За да знаеш што мака иам треба или да се викаш Данче или Марко (ама не ми личат дека се на пракса наведениве

) . Сите други имиња нема да знаеш. И у принцип не е дека иам некоја мака, добро сеа ме затераа последниве месец дена да иам стварно проблеми со кучињата, ама почесто доагам таму од непотребна паника отколку што стварно е нешто алармантно. Иначе стварно немам збор за Ветеринарен Центар не се секавам кога ми кажале некоја цена која била астрономска (т.е. не ми кажале затоа не се секавам). Како што гледаш пишав дека сум имал проблем па маката ме натерала да дојдам до кај вас. Во автокоманда за здраво ти зима 600ден немој да побараш да ти го прегледа кучето. Друга некоја тука во близина кај што јас живеам и неам па една другарка ме натера да идам кај еден доктор кај бугарска амбасада (знам име ама не споделувам) јас одам со расно куче, другаркава со посвоено улично двете на возраст од околу 3 месеци. Двете за вакцини моево го прегледа, го мереше, незнам што се му правеше пред да го боцне. За другово не го погледна го боцна и во книшка никаков податок не допиша само лепенка стави, а за моево уште отисоци да ми земеше на мене. Јас лично тоа ме повреди, зашто да ги класифицираме кучињата на расни и незнам како да ги наречам (зашто не е улично посвоено беше и чувано дома во стан немаат двор), нели треба да се сите исти. После овие настани седнав почнав да се распрашувам за некој ветеринар што работи подолго и има некаква репутација во градов и завршив кај вас. И сум презадоволен.
Пред извесен период земав и второ куче и него го носеле пред да го добијам јас во аеродром (пак не именувам). Еднаш лугето сами го побараа да го однесат на преглед со другите од леглото го однесов преглед беше 250 денари. После недела две нешто на изложба во скопје се побунија неможеле да им најдат тестис па некако мистериозно подоцна се појавуваше на изложбава и кај моето и кај братче негово пак на преглед за два допира одеднаш прегледот станува 300. И јас им кажав дека ке продолжам да си го носам кај вас бар за таков банален преглед од 2 допира никогаш не ми земале пари (ако ми земале микрософт ке го банкнотирав за да исплатам од што паничам). Последен случај ми го удри кучето кола се јавив кај вас сте немале ренген, а лугево од кај што го земав инсистираа на снимка. Се вракаме пак во посочената амбуланта, кај ми зема 500 денари за да го погледне кученцето и да го намачка со бетадине, а не убедува нема ништо немора да се снима и покрај инсистирањето. Од таму дојдов кај вас (збориме за временска разлика помала од 30 мин) го прегледаа пак ми рекоа нема скршеници и немора да се снима (па некако ми олесна), го прегледуваат, му ставаат антибиотик или што и да беше не сум лекар незнам пишувам што ми кажаа, за да немал болки знам беа неколку инекции и на крај ми викаат 250 денари. од кога преглед и бетадине > од било каков антибиотик или што и да му ставија на кученцето. Плус какви се кучиња имам видено на лечење еднаш не сум чул класификација на расни и нерасни.
ПС неможам да заборавам коментар на Диме пред повеке од 1 год. донесоа пит бул цел во крв од борба. Го лечеше и крпеше се трудеше да направи се што е можно незнам што се случило со кучето подоцна. Само еден коментар кажа, треба да ве пријавам за овие нелегални борби, ама кој ке го лечи кучево ако јас го правам тоа.
За останативе што читате јас си споделив мое искуство со ветеринариве низ градов, каде вие ке си ги носите милениците си е ваше право, јас најдов место каде моите миленици се прекрасно третирани и освен ако некоја услуга неможат да ми ја направат таму па да морам да одам на друго место не планирам да ги променам, а за оние кој сеуште не одбрале каде да го носат својот миленик би ги препорачал Ветеринарен Центар.