мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.281
- Поени од реакции
- 23.913
има тука многу ама ??Не е воопшто комплицирано за средната големина какви што ќе има кај нас и цената им е и повеќе од надувана али кај што има државна интервенција таму и цените се превисоки.Едноставно има огромни субвенции во ЕУ за обновливи извори на енергија зошто будалите планираат до мислам 2030-2040 најголем дел од потрошувачката на енергија да биде од домашно производство а не како сега увезена од страна.
Али проблемот е што не се исплаќаат и само се фрлаат пари во погрешна насока.Технологијата не е доволно развиена и наместо да се развива до ниво кога ќе биде исплатлива они влегуваат во сериоско производство прерано.
Пример за ваквото лошо раководство е секој пат кога се збори за соларна енергија се кажува како во Германија и Австрија се користело повеќе соларна енергија отколу кај нас .Финтата е што во Германија и Австрија загубите што ги имаат фирмите што произведуваат соларна енергија ги надополнува државата.Освен Шпанија,Сицилија и југот на Грција производството на струја од соларна енергија е неиспалтливо во Европа.Ние во македонија можеме само приватно вода да грееме и тоа е тоа.
Ние немаме од ниеден ресурс многу и прво мораме да ги намалиме загубите со користење на геотермална енергија и од поголемите индустрирски капацитете за греење наместо струја ( дека најголемата потршувачка на струја ни е баш тоа греење ).А останатите потреби за струја да ги покриваме со мешавина од хидро,термо централи,увоз на гас и ветерни турбини.
Или пак да се повампириме и да изградиме нуклеарна централа во Мариово и да си свиркаме во следните 30-50 години.
во секој случај цените се претерано глупи за една ветерница.
и со сончевите колектори и со ветерниците има еден проблем( посебно кај сончевите колектори) затоа што прво се нестабилни како извор и друго најчесто треба едниот вид на енергија да се конвертира во друг. тука има губитоци и тоа не баш така занемарливи. ова е многу поизразено кај сончевите колектори отколку кај ветерниците.
тие прво треба сончевата да ја конвертираат во едноснасочна, па да ја складираат, па да ја конвертираат во неизменична и најпосле да ја донесат на напон кој може да се користи.
во секој степен има тука губитоци, затоа некако сончевата си има фабричка мана. ако накој му истекни како директно сончевата да ја конвертира во енергија која има директна примена за да се скокнат сите тие губитоци тогаш ке остани само она ден и ноќ проблемот или облачноста. тоа веќе спаѓа во доменот на виша сила.
кај ветерниците пак проблемот е брзината на ветерот , а не само дали го има или не. но тоа е далеку поедноставно да се реши отколку кај сончевата. исто ветерниците ја немаат онаа ахилова пета со ден и ноќ. ветер има без разлика дали е дење или ноќе.
другото е како тој ветер ветерницата ке го преточи во обртаи во минута кои ке бидат во некоја толерантна граница за да напонот на излез биде стабилен( значи и при 1 м/с и при 30 м/с да дава напон ( не моќност) кој ке биде стабилен и добар за да биде приклучен на мрежа директно или во домаќинствата сеедно).
тоа е чисто механички проблем и дел електронски кој го има секаде околу нас. значи е измислен и докажан дека функционира.
едниот се наоѓа во колите, другиот се наоѓа во вашите полначи за мобилен. повеќе на принципот мислам а не буквално.
во секој случај е возможно и изводливо и не толку скапо за да тоа биде направено и кај нас, дури и прилагодено за наши услови.
некој спомена воздушен тунел.
па нема да правиме суперсоничен авион мајката, работиме со брзини на ветер од неколку метри во секунда.