Кафе. моја омилена тема, а богами и филџан да превртиме онака за забава
Arabika (Coffea arabica) и
Robusta (Coffea canephora), и двете имаат специфичен вкус, на различни места одгледувани на различни надморски височини, со раличен состав на кофеин....итн
Arabika е кафе со ароматичн сладок вкус помалку киселост на зрното според што се смета за квалитетнo кафе, за разлика од тоа кафе,
Robusta кафе ретко се пие како такво чисто поради опориот вкус, ама кога се меша со предходното кафе се добива комбинација која чуда прави на вкус, барем лично за мене, инаку
Robusta има дупла содржина на кофеин од Arabika и затоа секогаш идат во комбинација, што ако Arabica е префинето и поквалитетно кафе кога е сиромашно со кофеин, оти кафе не се пие како сок туку ги користиме бенифитите на кофеинот врз нашиот организам...
инаку
Гранд кафе Голд, онака ми лежи во вкус и мирис токму како рекламата, а и поради „разгледаниот состав“ ми е омилено кафе работно и утринско и толку, можеби некогаш второ ќе испијам ако некаде патувам или едноставно имам некои долги едукативни работилници да ме одржи во форма, можеби за други не е некој избор, ама мене ми одговара некако „таман“...
инаку, дејството на кафето кај луѓето е различно,
да да, кај некој им делува на парасимпатикус, на некој само на симпатикус, а кај некој рамномерно и таму и таму, затоа кога ќе слушнете некој да рече „морам да се напијам кафе“ за да се опуштам и релаксирам и подобро да заспијам тој спаѓа во првата група, ако некој ќе рече дека мора да испие едно кафе за да се расони и да почне да функционира тој спаѓа во втората група што кофеинот делува на симпатикус и на крај трета група на луѓе и цело шише да испијат не им делува никако ни да се опуштат и да заспијат, ниту да се расонат и да почнат да функционираат наутро ...