Верски вести III

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Славните во Холивуд полудеа по нова секта Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.04.2013 - 20:34
Не ретко, славните лица се и своевидни "заштитни лица" на голем број на секти во светот, а според најновиот тренд во Холивуд, селебрити светот изгледа заборави на сциентологијата и сега сите се придружија кон нова секта, со сексуални ритуали. Ќерката на Боб Гелдоф, Пичес Гедолф е следбеничка на сектата "Ordo Templi Orientis", па на својата рака таа го истетовира култот на оваа верска група и ги повика сите свои обожаватели да и се придружат. Таа одлучи да ја сподели својата верска определба и со своите 148,000 пријатели на Твитер, пренесува "Daily Mail". Бремената Пичес Гелдоф (24) на обожавателите им ја покажа својата тетоважа посветена на сатанистичката секта. Мајката на синот Астал е следбеничка на сектата "Ordo Templi Orientis", позната под акронимот "O.T.O". Поглавар на оваа секта е Алистер Краули. Кога една од обожавателките ја праша како може да дознае нешто повеќе за неговото учење, Пичес, поранешна следбеничка на сциентологијата и еврејската кабала ја посоветува да ги чита нејзините книги, опишувајќи ги како "навистина интересни". Краули, роден во 1875 година, се претставуваше како "Големиот ѕвер 666", се до неговата смрт во 1947 година. Неговото учење вклучува садомазохистички сексуални ритуали со мажи и жени, односно користење на тешки дроги. Пичес е последна во групата на славни личности кои што се придружија кон оваа секта.

Гитаристот на "Led Zeppelin", Џими Пејџ, учествуваше во култните ритуали, а Кроули толку многу го воодушеви, па тој дури и го купи неговиот некогашен дом во Шкотска. Џеј Зи е човекот кој на оваа секта и донесе и непроценлив публицитет Со оваа секта се поврзува и раперот Џеј Зи, еден од највлијателните мажи во светот, па тој во неколку наврати користеше фотографии и цитати од учењето на оваа секта. Раперот воедно и даде непроценлив публицитет на сектата, носејќи блуза на која пишуваше: "Прави се што сакаш", додека мотото на сектата гласи: "Прави се што сакаш и тоа ќе биде целиот закон". Колекцијата облека потпишана со потписот на Џеј Зи содржи фотографии на кои што е претставено "окото кое што гледа се" во триаголник, околу Хорус, древниот египетски симбол кој често се споменува во култните текстови, како и главата на Бапхомет, демонот со тело на човек и козја глава со рогови. Теоретичарите на завери тврдат дека тоа е доказ дека раперот е член на тајно масонско движење.

http://zazabava.com/slavnite-vo-holivud-poludea-po-nova-sekta

:facepalm:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Вознемирувачко видео: Будистичка банда запали муслиман
пред 1 час
Ужасна сцена во Бурма на спалување на муслиман. Целиот настан се случил во градот Меикитила за време на интензивниот судир меѓу будистичка банда, позната како екипа „969“ и муслиманите.


Масовните немири избиле поради судирот меѓу сопствениците на една муслиманска работилница и негови клиенти будисти.

Бурманските власти се теретат дека во судирите кои траат со денови во оваа држава, сториле злосторство кога на пазарот запалиле еден муслиман.

Полицијата направила видео снимка на која се гледа како човекот гори и моли за помош, а насобраните одбиваат да му донесат вода, притоа велејќи: „Нема вода за него, нека умре!“.

Видеото е снимено за време на интензивните судири меѓу банда на будисти, позната како екипа „969“ и муслимани, во кои досега настрадаа 43 лица.

http://denesen.mk/web/2013/04/23/voznemiruvacko-video-budisticka-banda-zapali-musliman/
--- надополнето: 23 април 2013 во 14:33 ---
Патријархот Кирил: Емиграцијата го поттикнува криминалот
3:12 23 април 2013 Руска реч на македонски

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, на состанокот со директорот на Федералната миграциска служба на Русија, Константин Ромодановски изрази загриженост поради порастот на бројот на криминални дела кои емигрантите ги вршат на територијата на Русија.

„Познато ни е дека емиграцијата повлекува со себе и пораст на криминалот, како и создавање на етнички криминални групи. Целосното неразбирање на локалната култура, локалниот јазик, локалните традиции и локалните обичаи често води до избивање конфликти“, изјави поглаварот на РПЦ.

Тој истакна дека економскиот раст бара постојана работна сила која не може да биде во целост обезбедена со внатрешни ресурси. Сепак, патријархот е уверен дека тоа е привремена појава.

„Нашата земја мора да тргне по патот на радикално решавање на демографскиот проблем. Од тоа зависи иднината на земјата, нејзиниот лик, нејзината духовна и културна суштина“, изјави поглаварот на црквата. Според неговото мислење, подобрувањето на демографската ситуација ќе даде резултати за 18-20 години.
http://ruskarec.mk/news/2013/04/23/patrijarhot_kiril_emigracijata_go_pottiknuva_kriminalot_20877.html
--- надополнето: 23 април 2013 во 14:34 ---
Двајца православни митрополити киднапирани во Алепо
пред 6 часа
Двајца христијански митрополити се киднапирани од група бунтовници во сириската провинција Алепо.


Вооружени борци ги киднапирале миторополитите на Асирската православна црква и на Грчката православна црква во Алепо, Јохана Ибрахим и Павел Јазиџи.

Член на опозицискиот Сириски национален совет тврди дека двајцата црковни великодостојници биле киднапирани на патот од граничниот премин Баб ал Хава на границата со Турција кон Алепо.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија пред две години се убиени неколку влијателни муслимански духовни лидери, но овие двајца миторполити се највисоките христијански духовници кои се киднапирани од почетокот на конфликтот.
http://denesen.mk/web/2013/04/23/dvajca-pravoslavni-mitropoliti-kidnapirani-vo-alepo/
--- надополнето: 23 април 2013 во 14:36 ---
Противници на исламистите во Египет најавуваат нови протести
Објавено: 11:53, 23/04/2013
Главната египетска опозициска група повика на демонстрации поради, обидот на Муслиманското братство да преземе контролата на правосудството.

Националниот фронт за спас најави протести, кога законот за кој се очекува да ја намали старосната граница за пензионирање на судиите, за да биде разгледан во египетскиот парламент во кој доминираат исламски пратеници блиски до Муслиманското братство.

Минатата недела претседателот на парламентот побара од надлежниот одбор да го разгледа законот, но се уште не е одреден датумот на расправата.

Правосудството е последно во низата теми околу кое има спор помеѓу приврзаниците и противниците на претседателот Мохамед Морси.

Неговите приврзаници наведуваат дека судовите се полни со симпатизери на поранешниот претседател Хосни Мубарак, додека Националниот фронт за спас порачува дека ќе го брани правото на луѓето на независно судство во кое не доминираат тирански кадри.
http://a1on.mk/wordpress/archives/140680
--- надополнето: 23 април 2013 во 14:41 ---
23.04.2013, 12:51

Шпанија уапси двајца осомничени исламисти
Шпанската полиција денеска уапси двајца осомничени исламистички радикали под обвинение дека се поврзани со Ал Каеда, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз.

Уапсените се идентификувани како Ну Медиуни од Алжир и Хасан ел Џауани, кој е по потекло од Мароко. Тие се уапсени во Саракоза, односно во Мурси.

Министерот истакна дека уапсените биле членови на групација поврзана со Ал Каеда во Исламски Магреб.

Двајцата мажи повеќе од една година се под истрага на шпанската, француската и мароканската полиција. Судот нареди нивно апсење откако е забележано дека посетувале џихадистички вебстраници.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5E6B23A11454C847B1C1F06F1A79CE31
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
„Сан“: И деца од пет години на терористичка обука

Во терористички камп во Авганистан на обука минуваат 20-на авганистански деца меѓу кои и деца на возраст од пет години.

23.04.2013 14:45:51


Во терористички камп во Авганистан на обука минуваат 20-на авганистански деца меѓу кои и деца на возраст од пет години.
Тие деца се нарекуваат мали командоси, а нивни фотографии се објавени и на интернет, објави британскиот весник Сан.

Децата учат како се користи огнено оружје, а дел од нив учат како да паднат на земја при пукање на автоматски пушки.

Дел од нив се подготвуваат за самоубиствени напади и минуваат низ специјална обука. Весникот пишува дека талибанците знаеле и претходно да учат деца од 12 години како да отсечат глава на непријател.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
33
„Сан“: И деца од пет години на терористичка обука

Во терористички камп во Авганистан на обука минуваат 20-на авганистански деца меѓу кои и деца на возраст од пет години.

23.04.2013 14:45:51


Во терористички камп во Авганистан на обука минуваат 20-на авганистански деца меѓу кои и деца на возраст од пет години.
Тие деца се нарекуваат мали командоси, а нивни фотографии се објавени и на интернет, објави британскиот весник Сан.

Децата учат како се користи огнено оружје, а дел од нив учат како да паднат на земја при пукање на автоматски пушки.

Дел од нив се подготвуваат за самоубиствени напади и минуваат низ специјална обука. Весникот пишува дека талибанците знаеле и претходно да учат деца од 12 години како да отсечат глава на непријател.
news.416532.jpg
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
ДУШАНКА СТЕФАНОВИЌ ПРЕМИНА ВО ИСЛАМ

Сабота, 20 Април, 2013 година



Нови Пазар – Душанка Османовиќ ( 70 години) родена Стефановиќ, после акшамскиот намаз во Алтун Алем Џамијата во Нови Пазар, пред имамот хафиз Ирфан еф. Малиќ, го прифатила исламот со сведочењето на шехадетот и прифаќањето на исламското име Емина.

Извор: http://www.islamika.org/index.php/islamski-sadraj/povratnici-u-islam/291-dusanka-stefanovic-presla-na-islam.html
--- надополнето: 23 април 2013 во 17:33 ---
ХОЛАНДСКИОТ ПОЛИТИЧАР ARNOUD VAN DOORN, ПРОПАГАТОР НА ФИЛМОТ ‘ ФИТНА’ ПОСТАНА МУСЛИМАН

Вторник,23 Април 2013

Холандскиот политичар ( Arnoud Van Doorn), пропагатор на филмот ‘ Фитна’ кој го навредува на исламот, а кој беше емитуван на холандските медиуми пред година и половина, ПРИМИ ИСЛАМ, па доби ‘покана’ да обави умра (мал хаџ) на која и се одзва,допатува во Саудиска Арабија во среда.


Занимливо е тоа што причина за негово примање на исламот е планирањето и намерата да сними друг филм со кој би го навредувал и напаѓал исламот. Сакал да присобере материјал од книгите на муслиманите... Кога почнал да чита во книгите на муслиманите, ја променил менталната слика насликана од страна на медиумите во својот ум за исламот. Го примил исламот, и поднел оставка на својата должност, и се посветил на изучување на исламот од неговите извори’.



Тој рекол: “ Жал ми е, 47 години не го знаев ( не го спознав) Исламот. Сега го најдов смирението и спокојот по кои што трагав.”
Со солзи липаше, клањајќи во Пратениковата а.с. џамија во Медина!
Нека Аллах на вистината го зацврсти и нека му го зголеми иманот (верата)....



Извор:http://www.islamika.org/index.php/islamski-sadraj/povratnici-u-islam/296-nizozemski-politiar-arnoud-van-doornpropagator-filma-fitna-postao-musliman.html
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
ДЕЈЛИ КЈУРАНТ ЈА ИСМЕА САРА ПЕЈЛИН: ПОВИКАЛА НА ИНВАЗИЈА НА “МУСЛИМАНСКА” ЧЕШКА :pos::pos::pos:



Извор:http://www.kurir-info.rs/bruka-pejlin-pozvala-na-invaziju-muslimanske-ceske-clanak-758589
Ах, тажно :(
Кога не оди - не оди. Едноставно треба да се откажеш.

Најпрвин се обидовте сликата од земјотресот во Тибет, да ја искористите како слика од наводни масакри врз Муслиманите во Мијанмар. На два пати! Како првиот пат да беше заборавено дека е разоткриен овој обид, па мораше уште еднаш да се проба.
Во ред. Некој ќе рече упорноста е доблест. Можеби некој друг, би рекол дека е нечовечки во верска пропаганда, лажно да се искористува смртта на толку луѓе, но тие што така ќе кажат, веројатно не се запознаени со тоа дека целта ги оправдува средствата и дека тоа е, во крајна линија, за општото добро - Исламот да владее со сите.
Исто малку, попосле, а неодамна, покушавте паравест да ја протнете како вест. Човекот ниту самиот не знаел дека преминал во Ислам. Но ете Кајгана е најголемиот форум во Македонија, па секој, дури и Роналдо, може да научи нешто повеќе и за себе.Тука беше и искористена фотошопираната измама.По интервенцијата веста е претворена во оригиналната, а тоа е веста за неговите склоности кон Исламот. Па така на истата страница од Верски вести, два пати ја имаме истата вест: еднаш оригиналната и еднаш новата кај што "го прифатил" Исламот. Вторава е избришана и претворена во дупликат на првата, два поста погоре.
Тука би ја вброил и госпоѓава, која не е толку бистра, навистина. Но, сепак знае кои се Чеси, а кои се towellheads.


Sarah Palin Parody Mistaken for Real News



Во Исламот толку многу работи се забранети: фудбал, прдење на жените, убави мажи и други страшни нешта, кои ние во кафирскииот свет треба да ги трпиме. Сепак, не очајуваме, затоа што знаеме дека еден ден Исламот ќе не ослободи од таквите животни товари. Иако, многу поверојатно е дека попрво ќе не ослободи и од товарот на самиот живот (како и што, впрочем почна да прави по светов).

Како и да е, сметам дека чесните шеици од џенетска КСА, треба сериозно да размислат за една остра фатва против паравестите, онионњузовите и сличните шејтанлуци, кои внесуваат немир и забуна по дуњалукот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Мајката на Тсарнаеви: Не ме интересира ако ме убијат мене и мојот помлад син! "Alahu Akbar"!

Мајката на бостонските бомбаши Тамерлан и Џохар Тсарнаев дали ексклузивна изјава за CNN со која ја шокирала американската, но и светската јавност.

Зубеидат Тсарнаева, мајката на бостонските бомбаши Тамерлан и Џохар дала ексклузивна изјава за американската куќа CNN со која ја шокирала американската, но и светската јавност:
"Нека го убијат, не ме интересира. Мојот постар син е убиен, и тоа не ме интересира. Не ме интересира и доколку денес го убијат мојот помлад син. Сакам целиот свет да го слушне ова. Не ме интересира и доколку мене ме убијат. И ќе кажам "Alahu Akbar!"", изјавила Зубеидат во телефонскиот разговор со новинарот од CNN. Постариот од браќата, Тамерлан, починал во престрелката во текот на полициската потера, а младиот Џохар бил ранет кратко потоа.
Рускиот претседател исто така се огласил по повод веста дека бомбашите се Чеченци, со кои Путин води долга војна, велејќи дека Русија "со години се бори против терористите".

"Јавното мислење во Америка треба да се почитува. Луѓето не знаат што се случува. Би сакал да им порачан на нив но и на нашите граѓани дека Русија исто така е жртва на меѓународен тероризам", изјавил Путин.

Додал дека секогаш е запрепастен кога западните медиуми, терористите кои прават злочини низ Русија, ги нарекуваат бунтовници.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Тројца британски муслимани осудени за тероризам

25.04.2013 | 15:24
Свет
Прочитано: 84
Тројца британски муслимани добија затворски казни заради кривични дела поврзани со тероризам.

Ричард Дарт, Имран Махмуд и Џахангир Алом минатиот месец признаа дека во периодот 2010 и 2012 година патувале во Пакистан заради терористичка обука.

Суд во Лондон го осуди на шест година затвор Дарт, Алом на четири години и Махмуд на повеќе од девет години затвор.

Дарт се појави во документарец на Би-Би-Си за настојување на братот со кој пораснеле (не се биолошки браќа) да разбере зошто прифатил таков бескомпромисен облик на ислам.

Алом е поранешен полицаец во Лондон.

http://24vesti.mk/trojca-britanski-muslimani-osudeni-za-terorizam
--- надополнето: 25 април 2013 во 20:48 ---
Израелскиот претседател ќе го посети папата во Ватикан
Објавено: 09:16, 25/04/2013
Претседателот на Израел, Шимон Перес, идната недела ќе се сретне со новиот поглавар на Римокатоличката цркава, папа Франсис соопшти кабинетот на Перес.

Во соопштението се прецизира дека папата го покани Перес, добитникот на Нобеловата награда за мир да се состанат.

Перес ќе биде еден од првите светски лидери кој ќе го посети новиот папа, наведе „Асошиејтед прес“.

Тој исто така ќе има средба и со италијанските официјални лица.

Израелскиот претседател планира да разговара со папата за можна обнова на мировните преговори со Палестинците, врските помеѓу Израел и Ватикан и подобрување на односите помеѓу христијаните и евреите, стои во соопштението.

Дипломатските односи помеѓу Ватикан и Израел датираат од 1993 година. Монасите на папата, ќе го одликуваат Перес со медал за мирот.
http://a1on.mk/wordpress/archives/141596
--- надополнето: 25 април 2013 во 20:51 ---
Опери, прослави: во Москва се ќе одржи XII велигденски фестивал
2:50 25 април 2013 Руска реч на македонски

Велигденскиот фестивал во Русија ќе се одржи по 12 пат. Од 5 до 16 мај оркестарот на Маринскиот театар, солистите и хоровите ќе ја поминат цела Европска Русија, ќе исполнат неколку опери и ќе настапуваат во салите и на плоштадите.

Велигденскиот фестивал започна да се одржува во 2002 година – тогаш Гергиев и градоначалникот на Москва смислија проект за фестивал како оние што се одржуваат во европските градови. Оваа идеја му се допадна и на патријархот и на претседателот.

Фестивалот дополнително доби на тежина со вклучувањето на 9 мај, Денот на победата над фашизмот.

Максими на фестивалот се – образование, просветителство и добротворност, па затоа концертите во провинцијата обично се бесплатни, иако таму има доволно луѓе кои се подготвени да платат за прекрасните концерти за исклучителниот оркестар под раководство на диригентот Валериј Гергиев.
http://ruskarec.mk/news/2013/04/25/operi_proslavi_vo_moskva_se_ke_odrzi_xii_veligdenski_festival_20939.html
--- надополнето: 25 април 2013 во 20:53 ---
Под заштита на УНЕСКО
Во борбите во Сирија уништено минаре од 11 век (ВИДЕО)

Античкото минаре на најпознатата сириска џамија е срамнето со земја, јавува Би-би-си.

Државната новинска агенција Сана ги обвини бунтовниците за уривањето на минарето, но активистите велат дека тоа било погодено од тенк на сириската армија. Како и да е, минарето од 11 век на Умајад-џамијата е претворено во руина.

Џамијата се наоѓа во Стариот град на Алепо, локација од Светското наследство на УНЕСКО.


Оштетени се и други делови на комплексот.

Минатата година УНЕСКО го нарече местото „една од најубавите џамии во светот“ и апелираше за нејзина заштита, јавува Би-би-си.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-borbite-vo-sirija-unishteno-minare-od-11-vek-video
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
КОЈ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЧЕЧЕНЦИТЕ?

Јасмин Реџепи
НВО активист



Кога ќе ја оставиме политиката на страна, без разлика на тоа каде во светот и врз кого, за осуда се сите насилства извршени врз цивилите. Посебно, напади извршени за време на еден ваков спортски натпревар кој го слави мирот, знаејќи дека луѓето таму не присуствуваат поради политички цели и тие собири преставуваат време кога сите несогласувања би требало да прекинуваат, како што во историјата престанувале војните во античка Грција за време на Олимписките игри.

Жртвите во Бостон не се поразлични од цивилните жртви во самата Чеченија или Сирија, Палестина, Ирак, Авганистан, Пакистан, Бурма, Филипини итн. Различно е само прикажувањето на големите медиумски центри – едните како трагедии на животни судбини и општества, а другите како статистички податоци. Без разлика на медиумските преудицирања и намерни етикетирања, исламот е вера на мирот а не вера на насилството. Исламот нè учи дека сите луѓе се еднакви пред Бога, па според тоа така и треба меѓусебно да се однесуваме, праведно и без предрасуди и дискриминација, па според тоа и солидарноста и сочувството кон сите онеправедени и повредени треба да ни биде иста, да стоиме на страната на немоќните, угнетените и потребните за заштита.

Ако погледнеме во минатото на двајцата осомничени, ќе видиме дека детството им поминало меѓу тие војни и нестабилни времиња, па ништо чудно таков профил на личности лесно да биде врбуван, поради големиот прашалник на нивната психичка стабилност. Па доколку момчињава биле вистинските сторители, без разлика на нарачателите, тогаш тие му направиле огромна контрауслуга на својот народ во својата земја, но и вон неа. Наместо да се искористи пријателството на Турција и нејзиното сојузништво со САД при притисокот врз Русија за нормалзирање на живот во оваа земја, поголема автономија на политичко управување и на управување со сопствените ресурси, тие само ја потврдуваат приказната на Путин со која ја оправдува својата политика и неправедно насилно владеење. Да не зборуваме и за можноста за губење на добрите односи кои чеченските опозициони политичари ги имаат со Европската Унија.

Исто така, под знак прашалник се и мотивите на нападот, како и начинот на кој ќе му се суди на момчето доколку преживее, пред воен или граѓански суд? Затоа е сеуште рано да се преудицира за било што, како и за поставување придавки за злоделото.

Но, за да можеме да зборуваме за профилот на осомничените, како и за можните мотиви, соучесници и нарачатели, треба прво да се навратиме на историјата на земјата од каде што потекнуваат.

Страдањата и стремежот на Чеченците за самостојна држава најрано ја опишува Толстој во „Хаџи Мурат“. Тоа е период од три века на постојана борба кој оставил силна трага во карактерот на овој кавкаски народ.

Овој народ е автохтон и многу стар на Кавказот, опстојувајќи до ден денес со активен отпор против сите освојувачи низ историјата: Византијците, Монголите, Османлиите и Русите. Со освојувањето на Османлиите, Чеченците го прифаќаат исламот како своја религија, иако притоа во потполност не ги отфрлиле старите паганските верувања и обичаи.

Првиот период на борба за самостојност е оној со повлекувањето на Османлиите од Кавказот во 16. век, но интензивиран во 19. век, па сè до Бољшевичката револуција. Вториот е периодот на страдање поради преселбите од по Втората светска војна со кои ги казни Сталин поради бунтот од дваесетите години и поддршката на Германците во четириесеттите, преселувајќи така половина од тогашното население во Сибир. Ова, поради историските прилики, ни е многу малку познато. Третиот период е тој за којшто сметаме дека знаеме нешто. По паѓањето на Советскиот Сојуз и неговиот комунистички режим, многу држави се одделија од оваа заедница, додека пак послабите останаа приморани да станат дел од ЗНД. Тогаш почнува третиот активен период и двете војни за независност на чеченскиот народ од Русија.

Првата војна беше последица на прогласувањето независност во 1991 година, со инвазијата во 1994 година, што стана вистински пекол за кревката и изнемоштена Јелцинова Русија, по што тој беше приморан на потпишување на мировен договор со Чеченците, давајќи им фактичка независност во 1995 година.
Втората војна е од 1999 до 2000 година кога руските сили повторно извршуваат инвазија и ја враќаат Чеченија под власт на Руската Федерација. Иако истата година руските окупаторски сили прогласуваат победа и поставуваат марионетска влада, а во 2009 година ја укинуваат воената состојба, сепак војната не е прекината. Таа и натаму герилски тлее на Кавкаските планини на југот на Чеченија, пркосејќи и на Путиновата „семоќ“ и на марионетската насилничка власт на династијата Кадирови.

Во текот на овие три векови војни, Чеченскиот народ трпи многу егзодуси и геноциди, преселувајќи се во земјите на Османлиското царство, низ Сибир, низ соседните каквкаски републики и на краот низ целиот свет.
Денес во малата, но со нафта и руда богата, Чеченија живеат само 1 200 000 жители. Институциите на системот не функционираат, власта е централизирана во рацете на претседателот Кадиров, кој пак има одврзани раце и надлежности од Путин, како и голема воена помош од руската армија, додека пак неговите парамилитарни единици станале официјална полиција. Економијата е на ниско ниво, токму поради безмилосното искористување на природните ресурси од кои профитираат само овие две власти, но не и народот.

Неправдата која е владее на овие простори уште повеќе ја зајакнува волјата на народот за самостојност, но и за страшните начини на отпор со кои Русија секоја година се соочува. Безмилосното напаѓање на цивилни цели и унштување на цели села од страна на руската армија, за одредени преживеани на таквите масакри претставуваат оправдание за напади врз руски цивилни цели. Тоа е страшна контрареакција на акцијата на руските злосторства за кои ретко известуваат големите медиумски центри.

Истото се случува и со САД. Претерувањето со „ненамерните“ цивилни жртви на беспилотните летала, но и на самите војници и изживувањето врз безживотните тела на цивилите при воените акции во Ирак, Авганистан и Пакистан, и не превземањето одговорност или несанкционирањето на злосторниците, предизвикува ист ефект. Зошто едните цивили би биле попривилигирани од другите? Доколку некого натераш вака да размислува, тогаш ниту еден твој граѓанин нема да може да спие мирно никаде во светот, па ни дома.

Но, во што е разликата тука? САД се прилично добро безбедносно организирана држава, за разлика од Русија, така што шансите и бројот на вакви напади е минимален, за разлика од досегашните напади на територија на Русија, каде и бројот на цивилни жртви е далеку поголем.

Чинот на чеченски тероростички напад врз САД е бесмислен, посебно доколку се знае дека едните со другите немаат никаква непријателска врска, освен интересот на САД и нивните нафтени компании за чеченската нафта и договорите за нафтовод до Турција кои во деведесетите ги потпишувале со истите. Впрочем, како и во Авганистан, и во Чеченија голем дел од финансиите за одржување на отпорот доаѓал од таа страна.

Од друга страна, пак, Русија нема можност тоа да го спречи, па единствен начин за секнување на помошта кон чеченскиот отпор е да ги сврти едните против другите, да ја намали поддршката на Западот кон чеченските сепаратисти. Така, ќе ги зафати со меѓусебен конфликт, ќе го намали интересот на Западот за тој регион и ќе ги намали нападите насочени кон руските воени и цивилни цели во Чеченија, но и длабоко на руската територија.

Од друга страна, многу ќе му помогне и на режимот на Башар ал Асад, бидејќи голем број од странските опозициски воени групи во Сирија се командувани од искусните Чеченци, а главната помош во оружје асад ја добива токму од Путин. На овој начин ќе им се запре поддршката од Западот и така силите на режимот ќе бидат во предност со една голема пречка помалку.

Но исто така, теориите на заговор не ги исклучуваат ни американските тајни служби. Впрочем, секогаш коментарите во врска со било каков напад врз цивилни или воени цели на САД од страна на странци се во смисла на: „Кој земја во светот е следна за демо(н)кратизација?“

Ваквиот вид насилство врз цивили не смее да биде оправдан од ниту една страна, зашто тоа би преставувало вовед во едно анархично лудило на тероризмот, кој така лесно би можел да тропне на вратата на било која држава или град во светот, а ние како цивили неселективно би станале потенцијална мета на било кои извршители.

Извор:http://maktel.mk/index.php?kolunique=1055
--- надополнето: 26 април 2013 во 00:13 ---
НАМЕСТЕНИ СЕ – ЗАГОВОР ОКОЛУ БОМБАШКИОТ НАПАД ВО БОСТОН? ВИДЕО/ФОТО
--- надополнето: 26 април 2013 во 00:15 ---
http://mkd-news.com/namesteni-se-zagovor-okolu-bombashkiot-napad-vo-boston-video-foto/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Секта запалила бебе за време на ритуал за принесување жртви, мајката гледала

26 Април 2013 - 16:22
Во Чиле биле уапсени четири члена на секта обвинета за палење бебе за време на ритуал на принесување жртви, објавиле државните медиуми.
„Пронајдовме коски што одговараат на коски на новороденче“, истакнал полицискиот инспектор Мигуел Ампуеро во изјавата за чилеанско радио.

Властите соопштиле дека бебето било живо запалено на 23 ноември на фарма оддалечена околу 110 километри западно од чилеанската престолнина Сантијаго, пренесува денес Франс прес.

Меѓу уапсените се и мајката на бебето и други членови на сектата, соопштила полицијата.

„Бев скршена, но членовите на секстата ми кажаа дека тоа така мора да се случи, дека тоа е мојата карма“, кажала мајката за време на сослушувањето.

Државните власти соопштиле и дека е распишана потерница по 36-годишниот Густаво Кастијо Гаете, таткото на жртвуваното бебе и лидер на сектата од околу 10 члена, кој се наоѓа во бегство веќе неколку недели

http://www.mkd.mk/svet/vesti/sekta-zapalila-bebe-za-vreme-na-ritual-za-prinesuvanje-zhrtvi-majkata-gledala
--- надополнето: 26 април 2013 во 18:25 ---
Над 25 убиени во престрелки меѓу владините сили и „Боко Харам“
пред 2 часа

Најмалку 25 лица загинале во престрелките што избија меѓу нигериските сили за безбедност и вооружени напаѓачи, кои нападнаа банка и полициска станица во северната нигериска држава Јобе.


Според соопштение на локалните власти меѓу убиените има петмина полицајци и 20 од напаѓачите, веројатно членови на исламистичката група „Боко Харам“. Има и двајца ранети полицајци.

Престрелките започнале во средата доцна вечерта и траеле преку целиот ден, откако бандитите нападнале полициска станица и банка во градот Гашуа. Тие украле над девет милиони наири (околу 56.600 долари), но потоа парите биле пронајдени.

„Боко Харам“ е исламистичка секта, која од 2009 година војува со Владата на Нигерија во обид да наложи шеријатска управа во северните реони на земјата, населени претежно од муслимани
http://denesen.mk/web/2013/04/26/nad-25-ubieni-vo-prestrelki-megju-vladinite-sili-i-boko-haram/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Откриен е идентитетот на мажот кој го "инспирирал" Тамерлан Царнаев

27.04.2013 | 12:46
Извор: Tочка

http://tocka.com.mk/1/93668/otkrien-e-identitetot-na-mazot-koj-go-inspiriral-tamerlan-carnaev

Американските истражители го утврдиле идентитетот кој го инспирирач Тамерлан Царнаев да стане радикален исламист, објавил "CNN".

Станува збор за извесен Михаил, под чие што влијание, како што изјавиле членовите на семејството Царнаеви, Тамерлан се откажал од спортот и музиката и му се посветил на исламот.

"Михаил "владееше со мозокот на Тамерлан"", изјавил чичкото на браќата терористи. Според некои претходни извештаи, мајката на Џокар и Тамерлан, била онаа која што го вовела постариот брат во радикалниот ислам.



Според досегашните сознанија, Тамерлан бил оженет и со 24 годишната Кетрин Расел која што целосно го сменила својот живот и преминала во исламот само поради својот сопруг, со кого има и ќерка, а според последните информации, таа била и личноста која што му соопштила дека ФБИ знае за него и дека го бара.



Агенцијата "AP" објавила дека нивната мајка е потомок на дегестански вахабист. Само како потсетување, при бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, кој што го изведоа 26 годишниот Тамерлан и 19 годишниот Џокар од Чеченија, својот живот го загубија три лица, а повеќе од 200 беа повредени и дел од нив се уште се во критична состојба.
--- надополнето: 27 април 2013 во 13:31 ---
27.04.2013, 13:05

Пак одложено судењето на Вранишковски

Судското рочиште против Јован Вранишковски повторно беше одложено, соопштија од таканаречената Православна охридска архиепископија, чиј поглавар е одметнатиот владика.

„При вчерашното јавување пред судот, беше констатирано дека здравствената состојба на Архиепископот Јован е сериозно влошена и дека веќе еден месец постои мислење од лекар-специјалист дека тој треба да биде опериран. Беше констатирано и дека мислењето на лекарот-специјалист е одобрено од судот, но истражниот затвор каде Архиепископот Јован се наоѓа во притвор, 23 часа затворен во келија, веќе цел месец не му ја овозможува основната здравствена заштита“, се наведува во соопштението на самопрогласената ПОА.

Последното судско рочиште од овој процес се одржа на 11.декември минатата година, а од тогаш наваму, пет месеци по ред, судските рочишта се одложувани.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=03E389D331659145BE36D358BA3E7655
--- надополнето: 27 април 2013 во 13:33 ---
Судот во Израел на жените им даде право да се молат
Објавено: 12:13, 27/04/2013

Судот во Израел на полицијата и забрани да ги спречува жените слободно да вршат верски обреди и да носат молитвени шалови, што до сега не беше случај, бидејќи ортодоксните Евреи сметаа дека тоа е дозволено само за мажи.

Судот соопшти дека жените со молитвата не вознемируваат никого и дека нема причина да бидат спречени во тоа.

Либералните женски еврејски групи веќе некое време се обидуваат да се изборат за правото на жените, заедно да се молат со мажите, пред Ѕидот на плачот.

Ѕидот на плачот во Ерусалим е поделен на секции за мажи и жени. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху неодамна даде поддршка за компромисното решение, да се направат секции, каде што заедно ќе може да се молат и мажи и жени.
http://a1on.mk/wordpress/archives/142834
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА РОХИНГА МУСЛИМАНИТЕ

Организацијата за заштита на човековите права ХРВ (Human Right Watch) објави извештај во кој се потврдува дека во тек е етничко чистење кое се спроведува над Рохинга муслиманите во сојузната држава Ракхине во Мјанмар. Врз основа на извештајот на теренот, во документите се спомнува дека властите ги подржуваат овие акции.

Организацијата за заштита на човековите права во понеделникот објави извештај од на 153 страни, каде се вели дека властите во Мјанмар биле сооучесници во “кампањата за етничко чистење “ против Рохинга муслиманската заедница која е во малцинство.
ХРВ(организацијата за заштита на човековите права) изјавила дека водачите на владата, лидерите на заедницата, и будистилките монаси, “организирани и охрабрени да спроведуваат координирани напади на муслиманските населби и села во октомври 2012 год. , да ги тероризираат луѓето и со сила го иселуваат населението.“ Етничкиот Араканес народ е третиран како локален, и се наоѓа во западната држава на бенгалскиот залив, сега официјално позната како Ракихне но инаку е наречена Аракан од страна на ХРВ.
Документите укажуваат на бројка од 125.000 разместено население внатре во земјата, и убиство на најмалку 70 луѓе со Рохинга етницитет во само еден напад на 23 октомври 2012.година во селото Јан Тхеи.
„Во октомври безбедносните сили или ги игнорираа нападите, додека Араканес групите ги напаѓаа муслиманските населби, или се придружуваа кон крвопролевањето и палењето“, рекол Фил Робертсон, заменик директор во ХРВ. „Шест месеци подоцна владата сеуште го осудува ’насилството на заедницата’, за уништување и убиства, но истата таа влада навистина знаеше што се случува и можеше да го спречи насилството.“
Мјанмар, кој што некои сеуште го викаат по неговото старо име Бурма, вклучувајќи го и ХРВ, својот политички реформски процес го започна откако беа укинати санкциите од страна на САД, ЕУ и други. Влезот во парламентот на истакнатата демократка Аунг Сан Су Кји и нејзината партија, одобрен од страна на бившата државна воена власт, на чело со претседателот Тхеин Сеин беше, најголем јавен политички напредок. Меѓутоа, државата Ракхине или Аракан, најверојатно останува најузурпиран регион.
Извештајот на ХРВ се потпира на повеќе од 100 интервјуирани будисти, и Рохинга и не-Рохинга муслимани, групи кои рекле дека разговарале со сведоци, преживеани, како и со некои организатори и сторители на злочин.
Групата за човекови права исто така изјавила дека нападите во октомври биле внимателно испланирани, и дека локалните будистички монаси од редот “Сангха“ и партијата за национален напредок на Ракхините, компаративно нова регионална политичка организација, играле клучна улога во организирањето на овој злочин.
ХРВ вели дека двете групи издале брошури и јавни изјави повикувајќи на издвојување на народот Рохинга од регионот, велејќи дека некогаш употребувале фраза етничко чистење.
Полицијата била свесна за овие напади, и понекогаш присутна, но не превземала ништо за да ги спречи.
„Владата на Бурма покренала кампања на етничко чистење на народот Рохинга која сеуште се спроведува така што ја ускратува помошта и го ограничува движењето“, рекол Фил Робертсон.
„Владата под хитно треба да го спречи злоставувањето и да ги процесуира сторителите на злочинот, затоа што во спротивно ќе биде одговорна за етничките и религиски малцинства во државата.“
Специјалниот репортер за човекови права при ОН во Мјанмар, Томас Ојеа Куинтана, мината година ја посети Ракхина, велејќи дека после посетата “примил извештај за вмешаноста на државата во некои од делата на насилство.“ Неговите коментари ја натераа мјанмарската влада да изјави дека е “за жалење“ тоа што Куинтана го коментирал “врз основа на информации од втора рака без исправен пристап на проучување на ситуацијата на теренот.“

islammylife.tv
http://www.islamski-centar.org/web/index.php?option=com_content&view=article&id=2445:2013-04-26-23-48-02&catid=37:vesti&Itemid=82#.UXvL_aJJNDQ
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Православните христијани денес го прославуваат Цветници


Овој празник секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Кога разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен, Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор". И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати". Учениците ги донеле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници што се празнува од III век.

На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

http://kajgana.com/pravoslavnite-hristijani-denes-go-proslavuvaat-cvetnici
 

Kajgana Shop

На врв Bottom