Вечерва овде, без тебе.....
......Не можам да заспијам.. . Сказалките на ѕидниот часовник одамна се бакнаа за добра ноќ и сега само се разминуваат како да не се познаваат. Со оглед на пеколното темпо на обврски што ме очекуваат, одвај успевам да стигнам да ги спремам испитите. Ноќва на дневен ред е античка философија... еден од моите омилени испити. Ветив дека ќе го спремам темелно, а како и поинаку би можела? Јас – перфекционист до лудило, не би ни можела да фолирам... Но навираат сеќавања....
.....Се сеќавам кога влезе во кола – едвај собрав храброст да те погледнам. Моето молчење те збуни, а ни јас самата не знаев што би можела да ти кажам. Обајцата молчевме... Ама дијалог... Можеби се обидувавме да ги споиме душите во тишината...
Зад привидната пристојност вистината излезе на бис неколкупати во текот на ноќта ...
.....Tекот на моите мисли ја пресече твојата дланка која ми го закопчуваше патентот на дуксерот.... – излитен штос и доволно стар за да не наседнам на него. Се збунив... Се потсетив... Можеби... Не знам...Воздивнав!!!
Да, јас можев да продолжам без при тоа многу да не му обрнувам внимание на твоето либидо кое растеше заедно со моето его... Но, твојата немирна дланка го повтори истиот потег.. Замолчив... Грч во желудникот... Зарем после се што поминав, покрај сите падови умеам повторно да ги почувствувам проклетите пеперутки во утробата?
Со поглед втренчен во твоите очи го гледав одразот на својот лик во нив... Ми извлече насмевка. Немаше враќање... Играта започна!
Се случи бакнеж... И уште еден... Како никогаш досега, бев жедна за непознатото кое како песничките во прво одделение – колку го учев, толку побрзо го заборавав... За миг ништо не постоеше, ништо не дишеше, ништо не се движеше... Но, само за момент... Токму кога стигнавме до врвот, сфативме дека мораме назад... На почетокот, оној одвратен почеток ...Сакавме да разговараме... Не! Зборовите ни го заматуваат текот на мислата и речиси секогаш ни носат неволји.
Овој прост и недоличен свет,од кој успеавме да избегаме сега лелекаше на глас и го бараше нашето внимание. Бевме навидум збунети, иако се беше кристално јасно...Излетавме на улица... Ги наметнавме двете наоблачени лица, оние какви што се во тренд во нашето Скопје – сиви, ладни, практични лица... Тргнавме секој по својот пат...
Таа ноќ заспав среќна, без да анализирам... Што сме НИЕ и дали сме воопшто НИЕ – не ме загрижуваше... Оддеднаш ми стана кристално јасно: “Ние двајцата сме обични луѓе кои поделија еден прекрасен момент!!!”.