Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994
Член од
20 мај 2009
Мислења
97
Поени од реакции
3
И мене со твојата:vozbud:
you make me feel lol:pos2:




Исто и ти.
Па нели се договоривме дека така ќе играме?:wink:

исто и твојот.

не е.
да имаше малце повеќе сол во главата можеби и ке сватеше пошто апла упростено и директно ти е напишано.
не си ти крив,не ти е добро гледам.

Другарче , ако јас немам сол во главава , не ми ни треба , во глава треба памет а не сол , а ако ти се замислуваш сува пастрма па се посолуваш тоа е друга работа .:kesa:
Не сакам да паѓам на твое ниво и да продолжам да се расправам со тебе , но те разбирам како ти е , кога се нема моќ со факти да се докаже нешто , тогаш се тргнува во контра напад со навреди , а фрустрациите , комплексите , нервозата , а пред се исламофобијата се тешка заразна болест , си нашол погрешно место каде да ги лечиш , но има лек и за нив , првите три ќе ги излечиш одкако ќе ја совладаш последната , а за да ја совладаш исламофобијата треба да земеш да прочиташ нешто за ислам , а не да коментираш со предрасуди .
А за твоето незнаење и предрасуди не сум ти јас рамо за плачење па мене да ми дробиш слама , туку предрасудите на страна и фаќај книги во раце , ако веќе коментираш нешто барем да имаш и со што да докажиш , а за да коментираш за друга религија првин треба да ја познаваш својата па после другата за да направиш споредба , а ти пријателче не познаваш ниту една , но не си ни ти крив , воден си од гореспоменатите заразни болести , па гледај што побрзо барај чаре . :toe::toe:
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Сето наше таканаречено знаење е страшно ограничено, и се заснова само на одредени впечатоци кои ни се втиснати како информации од раѓање па до сега, и се што ние правиме е само едно монотоно повторување на одредени реченици зависно од ситуацијата. Затоа се потребни одредени религиозни или мистични пракси, кои би помогнале во активирањето на тие неактивни центри во мозокот, а не убедување кој има поголем кур, муслиманите, христијаните или незнам кој друг.
Сите потекнуваме од исто место и на крај сите таму ќе се вратиме, нема потреба од расправии кој е подобар а кој не.
Зашто да мора да бидат па религиозни и мистични
зашто да не бидат научни пракси? Зашто тоа да не биде еден научен предизвик да дознаеш нешто ново, нешто што ќе ти ги прошири видиците


Зависи од тоа на што ти мислиш кога велиш Бог.
Дали го гледаш Бог како збир на енергија без разум и психа или личност.
Кога велам Бог мислам на Бог кој го слават овие вернициве наши.


За ова си грешка.
Се на се линков ти кажува како дошло до тоа недоразбирање,накратко грешка е.
Мисинтерпретација на зборовите на Ајнштајн,
We are making use of only a small part of our possible mental and physical resources,мит кој е непотврден,да не речам и busted.

http://faculty.washington.edu/chudler/tenper.html

Инаку фала што ме просветли, не знаев дека ова било вака.
Но сепак си останувам на:
...тоа дека нашето сфаќање зависи од нивото на разумот односно степенот до кој сме стигнати со размислување...
Без разлика дали користиме 10% или 100% од мозокот
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.949
Поени од реакции
12.557
Зашто да мора да бидат па религиозни и мистични
зашто да не бидат научни пракси? Зашто тоа да не биде еден научен предизвик да дознаеш нешто ново, нешто што ќе ти ги прошири видиците

Се согласувам, можат да бидат и научни...тие ги споменувам затоа што науката сеуште нема пронајдено начин за тоа, што не значи и дека нема во некоја блиска иднина да се случи.
 
Г

Господ

Гостин
Зашто да мора да бидат па религиозни и мистични
зашто да не бидат научни пракси? Зашто тоа да не биде еден научен предизвик да дознаеш нешто ново, нешто што ќе ти ги прошири видиците


Кога велам Бог мислам на Бог кој го слават овие вернициве наши.


Инаку фала што ме просветли, не знаев дека ова било вака.
Но сепак си останувам на:

Без разлика дали користиме 10% или 100% од мозокот
Тој дел не ти го цитирав затоа што се сложувам:smir:
 
N

Nephthys

Гостин
Другарче , ако јас немам сол во главава , не ми ни треба , во глава треба памет а не сол , а ако ти се замислуваш сува пастрма па се посолуваш тоа е друга работа .:kesa:
Не сакам да паѓам на твое ниво и да продолжам да се расправам со тебе , но те разбирам како ти е , кога се нема моќ со факти да се докаже нешто , тогаш се тргнува во контра напад со навреди , а фрустрациите , комплексите , нервозата , а пред се исламофобијата се тешка заразна болест , си нашол погрешно место каде да ги лечиш , но има лек и за нив , првите три ќе ги излечиш одкако ќе ја совладаш последната , а за да ја совладаш исламофобијата треба да земеш да прочиташ нешто за ислам , а не да коментираш со предрасуди .
А за твоето незнаење и предрасуди не сум ти јас рамо за плачење па мене да ми дробиш слама , туку предрасудите на страна и фаќај книги во раце , ако веќе коментираш нешто барем да имаш и со што да докажиш , а за да коментираш за друга религија првин треба да ја познаваш својата па после другата за да направиш споредба , а ти пријателче не познаваш ниту една , но не си ни ти крив , воден си од гореспоменатите заразни болести , па гледај што побрзо барај чаре . :toe::toe:
Сето ова што го напиша погоре е исто како да си го пишувал за самиот себе,:helou:
Nice one!:vozbud:
Прво врати се во 5 оделение да ти објасни наставничката кои се заразни болести туго една.
Второ,толку ти е апсурден постот било што и да ти кажам сигурно нема да ме сконташ.
Што да ти се одговори кога ништо не си кажал?
Треба да научиш да се фокусираш и да ја пратиш темата,и да не просипаш дека сум исламофоб затоа што во ниеден пост не сум изразила омраза или нетрпеливост кон исламот или муслиманите,напротив пишував само позитивни работи.Со таа твоја изјава потсеќаш на хомосексуалците кои штом ке им дадеш одреден аргумент кој не им одговара одма те прогласуваат за хомофоб.

"Кога разговарам со паметен човек знам дека ке победам а кога разговарам со глупав знам дека ке изгубам".

Уживај во победата и во сопствената илузија,а јас уште еднаш ти препорачувам со најдобра намера да не зборуваш за христијанството на начин на кој тоа го правиш,мислејќи дека само ако го извреѓаш христијанството луѓето автоматски ке прејдат на ислам.
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Се согласувам, можат да бидат и научни...тие ги споменувам затоа што науката сеуште нема пронајдено начин за тоа, што не значи и дека нема во некоја блиска иднина да се случи.
Е како нема, кога сите овие нови изуми што се пронаоѓаат даваат одговори на многу прашања и проблеми, но поставуваат исто толку нови прашања....
Зар не се мислеше дека се' се врти околу земјата - и науката докажа дека не е е така.
И сега сеуште нема докази дека не сме сами во овој универзум
ама сеуште не е измислена таа технологија за да се докаже тоа.
Тоа ти остава слободен простор за размислување, имагинација па о поставување НОВИ теории НОВИ прашања со кои ги прошируваш видиците.

Поентата ми е религијата можеби за некого ги активира тие неактивни центри во мозокот, но тоа е веќе "застарена" работа. А науката ти пруже нови неистражени рабти кои "активираат повеќе неактивни центри"....
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.949
Поени од реакции
12.557
Поентата ми е религијата можеби за некого ги активира тие неактивни центри во мозокот, но тоа е веќе "застарена" работа. А науката ти пруже нови неистражени рабти кои "активираат повеќе неактивни центри"....[/quote]


Не би се сложил дека е застарена работа, ако детално се проучат одредени јога техники, ке се забележи дека се чисто научни методи. Барем тие се потрудиле да објаснат која техника, на што и на каков начин делува на физиката и на психата на човекот.
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
97
Поени од реакции
3
Сето ова што го напиша погоре е исто како да си го пишувал за самиот себе,:helou:
Nice one!:vozbud:
Прво врати се во 5 оделение да ти објасни наставничката кои се заразни болести туго една..
Хехехехе......ме изненадуваш со твоето буквално сваќање на зборовите , жално ....

Второ,толку ти е апсурден постот било што и да ти кажам сигурно нема да ме сконташ.
Што да ти се одговори кога ништо не си кажал?
Треба да научиш да се фокусираш и да ја пратиш темата,и да не просипаш дека сум исламофоб затоа што во ниеден пост не сум изразила омраза или нетрпеливост кон исламот или муслиманите,напротив пишував само позитивни работи.Со таа твоја изјава потсеќаш на хомосексуалците кои штом ке им дадеш одреден аргумент кој не им одговара одма те прогласуваат за хомофоб.

"Кога разговарам со паметен човек знам дека ке победам а кога разговарам со глупав знам дека ке изгубам"..
Ова е само твое размислување и твое право да мислиш што сакаш , а јас немам право да ти се мешам .

Уживај во победата и во сопствената илузија,а јас уште еднаш ти препорачувам со најдобра намера да не зборуваш за христијанството на начин на кој тоа го правиш,мислејќи дека само ако го извреѓаш христијанството луѓето автоматски ке прејдат на ислам.

Не се работи за никаква победа , а најмалку за навредување на христијанството , но погрешното твое сваќање на работите е резултат на болната вистина каде што христијанството во огромни размери се коси со самата Библија , впрочем , и самата Библија .
А тоа пријателче е само факт кој треба да се обелодени а не моја лична омраза кон христијанството , туку напротив , исламот мене ме учи да почитувам секого ,од било која религија , но исто така и да се бара вистината , а таа вистина не е моја вина , ако си се осетил навреден од самите невистини во христијанството , ниту јас ниту исламот се виновни за тоа .
И никој на никого не рече дека автоматски треба да премине во ислам , но наместо да се гледа со предрасуди на работите многу подобро е да се дебатира со факти и докази , а пред се без омраза и лични навреди , никого не навредив и ниту имам таква намера , а верата пријателче не се наметнува со сила , дебатирање и трагање по вистината не е наметнување на вера , но кога се пласираат лажни докази и со истите се брани своето мислење тоа верувај дека нема да го трпам и нема да го дозволам , а ако некој не сака да ја прифати вистината и дозволува да го манипулираат тоа е негов проблем а не мој .

Бидими поздравен/а и се најдобро , и да знаеш дека не мразам никого , и еден совет и до тебе , смени го тој навредлив однос кон одредени членови на форумов и трагај по вистината , затоа што ништо нема да загубиш , туку напротив , ќе ти биде од голема корист , верувај .

Поздрав .
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Хасан ама стварно имате изгубено секаква контрола врз мозокот а.

Цело време зборите за факти и осудувате омраза, ама нит факти нит не-омраза гледаме од вас.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.067
Zosto? Елаборирај?

Јас би ги ставил. Не може одвоени да бидат.
Некои гледаат на религијата како кодекс на однесување.
Како потсвест. Не кради, не лажи.. ги гледаат како правила од елементарната култура не како дадени закони од некоја глорифицирана силуета горе во небото. Така да, може да одат тие 2 работи одделно.
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
97
Поени од реакции
3
Хасан ама стварно имате изгубено секаква контрола врз мозокот а.

Цело време зборите за факти и осудувате омраза, ама нит факти нит не-омраза гледаме од вас.

На дадените факти замижувате бе пријателче , не само тука , туку на секоја тема , затоа и не си ги видел , а кога не ви одговара тоа се фрлате на лични навреди .
А кога се работи за факти повелете на било која тема и се што ве интересира , и да не се замижува на она кое не ви одговара .

Впрочем , често пати знаете да прокоментирате дека Куранот бил препишан од Библијата , тогаш дај докажете како , повелете со вашите факти а јас со моите .
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Некои гледаат на религијата како кодекс на однесување.
Како потсвест. Не кради, не лажи.. ги гледаат како правила од елементарната култура не како дадени закони од некоја глорифицирана силуета горе во небото. Така да, може да одат тие 2 работи одделно.
Грешно тогаш расудуваат.
Религијата и Бог одат заедно како ВМРО и Македонија.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
На дадените факти замижувате бе пријателче , не само тука , туку на секоја тема , затоа и не си ги видел , а кога не ви одговара тоа се фрлате на лични навреди .
А кога се работи за факти повелете на било која тема и се што ве интересира , и да не се замижува на она кое не ви одговара .

Впрочем , често пати знаете да прокоментирате дека Куранот бил препишан од Библијата , тогаш дај докажете како , повелете со вашите факти а јас со моите .
По којзнае кој пат треба да објаснам дека не сум верник, не сум христијанин затоа џабе одма вртиш со анти-христијанска реторика затоа што кур ме боли за тоа.

И да. Исто како што Библијата е копија на еврејските митови(што не си вистина туку измислица) и Куранот е копија(т.е краде) од Библијата нели за се да се вклопи и божемски да се остварат лудите пророштва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom