Ветерници во Македонија

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.022
Поени од реакции
949
гледам еден сосед наместил во дворот ветерница за производство на струја, дали има овластен дистрибутер за нив во македонија, и како одат цените?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Производството на струја од ветер станува реалност

Во Богданци до крајот на годинава или почетокот на 2014 година се очекува да започне производството на струја од ветер. Во ветропаркот предвидено е да има 16 ветерници кои ќе произведуваат енергија од ветер, со што ќе се зголеми и производството на електрична енергија од обновливи извори.


Струјата произведена од ветерниците ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2 отсто од моменталното годишно производство.

Како што велат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се работи со полна пареа и доколку се оди според предвидениот план и динамиката на реализација на проектот до крајот на овој месец или почетокот на наредниот ќе се почне со монтажа на ветерните турбини. При крај е и со изградбата на командната зграда, патот и трафостаницата на која ветерниот парк ќе биде приклучен. Ветерните турбини веќе се пристигнати, се наоѓаат во Солунското пристаниште, при што се чека да бидат транспортирани до Богданци.

Данско-грчкиот конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани на локацијата Ранавец, кај Богданци. Конзорциумот има обврска, покрај испораката да ја транспортира и монтира опремата, како и да ја пушти во употреба. Дел од нејзините обврски се и грижата и одржувањето на паркот.

Се работи за квалитетни турбини произведени од германски бренд и се најдобри во својата класа, а нивната инсталирана моќност поединечно е 2,3 мегавати. Висината на столбот изнесува 84 метри, дијаметарот на елисата изнесува 93 метри, а вкупната инсталирана моќност ќе достигне 36,8 мегавати.

Финансиската конструкција за ветропаркот е 55,5 милиони евра, при што најголемиот дел се обезбедени со кредит од германската КфВ банка од 48 милиони евра и 7,6 милиони евра се обезбедени од сопствени средства, од Државните електрани.

За премиерот Никола Груевски, со реализацијата на овој проект се почнува ново поглавје во енергетската стратегија и портфолио на Република Македонија. Тој на поставувањето на камен-темелникот на ветропаркот посочи дека со изградбата на вакви паркови на ветерници, македонското стопанство ќе добие сигурен, обновлив, незагадувачки и долгорочен извор на енергија.
Според него, ваквата тенденција е потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава. Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати.
Во земјите од ЕУ се повеќе се форсира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како што се ветер, сонце и вода. Силата на инсталираните ветерници во земјите од ЕУ достигнува 6.247 мегавати, што може да ги задоволи потребите на 40 милиони Европејци.
Енергијата на ветерот најмногу се користи во Германија, Данска, Шпанија и Холандија. Во Германија инсталирани се 3.247 мегавати, што е за четири пати поголемо од вкупната инсталирана сила на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/129608-Proizvodstvoto-na-struja-od-veter-stanuva-realnost
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
5
http://www.amazon.com/GudCraft-WG3KW-3000-Residential-Generator/dp/B005G8VCO4/ref=pd_rhf_se_p_tnr_37

Neznam dali ova e dovolno za domasna upotreba ali moze da gi namali smetkite.

Imam prijatel vo Australia I tamu vekinom imaat solarni paneli za proizvodstvo na eektricna energija, I go prasav kako odi sistemot tamu za proizvodstvo na elektricna energija:

I na toa mi kazuva deka celiot krof mu e so paneli I direkno mu odi vo elektricen saat za merenje kolku proizvedel struja I odi vo distribucija ja prodava direktno, a za negova upotreba si vlece od distribucija kako I kaj nas normalno. I na sekoi 4 meseci odi vo elektricna kompanija tamu sto e I mu pravaat razlika od toa kolku potrosil I kolku proizvel za da si gi izramnat smetkite.

Pred da gi instalira panelite so solarno go presale dali mesti za negova potreba eli mesti za biznis si imalo do kolku vati ima pravo sekoj da namesti, ako mestel za biznis pomalku mu ja placale proizvedenata energija.

Taka treba I kaj nas da napravat zakon do odredena proizvodstvo na KW I imas nekoja para si stavis na krof paneli I ide direkno vo mreza , a od druga strana si ti prikacen na mreza I trosis. a kako sto go staviv linkot poevtino mi se gleda I takva mala veternica da se instalira na krof,

linkot e od americki site a veternicata takva od kina moze da se najde tri pati poeftina barem ja taka mislam
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Уште Дон Кихот фали, кај да е тука се ветерниците.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Завршна фаза од изградбата на ветерниците во Богданци.
Денеска во Богданци започнува последната фаза од проектот на ЕЛЕМ, „Паркот на ветерни електрани (ПВЕ)-Богданци“.
Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата, откако вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Денеска турбините пристигнаа во Богданци.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЕЛЕМ

Доаѓаат ветерниците во паркот на ветерни електрани „Богданци“

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата, откако вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Станува збор за исклучително сложена операција затоа што за превоз на една ветерница, компонентите се распоредени во десетина огромни камиони, што формираат конвој подолг од еден километар.


Тежината на сите компоненти распоредени во камионите надминува 330 тони. Во по три камиони се распоредени перките за ветерницата и сегментите за столбот, во еден камион се пренесува гондолата, во еден наглавокот, а во два се распоредени помали парчиња.
Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот што претставува компонента која ги спојува перките тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони.
„Во наредните денови ќе почне и монтажата на ветерницата, а паралелно ќе продолжат да пристигнуваат и да се монтираат останатите турбини на локацијата Ранавец кај Богданци. Согласно воспоставената динамика, ќе се транспортираат по две ветерници неделно, што како операција ќе тече во наредните два месеци, а ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција во текот на првото тромесечје од наредната година“, вели Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.
Турбините, производство на Сименс - Данска се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.
Во мај годинава на локацијата Ранавец кај Богданци почнаа градежните активности на ПВЕ Богданци. До овој момент, завршена е изведбата на потребната инфраструктура и придружни објекти за ветропаркот. Изградена е патна инфраструктура, приклучен далековод, командна зграда и 20/110KV трафостаница, а паралелно тече ископот и бетонирањето на темелите за ветерниците.
Проектот „Богданци“ предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои се очекува да испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани на Република Македонија. Истовремено тие ќе ја зголемат инсталирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36 ,8 MW. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на АД ЕЛЕМ.
Во овој проект вреден 55,5 милиони евра, заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47,9 милиони евра, додека 7,6 милиони евра веќе обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства., соопшти АД Електрани на Македонија.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/doagjaat-veternicite-vo-parkot-na-veterni-elektrani-bogdanci#1
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ima li mapa na Makedonija kade pokazhuva kade ima dovolno veter za veternici?
 
A

AnFem

Гостин
гледам еден сосед наместил во дворот ветерница за производство на струја, дали има овластен дистрибутер за нив во македонија, и како одат цените?
Во Велес? :eek:
Можеш сам да си направиш.
 
A

AnFem

Гостин
Sekako deka mozes ako imas zavrseno elektro fakulktet so 9.8 prosek, bez vrski i bez gubenje godina.
Штипјанецот, кој изгради куќа од контејнери, си направил сам, не спомна што има завршено.
Имаш секаква информација на интернет, можеби само ќе ти треба да се консултираш со стручно лице... А кога ние ќе го изведеме ова, ќе споделам искуство.
 

goran001

maniken
Член од
8 ноември 2012
Мислења
271
Поени од реакции
80
Штипјанецот, кој изгради куќа од контејнери, си направил сам, не спомна што има завршено.
Имаш секаква информација на интернет, можеби само ќе ти треба да се консултираш со стручно лице... А кога ние ќе го изведеме ова, ќе споделам искуство.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=402849513178031&set=a.357694817693501.1073741828.100003589579111&type=1&theater
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЗАВРШИ МОНТАЖАТА НА ПАРКОТ НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ "БОГДАНЦИ"


Богданските ветрови летово ќе произведуваат "зелена" струја


Како што велат од "Електрани на Македонија" ("ЕЛЕМ"), наскоро овој капитален енергетски капацитет, кој е прв од ваков вид во земјава, ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија, а со редовно производство на таканаречена зелена енергија на крајот на мај или на почетокот на јуни годинава


Целосно се комплетирани сите 16 ветерници од првиот парк на ветерни електрани лоцирани кај Ранавец - Богданци, а во моментов во полн ек се активностите за негово поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО". Како што велат од Електрани на Македонија" ((ЕЛЕМ"), наскоро овој капитален енергетски капацитет, кој е прв од ваков вид во земјава, ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија, а со редовно производство на таканаречена зелена енергија на крајот на мај или на почетокот на јуни годинава.
-Ќе следува и период за тестирање на перформансите на комплетната техничка опрема. Истовремено, ќе започне и асфалтирање на комплетната инфраструктура и активностите за хортикултурно уредување на просторот околу ветерниците. Во согласност со динамиката на работа, претстојната пролет овој капацитет ќе влезе во редовно производство на електрична енергија - велат од ЕЛЕМ" и потсетуваат дека на процесот на монтажата му претходеше и исклучително сложената операција за транспорт на компонентите на ветерниците.
ПВЕ Богданци" со 16 ветерни електрани се очекува да испорачува најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани во земјава.

-Истовремено, тие ќе ја зголемат инсталираната моќност на ЕЛЕМ" за 36,8 мегават-часови. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на нашата компанија - посочуваат од ЕЛЕМ".

Според нив, деловите од само една ветерница за да се превезат од Солунското пристаниште до самата локација беа распоредени во десетина огромни камиони, што формираа конвој подолг од еден километар. Вкупната тежина на сите компоненти што сочинуваат една ветерница надминува 330 тони.

Од компанијата информираат дека турбините се производство на Сименс - Данска и се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.
Проектот е вреден 55,5 милиони евра, заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банка изнесува 47,9 милиони евра, додека 7,6 милиони евра веќе обезбеди ЕЛЕМ" од сопствени средства.

По стартот и производството на струја од ветер во Македонија значително ќе се зголеми производството на енергија од обновливи извори, кое до 2020 година треба да достигне 20% од вкупното производство. Во моментов тоа достигнува 13,7% од вкупното производство на струја во земјава.

Инаку, инвестициите на енергетската компанија ЕЛЕМ" во изминатите неколку години се во значителен подем. Токму од овие причини, како што се вели во Отчетот за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за 2011-2014 година, во моментов долгорочен интерес за Република Македонија е ЕЛЕМ" да не се продава и да остане целосно во државна сопственост. (В.Ма.)

Шведска европски рекордер за енергија произведена од обновливи извори Според анализите на Евростат, и земјите-членки на ЕУ постојано инвестираат во енергетски објекти коишто произведуваат таканаречена зелена енергија од обновливи извори.
Највисок процент на обновливи извори на енергија како дел од финалната енергија во 2012 година статистичарите регистрирале во Шведска, каде што тие достигнале високи 51,0% од вкупната произведена енергија. По нив е Латвија со 35,8%, Финска со 34,3% и Австрија со 32,1%. Бугарија и Естонија се држави кои се очекува да имаат веќе 20% од производството на енергија од обновливи извори.
Засега на дното на листата е Малта со 1,4%, Луксембург со 3,1%, Велика Британија со 4,2% и Холандија со 4,5%.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=955C4B500E767440A0E5FE2C26D7103F
 

Kajgana Shop

На врв Bottom