Незнам како можело да го изгуби видот толку малечко 2 месечно,штом го изгубило видот,тешко да му се врати.
Пак ќе кажам,денес одма нека го однесат на ветеринар и ветеринарот ќе може да каже дали може да му се поврати видот.
Ние тука на форумов може само да нагаѓаме дали ќе се врати видот,затоа ветеринар ќе го прегледа и со сигурност ќе каже дали ќе му се врати видот.
Видот може да се изгуби доколку кучето јаде благо ,но обично постари кучиња го губат видот од благо,а мало кутре не сум видела да ослепи од благо.
Ќе заборавев да прашам,дали кутрето е прочистено од глисти?
Бидејќи често се јавуваат такви симптоми како што ги наведе доколку не е прочистено од глисти.