Ветерници во Македонија

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
не дека сакам да експериментирам, ама во основа и големите и малите се состојат од тоа. генератот и пропелер. и едните и другите кога нема ветер нема да произведуваат струја, исто како и минихидроцентралите. и кај нив ако нема вода ништо од струјата.
затоа некако не ми е јасно зошто се толку скапи.
како од платина да се правени, е тоа сакав некој да ми објасни.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Потпишан протокол за предавање на локацијата за изградба на ветерен парк

Локација со површина од 29,9 хектари земјиште во подножјето на планината Погана кај Богданци на кое треба да никне новата енергетска инвестиција за изградба на ветерен парк, неделава беше предмет на примопредавање помеѓу инвеститорот АД „ЕЛЕМ“ и изведувачот на ЛОТ 2 Конзорциумот „Терна СА Сименс“.

Пред потпишувањето на договорот за примопредавање беа разгледани терените на местото каде според договорните клаузули треба да биде изграден пристапен пат од 4,394 километри и два патни крака со вкупна должина од 5,719 километри, или вкупно над десет километри патна линија до ветерниците. Напоредно со тоа, согласно меѓународниот тендер од ЛОТ 2 изведувачот треба да изгради нова трафостаница и далекувод за покренување на ветерните турбини. Рокот за изведба на преоктот изнесува 14 месеци.

По изградбата на патната и енергетската линија ќе следува спроведувањето на елементите од ЛОТ 1, односно изградбата на 16 ветерни електрани кои ќе имаат капацитет да произведат 100 Гигават часови чиста и одржлива електрична енергија.

Изградбата на „Паркот на ветерни електрани – Богданци“ ќе придонесе за користење на чиста и одржлива енергија потребна за домаќинствата и стопанските капацитети од регионот и пошироко. Тоа ќе значи и еколошка заштита на средината со нето годишна заштеда на 82,180 единици стакленични гасови.

Договорните партнери „ЕЛЕМ“ и Конзорциумот „Терна СА Сименс“ заедно со примопредавањето на локалцијата потпишаа и протокол за отпочнување на активности за изработка на проектната документација како и подготовка на теренските работи од страна на изведувачот на проектот.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/41073/potpishan_protokol_za_predavanje_na_lokacijata_za_izgradba_na_veteren_park.aspx
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ветер да ги земи :icon_lol:.

Едно прашање само едно можи? А бе тој Сименс колку ќе земи субвенција од ЕУ фондовите за тој паркот?
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435

normalno deka ke zemi
tuka e interesot vo ovoj biznis
subvencii se lapaat od EU
samo ne mi e jasno koj e interesov na EU pari tuku taka da dava???
nekoj da ne ima ideja zosto navistina plakaat poveke pari ako proizveduvas ovakov vid na el.energija??
 
A

Accipiter82

Гостин
Не знам многу сум скептичен што се однесува до ветерници во Македонија. Имаме неколку добри локации за изградба на истите ама ...од 2008 колку пати имам читано дека во Оовчеполскиот регион ќе се градат ветерницит. Те Израелци, те Шпанци,... последно колку што читав ЕЛЕМ ќе гради ветерен парк.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
kako moze da se napravi vakva investicija a da se odbegne maksimalniot reket udar od urbanata mafija???
da ne znae nekoj da ne e informiran kako sto bi odele ovie raboti??
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Ветерници кај Богданци ќе произведуваат струја.Ветерници кај Богданци ќе произведуваат електрична енергија. Инвестицијата тежи 55 милиони евра, од нив 33 милиони евра се од германската КФВ банка.Привршуваат подготовките за отпочнување на изградбата на паркот со ветерници над Богданци. Во моментов се подготвува документацијата за експропријација на земјиштето предвидено за изградба на патот до месноста Погана, каде треба да се постави првата ветерница.

Градоначалникот на Богданци Ристо Ичков, вели дека ветерниците ќе бидат на надморска височина од 350 до 505 метри.

Ветерниците во Богданци се прв проект и обид на државата да произведува електрична енергија од обновливите извори, како што е ветрот. Инвестицијата вредна 55 милиони евра е на Електрани на Македонија, која го реализира проектот со поддршка на германската КФВ банка која обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22, 6 милиони ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

Паркот со ветерници треба да произведува 100 гигават часови струја годишно.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=89645
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
не дека сакам да експериментирам, ама во основа и големите и малите се состојат од тоа. генератот и пропелер. и едните и другите кога нема ветер нема да произведуваат струја, исто како и минихидроцентралите. и кај нив ако нема вода ништо од струјата.
затоа некако не ми е јасно зошто се толку скапи.
како од платина да се правени, е тоа сакав некој да ми објасни.
Пошто гледам никој не ти одговорил на прашањето ќе пробам јас. Прв проблем е фактот што не е сериско производство. Ако не е сериско производство тоа значи дека почетните трошоци (студии, прелиминарен дизајн, тестирања, цертифицирања итн.) ќе бидат распоредени на мал број ветерници што значи поголем трошок по ветерница. Чист пример коли, ферари на пример, во „сериско“ производство кошта 300 000, а „лимитирани“ едиции коштаат по милион и више.

Втор проблем е комлексноста да се дизајнира и да се направи една турбина. Незнам дали си имал прилика во живо да видиш некоја, ама навистина се огромни. Знаат да бидат над 100 метри високи, кракот на пропелерот да биде над 30-40 метри (60-80 метри диаметар) и да тежат 150 - 200 тона. Е сега тој материјал за стуб кошта а баша и темел треба 10тина метри да се ископа и да се напуни со цемент.

Следен проблем е „пропелерот“ што всушност замисли го како крило од авион долго 30 метри. Тоа треба да се дизајнира, тестира подложност на вибрации и структурни стресови и да се изгради со современи композити кои се и скапи и коплицирани за изработка, за да се добие лесна структура. Плус и покрај тоа што пример ке биде дизајнирано за 20 м/с просечен ветер, таа ветерница треба да изджи и бури од 50м/с без да се оштети. Така да на еден крак ќе имаш голем број аеро профили и треба знаење, време и тестирање за тоа да се оптимизира.

На крај зашто се создава енергија од кинетичка енергија преку механичко движење и ветерот и не е баш некој голем извор на енергија, триењето и слични загуби треба да се сведат на минимум, што доведува пак до употреба на скапи материјали, производствени процеси и знаење. Истотака генераторот во турбината е колку една кола и на крај треба цела оваа скаламерија да ја направиш да може да ротира со серво за да биде секогаш во правец на ветерот.

Сето ова придонесува да една ветерница кошта милиони евра. Чисто да добиеш представа колкави можат да бидат (само пропелерот поголем од 747, и повисоки од статуата на слободата и биг бен):

за среќа имам видено колкави се.
и далеку дека не се сериско прозиводство.
таман работа ако за секој рид посебно ја дизајнираат.
пропелерите се оддамна измислени, значи ништо ново.
генераторите и тие. значи и тука ништо ново.
цементот го измислиле римјаните пред 2000 години.
и таман работа ако споредам колку цемент треба за една хидро централа и за една ветерница.
ферарито и до ден денес не можам да сватам зошто кошта 300000 евра, ама ајде да речиме демек богат сум и можам да си дозволам. инаку ништо посебно.
значи генерално земено по сите математики врти сучи никако неиди неколку милиони евра за една ветерница, па незнам што да има во неа. а нема ништо посебно.
значи друго е математиката, ама тој муабет не е за овде.
инаку и ајде да речиме дека кошта неколку милиони евра за да ја купиш. по мое подобро тие пари од неколку милиони евра веќе ако ги прежалиле, нека ги вложат во средства на факултет и фирма која ке ја направат од корентаа ветерница. така и ке добиеме наш производ кој ке можеме да го продаваме, ке добиеме стручен кадар за истата, пракса за студентите и професорите.
башка поевтино нас ке не кошта а со тоа и струјата која таа ке ја произведува.
па не се работи за нуклеарна централа туку за генератор за струја.
мислам дека имаме факултети скоро за се што ни треба за една ветерница. сега ако професорите таму не им држи газот или толку им е знаењето па да не можат да копираат еден генератор или крило и да ги пренаменат за овие потреби тогаш подобро да почниме нивите да си ги гледаме. не бива од нас ништо.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
прво..никој не е пророк во сопствената куќа
второ..ветерниците се ветер во магла, но затоа се дел од една гоолема дубара на субвенции, допишувања нули ,вишок електронски пари и камати
трето..ниедна ветерница, ветерно поле и слично , барем досега , а и во иднина , ако планетата Земја не стане ветровита планета, ниту произвела , ниту ќе произведе електрична енергија која ќе биде поголема во количина од онаа потрошена на нејзиното производство, монтажа ,одржување...камати и рушвети
четврто ..ветерниот парк планиран кај Богданци..сигурно ќе се прави со кредити кои ќе ги даде некоја банка од белиот свет, а која за тоа ќе земе камата, а се на основа на некаков фонд за развој на некакви енергии и тако то........
петто..правењето на ветерницата е најмал проблем...ОГРОМНИОТ се вика атести и хомологации, а тука ќе те одерат истите тие кои сега ти ја продаваат нивната, истовремено условувајќи те со кредитите да купиш нивна...Зар и во секунда помисли дека тие Израелци, Шпанци, Германци...Патагонци се белосветски алтруисти и македонољубци???
шесто..генераторот и регулацијата се голем проблем за домашно производство..пред дваесет години ни ја скршија југословенската кичма и сега може само да купуваме нивно-произведено во Кина...
седмо...нема седмо;)
хммм..мал додаток: можно е да се организира производство на мали ветерници , кои имаат логика онаму каде НЕМА СТРУЈА за микро системи..(викендици, репетитори и слично), но ако не се заштитени од увозните..барем додека не постигнат економски исплативи серии....немаат никаква шанса...можеби евентуално како кит комплет за направи сам што кај нас, нација на смотани левораки мрзи тешко поминува.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ги градат заради субвенции мислам дека ЕУ субвенционира околу 40-60% по изгрардба на ветерница во Германија американска фирма сега ќе гради ветерници вредни 4 милијарди евра.

Едноставно со 40-60% субвенција се се исплати.И соларни панели во сибир да ставаш со 60% субвенција ќар ќе извадиш.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ги градат заради субвенции мислам дека ЕУ субвенционира околу 40-60% по изгрардба на ветерница во Германија американска фирма сега ќе гради ветерници вредни 4 милијарди евра.

Едноставно со 40-60% субвенција се се исплати.И соларни панели во сибир да ставаш со 60% субвенција ќар ќе извадиш.
Субвенција не постои, исто како ни Дедо Мраз,........ секогаш при такви субвенционирани шеми , читај ги малите букви во Договорот ;)
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
за среќа имам видено колкави се.
и далеку дека не се сериско прозиводство.
таман работа ако за секој рид посебно ја дизајнираат.
пропелерите се оддамна измислени, значи ништо ново.
генераторите и тие. значи и тука ништо ново.
цементот го измислиле римјаните пред 2000 години.
и таман работа ако споредам колку цемент треба за една хидро централа и за една ветерница.
ферарито и до ден денес не можам да сватам зошто кошта 300000 евра, ама ајде да речиме демек богат сум и можам да си дозволам. инаку ништо посебно.
значи генерално земено по сите математики врти сучи никако неиди неколку милиони евра за една ветерница, па незнам што да има во неа. а нема ништо посебно.
значи друго е математиката, ама тој муабет не е за овде.
инаку и ајде да речиме дека кошта неколку милиони евра за да ја купиш. по мое подобро тие пари од неколку милиони евра веќе ако ги прежалиле, нека ги вложат во средства на факултет и фирма која ке ја направат од корентаа ветерница. така и ке добиеме наш производ кој ке можеме да го продаваме, ке добиеме стручен кадар за истата, пракса за студентите и професорите.
башка поевтино нас ке не кошта а со тоа и струјата која таа ке ја произведува.
па не се работи за нуклеарна централа туку за генератор за струја.
мислам дека имаме факултети скоро за се што ни треба за една ветерница. сега ако професорите таму не им држи газот или толку им е знаењето па да не можат да копираат еден генератор или крило и да ги пренаменат за овие потреби тогаш подобро да почниме нивите да си ги гледаме. не бива од нас ништо.
Цементот е најевтина ствар, проблем ко што реков се композитите и генераторот, стручниот кадар, тестирање и сертифицирање. Зашто една релативно нова (дизајн од 1980) композитна едрилица како ASK-21 кошта толку пари? Па што има таа 2 крила, труп, опаш, кабина со неколку механички инструменти, батерија и радио станица, а ќе треба да издвоиш 60 - 70.000 евра за неа? А авион е истото плус еден или повеќе мотори така? Проблемот е во тие .99% сигурност, еден индустриски штаф кошта пола евро, истиот тој штраф тестиран и сертифициран за употреба во вселенскиот сектош кошта 30 евра. Зашто? Затоа што производителот мора да гарантира не 99 него 99.999% сигурност дека ќе издржи толку време, толкава сила и такви вибрации без да попушти.

Не сум упознаен, но имаме ние „експерти“ за аеродинамика? Кај ќе тестираш модел на турбината или аеро профилот, имаме воздушни тунели? А кадар и опрема за изработка на композитни структури од таа големина па чисто сумнјам... Не зборев јас дали е испатлива инвестиција него само кажував зашто кошта толку. Коа ке видиш дека имаме околу 300 сончеви денови во годината, не ми е јасно зашто никој нема колектор за топлење вода летно време или па и за струја праење. Или една соларна централа. Факт е дека ефикасноста нивна е далеку од веќе проверената технологија, но ако не се уложува и прави нови напори за унапредување на таа технологија, никогаш и нема да стане испатлива.
 
сега баш гледав една емисија баш за ветерниците и искрено го кажуваат како да е посложено од што реално е.
а со тоа и ги оправдуваат милионските суми кои ги бараат за неа.
па нормално е дека нема да се исплати кога таа треба да работи години години само за да си ги извади парите. а и божем тие и покрај толку тестирања и незнам што не се расипуваат.
да биди сумата реална и те како се исплатуват. а и што би е расипало уствари. генераторот ??? па што. на рек секоја година му прават ремонт. значи има кадри кои се запознаени со таа тематика.
за пропелерот мислам да не измислуваме топла вода. и да не му е ефикснаоста толку голема како на некој што кошта 20 пати повеќе од него, пак би бил исплатлив.
за композитни материјали има технологија колку и да сакаш.
а за стручни кадри, е тука е проблемот.
само како викаат , дајму на некој риба ке го нахраниш за еден ден, научиго да лови ке го нахраниш за цел живот.
наместо тие пари да се вложат во готова турбина за која секој дефект и одржување ке плаќаме и ке плаќаме на фирмата која го направила, можеме тие средства да ги вложиме во кадри кои во иднина би носеле приходи.
вака ке останиме и без кадри и без пари.
во секој случај догорочно инвестицијата во соопствена техологија секогаш се исплаќа повеќе отколку да купуваш туѓа.
јас незнам ни една држава која е технолошки развиена а е сиромашна, напротив секогаш е обратно.
се сеќавате како на времето ние на словенците цела композиција јаболка, тие еден вагон фруктал од јаболко.
затоа словенија е словенија а ние сме ние.
 
Не е воопшто комплицирано за средната големина какви што ќе има кај нас и цената им е и повеќе од надувана али кај што има државна интервенција таму и цените се превисоки.Едноставно има огромни субвенции во ЕУ за обновливи извори на енергија зошто будалите планираат до мислам 2030-2040 најголем дел од потрошувачката на енергија да биде од домашно производство а не како сега увезена од страна.

Али проблемот е што не се исплаќаат и само се фрлаат пари во погрешна насока.Технологијата не е доволно развиена и наместо да се развива до ниво кога ќе биде исплатлива они влегуваат во сериоско производство прерано.

Пример за ваквото лошо раководство е секој пат кога се збори за соларна енергија се кажува како во Германија и Австрија се користело повеќе соларна енергија отколу кај нас .Финтата е што во Германија и Австрија загубите што ги имаат фирмите што произведуваат соларна енергија ги надополнува државата.Освен Шпанија,Сицилија и југот на Грција производството на струја од соларна енергија е неиспалтливо во Европа.Ние во македонија можеме само приватно вода да грееме и тоа е тоа.

Ние немаме од ниеден ресурс многу и прво мораме да ги намалиме загубите со користење на геотермална енергија и од поголемите индустрирски капацитете за греење наместо струја ( дека најголемата потршувачка на струја ни е баш тоа греење ).А останатите потреби за струја да ги покриваме со мешавина од хидро,термо централи,увоз на гас и ветерни турбини.

Или пак да се повампириме и да изградиме нуклеарна централа во Мариово и да си свиркаме во следните 30-50 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom