Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Папата Франсис ќе смени хрватски бискупи поради национализам


http://a1on.mk/wordpress/archives/262646
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:33 ---
Арифи кај владиката Јосиф



03.01.2014 16:22
http://www.mrt.com.mk/node/1852
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:34 ---
Нова монографска книга за МПЦ-ОА

Објавено: 13:01, 03/01/2014 Прегледано: 197 пати.
http://a1on.mk/wordpress/archives/262593
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:37 ---
Полицијата во Индонезија спречила терористички напади


http://www.makdenes.org/archive/news/20140103/428/428.html?id=25219467
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:39 ---
Во Израел уапсени осомничени за бомбашкиот напад врз автобусот во Тел Авив


http://makfax.com.mk/326365/vo_izrael_uapseni_osomnicheni_za_bombashkiot_napad_vrz_avtobusot_vo_tel_aviv
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:41 ---
„Џихад Џејн“ ја очекува својата пресуда


http://libertas.mk/џихад-џејн-ја-очекува-својата-прес/
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 17:58 ---
БиХ: Во џамиите ќе се одржат молитви за поддршка на Ердоган


http://netpress.com.mk/bih-vo-dzamiite-kje-se-odrzhat-molitvi-vo-poddrshka-na-erdogan/
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 18:03 ---
Четитка до г.г Стефан по повод Божик од Комисијата за верски заедници


http://www.sitel.com.mk/mk/chetitka-do-gg-stefan-po-povod-bozhik-od-komisijata-za-verski-zaednici
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 18:03 ---
Божикен ручек за 400 деца

http://www.sitel.com.mk/mk/bozhiken-ruchek-za-400-deca
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 18:05 ---
Денеска е Света маченичка Јулијанија – христијанката која настрада поради верата

Оваа славна девица и маченичка е родена во Никомидија од родители кои не верувале во Бога.

http://netpress.com.mk/deneska-e-sveta-machenichka-julijanija-hristijankata-koja-nastrada-poradi-verata/
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 18:07 ---
Честитка од Комисијата за верски заедници по повод Божик до Евенгелско-методистичката црква


http://www.sitel.com.mk/mk/chestitka-od-komisijata-za-verski-zaednici-po-povod-bozhik-do-evengelsko-metodistichkata-crkva
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.038
Поени од реакции
83.473
Либија

Запалена стара библиотека на грчки православни свештеници во Триполи, изгореле над 50 илјади книги

Со децении стара библиотека во сопственост на грчки православни свештеници во Триполи, мнозински сунитски град, била запалена во петокот, изјавиле безбедносните сили.


„Непознати напаѓачи ја запалиле библиотеката Саех во Триполи, при што биле уништени две третини од околу 80.000 книги и ракописи кои таму се чувале“, изјавил анонимен извор за Франс прес.
„Меѓутоа, се стравува дека водата која била користена за гасење уништила дополнително количество од книгите“, додал изворот.
Нападот следел еден ден откако „во една книга во библиотеката бил откриен леток со навредлива содржина за исламот и пророкот Мухамед“, изјавил тој.
„Откако сопственикот на библиотеката, отецот Ибрахим Суруж се состанал со исламските лидери во Триполи, објаснил дека нема никаква врска со летокот, па демонстрациите кои биле планирани во знак на протест поради инцидентот биле откажани. А потоа вечерта библиотеката била запалена“, изјавил изворот.
Библиотеката се наоѓа во историскиот центар на Триполи, вториот по големина град во Либија и место на чести насилства поврзани со Сирија, односно судири меѓу припадниците на сунитите и малцинските алавити кои го поддржуваат режимот на Башар Ал Асад во Дамаск.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
БОМБАШИ-САМОУБИЈЦИ ГО СТРЕСОА ВОЛГОГРАД
ПУТИН МУ ОВЈАВИ ВОЈНА НА ЏИХАДОТ

http://dnevnik.mk/?ItemID=E232DF554B286C47AABA3423E2425090

--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:37 ---
Христијанските вредности најдобро се пренесуваат со личен пример


http://www.dw.de/христијанските-вредности-најдобро-се-пренесуваат-со-личен-пример/a-17341409?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:41 ---
ВИДЕО: Како децата во Авганистан си играат бомбаши-самоубијци

http://a1on.mk/wordpress/archives/263024
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:44 ---
OТКРИЕНИ НЕОБИЧНИ ГРОБОВИ ВО СИБИР

http://mkd-news.com/otkrieni-neobichni-grobovi-vo-sibir/
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:49 ---
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1414654573&id=9&setIzdanie=23068



Не постојат лоши луѓе, само несреќни
 
S

Sagan

Гостин
Бугарски свештеници се закануваат дека ќе прејдат во МПЦ – ОА
http://www.plusinfo.mk/vest/121281/Bugarski-sveshtenici-se-zakanuvaat-deka-kje-prejdat-vo-MPC--OA

Неврокопски попове плашат, че ште преминат в македонската ц'рква
Трима свештеници от т.нар. в миналото алтернативен синод заплашиха, че ако изборите в Неврокопска епархија за митрополит се проведат на 12 јануари, те ште преминат к'м Македонската православна ц'рква...
http://www.blitz.bg/news/article/242395
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Пред Бадник – палење на коледарските огнови



Православните христијански верници во земјава утре го слават бадник, ден пред големиот празник, Рождеството Христово, Божик.

Во пресрет на Бадник, вечерва во скопските маала и во други населени места во земјава, ќе се одржат народни собири, со традиционално палење бадникарски огнови. Рано изутрина, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.
Македонскиот народ, со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е празник и матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера!

http://www.mrt.com.mk/node/1899

--- надополнето: 5 јануари 2014 во 15:56 ---
Папата ќе ја посети Светата земја кон крајот на мај


http://makfax.com.mk/326461/papata_kje_ja_poseti_svetata_zemja_kon_krajot_na_maj
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 15:58 ---
Фотографија од сириско дете го потресе светот: Сите ќе ве кажам на Бога!


http://kurir.mk/svet/vesti/143358-Fotografija-od-sirisko-dete-go-potrese-svetot-Site-ke-ve-kazam-na-Boga
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 16:06 ---
Во Сирија загинал еден од водечките балкански салафисти


http://republika.mk/?p=182088
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 16:11 ---
Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 декември.
Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер.
http://www.sitel.com.mk/mk/deneska-e-sveti-naum-ohridski-chudotvorec
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Пагански обичаи или не, коледарските огнови ќе изгорат илјадници евра!




Ниту сиромаштијата, а ниту загадувањето не ги предомисли дел од општините и граѓаните за традиционалното горење на огнови за Бадник. Поголемиот дел од скопските општини веќе одамна се подготвени за огновите пред големиот христијански празник Бадник, предвесник на раѓањето Христово-Божиќ. Секоја година близу 20 000 евра за неколку часа горат во пламените јазици на коледарските огнови. Стотици граѓани се топлат покрај огновите со греана ракија, чај и богата трпеза. А, има и песна!
Во општина Карпош 14 урбани заедници, вклучително и за централната прослава во Влае ќе се изгорат 70 кубици дрва. Во општина Центар ќе има огнови во скоро сите маала. И оваа година се предвидени околу шеесетина кубици за коледарските огнови, а уште толку ќе им се доделат на социјално загрозените семејства. За разлика од општините кои не се откажуваат од традиционалните адети, во Ѓорче Петров и оваа година нема да даваат дрва за горење на улиците и на јавните места, освен за црквата каде ќе се одржи централната манифестација. Огревно дрво поделиле на 15 социјално загрозени семејства. Слична практика ќе се применува општината Бутел.
Општина Аеродром години наназад троши најмногу дрва за огрев споредено со другите скопски општини. Годинава се предвидени околу 200 кубни метри кои ќе ги распоредат по месните одбори. Се на се, многу дрва, многу оган и многу пари!
Пагански обичај-рисјански пари!
Свештениците поделени во ставот околу палењето на огновите и општата веселба. Дел од нив апелираат да се напушти славењето на Бадник со големи огнови на јавни места, со веселби на кои се пие алкохол, се јаде многу месо и се слуша гласна музика бидејќи оваа традиција е паганска практика и не е во духот на Бадник, кога треба да се покаже скромност и воздржаност , и посната бадникова вечера како навестување на големиот христијански празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната божиќна литургија не смеат да бидат заменети со маалските огнови и со култот на греаната ракија. Но, други пак, сметаат дека нема ништо паганско во овој на чин на празнување. Различните ставови на свештениците ги збунија граѓаните. “Ние имаме долгогодишна традиција во маалото за палење оган и подготвување на богата трпеза како за возрасните така и за најмалите, кои неколку часа порано доаѓаат на нивната забава. Досега не се случиле инциденти, имало и многу музика, оро и стотици граѓани кои доаѓаат на прославувањето. Е, сега може и некоја чашка плус да се испие од греаната ракија, ама за циркулација, подобро да се издржи на ладното.„Секогаш на ваквите собири имало и поп, една година и тројца беа дојдени. Некои попови велат дека ова се пагански обичаи, незнам, ама убаво е волку народ да се собере на едно место. Дали треба или не, и како треба овој обичај да се прави по правила посебни, незнам, ама ние си ја тераме онака како што се правело и пред десет години. Мора да се почитува адетот, па инаку стануваме се потуѓи”-вели жител на скопската општина Аеродром.

Во палењето на огновите нема никаков паганизам-тврди отец Томе Петковски.
Повеќе тука: http://faktor.mk/archives/91349

 
S

Sagan

Гостин
Некаде у Сирија, 04/01/2014
Има да га кљечиш и да га клањаш, ако не...
25 камшика за оние кои не пошле на петочна молитва.
Казната е извршена од членови на исламистичката организација Ахрар ал-Шам.

Да потсетам, западот на чело со САД ѝм дава поддршка на ваквите ретардирани мајмуни.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Денес е Бадник




Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Една поговорка вели „Пред Божик, зад Божик дома да си“, што има значење дека за време на овојпразник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Христос.
Денес е Бадник ден пред Божик и православните христијани со многу внимание и почит го празнуваат. Со овој празник македонскиот народ поврзал многу обичаи и симболи од кои најдолго се задржале коледарските песни и огнови, бадниковото дрво и лебот со паричка. Една поговорка вели „Пред Божик, зад Божик дома да си“, што има значење дека за време на овојпразник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето наХристос. Оваа вест ја носат коледарчињата кои одат од куќа во куќа и пеат коледарски песни, а домакинките ги даруваат со костени и посни колачиња. Децата ги симболизираат ангелите, а пеењето вест за Христовото раѓање. Постои уште една симболика. Децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред Младенецот. Овој празник е центарот на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Овој обичај во битолскиот ртегион се практикува за празникот Василица. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/3143-denes-e-badnik
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:03 ---
Бадникување пред Соборниот храм во Скопје

http://www.makdenes.org/archive/news/20140106/428/428.html?id=25221767
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:04 ---
Коледарски огнови во Битола


http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/3145-koledarski-ognovi-vo-bitola
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:06 ---
Бадниковите огнови го осветлија Прилеп


http://makfax.com.mk/326504/badnikovite_ognovi_go_osvetlija_prilep
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:09 ---
И шести државјанин на БиХ загина на боиштето во Сирија


http://makfax.com.mk/326482/i_shesti_drzhavjanin_na_bih_zagina_na_boishteto_vo_sirija
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:09 ---
Кина: Во стампедо во џамија 14 мртви


http://www.sky.mk/svet/402591-kina-vo-stampedo-vo-djamija-14-mrtvi
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 14:10 ---
НОВИНАР СЕ ОБЛЕКОЛ КАКО СИРОМАВ И ЧУКАЛ НА ВРАТА НА ЦРКВИ И ЏАМИИ – ЕВЕ ШТО ДОБИЛ

http://mkd-news.com/novinar-se-oblekol-kako-siromav-i-chukal-na-vrata-na-tsrkvi-i-dhamii-eve-shto-dobil/
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.038
Поени од реакции
83.473
Новинар се облекол како сиромав и чукал на врата на цркви и џамии – еве што добил

Новинарот од Србија Момчило Петровиќ раскажува што му се случило и како бил пречекан откако се облекол како сиромашен човек и почнал да чука на портите на верските објекти за да бара малку храна.
Вели дека можеби би било и неисправно да ги нарече лоши луѓе оние кои што не му ја удоволиле молбата да го нахранат. Експериментот го направил минатата година – но она на што наишол е навистина за зачудување.

„Можеби во нивните очи не сум им бил вреден за милосрдие“, вели Петровиќ.
Од друга страна им се извинил на сите оние добри луѓе кои го нахраниле за неговото лажно претставување.
Во првата католичка црква во „Свети Анте на Ѕвездара“ ја згужвал капата во рацете и чекал да го примети една забрадена жена.Откако го погледнала увидела дека не го познава и продолжила со своите вообичаени активности. Новинарот кој никогаш дотогаш не молел за храна, изговорил дека е гладен и побарал малку храна.
„Не беше зачудена и не бараше дополнително објаснување. Ме однесе во дворот каде што ме пречека една помлада жена, која пак ми одговори дека мора да го праша свештеникот на црквата. Останав пред вратата да чекам, а кога се појави ми подаде најлон со леб, кутија сардини и едно варено јајце.
Неговата наредна станица била црквата „Свети великомаченик Димитрија“.
Монументалната нова изградба воопшто не наликувала на оние градби на храмови од средновековието. Го погледнал мермерниот под, а речиси секаде околу него блескало од злати предмети. Почекал да заврши со броењето на парите на една од жените кои прадавале свеќи. Таа откако го забележала му одговорила дека ова е црква и дека овде нема храна.
„А да го прашам свештеникот?“, прашал Петровиќ.
„Нема никого, сите си заминаа“, му одговорила жената.
Во Црквата Света Петка поминал слично како и на претходното место, останал гладен, откако и жената која што продавала свеќи се однесувала нељубезно кон него, а свештеникот не бил во храмот.
„Бајракло“ џамијата која е единствена во Белград, изградена во XVI век, во последните 12 месеци била претворена како образовна институција на исламската заедница во Србија. Чукнал во една од просториите, а таму начекал тројца мажи кои најпрвин го гледале како малоумен, а потоа му објасниле дека не држат храна и дека не можат да му помогнат, па продолжиле да се смеат веднаш штом ја затворил вратата.
„Работата како просјак брзо се учи“, вели Петровиќ.
Во следната црква „Свети Александар Невскок“, влегол рутински, а таму го пречекал помлад човек со брада и му објаснил дека во близина има добротворна кујна каде што секој може да добие оброк.
Новинарот се помолил говорејќи „Ниту него боже не го заборавај, награди го и него, а со овие другите прави што сакаш. Јас само ти пишувам што тие прават, додека мислат дека не ги гледаш“, пишува Петровиќ

Ахмети упати честитка по повод големиот христијански празник Божик

Погледи:42| јануари 6, 2014 15:28

Сподели
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети до православните верници упати честитки по повод големиот православен празник – Божик.
- Божик е еден од најголемите христијански празници што ги зближува луѓето не само со Бога, туку и помеѓу себе. Истовремено ја промовира меѓусебната почит, љубов и соживот. Православните верски празници исто така претставуваат повод да се навратам на растечката заедница на православните Албанци во Македонија и да го поздравам нивното навраќање кон своите корени. Се надевам дека овогодинешниот голем празник Божиќ ќе донесе спокој, радост и среќа при вашите домови, се вели во Божиќната честитка од Ахмети.


Наоми Кемпбел, Том Хенкс, Џејмс Белуши, Ким Кардашијан... се делот од холивудскиот џет сет, кој сега слави Божиќ, заедно со останатите православни браќа по светот.



И нормално, може ли Божиќ или Велигден без обид да се заслужат саудијските пари:

Делумно опожарена црквата Света Петка во село Велмевци

декември 14, 2013


Вчера претпладне во полициска станица Демир Хисар Ј.Ф.(76) од селото Велмевци се јавил и пријавил дека на 7 декември околу 13 часот засега непознат сторител подметнал пожар во внатрешноста на црквичето „Света Петка“ лоцирано во атарот на селото Велмевци.
Во пожарот изгорени биле 2-3 икони и опожарена била внатрешноста на црквата. МВР го истражува случајот.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Шкотланѓанката која преминала во ислам: Исламот е помирољубив и помирен

Ш​
котланѓанката Кимберли Давидсон, која пред седум години решила да прими ислам, изјавила дека многу е среќна затоа што ја избрала верата на мирот.
Давидсон рекла дека одредени пријатели, откако станала муслиманка, ја исфрлиле од листата на пријатели на социјалните мрежи, и дека имала полна подршка од семејството кое нејзината одлука ја дочекале со зборовите: „Ако ти си среќна и ние сме среќни“.

Давидсон во склоп на донаторските проекти на Европската унија го посетила турскиот град Газиантеп, каде работела на системите на образованието. Својата приказна за преминувањето во ислам ја раскажува вака:
„Како секретарка во една институција, Давидсон Куранот го прочитала на англиски јазик. На 20 години решила да прими ислам и со своето семејство разговарала во врска со тоа. Татко кој е од католичка вероисповед со нејзината мајка со почит ја примиле нејзината одлука и и рекле: „Ако ти си среќна и ние сме среќни“. Давидсон изјавила дека Куранот и делувал многу блиску, а подоцнежниот период го опишала со следните зборови: „Кога го прочитав Куранот, почуствував дека е ми е многу близок. Имав и пријатели муслимани. Разговарав и со нив. Од нив дознав за вредностите кои се важни за муслиманите, важноста на семејството и за стилот на животот. Тоа е она што најмногу ме потикна. После тоа отидов во џамијата, изговорив келиме – шехадет и станав муслиманка. Со петгодишни деца одев во мектеб за да научам што повеќе за својата вера.“
Давитсон оценува дека исламот е помирољубив и помирен, а потоа додава: „Многу сум помирна. Позната ви е европската култура, луѓето постојано излегуваат во град, во ноќни клубови. Не отидов никако затоа што примив ислам. Не конзумирав ниту алкохол. Таа вели дека луѓето понекогаш чудно ја гледаат затоа што носи шамија, но дека воглавно на работа оди слободно, и дека никој не и се меша.
„Луѓето не можат да разберат. После мојата одлука имаше пријатели кои ме избришаа од листата на пријатели на Фејсбук. Меѓутоа, имав доволно подршка од моето семејство. Некои велеа дека исламот како вера доволно не ги цени жените, и дека тие се на едно ниско ниво“, вели Давидсон, велејќи дека и пред да прими ислам се чуствувала како муслиманка.
Давидсон на крајот истакнува дека кај неа најмногу влијаеле сурата Ел Бекара и хадисот на Мухаммед, а.с., - „Џеннетот е под мајчините нозе“.

(ТРТ)
www.islamski-centar.org
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ovaa vest ( pogore ) e pastirana najamalku 3 pati i taa celo vreme ja vrtite
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:27 ---


Среда, 20 Ноември 2013
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:28 ---
Во 2013 поради религија убиени 2.100 христијани


Бројот на христијански верници, убиени ширум светот поради религија, е два пати поголем во 2013 година, во однос на претходната и изнесува 2.123.
Во извештајот на организацијата „Отворени врати“, стои дека во 2012 година беа убиени 1.201, а тој број само во Сирија минатата година е надминат и изнесува 1.213.
-Ова е сосема мал попис заснован на основа на извештајот во медиумите, кои што и ние можеме да ги потврдиме-изјави шефот на истражувачкото одделение во организацијата, Франс Вирман.
Според други христијански организации тој број е многу поголем и изнесува околу 8.000 убиени христијани, пренесе „Ројтерс“.
Северна Кореја е на првото место од 50-те најопасни држави за христијаните и тоа не е променето веќе 12 години, а веднаш зад неа следат Сомалија, Сирија, Ирак и Авганистан.
Организацијата наведува дека е забележан пораст на насилството над христијаните и во Африка.
Христијанството е најголема религија во светот, со 2,2 милијарди верници или 32 проценти од светското население.

http://a1on.mk/wordpress/archives/264610
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:34 ---
Шведски политичар: Силувањето е муслимански казнен метод


Потпретседателот на шведската екстремно десничарска партија Шведски демократи во Кралскруна, Микаел Хес, напишал на Фејсбук дека „силувањето е длабоко вкоренето во исламска култура“.

Оваа изјава, која доби голем публиците, но наиде и на остри критики во шведските медиуми, прес-секретарот на Шведските демократ Линус Билунд не ја оценува како израз на расизам, туку дека, според Билунд, станува збор за факти, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

- Во Куранот стои дека силување може да се користи против жени кои биле неверни. Тоа е муслимански казнен метод, вели Линус Билунд за весникот „Блекинге Ленс Тиднинг“.

Билунд сега истакнува дека бил погрешно цитиран во однос на изјавата околу Куранот.

Но, тој и понатаму останува при тврдењето дека силување и сексуалната злоупотреба на жени наводно претставува муслимански казнен метод.

Шведски демократи се парламентарна партија и според актуелните испитувања на јавното мислење се трета по големина шведска партија. Својот профил оваа партија го има изградено врз база на крајно нетолернтни ставови кон имигрантите и заложби за драстично ограничување на бројот на бегалците и доселениците во земјата.

Шведските демократи пред извесно време го привлекоа вниманието во пошироката европска јавност со тоа што изразија поддршка на иницијативата за формирање десна радикална алијанса на ЕУ, иако претседателот на Шведските демократи, Јими Окесон, се уште не потврдил дали неговата партија има намера да се приклучи кон споменатата алијанса по изборите за Европарламентот во мај годинава.
http://www.plusinfo.mk/vest/121552/Shvedski-politichar-Siluvanjeto-e-muslimanski-kaznen-metod

--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:38 ---
Преобратени христијани во служба на радикалниот ислам
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:40 ---
08.01.2014 | 19:05
Уште еден Косовец убиен во Сирија како и 19 годишно момче од Нови Пазар


http://lider.mk/2014/01/08/uste-eden-kosovec-ubien-vo-sirija/
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:41 ---
08/01/2014, 15:48 Повеќе →
200 косовари се борат во Сирија,властите готват кривични санкции за борците
http://lokalno.mk/200-kosovari-se-borat-vo-sirijavlastite-gotvat-krivichni-sankcii-za-borcite/
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:46 ---
Втор ден Божик

Среда, 08 Јануари 2014 18:00

Христовото доѓање е најголем дар за нас луѓето. На овој ден да не се заборават сиромашните, да им се помогне на беспомошните", е пораката која се праќа на вториот ден од Христовото раѓање
Во православните храмови се пееја утринските литургии во чест на вториот ден од Христовото раѓање, посветен и на мајката божја пресвета Богородица.
И денешниот ден има исто големо значење за Христовото рождевство, да не се заборават црквите, граѓаните да одат во храмовите и да се помолат за спасение и прошка.
Во православната црква Божиќ почнува да се празнува при крајот на третиот век. Црквата тогаш за поважно го сметала духовното раѓање, отколку телесното раѓање. Црквата Божиќ слави три дена. Христос се роди, навистина се роди!

Денес именден слават Божин, Бошко, Божана, Богомил.
Вчера беше првиот ден од Божиќ , ден на Христовото раѓање според христијанската традиција .Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и МПЦ, го прославуваат Божик на 7 јануари. Според обичаите за Божик се станува рано, пред сонцето, а важна личност во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Инаку христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие доаѓање е најавено во Стариот Завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизам. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји,кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда.

Утре пак православните верници го празнуваат Свети Стефан, или трет ден Божиќ. Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан e еден од првите седум ѓакони ракоположени од светите апостоли и првиот маченик за Христа
Православната Црква го празнува споменот на Свети Стефан на 9 јануари.
http://www.tera.mk/2014010874856/aktuel/vtor-den-bozhik
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:47 ---
(ФОТО) Македонците во Албанија го прославија Божик


http://falanga.com.au/foto-makedoncite-vo-albanija-go-proslavija-bozik#
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:48 ---
Божикен ручек на 400 деца


http://www.mrt.com.mk/node/2014
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:48 ---
БРИСЕЛ ИМ ГО ЧЕСТИТА БОЖИК НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

http://dnevnik.mk/?ItemID=4AFA5DFF54AA4646AD40498405FCD546
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:49 ---
Пропаѓа непроценливата црква Свети Ѓорги во Курбиново

http://www.mkd.mk/makedonija/propagja-neprocenlivata-crkva-sveti-gjorgi-vo-kurbinovo
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.038
Поени од реакции
83.473
Црквата нешто крие?
Се зголемува бројот на истерувачите на ѓаволи
Католичката црква во Италија и Шпанија наводно го зголемува бројот на свештениците што се тренирани за истерување на ѓаволи по порастот на окултните обреди и среде сѐ поголемиот број повици од луѓе за помош, пренесува Индипендент.

Епархијата во Милано неодамна именувала седум нови истерувачи на ѓаволи, а Католичката црква на Сардинија испратила тројца свештеници во Рим за да го стекнат потребното знаење за истерување ѓаволи за да се справи со сѐ поголемиот број луѓе што практикуваат црна магија, пагански обичаи и сатански ритуали, јавува британскиот весник.
Во Мадрид осум свештеници го завршиле тренингот за истерување ѓаволи за да се справат со „невидениот пораст“ на случаи во кои луѓето биле опседнати од демони.
Ова зголемување има и за цел да се излезе на крај со самопрогласените истерувачи на ѓаволи кои изведуваат нелиценцирани ритуали на истерување на ѓаволи.
Отецот Франческо Бамонте, претседател на Асоцијацијата на истерувачи на ѓаволи со седиште во Италија, тврди дека црквата нема доволно истерувачи на ѓаволи за да им помогне на сите луѓе и додал дека бројот на демонските опседнувања е во пораст затоа што луѓето се вртат кон окултното.
„Неколкуте истерувачи што ги имаме не можат да излезат на крај со сите повици за помош“, изјавил Бамонте.
Католичката енциклопедија истерувањето на ѓаволите го дефинира како „чин на исфрлање или одбивање на демони или зли духови од луѓето и предметите за кои се верува дека се опседнати или инфицирани со нив или можат да станат жртви или инструменти на нивните нечисти намери“.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Денеска се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан


Каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.


На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.
Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.
И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.
Народот го празнува Свети Стефан на 9.I./27.XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.
Тропар
Свети првомаченик и архиѓакон Стефан
Првомаченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!
(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)

http://kurir.mk/makedonija/vesti/143667-Deneska-se-praznuva-spomenot-na-svetiot-arhigakon-i-prvomacenik-Stefan
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:47 ---
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:55 ---
ВИДЕО: Папата го прекрши протоколот и го воодушеви светот - еве како


http://www.press24.mk/video-papata-go-prekrshi-protokolot-i-go-voodushevi-svetot-eve-kako
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:56 ---
ВИДЕО: Исламисти го забранија Интернетот


http://netpress.com.mk/islamisti-go-zabranija-internetot/
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:56 ---
Овој човек мисли дека е Исус, заедно со стотици жени кои го следат низ светот

http://sky.mk/svet/402817-ovoj-chovek-misli-deka-e-isus-zaedno-so-stotici-zheni-koi-go-sledat-niz-svetot
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:57 ---
"Мамо го видов Исус" - сведоштво на детенце кое "се вратило од мртвите"


http://www.press24.mk/mamo-go-vidov-isus-svedoshtvo-na-detence-koe-se-vratilo-od-mrtvite
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 13:58 ---
Убиен 19-годишен српски вахабист

http://netpress.com.mk/ubien-19-godishen-srpski-vahabisti-pri-borba-vo-sirija/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom