Голем зависник сум, со тоа што не пијам повеќе од три, ама морам да ги испијам - ако не, не функционирам баш како што треба.
Се обидувам да не сум junkie за било што, ама кафето и некако потсвесно ми е влезено и сакам на рутината/ритуалот да си држам ниво и да го подобрувам. Долго време пиев филтер, најчесто Jacobs или Tschibo. Одамна имам гледано како го припремаат прашокот за инстант-кафе и тоа ми е многу, многу сомнителна хемија, затоа и ги избегавам. Екстрактот се прави со додавање на чудни супстанци, па ја замрзнуваат смесата со течен азот....гадно.
Исто така и млеко и шеќер не додавам, затоа што го гушат вкусот.
Патував низ арапскиов свет, од каде што и потекнува кафето и некако добив чуден впечаток. „Комерцијалново“ кафе што се пие по светов е нешто сосема друго од тоа што тие го пијат. Вистинското арапско се кува цел ден, се пие во многу мала количина и има многу тежок вкус, кој многу од нас овде не би го издржале, не па да уживаат. А се смета за голема навреда ако ти го сервираат, а не го испиеш. Најпопуларно е turkish, нели, иако ги арапите ги мразат турците до срж, меѓутоа се кува арабика со специфични додатоци како кардамом (и чај се прави многу добар, индиски), некои цветчиња кои му даваат малку лимонаст вкус, кој според мене е фантастичен (криво ми е што не си купив повеќе за дома).
Тоа што кај нас се продава во овие кесички, од типовите минас (и не ми текнува на другото), се типови кои изумираат и веќе ретко се садат, како кафиња со слаб квалитет. Плус и нашиве „пакувачи“ често знаат да утнат, да го препечат, изгорат - многу аматерски.
Си купив мока-пот летово или такозван самовар од Bialetti. На многу слаба рингла го праам кафето и пак не ми праи ни малку крема и затоа следна инвестиција ми е во некој кафемат со мелница, затоа што овие „капачињава“ се огромен, непотребен загадувач - купишта пластика заради човекова мрза.