Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ВНИМАВАЈТЕ: ЛАЖНИ ПОПОВИ ОДАТ ОД ВРАТА НА ВРАТА И БАРААТ ДОНАЦИИ

Облечени во црни мантии и со долги бради, лажни свештеници тропаат на вратите на граѓаните во поголемите населби и градови во државата, им продаваат икони и разни црковни пари, а за возврат им бараат пари. Ваквата измама им ги полни џебовите на самоповиканите собирачи на донации, кои се претставуваат како црковни работници, пишува Нова Македонија
На верниците им се бара да дадат онолку пари колку што сакаат или, пак, им велат дека дадените пари се донација за обнова на одредени верски храмови или манастири.

Од скопската епархија најостро го осудуваат лажното претставување на поединци или групи што во името на МПЦ-ОА или на одделни верски храмови нудат и продаваат разни црковни предмети по домовите на православните христијани во поголемите градови во државата. Истакнуваат дека обично лажните свештеници се претставуваат дека работат во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, црквата „Света Петка“ или во Бигорскиот манастир.
- Тие воопшто немаат врска со МПЦ, односно не се испратени од наша страна. Доколку на врата се појават вакви лица, замолуваме да ги легитимирате и да нѐ известите или, пак, едноставно сметајте дека лажно се претставуваат во името на црквата. Пријавете ги на телефонот 02 3230-697 – соопштуваат од скопската епархија.
Оттаму напоменуваат дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденски водосвет, а кои се испратени од свештенството во храмовите од оваа епархија.

http://mkd-news.com/vnimavajte-lazhni-popovi-odat-od-vrata-na-vrata-i-baraat-donatsii/
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Секоја трета мажен турчинка е неполнолетна​
Секоја трета мажен турчинка е неполнолетна, а многу од ними се дури и недоброволно мажени. Смртта на една 14 годишна мајка, која штотоку го родила нејзиното второ дете, повторно ја разбранува модерна турција.​
По овој повод пред некој ден беше презентиран и еден нов игран филм, кој го тематизира баш оваа традиција. Филмот е направен по вистинската случка на 14 годишната почината (двократна) мајка.​


 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Го малтретирале и снимале: Горјачев ги исекол вените поради исламисти

Илја Горјачев, лидер на десничарското движење "Руски образ", ги пресекол своите вени, но поради брзата интервенција на лекарите преживеал и бил сместен во друга ќелија.

Марк Фејгин, адвокатот на Горјачев, веста за обидот за самоубиство ја објавил на својот профил на Твитер, со фотографија од документот на кој бил медицинскиот извештај за здравствената состојба на Горјачев.

Инцидентот, објаснува Фејгин, се случил на 22. јануари. Во потврдата на лекарите било наведено дека на Горјачев двете подлактици му биле пресечени, по што бил префрлен во друга ќелија.



"Горјачев минатата седмица бил префрлен во ќелија број 116 заедно со 30 исламисти во московскиот затвор. Сметаме дека Истражниот комитет на тој начин сакал да изврши притисок врз осомничениот. Исламистите почнале да го малтретираат и понижуваат, и сакале сето тоа да го снимат со мобилен телефон. Неговата состојба сега е стабилна", вели адвокатот.

Потсетуваме, руските безбедносни служби го барале Горјачев поради тоа што се товари за 11 убиства, а налог за негово депортирање од Белград бил потпишан на 24. октомври минатата година.

http://tocka.com.mk/1/117356/go-maltretirale-i-snimale-gorjacev-gi-isekol-venite-poradi-islamisti
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:41 ---
29.01.2014, 13:41
ДИВИ КОПАЧИ БАРАЛЕ ЗЛАТО ВО СТАРИОТ МАНАСТИР СВЕТИ АНАСТАСИЈ, НАШЛЕ ЧОВЕЧКИ КОСКИ
Диви копачи и трагачи по закопано богатство копале во внатрешноста на стариот манастир Свети Атанасиј во близина на Лешок, но место злато пронашле човечки коски. Тие ископале две големи дупки во внатрешноста на објектот. Во едната од двете дупки, како што подоцна е утврдено, имало неколку коски од човечки скелет.

Скврнавењето на овој верски објект, го пријавил претставник на Црковниот одбор од Лешок, по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. Местото е фотодокументирано а коските се дадени за натамошни анализи.
Стариот манастир Свети Атанасиј се наоѓа покрај патот Лешок-Брезно, на нецел километар од истоимениот манастирски комплекс во село Лешок. Иако спаѓа во редот на најстарите манастири во полошкиот регион и е ставен под заштита на државата, тој се наоѓа во тешка руинирана состојба, а дополителни оштетувања се направени и за време на конфликтот во 2001 година. Овој манастир во неколку наврати бил цел на дивите копачи кои, барајќи скриено богатство, само прават непроценлива штета на овој вреден историски објект.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=4422BACCA0C2014483190EB6AD9E4FF7
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:42 ---
ПОА: Вранишковски лежеше и лежи в затвор поради верска омраза


Поглаварот на Православната охридска архиепископија Јован досега бил обвинуван за најразлични нешта. Тој којшто со своето постоење ја проповеда и сведочи евангелската љубов, беше обвинет дури и за ширење на верска омраза, само затоа што пристапи во единство со Црквата, за што и лежеше во затвор, вели г. Давид од ПОА во интервју за рускиот православен портал „Православие“.

- Кога таквите обвиненија станаа проѕирни, расколниците го обвинија за финансиски малверзации. Додека беше Митрополит во МПЦ, црковните финансиски инспекции кај Архиепископот охридски Јован не наоѓаа неправилности туку подобрено работење, та следствено тогаш немаше никакви обвиненија, но откако пристапи во единство со Српската Православна Црква, тој стана мета на разни лажни обвиненија и тоа од самиот врв на расколничката МПЦ. Но, кога расколничките епископи би ги почитувале каноните на Црквата, тие би го почитувале и канонот 9 (од IV-от Вселенски Собор), кој предвидува црковни лица да не се тужат по светски судови. Но, во последниве единаесет години, со директна заложба на расколничката МПЦ, Архиепископот охридски Јован е затваран седумпати, а во последно време прогонот се прошири и врз останати Епископи, монаштво и верници на Архиепископијата - вели еден од главните луѓе во ПОА.

http://www.plusinfo.mk/vest/123959/POA-Vranishkovski-lezheshe-i-lezhi-v-zatvor-poradi-verska-omraza
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:42 ---
Вознемирувачко видео: Краток филм за бруталните убиства над Србите во Каменица

18+

Потресното 18-минутно остварување во продукцијата на Радио телевизија Белград, кое неодамна било поставено на Јутјуб, е сведоштво за злосторствата кои ги вршела муслиманската војска ноќта меѓу 5. и 6. ноември во 1992. година во село Каменица, пренесуваат српските медиуми.

http://tocka.com.mk/1/117353/voznemiruvacko-video-kratok-film-za-brutalnite-ubistva-nad-srbite-vo-kamenica
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:45 ---
(Видео) Северна Каролина станува седма држава која го забранува муслиманскиот шеријатски закон


Се забранува шеријатскиот муслимански закон во повеке држави....


Северна Каролина им се придружува на Аризона , Канзас , Луизијана , Оклахома , Јужна Дакота и Тенеси, кои го забранија исламскиот шеријатски закон.
Во Алабама преку уставен амандман бараат иста ваква промена.
Во Мисури , гувернерот стави вето на нацрт-законот за анти- Шериатот.
Муслиманите се противат на напорите да се забрани законот, бидејќи тие мислат дека е мотивиран од нетолеранција и велат дека тоа би можело да се рефлектира врз други религиозни групи. .
Но други велат дека мерките за забрана на употребата на " странски закони " се фокусирани на Шериатскиот закон, а не на другите вери.
Во прилог погледнете го видеото Ислам и Христијанство: Единствена надеж за мир.
http://falanga.com.au/video-severna-karolina-stanuva-sedma-drzava-koja-go-zabranuva-muslimanskiot-sherijatski-zakon
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:46 ---
29 јануари 2014 - 10:05
Филипинската војска убила повеќе од 37 исламски екстремисти


http://makfax.com.mk/328098/filipinskata_vojska_ubila_povekje_od_37_islamski_ekstremisti



28 јануари 2014 - 23:28
На југ од Дамаск ликвидирани 120 исламисти


http://makfax.com.mk/328077/na_jug_od_damask_likvidirani_120_islamisti
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
СВЕТ

Босански салафисти во „света војна“ во Сирија

Многу салафисти од БиХ се борат во Сирија. Притоа, ригидната интерпретација на Коранот не е вкоренета во босанско-херцеговската традиција на исламот. Особена загриженост предизвикуваат радикализираните повратници.

Сликите се вознемирувачки - тројца вооружени мажи седат во импровизирано засолниште, заштитени од сонцето, чии зраци паѓаат врз каменестата околина во позадина. Двајца се маскирани, им се гледаат само очите. Третиот нема маска, неговиот лик е заматен на снимката. В скут имаат калашњикови и книги на Коранот. Портпаролот ги кани младите Босанци да му се „приклучат на џихадот на Алаховиот пат во Сирија“, затоа што таму, како што тврди, се злоставувале муслимани и се силувале муслимански жени. Не може да се остане само посматрач, вели портпарлот на чист босански јазик.
Во босанско-херцеговските медиуми веќе со месеци кружат извештаи за салафисти доброволци, значи за радикални муслимани од БиХ кои заминуваат во Сирија за да се борат во, како што ја нарекуваат тие, „светата војна“.

Ригидна и конзервативна интерпретација на Коранот не е вкоренета во БиХ
„Тајните служби зборуваат за 100 до 150 салафисти од Босна и Херцеговина кои се заминати во Сирија, од кои досега загинале 10 до 15 лица“, вели новинарот и познавач на сцената Есад Хеќимовиќ. Вкупниот број радикални муслимани од Западен Балкан кои се заминати во оваа војна е многу повисок. Според медиумски извештаи, кои се повикуваат на информации од тајните служби, до септември минатата година во Сирија имало најмалку уште 140 салафисти од Косово, Албанија, Македонија, Црна Гора и Санџак.
Радикализација преку војна
Притоа, ригидна и конзервативна интерпретација на Коранот, типична за салафизмот или вахабизмот, не е вкоренета во босанско-херцеговската традиција на исламот. Босанските муслимани, Бошњаците, се во мнозинство сунити и му припаѓаат на ханафискиот мезхеб, правна школа во исламот која важи за особено отворена и на која се гледа како на особено подготвена на дијалог. Тие важат за либерални, толерантни и софистицирани. Хеќимовиќ нагласува дека тоа е така и поради тоа што во земјата „има долга традиција на соживот во заедничка држава со православните и католичките христијани“. Во Босна и Херцеговина со векови има и Евреи. „Затоа овде исламот поинаку се интерпретира отколку во земји каде муслиманите се во апсолутни мнозинство“, објаснува Хеќимовиќ.

Денес делови од населението слават некои празници кои порано не се славеа
Специфично за Босна и Херцеговина е и поинаквата организациска структура на муслиманите. Тие се организирани во единствена Исламска заедница на Босна и Херцеговина (ИЗ БИХ) со поглавар кој се бира секои седум години.
Со војната во БиХ, на почетокот на 1990-тите, дојде до нов развој на состојбите. Кај дел од Бошњаците почна процес на радикализација. Истовремено, почнаа да доаѓаат и фундаменталистички муслимани од странство, често од арапските земји. „Тоа од една страна беа борци, доаѓаа да помогнат за одбрана на муслиманите. Од друга страна, имаше и соработници на различни хуманитарни организации или на дипломатски претставништва и културни фондации“, вели Игор Табак, експерт за безбедност на хрватскиот портал Obris.org. Тие со себе донесоа поинакви гледања на исламот и нив ги ширеа, понекогаш и многу офанзивно и агресивно.
Промени во општеството
Во тој период околу 2.000 борци од различни арапски земји дојдоа во Босна, меѓу нив и такви кои имаа врски со Осама бин Ладен. По склучувањето на Дејтонскиот мировен договор, зимата 1995 година, дел од овие исламисти решија да останат во БиХ и добија босански пасоши. Тие регрутираа млади луѓе за религиозен подмладок, со помош на саудиски фондации градеа нови џамии и се посветија на ширење на вахабистичкиот правец на исламот.
Табак вели дека таквиот ангажман донесе и плодови, зашто во меѓувреме има културна промена на општеството на БиХ. Така денес делови од населението слават некои празници кои порано не се славеа, а на улиците често има и жени со хиџаб, значи целосно покриени, што порано не беше вообичаено. Религијата е сѐ поприсутна во секојдневието. „Сите овие промени покажуваат дека тежиштето на радикалниот ислам во БиХ е преместено од странците кон домашното население.“

Салафистите се бореа за доминација во џамиите
Радикалните групи на салафистите особено во годините по војната се обидуваа да остварат влијание врз официјалната Исламска заедница. Тие сакаа да доминираат во одредени џамии и да донесат оџи кои ќе го претставуваат своето строго интерпретирање на исламот како „единствено исправно“. По повеќе конфликти, во кои Исламската заендица доби помош и од државата, салафистите ги напуштија овие џамии. На тој начин беше намалено нивното директно влијание во јавноста, но со тоа се затворија и патиштата за комуникација, нагласува Хаќимовиќ. „Радикалните групи од каде што се регрутираат доброволци за борба во Сирија, немаат веќе никаков контакт со Исламската заедница.“ Таа е против заминување во војна во Сирија и е на мислење дека воопшто не станува збор за верска света војна, туку за политички конфликт. Со тоа „исламската заедница стана непријателска институција за салафистите“, вели Хаќимовиќ, додавајќи дека салафистите веќе „не одат во џамиите на Исламската заедница, што претставува безбедносен проблем“.
Опасни повратници
Особено голема закана за безбедноста во БиХ, но и за целиот регион на Западен Балкан, се оние салафисти кои се враќат од војната во Сирија. Тие се обучени за борба, идеолошки се уште повеќе радикализирани и се меѓународно подобро поврзани од претходно, нагласува експертот за безбедност Игор Табак. „Може да се каже дека луѓето кои ја преживуваат оваа војна, се враќаат поекстремни и поопасни отколку што биле.“

Целосно покриени жени има често на босанските улици
Тоа е проблем за Западниот Балкан. „Има стравувања дека повратниците може да формират терористички групи, кои потоа би напаѓале одделни политичари или критички новинари“, предупредува аналитичарот Хаќимовиќ, кој лично бил мета на екстремистите. Но и во европски рамки проблемот е „сериозен и реален“ и многу тешко може да се „надмине“, вели Табак. Според него, сфатливо е што безбедносните власти во ЕУ се многу загрижени поради тоа, но проблемот не може да се реши ако околу земјите на Западен Балкан се формира нешто како безбедносна зона. Зашто, значително повеќе салафисти и милитантни исламисти има во земјите на Западна Европа, отколку во БиХ или земјите со кои таа граничи.

http://www.dw.de/босански-салафисти-во-света-војна-во-сирија/a-17396307?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
--- надополнето: 1 февруари 2014 во 02:50 ---
„Св. Илија“ во Стар Дојран: црква со белези од Првата светска војна (ФОТО)
Има побелена коса, брчки на лицето, кои го издаваат дека поминал многу во животот, траги од тоа кога се смеел и кога тагувал. Иако е среде зима, топло е во Дојран. Дедото си нагрнал едно палто, вели само да претрча, да собере прачки од јавор за потпалување на огнот. Живее веднаш до црквата „Св. Илија“, којашто се наоѓа на влезот од Стар Дојран, издигната на ритче, со поглед на Дојранско Езеро.

Дедото вели дека црквата, која датира од 1848 година, била речиси целосно срушена за време на Првата светска војна.
„Ако погледнете, ќе видите дека црквата сè уште ги носи белезите на војната. Кога решија да ја реконструираат, решија дел од белезите да не ги покријат. Да останат и да сведочат за времето. На некои места сè уште се забележуваат дупки од топовските ѓулиња, како и дупки од куршуми“, раскажува дедото.
Црквата ја изградиле жителите на Дојран, кој во тоа време бил развиен трговски и рибарски град. Архитект бил Ѓорѓе Новаков од селото Папрадиште, Велешко.
Црквата била запалена и ограбена за време на Првата светска војна од страна на бугарските војски.
„Бидејќи жителите мислеле оти ќе си ги спасат вредните работи, ги скриле во црквата. Арно ама, кога ја запалиле, со неа изгорел и голем дел од покуќнината, а и понекое богатство на дојранчани“, зборува дедото.
Црквата почна да се реконструира во 2003 година и сè уште не е комплетно завршена.
Во Македонија ова е еден од малкуте споменици што ги носат белезите од Првата светска војна, која оваа година бележи 100-годишнина.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Притвор за битолчанец кој крадел икони и напаѓал сограѓанки
Битолчанец, кој ограбувал цркви и домови и напаѓал сограѓанки заработи три кривични пријави и 30-дневен притвор.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против 51-годишниот Н.Т. од Битола се поднесени три кривични пријави за „разбојничка кражба“, „кражба“ и „разбојништво“ кои ги извршил кон крајот на јануари.

При претрес на неговиот дом, полицијата пронашла и одземала три икони како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на Отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола е препознаен. Се превземаат мерки за утврдување на сопственоста на иконите.

Според информациите од битолската полиција, кратко по полноќ на 21 јануари приведениот разбојник со употреба на физичка сила ја отворил влезната врата од куќа лоцирана на улицата Марко Цепенков во Битола, сопственост на А.Т. од каде по пребарување на собите одземал еден машки часовник. Во тој момоент влегла оштетената и се обидела да му го одземи часовникот, но истиот ја турнал и се обидел да ја собори на земја, на начин што со тупаница ја удрил во пределот на главата. Викањето за помош на оштетената, случајно го слушнал нејзиниот сосед, кој влегол во куќата, го фатил пријавениот и повикал полиција.

Бидејќи тогаш не бил ставен во притовор, следниот ден повторно се пуштил во акција. Пријавениот влегол во домот на оштетената М.Н. од Битола, кој се наоѓа на улицата Илинденска и во моментот кога оштетената му ја отклучила вратата, со употреба на физичка сила ја турнал, оштетената паднала на скалите, а пријавениот влегол внатре, при што од паричникот оставен на масата во дневната соба, одзел 1.500 денари и избегал.

Последното дело го извршил пред четири дена, тој околу 20 часот со намера да присвои туѓ подвижен предмет преку незаклучената врата на улицата 21-ва, влегол и одзел златен и сребрен накит и бижутерија. Во моментот кога се обидувал да избега со плен од 20.000 денари, тој бил спречен од оштетената З.Т. од Битола,сопственик на куќата, која повикала полиција.

Од битолската полиција информираат дека постојат сомневања дека Н.Т. е инволвиран и во други инциденти регистрирани на подрачјето на Битола, но во моментов се уште се работи на анализа на доказите по што ќе следи соодветна пријава.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://www.telegraf.mk/aktuelno/svet/99572-bizarno-ke-te-pustime-od-zatvor-ako-se-omazis-za-siluvacot

бизарно одвратно и малоумно
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:07 ---
http://tocka.com.mk/1/117699/poslednite-zborovi-na-3-godisno-dete-od-sirija-se-ke-mu-kazam-na-gospod

Последните зборови на 3-годишно дете од Сирија: Се’ ќе му кажам на Господ!
:place:
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:07 ---
Видео: Четиригодишник од Албанија се бори на страната на Ал Каида во Сирија


http://republika.mk/?p=196248
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:09 ---
Најмалку 60 загинати во меѓуверски судири во Јемен


http://denesen.mk/web/2014/02/01/najmalku-60-zaginati-vo-meguverski-sudiri-vo-jemen/
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:14 ---
Човештвото станува се помалку насилно, со еден исклучок - религиозното насилство



http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/900696/index.html
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:16 ---
Никој уште не знае колкава е штетата во „Прохор Пчињски“


http://faktor.mk/archives/94730?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=nikoj-ushte-ne-znae-kolkava-e-shtetata-vo-prohor-pchinjski
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 16:18 ---
Ќе се гради патот до Манастирот “Св. Преображение” во с. Зрзе


http://www.sitel.com.mk/mk/kje-se-gradi-patot-do-manastirot-sv-preobrazhenie-vo-s-zrze
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ограбени цркви во скопско и гостиварско


Три цркви во изминатите денови биле мета на крадци, соопшти МВР, додавајќи дека кражбите се случиле во околината на Гостивар и на Скопје.
Во периодот од 26.01. до 02.02.2014 година, во селото Горна Ѓоновица, гостиварско во црквата „Св. Никола“ непознат сторител со употреба на физичка сила извршил кражба од каде одзел 1.000 денари и две позлатени мали лажички.
На 01/02.02.2014 година, во с.Горно Коњари, скопско на м.в. „Чукар“ во црквите „Св. Ѓорѓија“ и „Св. Богородица“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел околу 3.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
http://kajgana.com/ograbeni-crkvi-vo-skopsko-i-gostivarsko
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:01 ---
Ограбени цркви во скопско и гостиварско


Три цркви во изминатите денови биле мета на крадци, соопшти МВР, додавајќи дека кражбите се случиле во околината на Гостивар и на Скопје.
Во периодот од 26.01. до 02.02.2014 година, во селото Горна Ѓоновица, гостиварско во црквата „Св. Никола“ непознат сторител со употреба на физичка сила извршил кражба од каде одзел 1.000 денари и две позлатени мали лажички.
На 01/02.02.2014 година, во с.Горно Коњари, скопско на м.в. „Чукар“ во црквите „Св. Ѓорѓија“ и „Св. Богородица“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел околу 3.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
http://kajgana.com/ograbeni-crkvi-vo-skopsko-i-gostivarsko
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:15 ---
СВЕШТЕНИЦИТЕ ЗАЈМУВААТ ПАРИ ОД ВЕРНИЦИТЕ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ
http://dnevnik.mk/?ItemID=D851AB357B67DD418EAC33F9CF73B4A9
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:15 ---
МАКЕДОНИЈА

Оригиналните икони во музеј, копии по црквите


http://www.dw.de/оригиналните-икони-во-музеј-копии-по-црквите/a-17404602?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:18 ---
Вознемирувачка снимка: Му ја сечел главата, другите снимале и навивале

http://tocka.com.mk/1/117783/voznemiruvacka-snimka-mu-ja-secel-glavata-drugite-snimale-i-navivale
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:20 ---
Ал Каеда јасно се дистанцира од џихадистичката група ISIL


http://makfax.com.mk/328438/al_kaeda_jasno_se_distancira_od_dzhihadistichkata_grupa_isil
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:22 ---
Во Емиратите кој не дои, ќе оди во затвор


сеа уште да извадат некој цитат каде пишува дека две години ке треба да ојат инаку не се муслиманки, таман ке биде
http://netpress.com.mk/vo-emiratite-koj-ne-doi-kje-odi-vo-zatvor/
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 14:25 ---
Религијата на универзитетите


http://www.sitel.com.mk/mk/religijata-na-univerzitetite
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Fethullah Gülen - овите школски мисионари, под притисок во германија



Заштитниците на германскиот устав после известувањата на германските политички магазини Report Mainz и "Spiegel" повикуваат на предпазливост кон
Fethullah Gülen - овите школски мисионари, кои делуваат во преку 140 земји, а во германија се со околу 300 центри (делумично со германска државна помош) силно застапени, иако во многу погледи стојат во конфликт со слободното демократско уредување на германија.

Fethullah Gülen кој од америка го координира мисионарското делување на неговата заедница, под плаштот на “сериозноста“ се залага за турскиот национализам и исламската теократија, која сите други опшествени уредувања ги негира и одфрла како грешни.

Во германија набрзо се очекува турскиот претседател Ердоган, кој прави турнеи и пробува на европските влади да им ја предстваи сопствената верзија и гледање на моменталната состојба во турција, како завера од надвор.

Тука линкот на кој што може да се види видео:

http://www.swr.de/report/guelen-bewegung/-/id=233454/did=12774416/nid=233454/109x5cv/index.html...



Подолу линкот од првата германска национална телевизија.

http://www.tagesschau.de/inland/guelen-erdogan100.html





Vorwürfe gegen islamische Bewegung
Gülens Bildungsmissionare unter Druck

Der Verfassungsschutz warnt nach Informationen des ARD-Politikmagazins Report Mainz und des "Spiegel" vor der Gemeinde des islamischen Predigers Fethullah Gülen. In einem internen Papier des Landesamtes für Verfassungsschutz Baden-Württemberg heißt es, Gülens Gedankengut stehe in mancherlei Hinsicht im Widerspruch zur freiheitlich demokratischen Grundordnung. Die Bewegung verfolge einen türkischen Nationalismus in "seriösem Gewand" mit "islamistischen Komponenten". Gülen selbst strebe einen Gottesstaat an.
Anhänger des Imams sind in 140 Ländern aktiv. Alleine in Deutschland betreiben sie etwa 300 Bildungseinrichtungen - zum Teil mit staatlicher Unterstützung. Das Landesamt für Verfassungsschutz Baden-Württemberg kritisiert nun, Äußerungen Gülens seien mit dem Prinzip der Gewaltenteilung, der Religionsfreiheit, der Freiheit von Wissenschaft und Lehre und der Gleichberechtigung von Mann und Frau mitunter nicht in Einklang zu bringen.

Porträt


Report Mainz und "Der Spiegel" berichten über Vorwürfe gegen mehrere Bildungseinrichtungen, die der Gülen-Bewegung zugerechnet werden. Eltern in Rüsselsheim gaben an, ihr dreijähriges Kind sei während der Kinderbetreuung im Rahmen eines Integrationskurses geschlagen worden. Laut einer Sprecherin des Bundesamts für Migration und Flüchtlinge (BAMF) habe eine Erzieherin des Vereins eingeräumt, dem Kind einen "leichten Klaps" gegeben zu haben. Das BAMF stellte zudem fest, dass ein Kind während der Kinderbetreuung in seinem Buggy "festgeschnallt" gewesen sei. Der Gülen-nahe Förderkreis Rhein-Main darf künftig keine Integrationskurse mehr anbieten.
Homophobie und Kopftuchzwang

Auch gegen eine private Schule in Ludwigsburg werden laut Recherchen Vorwürfe erhoben. Eine Mutter berichtet, ihre Tochter sei an der Schule dazu gedrängt worden, Kopftuch zu tragen. Mehrere Zeugen berichten zudem von systematischem Mobbing und Gewalt gegenüber Schülern, die nicht zur Gülen-Bewegung gehörten. Auch würden die Bildungseinrichtungen dazu genutzt, Kinder als neue Anhänger und Funktionäre der sektenähnlichen islamistischen Gemeinschaft zu rekrutieren. Zeugen berichten auch von Homophobie, Ablehnung der Evolutionstheorie sowie Ablehnung von muslimischen Minderheiten wie den Aleviten.
Erdogan am Dienstag in Deutschland

Für den türkischen Ministerpräsidenten Erdogan ist die Sache klar: Die Gülen-Bewegung will ihn stürzen.
Für den türkischen Ministerpräsidenten Recep Tayyip Erdogan dürften die Vorwürfe des deutschen Verfassungsschutzes zur rechten Zeit kommen. Er ist am Dienstag in Deutschland. In den Gesprächen will er Kanzlerin Angela Merkel seine Sicht der Entwicklungen nach dem Bekanntwerden der Korruptionsvorwürfe gegen seine Regierung darlegen und sie von seiner Komplott-Theorie überzeugen. Erdogan sieht in den Ermittlungen eine Verschwörung der Gülen-Bewegung mit dem Ziel, ihn zu stürzen. Konkret beschuldigt er den einflussreichen Prediger, in Polizei und Justiz einen "Staat im Staate" mit seinen Anhängern aufgebaut zu haben. Der in den USA lebende Geistliche weist das zurück.
Schon bei einem Besuch bei EU-Spitzenvertretern in Brüssel vergangene Woche hatte Erdogan das von ihm vermutete Komplott beschrieben und nach eigener Darstellung die Gesprächspartner überzeugt.
Politische und wirtschaftliche Krise

Die Korruptionsaffäre hat die Türkei in eine politische Krise gestürzt und die Macht von Erdogan und seiner AKP ins Wanken gebracht. Minister mussten gehen, fast das halbe Kabinett wurde ausgetauscht, Erdogan versetzte Hunderte Polizisten und Staatsanwälte in die Provinz. Auch wirtschaftlich sind die Auswirkungen spürbar:Die türkische Lira verlor dramatisch an Wert.
Bei seinem Berlin-Besuch will Erdogan auch inoffiziell Wahlkampf für seine erwartete Kandidatur bei der türkischen Präsidentschaftwahl im Sommer machen: Zu einer Rede Erdogans im Tempodrom werden mehrere tausend Anhänger erwartet. Bei der Präsidentschaftswahl sollen in Deutschland lebende Türken erstmals ihre Stimmen in der Bundesrepublik abgeben können. Erdogan-Gegner haben eine Protestkundgebung gegen den Ministerpräsidenten am Brandenburger Tor angekündigt.
Die Sendung Report Mainz sehen Sie am Dienstag, 4. Februar, um 21:45 Uhr im Ersten.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Авганистан ќе го легализира насилството врз жените


Доколку претседателот Хамид Карзаи го потпише новиот закон за кривична постапка, на мажите во Авганистан ќе им биде дозволено да бидат насилни врз своите сопруги, децата и сестрите без страв од судско гонење, пишува Guardian.

Авганистанските жени најмногу се изложени на насилство во својот дом, а со новите закони ќе бидат замолчани и жртвите и потенцијалните сведоци на насилството. Со новите прописи ќе биде невозможно некој да биде осуден поради насилна венчавка или трговија со женски деца со цел да се смират одредени семејни конфликти или за да се регулираат некои долгови.
И досега во Авганистан беше вистинска реткост гонењето на насилниците. Активистите за човекови права предупредуваат дека положбата на жената е во исклучително лоша ситуација, односно дека 90 отсто од Авганистанките се жртви на физичко, сексуално и психолошко насилство.

Ако законот стапи во сила, ќе биде невозможно некој да биде осуден поради „убиство од чест“ чии вршители се татковци или браќа кои не го одобруваат однесувањето на своите ќерки/сестри.
„Претседателот Карзаи треба да го одбие потпишувањето на законот кој само уште повеќе ќе ја влоши состојбата на жените и девојчињата“, смета Бред Адамс од Human Rights Watch.

http://kajgana.com/avganistan-kje-go-legalizira-nasilstvoto-vrz-zhenite

Браво за исламот и за муслиманите, така треба удрете на тие што ве родиле и што ви раѓаат :tapp:
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 22:45 ---
СЕ РАЗНЕСОВ СЕБЕСИ ЗА ДА ОДАМ ВО РАЈ!


http://popara.mk/2014/vesti/svet/se-raznesov-sebesi-za-da-odam-vo-raj/
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 22:45 ---
ВИДЕО: Свештеник кој успеа да спаси неколку бебиња


http://a1on.mk/wordpress/archives/278841
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 22:46 ---
четврток, 06 февруари 2014, 15:17

Свет
Саудиска студентка почина бидејќи не носела никаб?

Студентка во Саудиска Арабија почина откако универзитетската управа не дозволи машка екипа на брзата помош да влезе во женски факултет

Студентката, која работела на магистерскиот труд на Универзитетот „Крал Сауд“ во Ријад имала срцев напад во еден од факултетите за жени, но на медицинската екипа составена од мажи два часа не му било дозволено да влезат во комплексот.

Медицинската екипа не можела да пружи помош, бидејќи студентката не носела никаб.
Во Саудиска Арабија стриктно се почитува исламскиот закон и има строга полова сегрегација. Во 2002 година 15 ученички загинаа во пожар во Мека бидејќи, според локалниот печат, религиозната полиција не им дозволила да ја напуштат зградата бидејќи не биле соодветно облечени.
Властите ги негираа наводите на медиумите.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=30637
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 22:49 ---
Исповед на муслимански девојки кои ги силувале војниците на Насер Ориќ



На јутјуб е објавена снимка од сведочењето на две 15 – годишни девојки од Сребреница, кои пребегале кај Србите во Братунац, бидејќи ги силувале нивните сонародници, војниците на Насер Орич.

Оваа снимка е направена уште од 1994 година, а на јутјуб се појави дури вчера, скоро 20 години покасно.
Вахида Дедиќ и Шерифа Селимовиќ на 22 април 1994 година сведочеа пред камерите за злосторничкото однесување на силите на Ориќ.


http://denesen.mk/web/2014/02/06/ispoved-na-muslimanski-devojki-koi-gi-siluvale-vojnicite-na-naser-oric/
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 22:50 ---
Тортурата врз жените во ирачките затвори



Илјадници жени нелегално се сместени во ирачките затвори и трпат тортура и други облици на зластавување, вклучувајќи го и сексуалното, соопштува „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
Извештајот на хуманитарната организација направен е врз основа на сведочењата на притворените жени, нивните роднини и адвокати, затворските доктори, судските документи и преку разговорите со локалните официјални лица, пренесува „АФП“.
Во извештајот се вели дека повеќето жени во ирачките затвори се припаднички на сунитите, чија популација е незадоволна како кон нив се однесуваат владејачките шитии.
Жените во затворите се претепувани, подлегнати на електро шокови и силувани, додека на некои од нив им биле упатувани закани дека ќе бидат силувани во присуство на нивните роднини или нивните мажи.
„Ирачките безбедносни сили и официјалните лица, работат така што мислат дека бруталното злоставување на жените ќе ја направи земјата побезбедна“, навел заменикот директор за Блискиот исток во Северна Африка на ХРВ, Џо Сторк.
„Тие жени и нивните роднини ни кажаа на нас се додека припадниците на безбедносните сили во земјата, не казнето ги злоставуваат луѓето, може да се очекува само ситуацијата да се вложува“, додал Сторк.

http://netpress.com.mk/torturata-vrz-zhenite-vo-irachkite-zatvori/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Две кражби во цркви во тетовско


http://kajgana.com/dve-krazhbi-vo-crkvi-vo-tetovsko
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 15:08 ---
Се претставиле дека се од ИВЗ и си зазеле два дуќани

http://www.mkd.mk/crna-hronika/se-pretstavile-deka-se-od-ivz-i-si-zazele-dva-dukjani
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 15:10 ---
Ја “изорале“ цела црква и си отишле со празни раце - МВР трага по несреќните крадци


http://www.press24.mk/ja-izorale-cela-crkva-i-si-otishle-so-prazni-race-mvr-traga-po-nesrekjnite-kradci
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 15:20 ---
Рускиот Патријарх Кирил: Сите да бидат подготвени за војна!

http://falanga.com.au/ruskiot-patrijarh-kiril-site-da-bidat-podgotveni-za-vojna
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во напад во црква во Русија убиени две и ранети шест лица


Вооружен маж утрово отворил оган во црква на островот Сахалин и притоа убил две, а ранил шест луѓе, пренесуваат руските медиуми.

Засега непознатиот маж упаднал во црквата „Воскресение Христово", соборен храм на Јужно-Сахалинската и Курилската епархија, за време на утринската литургија и истрелал неколку куршуми при што се убиени една монахиња и еден верник.
Мажот, на 25-годишна возраст, кој според првите сознанија работел како приватно обезбедување е уапсен на местото на нападот.
Во тек е истрага за откривање на мотивите за ова злосторство.

http://kajgana.com/vo-napad-vo-crkva-vo-rusija-ubieni-dve-i-raneti-shest-lica
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 12:17 ---
Патријархот на Руската православна

црква г.г.Кирил: Непризнавањето на МПЦ ја слабее позицијата на православието!

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=30480
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 12:20 ---
ИВЗ НАСИЛНО ЗАЗЕМА ДУЌАНИ ВО ,,ИБНИ ПАЈКО

Триесетина лица кои се претставиле дека се членови на Ислманската верска заедница вчера насилно влегле во ресторантот „Пирин Планина“, како и фризерско студио и Очна оптика сместени во домот Ибни Пајко и...

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34763
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom