Ветеринарно катче

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не ми ја спомињај се ежам, мамето нејзино. И алопуринол и ренал и милтефоран и џабе. Мој совет до сите не штедете на вакцини, ампули и околувратници.
Вакцина против лајшманија не постои... сега за сега Скалибур околувратниците се најдобра заштита.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Вакцина против лајшманија не постои... сега за сега Скалибур околувратниците се најдобра заштита.
Моево од скалибурот кога го пробавме прв пат пред 2 години му се појави црвенило околу вратот и го извадивме не го носиме...Некоја друга алтернатива?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Моево од скалибурот кога го пробавме прв пат пред 2 години му се појави црвенило околу вратот и го извадивме не го носиме...Некоја друга алтернатива?
За сега нема.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Мачоров пак почна да ми моча надвор од песокта. Иде и у песокта и у лавабо у вц.
Можно ли е пак да има инфекција на мочните патишта? Имаше прошлово лето и едвај се среди, после 2-3 месеци скоро секој ден идење на вет на инекции.

Пред месец дена татко ми зема некој друг вид на песок, и од тогаш почна да моча и у лавабо. Кога се потроши му земав од истиот ко претходно што користеше, али си продужи да моча и у песокта и у лавабо.
А денес почна и многу вода да пие, од сабајле го видов 3-4 пати како пие.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Кучево мое денес го гризна/изгреба најдобриот кучешки другар па сега пошо е касно незнам дали да одам до ветеринарна и да им вртам за да дојдат или не е толку сериозно ?

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
SkopjeSkopje
Другото куче сигурно нема беснило,па јод или медицински алкохол ако имаш(или па све што е добро за дезинфекција will do)
Мислам дека не треба да одиш на ветеринар ако не е многу сериозна и длабока гребаницата,а не ми изгледа дека е
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Вакцинирано е против беснило колку што знам, а моево сега го поминав со Betadine изглеа тоа ќе заврши работа ?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Вакцинирано е против беснило колку што знам, а моево сега го поминав со Betadine изглеа тоа ќе заврши работа ?
Па да чисто за да се изврши дезинфекција.
Брзо по гризнувањето го дезинфицираше кучето?
 
Па не баш јас не бев дома, сестра ми го шетала, па незнаеше што да прави, па додека дојдам поминаа едно 2-3 саата.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Па не баш јас не бев дома, сестра ми го шетала, па незнаеше што да прави, па додека дојдам поминаа едно 2-3 саата.
Не би требало да имаш проблем,ова ми излгеда како да е само површинска грбаница.А ако е подлабока раната можеби ќе треба да се шие,посекако утре однеси го на вет :)
Од мене толку можеш информации да добиеш(повеќе од SaltNPepa,Лигеја,tomy1 т.е постарите колеги) :)
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Вака не изгледа дека е длабоко, изгледа како да е гребнатина.
 
Л

Лигеја

Гостин
Вакцинирано е против беснило колку што знам, а моево сега го поминав со Betadine изглеа тоа ќе заврши работа ?
Доволно е со јодот да го чистиш денес и утре,доколку малку загнои обиди се со чиста вата од страните да притиснеш за да излезе гнојот и повторно исчисти го.Не ти препорачувам алкохол бидејќи е површна рана,ќе го штипе и нема да седи мирно.Во секој случај не е ништо страшно,обична гребаница.:)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Доволно е со јодот да го чистиш денес и утре,доколку малку загнои обиди се со чиста вата од страните да притиснеш за да излезе гнојот и повторно исчисти го.Не ти препорачувам алкохол бидејќи е површна рана,ќе го штипе и нема да седи мирно.Во секој случај не е ништо страшно,обична гребаница.:)
На добар пат сум :D
 
Л

Лигеја

Гостин
Мачоров пак почна да ми моча надвор од песокта. Иде и у песокта и у лавабо у вц.
Можно ли е пак да има инфекција на мочните патишта? Имаше прошлово лето и едвај се среди, после 2-3 месеци скоро секој ден идење на вет на инекции.

Пред месец дена татко ми зема некој друг вид на песок, и од тогаш почна да моча и у лавабо. Кога се потроши му земав од истиот ко претходно што користеше, али си продужи да моча и у песокта и у лавабо.
А денес почна и многу вода да пие, од сабајле го видов 3-4 пати како пие.
Со каква храна го храните? Можно е да е хипергликемија или почетна фаза на дијабетес.
--- надополнето: 6 март 2013 во 23:34 ---
На добар пат сум :D
(y) :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom