Чипувањето на луѓето, знак е дека Библиските последни времиња се во полн ек и дека против тие знаци потребно е да се бориме со сета сила. Имено, колку тоа нам страшно да ни звучи, факт е дека чипувањето на луѓето е врв на злото од кое сите се плашат , а кое едноставно кога - тогаш, мораше да се појави.
Моќта, контролата и потполната власт над човекот веќе подолго време се многу видливи во нашето општество , а чипувањето на идните генерации е потполно остварување на тој зол план усмерен против човекот.
Секако, и чипот е претставен како мерка на сигурност , зашто тој би требало да го спречи киднапирањето на децата, но и бегствата на затворениците!
Еднакво како и сите закони кои се изгласани во последните години во целиот свет, а кои се претставени како заштита на човекот од човекот. Тоа е потполна лага !
Тие, (елитите) се оние заради кои децата масовно исчезнуваат, кои вршат „дил“ со органи , кои се занимаваат со педофилија и со ритуални злоставувања на децата и кои сега ги поставуваат овие закони со цел да се зароби целото човештво .
Еднаш, кога ќе го дозволите чипот во своето тело, треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите мисли и дела.
ЧИПОТ е врвот на одземањето на човековата слобода и тоа е најужасното од се`.
Родени сме од Бога слободни и секој оној кој што ќе се обиде таа слобода да ни ја одземе, да знаеме , не е од Него (од Бога)
11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
12. И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
13. и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
14. И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
15. И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да
направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.
16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,
17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.
18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
(О ткровение по Јован , (глава 13, 11,- 18).