Маста се вика Цинк-витаминска маст
и е многу корисна за различни проблеми на кожата, но нема потреба превентивно да ги мачкаш шепите.
Мацолот спрема описот најверојатно има на вратот абсцес пред пукање, така да деновиве би требало да пукне и да се испразни. Кога ќе се случи тоа ако можеш исчисти ја раната со 3% хидроген за рани (не бетадин) а ако не, најдобро однеси го на ветеринар. Кога ќе се исчисти и затвори раната,ќе никне повторно и крзното. Абсцесите се најчести проблеми кај мачките,особено ако мачето е доволно големо да почнува да скита во периодот за парење, кога може биде ,,истепано,, од други мачки.