Верски вести III

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
јасно пишува дека е број на човек односно број на име на човек ама тоа е за на друга тема

Фактички бројот 666 е современата надмена технологија.Еднаш еден член постави текст со програсмки јазик од кој сите програмски јазици беа еднакви на 666 математички броеви.
Пази 666 е предвиден број пред 20 века.
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 18:17 ---
Ова навистина е загрижувачки.
Незнам дали може да направиме нешто против ова да се заштитиме некако, или само ни преостанува да се одкажеме од цивилизазијата и в планина.

За Христијанството ништо не би било загрижувачки тешките времиња се ближат а Христијаните треба да се радуваат дека се ближи Ветеното Царство.

Према Светите Оци од Православието и толкувањата на настаните од светот и пророштвата живееме на самиот почеток од последните времиња.
Антихритот секако дека ќе бара начин за заведување, за Верните непознат но секако можеби е само завера но времето ќе покаже.битно знаеме што се треба да се случи и затоа нема простор за грижење.
да не одиме офтопик можеме да продолжиме Во Христијанство.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Снимен како јаде човечко месо: "Го изедов затоа што ми ја уби бремената сопруга"

18+

http://tocka.com.mk/1/115876/snimen-kako-jade-covecko-meso-go-izedov-zatoa-sto-mi-ja-ubi-bremenata-sopruga

Прозборе канибалистот кој го згрози светот: Човекот го изедов поради одмазда!


Уанда Миглуар од Јужна Африка бил во група канибалисти кои нападнале еден Муслиман, бидејќи како што велат, муслимани порано ја убиле сопругата на еден од нив.
Овој човек од Африка буквално јадел друг жив човек. Тој го носи прекарот "Бесно куче", и ја раскажува грозоморната приказна за тоа како го јаделе човекот.
- Седеше и чекаше минибус кога започнавме да го следиме. Јас сум уште 20 млади луѓе го натерав автобусот да застане, а потоа го изнесовме човекот надвор, го претепавме, запаливме, па го јадевме. На снимка која се појави на Јутјуб и ја згрози јавноста се гледа како Бесното куче ја јаде ногата на човекот, а никој од страна не реагира.
Навистина ужасно...


http://www.press24.mk/prozbore-kanibalistot-koj-go-zgrozi-svetot-chovekot-go-izedov-poradi-odmazda
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 12:55 ---
Папата им порача на мајките слободно да ги дојат децата во Сикстинската капела



Папата Франциск во неделата одржа крштевање на 32 деца во Сикстинската капела и на нивните мајки, меѓу кои и едена венчана во граѓански а не во црковен брак, и порача да не се плашат да ги дојат своите новороденчиња во капелата.

За разлика од своите претходници коишто на годишните крштевања често водеа долги и со теологија набиени проповеди, новиот поглавар на Римокатоличката црква одржа куса импровизирана хомилија (беседа) за децата.


„Денеска ќе пее хор, но најубавиот хор од сите е хорот на децата којшто ќе направи галама, Некои ќе плачат бидејќи не им е пријатно или затоа што се гладни", им кажал папата на родителите

Папата Франциск, исто така, им порачал на мајките и да не се чувствуваа заплашено во атмосферата на Сикстинската капела. „Ако се гладни, мајки нахранете ги, без размислување. Затоа што тие се најважните луѓе овде", изјавил папата во ситиот простор во кој на 13-ти март 2013 година беше избран за првиот не-европски папа во 1300 година.

Папата, и во едно интервју од минатиот месец порача дека мајките не треба да се чувствуваат непријатно да ги дојат децата во текот на неговите служби

http://makfax.com.mk/326902/papata_im_poracha_na_majkite_slobodno_da_gi_dojat_decata_vo_sikstinskata_kapela
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.740
Каква Јужна Африка бре, тоа со канибалот се деси во Централно Афричка Република.
новинари....:tapp:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Православните христијани ја празнуваат Василица

Во присуство на голем број верници, во црквата Св. Илија во Скопје, поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан, богослужеше свечена Василиева литургија. Многу македонски семејства, Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат неговото име го слават својот именден.



По Божик, православните христијани кои се водат според Јулијански календар, денеска го одбележуваат денот на свети Василиј Велики, во народот познат и како Василица, односно Стара нова година. Со утринска литургија поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, богослужеше света Василиева литургија во црквата Св. Илија во Скопје.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат неговото име го слават својот именден.
Оние кои кршеле погача со паричка на Бадник, тоа го направија синоќа. Според обичајот, секој во семејството добива по едно парче од погачата, а тој што ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.
- Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година, изјави за Алфа, отец Драги Костадиновски.
Инаку, Старата година вчера беше испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина, што според народное верување, ги прогонуваат лошите сили.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=69410#.UtVUC9JDtXc
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 16:17 ---
Папата го осуди абортусот како ужасен


Папата Францис најжестоко го осуди абортусот како „ужасен“ симптом на „фрагментирана култура“ која не го цени животот.
Конзервативците во Римокатоличката црква кои го обвинија Папата за неизјаснување на неговиот став во однос на абортусот, се влијанието поради кое поглаварот на Римокатоличката црква во понеделникот најостро реагираше по ова прашање.
„Ужасно е да се помисли дека има деца, жртви на абортусот кои нема да го видат денот“, објаснува папата Францис. Според него, за жал она што се фрла не е само храната, но исто така и луѓе.
Од неговиот избор во март, врховниот свештеник на Римокатоличката црква никогаш не го промени ставот на црквата во однос на абортусот.
Конзервативците му забележаа на папата Францис по неговото интервју во септември, кога тој во интервју за италијанскиот магазин „Civilta Cattolica“, рече дека црквата мора да се разбуди од опсесијата за абротусот, контрацепцијата и хомосексуалноста.
Во неговиот говор во понеделникот во Ватикан, тој исто така го осуди насилството во Сирија, како и другите жаришта ширум светот, образложувајќи дека мирот е под закана „од сите одбивања на човечкото достоинство“.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=10933

--- надополнето: 14 јануари 2014 во 16:19 ---
Авганистански атеист добил азил во Велика Британија за да избегне смртна казна поради својот атеизам


Адвокатите рекле дека било можно тој во Авганистан да се соочи со смртна казна поради својот недостиг од верба, бидејќи религијата таму е продрена во секојдневниот живот на земјата. Се смета дека ова е првпат британските власти да го сметаат атеизмот како основа за заштита и се очекува случајот да биде голем преседан.
Во историски случај во Велика Британија еден Авганистанец добил право на азил бидејќи се плаши од прогон поради неговиот недостиг од верско убедување.
Човекот, сега 23, пораснал како муслиман во Авганистан, но станал атеист откако побегнал во Велика Британија на возраст од 16, пишува Гардијан.
Неговите адвокати тврделе дека човекот може да се соочи со смртна казна во Авганистан поради својот недостиг од верба, освен ако не го чува во тајност, што би било речиси невозможно, бидејќи религијата таму е продрена во секојдневниот живот на земјата.
Се смета дека ова е првпат британските власти да го сметаат атеизмот како основа за заштита и се очекува случајот да биде голем преседан.
„Слободата на уверувањето на хуманистите, атеистите и другите нерелигиозни луѓе е исто толку важна како и слободата на уверувањето на верниците, но премногу често е запоставена од страна на западните влади, кои премногу тесно се фокусираат за правата на христијаните во странство, како што видовме неодамна“, рекол шефот на Британската хуманистичка асоцијација за Би-би-си.
„Убаво е да се види дека Велика Британија на ист начин ја предводи и одбраната на човековите права на нерелигиозните.“
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 16:29 ---
Православни верници протестираа пред МПЦ-ОА

Православни верници од скопско Сопиште излегоа на протест пред скопската епархија на МПЦ-ОА.

Православни верници од скопско Сопиште излегоа на протест пред скопската епархија на МПЦ-ОА. Причината според насобраните е што заедно со Епархијата во 2007-та го почнале и завршиле процесот на денационализација на земјиштето на месната црква Св. Мина. Но откако, како што изјавија верниците ги добиле државните обврзници и земјата од државата, Епархијата не се придржувала на претходните договори- заедно да одлучуваат како да се употребат средствата за нова црква и други потреби на верниците.
Додека траеше протестот, вратите на Епархијата останаа затворени. Единствени во кругот на објектот беа дел од полицајците кои го обезбедуваа настанот. До став од МПЦ се обидоа да дојдат и присутните новинари. Од кабинетот на г.г. Стефан најавија дека е подготвено соопштение од скопската епархија, но такво нешто до овој дневник не стигна.
Пред да си заминат, жителите на Сопиште најавија дека се потготвени на сите законски дозволени мерки. Ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања- МПЦ да ги консултира што ќе прави со имотот на месната црква, и да се изгради нова храм во селото. Денешниот протест сопиштани го најавија уште минатата недела, откако дознаа дека МПЦ го продала црковото земјиште во Сопиште на Цементарница, неколку дена пред нова година.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=69417#.UtVXrdJDtXc
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 16:31 ---
Македонското црковно богатство во рацете на руски тајкуни



Повеќе од 10 илјади вредни верски предмети се украдени од црквите во Македонија во последните 10 години, пишува српски „Блиц“. Според весникот, однесени се и икони со посебна вредност од византискиот период, а до сега ниту еден од тие артефакти не е вратен.
„Поголемиот дел од црквите кои се мета на крадците се наоѓаат во напуштени села. Немаат сигуроносни аларми и секој може да ја отвори врата со удар. Тоа се идеални услови за крадците“, вели Милчо Георгиевски, кустос од Охрид.
Според него, претпоставката вели дека вредните предмети се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни.
Во земјата од над 2 милиони жители, се краделе цели олтари, крстови, библии, светила, а последната голема кражба се случила во април во црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе, од која се украдени 30 икони, од кои 23 се на Дичо Зограф, еден од најпознатите сликари во 19. век. Неговите дела на продажба можат да достигнат и до десетина илјади долари, пишува „Блиц“.
Според податоците на македонското Министерство за култура, околу 200 цркви и манастири се регистрирани како национално богатство, а 2/3 од нив се многу слабо обезбедувани. Во многу случаи, локалните цркви самите ги блокираат намерите за преместување на вредните дела на друго место.

http://faktor.mk/archives/92328?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=makedonskoto-crkovno-bogatstvo-vo-racete-na-ruski-tajkuni
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 16:33 ---
http://republika.mk/?p=186608

Џихадистите можеби претераа


http://brif.mk/?p=118960&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d1%9f%d0%b8%d1%85%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d0%b6%d0%b5%d0%b1%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%b0
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Чеченскиот претседател дава 1.000 долари за секое бебе што ќе го добие името Мухамед

http://www.mkd.mk/svet/vesti/chechenskiot-pretsedatel-dava-1000-dolari-za-sekoe-bebe-shto-kje-go-dobie-imeto-muhamed
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 16:13 ---
Потресна исповед на 9-годишно девојче: Брат ми ме натера на самоубиствен бомбашки напад!

http://tocka.com.mk/1/116203/potresna-ispoved-na-9-godisno-devojce-brat-mi-me-natera-na-samoubistven-bombaski-napad
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 16:17 ---
Жестоки битки меѓу бунтовниците и џихадистите на северот во Сирија


http://makfax.com.mk/327120/zhestoki_bitki_megju_buntovnicite_i_dzhihadistite_na_severot_vo_sirija
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.740
Во Тетово

Граѓанско здружение се заканува со протести ако не се тргне таблата „Свети Илија“ на Попова Шапка и не се изгради џамија кај рекреативниот центар!

Граѓанско здружение од Тетово се заканува со протести доколку општината не ја тргне таблата на двоседот на терените на Попова Шапка на кое пишува „Свети Илија" и доколку не одреди парцела за изградба на џамија.
Како што пишува весникот на албански јазик Лајмпрес, станува збор за здружението за соживот наречено „Подај рака“, кое веќе поднело барање до општината итно да ја отстрани таблата со написот „Свети Илија“ и да испита кој го дозволил нејзиното поставување. Здружението ќе покренело и судска постапка за да се разјаснел случајот, оти според нив написот е спорен и недозволив. Исто така од општината било побарано да додели и една парцела за изградба на џамија во близина на викенд-населбата на овој рекреативен центар од причина што таа од ден на ден станувала сè понаселена и повеќе не претставувала само престојувалиште за време на викендите, туку постојано живеалиште за многу луѓе.
Ако не се исполнат овие барања, ќе се организираат протести пред општинската зграда во Тетово, најавија од ова здружение.
„Општината има рок од 30 дена да го расчисти проблемот поврзан со таблата на двоседот и со спорниот напис ‘Свети Илија’. И да додели парцела за изградба на џамија. Во спротивно ние и неколку други невладини здруженија ќе организираме масовни протести“, вели за Лајмпрес Неџат Беџети, претседател на здружението.
Од општината велат дека ги разгледуваат барањата на здружението, но дека засега немаат конкретен став за истите.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ВИДЕО: Моментот кога почна пеколот


http://www.idividi.com.mk/vesti/evropa/897517/index.html
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 11:45 ---
СЕВЕРНОКАВКАСКИТЕ ТЕРОРИСТИ ОСТАНАА БЕЗ ЛИДЕР

http://www.sky.mk/svet/403421-severnokavkaskite-teroristi-ostanaa-bez-lider


Во Лондон уапсени две жени осомничени за тероризам


http://www.plusinfo.mk/vest/122509/Vo-London-uapseni-dve-zheni-osomnicheni-za-terorizam
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 11:47 ---
Русија: Од конвертити до терористи


http://www.dw.de/русија-од-конвертити-до-терористи/a-17369182?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 11:58 ---
Чесниот крст ќе се потопи во Кочанска Река в недела напладне


http://kanal8.mk/index.php/1212-vo-nedela-se-praznuva-bogojavlenie-vodici
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 11:59 ---


МАКЕДОНИЈА | 16. JANUARY 2014 - 20:40
Борците од Македонија од арапскиот свет се енигма за безбедносните структури
Заминуваат во војна најчесто од религиозни побуди .
- Се борат за Алах, за својата вера и ако загинат во војната се стекнуваат со статус шахиди, маченици на Алах...
Но, добиваат и плата од илјадници евра, или луксузен живот,а доколку загинат парите завршуваат во рацете на нивните семејства.
- Сум ги видел нивните куќи овде, мизерни се , а таму им се нудат богати куќи луксуз, се вселуваат во домовите каде луѓето избегале поради војната.

--- надополнето: 17 јануари 2014 во 12:10 ---
Син на лидерот на Хамас: Исус е лек (видео)Posted on 17/01/2014

by Воанергес
Јусеф Мосаб Хасан, поранешен лидер на Исламската младина на Палестина и син на шеикот Хасан Јусеф, еден од основачите на Хамас, радикална исламистичка терористичка организација, премина во христијанството! И не само што се преобрати, туку и даде интервју во кое остро проговори против исламот, осудувајќи го дека е насилна религија!

Проблемот е во самиот исламски бог. Тоа е шокантно. Тој е бог на мачењето и обманите, тоа е она што тој го говори за себе“, изјави Хасан.
На констатацијата на новинарите дека со таквата изјава многу ќе ги налути милионите муслимани ширум светот, одговори дека не сака да ги навреди муслиманите, бидејќи тие се и негово семејство.
Некои ќе се навредат, но сигурен сум дека некои ќе се разбудат, рече тој. А на предупредувањето на новинарот дека „некои ќе се обидат да го убијат“, тој одговори:
„Да. Ќе го убијат моето тело, но што е со мојата душа и моите идеи, моите верувања кои ги делам со сите? Дали е можно тоа да го убијат? Не верувам“.
Тој рекол дека секој муслиман кој верува дека она што го пишува во Куранот дошло од Бога е „болен и му треба помош“.
Верувам дека исламот веќе пропаѓа. Однадвор изгледа како да расте, но одвнатре пропаѓа. Тој не им помага на луѓето. За десет години нема да го има, заклучи Мосаб Хасан.
Тој проговори и за Хамас, велејќи дека во таа организација секој се сомнева во секого.

Хамас почнува да се сомнева во се. Во самите себеси, во своите жени, во своите деца, во сите. Тие ги мачат и убиваат сопствените луѓе. Им бодат игли под ноктите – вели, обвинувајќи го лидерот на Хамас како најодговорен за мачењето на сопствените луѓе.
Тој тврди дека исламот најмногу од сите религии си противречи самиот себеси, а дека религиозните и другите лидери користат одредени делови од Куранот, како им одговара во одреден политички момент.
Го засакав Исус бидејќи тој рекол: „Љубете ги вашите непријатели“. Тоа е нешто што ме допре и ми го промени животот засекогаш. Тоа ми беше како лек. Куранот беше како дрога, вели Мосаб Хасан.
Кога ја објави книгата „Син на Хамас“, неговиот татко, шеикот Јусеф Хасан јавно се откажа од него.
Ќе ве замолам да се молите за моето семејство. Јас ги знам нивните срца, тие се добри луѓе.
Но, за жал, нивниот бог не поседува ни минимум хуманост, тој сака да бидат ѕверови. Нашиот проблем е во нивниот бог, во нивната идеологија. Треба да се направи разлика помеѓу муслиманите и исламот. Муслиманите се прекрасни луѓе. Проблемот е во исламскиот бог. Ова го говорам како авторитет кој точно знае што е исламот. Моето мислење е дека тоа е најголемата лага во историјата, рекол Мосаб Хасан.
Тој наведува дека најголем проблем е што четвртина од популацијата смета дека тоа е религија од Бога.
Проблем не се муслиманите. Тие се големи и прекрасни луѓе. Тие се мој народ и ја разбирам нивната тага, го познавам нивното страдање и нивните срца. Кога ќе отидете било каде на Блискиот Исток, кај муслимани, ќе ја видите нивната страст, нивната гостопримливост и ќе бидете збунети. Тие се подобри од голем број христијани.
Но, не ги споредуваме луѓето, туку идеологиите. Отворете го Куранот, сура 9, стих 5 и ќе видите што богот на Куранот бара од сите нас да направиме кон секој. Не се муслиманите виновни што се родени во таква култура, но тие треба да го признаат фактот – рекол Мосаб Хасан и додал:
„Изгледам како предавник затоа што му го давам на мојот народ она што му е потребно, а не она што го сака“.

--- надополнето: 17 јануари 2014 во 12:19 ---
Бројаницата е молитвен меч против злото

Posted on 17/01/2014by Воанергес
Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол. Според преданието, ѓаволот не може да ја расплете бројаницата направена со по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот

Тренд на носење накит со верски симболи
Господи Исусе Христе, сине божји, помилуј ме грешниот!
Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа Исусова молитва, допирајќи го посебно секое топче од бројаницата.
Велат дека целта на молитвата е да го соедини човекот со Бог и да го исполни неговото срце со светлината на божествената благодат. Вака теолозите го објаснуваат значењето на молитвата со бројаница, која многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење.
Интересна е, пак, појавата на оние што се декларираат како атеисти, а носат накит со верски симболи, како што се синџирчињата и алките со бројаници.
Инаку, бројаницата се смета за еден од најстарите начини на молитва, која особено ја негуваат православните монаси, а со која се брои изговорената молитва, а секој јазол од бројаницата означува едно кажување на молитвата.
- Бројаницата е молитвено оружје на монасите, монахињите и на сите христијани. По замонашувањето секој монах добива бројаница од својот духовен отец.
Таа е молитвен меч за прогонување нечисти сили – напишал теологот Ратомир Гроздановски, професорот на Богословскиот факултет на својата интернет-страница.
Освен молитвите што се наоѓаат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, црквата ги благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат. Сметаат дека токму бројаницата може да им помогне во тоа.
Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол.
- Бројаниците најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец, поради црната боја, која се смета за симбол на покајанието. Но можат да се најдат и во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли, што ги симболизираат годините на Исус. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1.000 јазли – објаснува свештеник од скопската епархија.
Според преданието, свештениците раскажуваат дека околу четвртиот век по Христа, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да ги одбројува своите молитви. Демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило.
Еднаш му се јавил ангел господов и го научил да плете јазли, кои се состоеле од по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот. Се смета дека така направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.
Теологот Гроздановски истакна дека е добро молитвата да се кажува редовно, во одредено време на денот, односно наутро и навечер. Тоа помага умот полесно и побрзо да се концентрира на зборовите од молитвата. Верниците можат да се молат секогаш и насекаде, а тоа да не го знае никој друг, освен Господ, кому и му е посветена молитвата. Молитвата, според Гроздановски, треба да се извршува во покајание и смирение.

http://vistinatakeveoslobodi.wordpress.com/2014/01/17/бројаницата-е-молитвен-меч-против-зло/#more-3516
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 12:39 ---
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 21:33 ---
АБЕ ПА НЕЛИ ВО ЕГИПЕТ ИМ ЗАБРАНИЈА ТАКА ДА ГО НАРЕКУВААТ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom