Верски вести III

Член од
9 април 2013
Мислења
319
Поени од реакции
224
Во Скопје ќе се градат нови цркви

Онаму каде што се граделе училишта, таму секогаш постоеле и цркви




Барем така било во минатото. Но сега е поинаку и имаме недостиг од верски објекти. Во новите населби во Скопје почнува изградбата на неколку цркви, а меѓу нив е и овој објект на аголот на булеварите Србија и АСНОМ, на кејот на реката Вардар.“

Ова го изјави г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-ОА, на вчерашната посета на градежните активности на новата црква во скопската општина Аеродром. Инаку, ктитор на црквата е стопанственикот Ванчо Чифлиганец.

- Во населбата Карпош ќе се градат уште три-четири цркви, а недостигаат вакви објекти и во населбите Драчево, Ченто, Железара, Радишани и во населбата Даме Груев - истакна г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА.

Архиепископот очекува црквата да се изгради до крајот на годината, а веќе во јануари наредната година таму да се прославува празникот Свети Јован Крстител.

Новата црква ја посети и Валентина Божиновска, претседателката на комисијата за односи со верските заедници.

Автор: Р.З.
Фотографија: Дарко Андоновски
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.313
Поени од реакции
81.530
Велигденскиот масакр – една година потоа... солзи и преголема болка

12.04.2013 - 12:52:52

Велики Четврток мината година ќе го паметиме како најкрвавиот во Македонија. Доцна вечерта со молскавична брзина се рашири вест која насолзи многу Македонци. Петмина свирепо се убиени на брегот на Смилковското Езеро, четворица на возраст до 20 години, и еден повозрасен.

Со болка во срцата и солзи во очите сите се прашуваат кој е монструмот, кој го стори тоа, зошто пукал во пет невини души? И по 365 ден, болката е иста, солзите непресеушени, а прашањето делумно одговорено, уште е непознато зошто некој сакал да убие пет невини души.

Првата официјална информација беше дека на брегот на Смилковското езеро во близина на Скопје се случило петкратно убиство. Четири млади тела едно до друго легнати на земја, малку погоре од нив, уште едно, на постар маж, најверојатно сведокот на грозоморниот чин.



Велики Петок, Црн Петок 13-ти, ден на болка, а уште потешко и поболно беше кога го открија идентитетот на жртвите, четири млади момчиња, меѓу нив и еден матурант, најмалиот, Александар Наќевски.

Жртви на монструмите се и Филип Славковски, 22-годишно момче кое завршил средно угостителско образование, Цветанчо Ацевски кој имал 18 години, а завршил средно образование во гимназијата „Цветан Димов“ и 22-годишниот Кире Тричковски кој студирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На брегот на езерото ликвидиран е 45-годишниот рибар од Црешево, Борче Стефковски, кој бил на погрешно место во погрешно време и го видел тоа што не смеел.

На местото на злосторот, пет тела, многу крв и чаури околу нив, малку траги од монструмите, но доволно за МВР да спроведе истрага.

Црвениот „опел“ - клучен доказ

Ден по трагедијата, полицијата интезивно работеше и пронајде возило кое и денеска е еден од клучните докази во постапката.



Возило пронајдено 10 километри од местото на злосторството кај скопското село Смиљковци, каде што во четвртокот беа убиени пет лица, според најдените траги од вештачењето, има индиции дека возилото било на местото на грозоморното убиство.

Црвениот „опел“ остана врежан во мемеоријата на Македонците и секој за да и помогне на полицијата во решевањето на овој злостор се обидуваше да најде некоја трага, да го види.

Како биле убиени?

Никој никогаш нема да го заборави ланскиот Велики Четврток, нема доволно солзи за петминатата ѕверски убиени и по една година сите се прашуваат зошто? Но, едно е јасно, како биле убиени овие пет невини лица, кои само сакале да рибарат.


Според специјалистот за судски вештачења, проф. д-р Билјана Јаневска, на петте жртви им е пукано одзади, а само на две однапред, во пределот на стомакот, а според лабораториската анализа на нитринтите честички, на жртвите им е пукано одблиску. Кај неколку од жртвите се смета дека е пукано додека лежеле на земја или биле клекнати на колена. Суров и кукавички начин од страна на сторителите на грозоморното убиство.

Вештачењето пред судот го презентираа експертите од Институтот за судска медицина и Одделението за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Јаневска тогаш објасни дека вештањето е направено ноќта на 13 април и дека главна цел им била да откријат која е смртоносната рана, од која позиција и растојание им било пукано и во каква положба.
Според експертите, релативна близина е од метар и половина за оружје со долга цевка и метар за оружје со кратка цевка.

Кај покојниот Цветанчо Ацевски се утврдени четири огнострелни рани. Од нив смртоносна била раната од задниот дел на вратот. Покрај телото на починатиот е откриен проектил од 9 милиметри пара. Кај него е констатирано контузии или нагмечувања на лицетото, што според судските вештаци укажува дека му било пукано додека лежел на стомак, а сторителот стол над него, накај нозете.

Филип Славковски бил убиен со огнострела рана во пределот на грбот која предзвикала оштетување на белите дробови. Според положбата на телото на покојниот е утврдено дека му е пукано додека лежел на земја. Покрај раната која го усмртила, младото момче било застрелано и во пределот на слабината и грбот.

Кире Тричковски и Александар Наќевски, за разлика од другите ги гледале лицата на своите убијците пред засекогаш да ги затворат очите, бидејќи кај нив биле констатирани прострелни рани во пределот на стомакот. Тричковски е погоден со четири проектили, од кој едниот го погодил во пределот на стомакот. Смртта ја предизвикал проектилот што го погодил во левата страна на грбот при што му бил разнесен ’рбетниот мозок. И нему му е пукано од близу. Наќевски бил погоден со најмногу проектили. Од осумте испукани проектили, седум се прострелни, а само една застрелна рана. Тој е погоден и од предната страна од стомакот, со што експертите претпоставуваат дека му е пукано додека тој клечел на земја, а сторителот пред него. Останатите рани покажуваат дека му било пукано одзади, додека бил во хоризонталана положба.

Последната жртва на велигденскиот масакр е убиена додека се криела зад автомобилот „фиат уно“. Експертот по судска медицина образложи дека на телото на рибарот Борче Стефковски се констатирани четири рани од огнено оружје. Смртоносен бил проектилот што го погодил во главата. Јаневска појасни дека на хаубата на автомобилот биле откриени траги од биолошки потекло, поточно мозочно ткиво, што посочува дека тој или се криел или стоел во близина на автомобилот.

Пукано со автоматски пушки и пиштол

Балистичарот Неџад Муриќ пред судот објасни дека сторителите на маскарот користеле автоматски пушки и со пиштол таканаречен “долга деветка“. На местото на убиството биле подигнати 13 чаури од пушка и осум чаури од пиштол.

Големото апсење на 1 мај

Како што се прошири веста за масакрот на Велики Четврток, така на први мај се прошири веста за големото апсење на осомничените убијците. Дваесет лица, најголем дел македонски државјани, се приведени во специјалната операција која го доби името „Монструм“. Сите од нив, како што информира Министерството за внатрешни работи, се следбеници на радикалниот ислам и се оспособени да извршуваат најрадикални акции.

“Кога се работи за кривично дело тероризам жртвите не секогаш директно се поврзани со извршителите и мотивот за кој е направено кривичното дело. Нашето сомневање е дека токму и во овој случај се работи за едно такво убиство каде жртвите не се во никаква конекција со ивршителите, но меѓутоа позади кривичното дело стои намерата да се создаде чувството на несигурност и страв. Мотивот е нивната идеја, убедување, верување во радикалниот ислам“, објасни министерката Гордана Јанкуловска за апсењето.

Ден потоа, Јавното обвинителство побара максимална казна – доживотен затвор за убијците на петмината скопјани.

“Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривични дела-тероризам, за кои е предвидена максимална казна - доживотен затвор. Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има прибрано ќе срочи квалитетна кривична пријава која ќе може да ја процесуираме во најкраток можен рок“, изјави Шврговски.

Таксист, земјоделец, автомеханичар, пензионер, па дури и една домаќинка се меѓу дваесетте приведени во полициската операција „Монструм“

Шеесетгодишна домаќинка од липковско Отља е меѓу приведените осомничени за инвловираност во петкратното убиство кај Смиљковското езеро на 12-ти април.



Фериде Билали е уапсена во понеделникот и кај неа полицијата пронашла пиштол. Билали живеела сама веќе 15 години откако нејзините синови заминале во странство.

Браќата Чани Азири (64), Фејзи Азири (50), Хаки Азири (32) од Шуто Оризари се меѓу уапсените во акција. Најстариот од браќата е пензионер, средниот е земјоделец, најмладиот е возач на камион.

Во акцијата беа приведени и Мерван Џавити (24) од Арачиново, кој работел како автомеханичар, како и неговиот соселанец Исни Асани (34), таксист. Меѓу приведените е и дваесет и шестгодишниот Џевад Зендели од населбата Гази Баба.

По 48-часовен притвор, десетмина од осомничените беа ослободени, а три лица се осомничени дека се директни извршители на убиството на петмината скопјани кај Смиљковското езеро на 12-ти април.

Пет убијци и еден заштитен сведок

Јанкулоска тогаш информираше дека е поднесена кривична пријава против пет лица за тероризам, тројца од нив се директни извршители, Агим Исмаиловиќ (33), триесет и двегодишниот Африм Исмаиловиќ и дваесет и седумгодишниот Алил Демири, Фејзи Азири (54) и Рами Сејди (24), а двајца помагачи. Исмаиловиќ и Демири беа во бегство, успеале да побегнат на Косово пред полицијата да открие дека и тие дел од грозоморниот чин.

Контрадикторноста на заштитениот сведок

Хаки Азири, од заштитен сведок стана обвинет, бидејќи ја смени својата изјава во која пред истражниот судија кажа дека тој ги возел обвинетите на кобната ноќ. Со отфрлање на својството заштитен сведок и таксистот се товари за убиството на брегот на Смилковското Езеро.

Обвинетите за масакрот седнаа пред лицето на правдата

На 20-ти декември лани во Основниот суд 1 во Скопе четвроица од шестмината обвинетите за директно извршување на убиството седнаа на обвинителната клупа и се соочија со правдата.
Алиби на обвинетите: во џамија, на фарма, на гости



На почетокот од судкиот процес „Монструм“, четворицата обвинети, ги дадоа своите изјави пред судот.
Сејди Рами пред судот тврдеше дека никогаш во животот не бил на местото на злосторството. Критичната ноќ, на 12 април 2012 година, како што рече Сејди Рами пред Судот, со негов муштерија од работилницата за поправка на автомобили која се наоѓала во скопското село Арачиново, биле кај железничката станица во Скопје со уште еден човек од македонска националност за да извршат размена на возилата. Потоа тројцата останале заедно на кафе до полноќ.

Првообвинетиот, Агим Исмаиловиќ пред судот кажа дека во времето кога наводно заштитетниот сведок, Е1, го видел покрај местото на грозоморното убиство бил на молитва во „Џамијата на хероите“ во Синѓелик. Како што вели, петпати дневно се моли и како верник не пропушта ниту една молитва.

“Јас никогаш не сум имал брада долга 4-5 прсти како што тврди сведокот, секогаш ја бричам“, изјави Агим кој ги негираше исказите од сведокот дека на 9,10, 11 и 12 април во 18.30 часот го видел покрај местото на злосторството и го опишал како човек со долга брада.

Тој објасни дека на кобниот ден, работел на поставување канализициона мрежа во домаќинството, а вечерта, вообичаено околу 18.30 часот му почнала ноќната смена во Интернет кафето. Според зборовите на првообвинетиот, тој во Интернет кафето работел со брат му Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети за велигденскиот маскар. Африм и Алил работеле во Интернет кафето преку ден, додека тој со работа почнувал вечерта, па се’ до раните утрински часови следниот ден.

Фејзи Азири пред судот детално опиша како го поминал 12 април, и деновите пред тоа. Како и секој друг ден, тој се буди околу пет часот, се моли, а потоа ги зема своите браќа и заедно одат на фармата во Билимбегово. Во текот на денот тој бил на судење, а подоцна во општината Илинден на промоција за легализација на објекти, каде се сретнал со градоначалникот на општината, Жика Стојановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во текот на вечерта враќал стари парични долгови, а околу 23 часот се вратил дома и си легнал. Тој вели дека од петмината обвинети, ги познава само своите внуци, Алил Демири, внук од сестра и Хаки Азири, внук од брат. Со нив комуницирал само по потреба, кога му требало помош на фармата.

Хаки Азири во судницата рече дека на кобната ноќ во април кога беа убиени пет невини луѓе кај Смилковското езеро во Скопје бил на гости во Гази баба, а со него бил и неговиот братучед кој е обвинет и е во бегство, Алил Демири. Вели дека таму останал до следното утро. Азири рече дека само еднаш бил кај Смилковското езеро кога неговиот чичко Фејзи Азири, исто така, обвинет во „Монструм“ ја добил концесијата за нивата крај езерото.

Доказите од местото на злосторот

На неодамнешните рочишта за судскиот процес „Монструм“ беа презентирани и доказите.

Вештаците посочија дека траги од земјата од брегот на Смиловското езеро каде беше извршено петткратно убиство се пронајдени на автомобилот “опел омега“, а биолошките траги што биле пронајдени во автомобилот 99,9 отсто му припаѓаат на првообвинетиот за убиството, Алил Демири. Според податоците со тој автомобил избегале извршителите на велигденксиот масакар.

При вештачењето на автомобилот се откриени траги од пот и епителни клетки кои се совпаѓале со ДНК профилот на провообвинетиот Алил Демири. Форензичарот Роберт Јаневски тврди дека 99,9 отсто му припаѓаат на Демири. Тој објасни дека неговиот ДНК профил веќе бил во крим евиденцијата од 2009 година, откако бил уапсен за нелегално поседување оружје. ДНК профилот им го доставиле колегите од кумановската полиција.

Директните извршители фатени на Косово

На почетокот на месецот рацете на правдата ги стигна и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои скоро една година се криеја од органите на власта. Двајцата се уапсени во стан во елитната населба Сани Хил во Пришитина врз основа на меѓународната потерница која лани беше распишана по нив од Основниот суд 1 во Скопје. Веднаш се започна постапка за брза екстрадиција во Македонија каде ќе може да им се суди за петте животи кои безмилосно ги одземаа.




Од полицијата овие двајца се именувани како директни извршители на велигденскиот масакр, а наскоро, ќе седнат во обвинителната клупа, каде правдата конечно ќе ги стигне,а вистината ќе излезе на виделина.




Но, каква и да казната за овие монструми, ќе биде премала во споредба со болката која тие и ја нанесоа на петте семејства, на Македонија, на народот кој во страв веќе не ни го посетува езерото на чиј брег неодамна беше поствен темелникот на црквата за вечен спомен на петмината македонски синови.
автор: Нетпрес​
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Прва молитва преку звучник од џамија во Шведска

Гетеборг, 12 април 2013 (МИА) - Џамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник поставен на минарето. Дозволата, како што јави дописникот на МИА од Шведска, ја издаде Полициската управа во Стокхолм.
Џамијата доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник траење од три до пет минути во петоците меѓу 12 и 13 часот.
- На крајот сепак ја добивме дозволата и навистина сме многу задоволни. Ова е голема работа за муслиманите во Шведска. Сега ни претстои да обезбедиме соодветно озвучување на минарето, изјави Исмаил Окур, претседател на Исламското здружение во Ботширка.
Ова е првпат на една џамија во Шведска да и биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде преседан што ќе се применува на цела Шведска.
Мнозинството членови на Советот за општествена изградба во општина Ботширка, во која се наоѓа спомената џамија, пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урбанистичкиот план донесен пред изградбата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.
Исламското здружение во Ботширка укажува дека дозволата се однесува на куси повици од минарето, пред петочните молитви, а не петпати дневно, што е нормално во муслимански земји, јави Шведското радио.
Во шведскиот Муслимански совет не веруваат дека оваа дозвола за џамијата во Фитја би можела да предизвика поплава од молби од страна на други џамии во Шведска
http://www.idividi.com.mk/vesti/evropa/842870/index.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Летал во авион замотан во кеса – верата не му давала да лета над гробишта (Фото)

Оваа фотографија која ја направил патник го обиколи светот – сите се прашуваат зошто овој човек лета со авион целосно завиткан во ќеса. Патникот – евреин нормално се возел, но во еден момент се завиткал во кесата и дел од патот го минал така. Причина – верата му забранува да лета над гробишта.

Некои авиокомпании имаат политика на заобиколување на гробиштата, а на патниците однапред им е соопштено дали авионот пренесува безживотно тело. други пак ја одбираат оваа солуција со ќесата – која не секогаш им е дозволена поради безбедноста. чудно е и што стујардесите се загрижени и како ќе дишат бидејќи одбиваат да направат дупки на кесите зошто така би ја поништиле “бариерата” за која веруваат дека е создадена од кесата.
(Прочитано 1,276 пати, 1,276 денес)
http://mkd-news.com/letal-vo-avion-zamotan-vo-kesa-verata-ne-mu-davala-da-leta-nad-grobishta-foto/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=letal-vo-avion-zamotan-vo-kesa-verata-ne-mu-davala-da-leta-nad-grobishta-foto
--- надополнето: 13 април 2013 во 21:26 ---
Папата именуваше свештеници за реформи на црквата

13.04.2013

Папата Францис именуваше група од осум кардинали за советници кои ќе го разработат предлогот за реформи на црквата, соопштуваат од Ватикан. Именуваните кардинали се од Италија, Германија, Чиле, Хондурас, САД, Индија, Конго и Австралија. Првиот состанок на оваа група ќе се одржи од 1 до 3 октомври, се наведува во соопштението. Римокатоличката црква ја тресат бројни скандали, од оние во кои свештеници злоставувале деца во САД, до истите појави кои биле забележани во Европа, особено во Ирска каде има пријавено над десетици илјади инциденти.
http://www.makdenes.org/archive/news/20130413/428/428.html?id=24956794
--- надополнето: 13 април 2013 во 21:29 ---
Заедничка молитва на христијаните и муслиманите во Либан
13. 04.2013 - 14:47:24
Претставници на верските заедници на плоштадот "Паднатите борци" во главниот град на Либан, Бејрут испратија заедничка молитва за мир, правда, љубов и безбедност.

Претставникот на здружението "Другар" Амир Зејнедин вели дека целта на молитвата е либанските граѓани заеднички да се противат на насилството и војните.

"Тука сме собрани за заедно да кажеме „не“ на насилството и војните и за поддршка на националното единство", рече тој.

Епископот на Бејрут, Салим ал-Хаџ ,за новинска агенција „Анадолија“ рече дека со заедничката молитва сакаат да го разбудат чувството на љубов, братство, единство и заедништво во срцата на сите Либанци.
Првата заедничка молитва на христијаните и муслиманите е поддржана од сите жители на Либан.
Верските водачи на христијаните и муслиманите на граѓаните им поделија бели рози како симбол на мир и дијалог.

Граѓанската војна во Либан која започна 13 април 1975 година траеше во следните 15 години. За време на граѓанската војна загинаа стотици илјади луѓе во Либан, а повеќе од еден милион луѓе мораа да ја напуштат земјата.

http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=126242&kategorija=6

амин
--- надополнето: 13 април 2013 во 21:33 ---
Свет | 13. април 2013 - 10:59
Пакистанските политичари на тест за почит: Дали сте доволно муслиман?

Кога пакистанските политичари пополнуваа документи за номинација за претстојните избори на 11 мај, многумина беа изненадени кога открија дека се тестирани дали имаат доволно почит за да се соочат со електоратот. Судиите од пониските судови, кои ги разгледуваат потенцијалите на кандидатите, ги испрашуваат дали наизуст умеат да рецитираат стихови од Куранот, или како се изведуваат разни исламски ритуали. Од еден кандидат било побарано да се види дали може да се заколне дека од сега натаму ќе се моли пет пати на ден.

Еден познат политичар и долгогодишен новински колумнист, дури бил и дисквалификуван. На Ајаз Амир, еден од најпознатите колумнисти на англиси јазик во Пакистан, кој влегол во политиката во 2008, му било речено дека не може да се кандидира за парламентот затоа што судијата се фатил за темата алкохол која била во една негова неделна колумна. Како дел од тажната приказна за Ардешир Ковазџи, уште еден колумнист кој починал минатата година, Амир го опишал „добро опремениот бар“ на починатиот писател , вклучувајќи ја и референцата на „шкотоската света вода“. Алкохолот е забранет во Пакистан, иако дивите дестилерии прават одлична трговија.

Дисквалификацијата на Амир е дел од интензивната строгост која по првпат се спроведува во Пакистан. Поголемиот дел од тоа е фокусиран на етичките и граѓанските права. Некои кандидати биле дисквалификувани - па дури и добиле затворски казни - затоа што ги фалсификувале нивните универзитетски дипломи. Други пак биле обвинети за различни престапи, вклучувајќи невраќање на банкарски кредити и неплаќање на сметки за вода. Овие чекори се поздравени од јавноста како обид да се држат моќните под контрола. Неодамна документите за канидидатурата на поранешниот воен владетел Первез Мушараф биле отфрлени затоа што судиите сметале дека го прекршил уставот кога го извел превратот во 1999, со кој беше отфрлена цивилната влада. Но адвокатите за граѓански права и правни експерти велат дека судиите исто така истражуваат и прашања од минатото во врска со финансиската состојба на кандидатите, за да одлучат кој е муслиман со доволна почит да седне во следниот парламент на Пакистан.

Кога станува збор по прашањето за почитта, судиите цврсто се држат до строгите клаузули во пакистанскиот устав, каде се инсистира сите членови на парламентот дека морат да бидат посветени муслимани. Овие клаузули ги воведе генералот Мухамед Зиа ул-Хак, поранешен воен владетел и верски фундаменталист, како дел од неговата програма за прочистувачка „исламизација“ за време на 80-ите. Во минатото, изборните комисии ги затворале очите пред прецизните религизони стандарди, кои се ставени во клаузулите. Како што потенцираа повеќе набљудувачи во текот на изминатите години, строго се бара законодавците да бидат „мудри“, „нерасипници“, да ги извршуваат сите задолжителни религиозни обврски, и да апстинираат од „поголемите гревови“, со што на крај парламентот ќе остане празен.

Невозможно е, вели водечкиот адвокат Бабар Сатар, да се одлучи кој е, а кој не е „добар муслиман“. „Зборовите во Член 62“, вели тој, упатувајќи на односните клаузули во уставот, „не се предмет на работа на судот. Дали таму стои дека ако некој не се моли пет пати на ден, дека тој не може да биде член на парламентот?“ Тука јазикот е толку нејасен, што може да се толкува на толку различни начини. „Дел од проблемот“, вели Салман Раџа, уште еден адвокат и експерт за устав, „е дека судиите можат да ги читаат овие зборови според сопствено толкување“.

Многумина од членовите од понискиот судски систем, кои тренираат строгост врз кандидатите, додава Раџа, ги наследиле своите религоизни ставови од редуцираните текстови кои постојат во стандардните пакистански учебници. Ова исто така покажува и за зголемениот степен на религиозно чувство во Пакистан и невоодушевувањето од политичката класа. Еден извештај кој беше објавен минатата недела од Британскиот совет, открива дека 38 од младите гласачи на возраст помеѓу 18 и 20 години, сметаат дека Шеријатскиот закон е најдобриот политички систем за Пакистан. Речиси една третина рекле дека сакаат воено владеење. А скромни 29 отсто рекле дека сакаат демократијата да продлжи.

Покрај неуспехот да се убедат младите во предностите на демократијата, политичарите исто така не успеаа во отфрлањето на оставштината од Зиа. „Овие услови не смеат да бидат во уставот“, вели адвокатот Сатар. „Нив парламентот дефинитивно не успеа да ги смени“. И покрај тоа што донесоа три уставни амандмани, парламенарците ги оставија исламските услови недопрени. Некои го припишуваат ова игнорантство на стравот од религиозни судири. Во 2011, двајца високи политичари беа убиени откако зборуваа против строгиот закон против богохулењето во земјата.

Критичарите велат дека процесот на строгост, може да заврши со поделба на изборната база. „Тие користат контроверзен наметнат врз уставот закон, донесен од диктатор, со специјална цел за арбитражно политичко изложување пред јавноста “, вели Али Дајан Хасан, директор на Хјуман рајтс воч за Пакистан. Тој додава и дека наместо да им дозволат на избирачите да одлучат кој е соодветен да седне во парламентот, судиите самите си го припишуваат тоа право. „Ова е форма на предизбор наменет против оние кои не ги исполнуваат условите на овие власти, кои се на есктремно лизгав терен“.

Во последниве денови, голем број познати кандиидати беа испратени во затвор затоа што ги фалсификувале своите универзитетски дипломи. Во 2002, Мушараф воведе услов дека сите парламентарци треба да бидат дипломирани. Главната цел му беа традиционалните партии, кои му се спротивставија на Мушараф и имаа малкумина дипломирани членови. Еден од кандиидатите, кој се соочува со обвинување дека ја фалсификувал својата диллома, е и министерот за образование во последната влада. Условот за диплома веќе не е главен, но сопствениците на лажни дипломи последователно се прогласуваат за виновни по сите основи.

Судиите добија аплаузи затоа што застанаа на патот на лажливите политичари. Но некои ја ставаат под знак прашалник оваа мудрост. „Нелегално е, но постои политичка контекст во сето тоа“, вели Хасан од Хјуман рајтс воч. „Самите судови донесоа одлука дека законот за дипломи е дискриминирачки“. Во Пакистан, околу пет отсто од населението има универзитетеска диплома. „Зошто се донесуваат пресуди кога тој закон повеќе не постои, затоа што се ограничува политичкото учество и беше воведен од диктатор, пред се?“

Кога станува збор за изборите во Пакистан, многумина се спокојни заради фактот што религиозните права никогаш не добиле повеќе од 10 проценти од гласовите. Но политичките партии, кои речиси секогаш ги заобиколуваат законите и на Зиа и Мушараф, се од религиозната десница. Откако беа поразени на последните избори, сега пак се враќаа на сцена. Кога станува збор за условот со дипломи, нивното образование во медресите се смета речиси еднакво на напредните образовни степени. И, се разбира, тие лесно минуваат низ тестовите за почитта.
http://www.sitel.com.mk/pakistanskite-politichari-na-test-za-pochit-dali-ste-dovolno-musliman
--- надополнето: 13 април 2013 во 21:49 ---
Монасите од Лесново го добија возилото - подарок од Општина Штип
сабота, 13 април 2013 20:43
Комби возилото што општина Штип го доби како подарок од „Хемофарм", од денеска ќе им служи на монасите од Лесново. Делегација од општина Штип, предводена од градоначалникот Илчо Захариев, во Лесновскиот манастир ги предаде клучевите на отец Дамаскин.

Братство во Лесново брои десет монаси. Со нив живее и митрополитот брегалнички Иларион. Монасите се надеват дека манастирот ќе го достигне сјајот од минатото, кога бил просветителски центар во кој се наоѓала прочуената Лесновска школа.

Во тек е обновата на источните и северните конаци на Лесновскиот манастир, кои во пожар изгореле пред половина век. Со нивното реновирање се очекува бројот на верници кои го посетуваат манастирот, значително да се зголеми.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/6922-2013-04-13-19-01-25
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452

Снимка од владиката Качавенда како орално и анално задоволува момчиња
Монахот Николај Стаматовиќ е пуштен на слобода, а неговиот лаптоп, во кој наводно се наоѓа порнографски филм, полицијата го запленила.
Да потсетиме, станува збор за намесникот во манастирот во Етно-селото „Станишиќи“ кај Бјелине кој е уапсен пред два дена во Белград, бидејќи на Бојан Јовановиќ за 100.000 евра се обидел да му продаде филм во траење од час и половина во кој, според зборовите на адвокатот Душко Томиќ, владиката Василије Качавенда има сексуални односи со четворица момчиња.
Иако во овој случај е побарана изјава од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, како што пишува Dnevni avaz, тие добиле одговор дека полицијата нема никакви информации по тоа прашање.
Бојан Јованоиќ покажал неколку смс-пораки кои отец Николај му ги праќал, договарајќи состанок за продажба на филмот. Јовановиќ за сето тоа го информирал аквокатот, на што тој му одговорил да закажат состанок и да ја погледнат снимката за да утврдат дека не е во прашање некоја монтажа.
- Во филмот владиката Качавенда орално и анално ги задоволува четворицата момчиња, а потоа и тие него. По сексуалниот чин, а што се гледа на снимката, сите заедно се тушираат. Една од снимките настанала на 27 јануари 2007. година – рекол Томиќ.
Еден дел од филмот е снимен на имотот на владиката во Бјелине, а другиот дел во неговиот стан во Белград.
К. А.

http://www.plusinfo.mk/vest/88572/Snimka-od-vladikata-Kachavenda-kako-oralno-i-analno-zadovoluva-momchinja
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Албанец ја помога изградбата на манaстир

Шевки Идризи сопственикот на една од најголемите компании во регионот Ренова донирал 2000 евра за изградба на Манастирот „Света Богородица“ кој е лоциран кај селото Горни Стубол кај Пробиштип, пренесува Нова Македонија.
Во прашање е градежен материјал, гипс картон и се што е потребно за завршување на манастирот.

-Мене ми е чест што ми се укажа шанса да дадам свој придонес за доизградба на овој манастир. Нашата компанија е во Македонија и ние ќе направиме се што е потребно за да придонесеме за унапредување и на земјата и на односите меѓу Македонците и Албанците, истакна Шевки Идризи, сопственик на „Ренова“, за Нова Македонија.

Донацијата на Идризи за манастирот е редок пример на надминување на верските, национални и етнички разлики меѓу Македонците и Албанците, а се дел од долгогодишно пријателство со Македонец од овие краишта кои со години работел во Тетово:

-По конфликтот во 2001 година јас бев командант на касарната во Тетово и во тој период многу соработував со господинот Идризи и заедно работевме на полето на градење на соживот. Сега ова е само продолжување на таа наша соработка и пријателство, изјави Јовица Коцевски.

Донацијата за манстирот во изградба „Света Богородица“, е прва која „Ренова“ ја дава во овој дел од државата, но не и единствена за фирмата. Досега оваа компанија и Идризи имаат донирано градежен материјал за неколку македонски манастири.

Дополнително, „Ренова“ се јавува како стипендист на 150 студенти, а единствен критериум за нивно стипендирање е квалитетот, а не националната или верска припадност.
http://denesen.mk/web/2013/04/08/albanec-ja-pomaga-izgradbata-na-manastir/
знам дека е забрането коментари на оваа тема ама за оваа вест морав да искоментирам
човеков го знам лично и навистина е Човек без предрасуди
--- надополнето: 13 април 2013 во 23:33 ---
Оштетени се партизанските гробови во Тетово
Објавено: пред 12 часа
Оштетени се партизанските гробишта каде се погребани припадниците на Третиот партизански одред, меѓу кои и народните херои Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче, кои ги вградија своите млади живото во темелите на слободата, бранејќи ја револционерната Беличица од слугите на окупаторот.

Во текот на изминатата ноќ, засега непознати сторители извршиле сквернавење и направиле вандализам на партизанските гробишта, оштетиле мермерни и други плочки и главниот фундамент. Притоа го откопачиле топот кој иако тежок успеале да го поместат и фрлат над над споменици на упокоени граѓани на Тетово, објави Телевизија Кис.

Партизанските гробишта во Тетово опстојувале повеќе од половина век и ова прво сквернавење и оштетување од поголем обем.
http://www.plusinfo.mk/vest/88533/Oshteteni-se-partizanskite-grobovi-vo-Tetovo
--- надополнето: 13 април 2013 во 23:38 ---
Лажните попови им го јадат лебот на вистинските

Од скопската православна епархија најостро го осудуваат лажното претставување на поединци или групи што во името на МПЦ-ОА или на одделни верски храмови нудат и продаваат разни црковни предмети по домовите на православните христијани во поголемите градови во државата



Граѓаните сами избираат кој ќе им пее на слава или крштевка

Граѓаните си избираат свештеник за да се заштитат

„Сакам свештеникот Столе да ми го благословува домот. Минатиот Велигден дојде друг поп и не ја испеа молитвата докрај и ми зеде повеќе пари од ценовникот на МПЦ-ОА. Затоа предлагам ист свештеник да ги благословува сите станови во зградата!“ Ова е реакцијата на жителите од поголемите градови во државата, кои сметаат дека куќните совети во секоја зграда треба организирано да ангажираат свештеник што пред поголемите празници ќе им ги осветува домовите и ќе ги снабдува со разни црковни предмети, за да се спречи појавата на лажни свештеници што им се претставуваат и им нудат верски услуги и разни црковни предмети. Верниците потпаѓаат на ваквите измами со изговор на лажните свештеници дека дадените пари се донација за обнова на одредени верски храмови или манастири. Еден од оние што решија јавно да проговорат е Митко К., претседател на куќниот совет, кој ваквата иницијатива ја претстави и на социјалните мрежи.

- Во зградата има 15 стана. На сите станари ќе им поделам список каде што ќе изразат желба кој свештеник сакаат да им го освети домот и од него да купат верски календар или осветена вода. Само така ќе се спречат ситуациите кога непознати свештеници ни влегуваат во домовите и нѐ лажат - вели Митко К., жител во населбата Капиштец и претседател на куќен совет.

Смета дека не смее да им се дозволи на одредени поединци да заработуваат во име на црквата и дека црквата како верска институција треба да го реши овој проблем.

Ваквата злоупотреба на МПЦ-ОА и измама на верниците е откриена од црковните работници, па затоа ги советуваат граѓаните да ги легитимираат свештениците, а за лажните претставувања да ја известат полицијата.

- Секоја населба има парохиска црква во која жителите можат да побараат верски услуги. Обично верниците ги познаваат парохиските свештеници, но секогаш може да се случи некој да биде измамен. Затоа ги предупредуваме верниците - изјавува отецот Бобан Митевски.

Од скопската православна епархија најостро го осудуваат лажното претставување на поединци или групи што во името на МПЦ-ОА или на одделни верски храмови нудат и продаваат разни црковни предмети по домовите на православните христијани во поголемите градови во државата.

Упатуваат и апел дека тие немаат благослов, ниту, пак, се испратени од епархијата или која и да е црква за да собираат донации.

- Благочестиви христијани ве замолуваме, освен свештениците или барањата што се официјално упатени преку црквите, да не ги примате во своите домови и да не купувате црковни предмети од овие поединци - пишува во соопштението од кабинетот на г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА.

Оттаму нагласуваат дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденско осветување, бидејќи тие се испратени од свештениците на епархијата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41313922462&id=9&setIzdanie=22855
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.313
Поени од реакции
81.530
Ограбена црквата во гостиварското село Горна Ѓоновица

Непознат разбојник ја ограбил црквата во гостиварското село Горна Ѓоновица, од каде што украл околу 500 денари.
Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 11-ти до 14-ти месецов. Крадецот ја обил влезната врата, ги пронашол парите и ги украл
Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.
 
M

Muranyi

Гостин
Исламскиот градскиот совет во Индонезија, кој е во согласност со шеријатот, им забранува на жените да „испуштаат гасови“. Градоначалникот Сејид Јахија за новинарите изјави дека забраната е неопходна, бидејќи прдењето не е во согласност со исламската доблест- скромноста.
Муслиманските жени не смеат да прдат- и да испуштаат силни звуци оти тоа е во спротивност од исламското учење - рекол тој. Во интервјуто за изданието Wadiyan- истиот тој рекол дека новиот закон е донесен за да се сочува човечкиот морал.

"Кога вие ќе видите жена која прди и при тоа испушта силни звуци - таа го менува својот облик и се претвара во маж"- објаснил Сејид Јахија.

Но,прдењето за жителите на Југоисточна Азија па дури и за жените не е реткост- со оглед на тоа што секојдневната исхрана им се состои од грав и компири.

Околу непочитувањето на законов следуваат казни- за прдење со среден звук- 20 удари, а за прдење јако ќе добијат и до 3 месеци затвор.

Жените надвор ќе бидат контролирани од јавноста , а дома од мажите.

http://www.bagnet.org/news/world/213583
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Роналдо ја менува верата и станува муслиман?!?

Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо призна дека често разговара за муслиманската вероисповест и дека не треба да биде чудно доколку се реши да стане муслиман

Роналдо за локалните медиуми вели дека е христијанин но дека има облични реалции со Месут Озил кој е муслиман и дека е воодушевен од неговата чесност
„Верата не е нешто што треба да расипува пријателства и да доведува до војни. Бог ја створил верата за да не спои во една заедница. Ја сум христијанин, но лично тврдам дека верата на Озил е поубава. Не сум знаел дека муслиманите се толку чесни и искрени како Озил. Сакам Бог да ми помогне и да ме изнесе кон вистинскиот пат и вистинската вера. За сега не знам, но можеби ќе му бидам муслимански брат на Озил“, изјавил Роналдо.

http://press24.mk/story/sport/ronaldo-ja-menuva-verata-i-stanuva-musliman?fb_action_ids=4827399164691&fb_action_types=og.recommends&fb_source=aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Молитвата има исцелителска моќ врз здравјето
Извор: Denesen.mk | Објавено: 15.04.2013 - 20:58

Според дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бог, по пат на воспоставување на однос со Бог, боженство, односно со божица, или со богови. Православните и католиците обично се молат и на светците, Марија и ангелите чувари.

Неодамна руските научници од универзитетот во Санкт Петерсбург материјално докажале дека чудесните излекувања се поврзани со духовноста и откриле голем број телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее во моментот на молитва или верски обред.



Научниците докажале дека кај верникот кој е продлабочен во молитвата потполно е исклучена мозочната кора, а тоа ги означува потполната сигурност и отсуството на стрес.

Молитвата – лек против негативно размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и востановил дека кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка.

Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.

Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург.

Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат или дури потполно исчезнуваат.

Научниците докажале дека по мисата и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на ѕвоната ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства на излекување зависно од степенот на верување на верниците што всушност е само додадок на теооријата за „помнење на водата“.

http://zazabava.com/molitvata-ima-iscelitelska-mokj-vrz-zdravjeto
--- надополнето: 17 април 2013 во 14:40 ---
Поранешниот папа го прослави 86. роденден

16.04.2013 | 21:00
Свет
Прочитано: 534
Во папската резиденција Кастел Гандолфо во близина на Рим, поранешниот папа Бенедикт Шеснаесети со миса го одбележа својот 86. роденден.

Присутни биле само неговиот постар брат и секретарот, надбискуп Беорг Генвајн.

Роденденот му го честитал и новиот папа Франциск.

Бенедикт на 28. февруари се повлече од тронот на Католичката црква.

Во Кастел Гандолфо би требало да остане до средината на мај, кога ќе бидат завршени работите во манастирот во склопот на Ватикан, кој се преуредува за негови потреби.
http://24vesti.mk/poraneshniot-papa-go-proslavi-86-rodenden
--- надополнето: 17 април 2013 во 14:41 ---

--- надополнето: 17 април 2013 во 14:46 ---
Во пораката на арапски јазик
Лидерот на Муслиманското братство укажал на заговор зад нападите во Бостон

о еден пост на својата страница на Фејсбук, Есам Ел-Ериан ги осуди нападите во Бостон – но и ги поврза со француската војна во Мали, уништувањето во Сирија и во Ирак, и со колебливото зближување меѓу турската влада и курдските бунтовници.



Муслиманското братство во Египет отсекогаш давало една порака на англиски јазик за меѓународната публика и уште една порака во целост на арапски за својата домашна публика, пишува Форин полиси.

Ако некој бара пример за ова, треба само да ја види реакцијата на оваа исламистичка организација за нападите на Бостонскиот маратон.

На англиски, политичката партија на Братството објави изјава во која „категорично ги отфрли како неподносливи бомбашките напади извршени во американскиот град Бостон“, и „изрази длабоки симпатии и искрено сочувство до американскиот народ и до семејствата на жртвите“.


На арапски, пак, високиот лидер на Братството и заменик-претседател на политичката партија на групата, Есам Ел-Ериан, употреби поинаква тактика.

Во еден пост на својата страница на Фејсбук, тој ги осуди нападите во Бостон – но и ги поврза со француската војна во Мали, уништувањето во Сирија и во Ирак, и со колебливото зближување меѓу турската влада и курдските бунтовници.

Ел-Ериан поентира дека сите овие инциденти - од Бостон во Багдад - се некако поврзани. „Кој ги наруши демократските преобразби, и покрај тешката транзиција од деспотизмот, корупцијата, сиромаштијата, омразата и нетолеранцијата, кон слободата, правдата, толеранцијата, развојот, човековото достоинство и социјалната правда?“, прашува тој. „Кој сади исламофобија, преку истражувањата, печатот и медиумите? Кој го финансираше насилството?“

Ел-Ериан само ги поставува овие прашања – тој не обвинува ниедна конкретна група за организирање на нападите на Бостонскиот маратон или за немирите низ Блискиот Исток. Но додека лидерите на Братството слободно се впуштаат во такво сеење заговори на арапски јазик, ваквите нивни тврдења се јасно отсутни од нивните медиуми на англиски јазик, завршува Форин полиси.
Објавено на

16 Април 2013 - 23:35
http://www.mkd.mk/svet/vesti/liderot-na-muslimanskoto-bratstvo-ukazhal-na-zagovor-zad-napadite-vo-boston
--- надополнето: 17 април 2013 во 14:47 ---
Маринец опожарил џамија во САД, осуден 20 години затвор


Среда, 17 Април 2013 06:31

Поранешен маринец беше осуден во САД на 20 години затвор откако призна дека опожарил џамија во САД како одмазда за американските војници убиени во странство.

Судот во Охајо наведе дека Ранди Лин треба да плати и 1,4 милиони долари за штетите врз џамијата.

Педесет и две годинишниот Лин се извини пред судот за инцидентот и рече дека бил под дејство на алкохол пред да го запали Исламскиот центар на големо Толедо.
http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=18815:-20-&catid=111:svet&Itemid=136&lang=mk
--- надополнето: 17 април 2013 во 14:49 ---
Срамни реакции на Американците: Треба да бидат убиени сите муслимани

Свет Среда, 17 Април 2013 12:27
Два дена по бомбашкиот напад во Бостон, истражителите сеуште немаат ниту мотив, ниту осомничени.

Меѓутоа, изгледа Американците знаат многу повеќе од полицијата и „знаат“ кој е виновен. Набргу после трагедијата, на Твитер почнаа да се шират запрепастувачки пораки полни со омраза и закани, кои порачуваат дека земјите од Блискиот Исток треба да се „нападнат со нуклеарни бомби и од нив да бидат направени паркиралишта“, или „Од лицето на Земјата да бидат избришани тие песочни мајмуни“.

Следуваат веднаш и такви пораки кои за нападот ја обвинуваат Северна Кореја и повикуваат на бомбардирање на таа земја, и претворање на истата во „паркиралиште“.

Бројните ужасни пораки собрани се овде.
http://www.fama.mk/vesti-glavni/kategorii/svet/8552-sramni-reakcii-na-amerikancite-treba-da-bidat-ubieni-site-muslimani
 
M

Muranyi

Гостин
Премногу секси за Саудиска Арабија

Да се биде ултра згоден маж генерално се смета за голема предност. Освен ако младичот не e во Саудиска Арабија. Таму таквите ги депортираат.


Членови на Комисијата за промоција на доблести и превенција на пороци насила отстраниле тројца мажи од делегацијата на Обединетите Арапски Емирати од фестивал во Ријад, затоа што момците биле „премногу згодни“, па некоја жена можела да „падне“ на нивната убавина, објавиле тамошните медиуми.
Мажите наводно биле депортирани назад во Абу Даби.
Официјално ОАЕ се огласиле дека религиозната полиција била загрижена заради присуство на непоканета жена уметник на фестивалот. Но, не е објаснето дали нејзиното присуство имало некаква врска со протерувањето на мажите.
http://on.net.mk/vesti/svet/premnogu-seksi-za-saudiska-arabija
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Роналдо ќе стане муслиман

Најдобриот фудбалер на Реал (М) Кристијано Роналдо призна дека често зборува за муслиманската вера. Роналдо призна дека е христијанин и оти често се дружи со германскиот репрезентативец од турско потекло Месут Озил, кој е муслиман.

- Верата не би требала да ги разделува пријателствата и да придонесува за војни. Господ ја создал верата за да не спои во една заедница. Јас сум од христијанска вероисповед, но лично тврдам дека верата на Озил е поубава. Не сум знаел дека муслиманите се толку чесни и искрени како Озил. Сакам господ да ми помогне и да ме сврти на вистинскиот пат и вистинската вера. За сега не знам, можеби ќе му бидам брат муслиман на Озил, изјави Роналдо.


среда, 17 април 2013,http://vecer.com.mk/?ItemID=F7A5359C4EF623449CFF3B2E95EB2015
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.313
Поени од реакции
81.530
Со љубов, Лионел Меси

Видео: Лео Меси му испрати посебен подарок на Папата Францис

Текст: М.Т.
Живот | 18 април 2013


Папата Францис си доби посебен подарок испратен од фудбалерот на Барселона, Лео Меси. Меси на Папата му подари свој дрес лично потпишан од него и му го испрати преку кардиналот Мигел Делгадо.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Папата Францис му ја подари својата шапка на верник

Папата Францис почна да ги придобива симпатиите на верниците со својата непосредност.

Додека со возило минуваше низ плоштадот Свети Петар и ги бакнуваше и прегрнуваше децата, новиот Папа направи несекојдневен гест. Еден верник му подаде шапка, а понтифот за возврат му ја даде својата.

На службата, на која присуствуваа 50 илјади верници, Францис се помоли за жртвите во земјотресот што вчера ги погоди Иран и Пакистан.
четврток, 18 април 2013 во 09:52
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=4684
 

Kajgana Shop

На врв Bottom