај другите селебритис. Кај оваа екстремно е истакнато.
Таа дури изјави и за нејзината најдобра пријателка Кејти Холмс дека не ја смета за најдобра,туку дека само повремено зборуваат на телефон во врска со модата,децата,кариерата и си даваат сугестии што да облечат и нешто такво безвезно што нема врска со меѓу-човечкиот однос.
Чудна е. Чудно ми е мене можда,балканска душа
)))