- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.454
- Поени од реакции
- 84.867
Ниедна цена не е преголема за создавање на Исламската Држава.
ПОРАДИ ОСТАВЕНИТЕ ЧОВЕЧКИ ТРУПОВИ ПО УЛИЦИТЕ
Животот под ИСИС станува уште попеколен: во Сирија се шири бактерија што го јаде човечкото месо
Животот во пеколот на Исламска држава е полош од кога било. Суровите убиства, мачења, киднапирања и силувања се секојдневие на луѓето кои живеат во областите окупирани од џихадистите, а сега почнала да пустоши и ужасна болест, која буквално го јаде човечкото месо.
Причина за појавата на болеста лишманиоза е фактот што џихадистите телата на своите жртви ги оставаат да лежат по улиците, каде што труповите со денови се распаѓаат на отворено и шират зарази околу себе.
Во изминатите години биле забележани над 500 случаи на зараза со оваа страшна болест, предупредува Курдската црвена полумесечина. „Одвратните постапки на ИСИС кои вклучуваат убивање невини луѓе и фрлање на нивните тела на улиците се главната причина за ширење на лишманиозата“, предупредуваат членови на организацијата.
Лишманиозата кај луѓето е ретка и најчесто се шири само меѓу животните. Предизвикува чиреви на сите делови од телото, а во најлошите случаи може да резултира со смрт.
Светската здравствена организација од избивањето на сириската криза предупредува на катастрофалната хуманитарна ситуација во таа земја. Стотици илјади луѓе бегаат од Исламска држава, милиони се раселени, владее глад, се шират болести и милиони луѓе немаат пристап до здравствена помош.