Верски вести III

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Земја во која е забранета Нова година


Верската полиција на ултраконзервативната Саудиска Арабија ги предупредила граѓаните дека не смеат да прославуваат Нова година, објави денеска „Оказ“.

Комисијата за промоција на вредностите и спречување на пороците или Мутава, како што официјално се вика верската полиција, ја образложила оваа забрана со едиктот на врховниот Комитет на верските поглавари, со кој се забранува славењето на Нова година, пишува саудискиот весник „Оказ“.
Саудиска Арабија официјално го прифати муслиманскиот календар, за разлика од другите соседни земји кои го следат Грегоријанскиот.
Верската полиција ги спроведува и законите на кралството со кои е предвидена строга забрана на мешање меѓу половите и покривање на целото тело и главите на жените кога се наоѓаат во јавност.
Оваа полиција, исто така, ги обиколува и продавниците за да се увери дека се затворени за време на молитвите.
Покрај ова, Мутава забранува и продажба на црвени рози и останати подароци за денот на вљубените, 14 февруари.


------------------------------------------------------------------------

А 21 век сме:facepalm:
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Нов терористички напад во Волгоград, најмалку 15 загинати

Текст: Б.С.Б.
Свет | 30 декември 2013


Во Русија владее вистински хаос, еден ден по терористичкиот напад на железничката станица во Волгоград, се случи уште еден трагичен настан во тролејбус. Според RT, станува збор за уште еден терористички напад од бомбаш-самоубиец.



Најмалку 15 патници загинале, меѓу кои има и едногодишно бебе. Руските медиуми објавија снимка од уништениот тролејбус. Се верува дека бомбата била поставена во средишниот дел на возилото, а експлодирала кога тролејбусот се наоѓал во близина на еден од градските пазари. Од силината на експлозијата се оштетени и околните згради.



По само еден ден откако во Волгоград загинаа 17 луѓе, а најмалку 46 беа повредени, во истиот град се случи уште еден терористички напад. Овие настани ја нагласуваат ранливоста на Русија и ја зголемуваат напнатоста пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Откриен идентитетот на бомбашот од последниот терористички напад во Волгоград


http://kajgana.com/otkrien-identitetot-na-bombashot-od-posledniot-teroristichki-napad-vo-volgograd
--- надополнето: 30 декември 2013 во 15:01 ---
Сомалија официјално го забрани Божиќ

Христијанските верници во Сомалија оваа година не смееја да го прославуваат католички Божиќ, согласно забраната што ја донесе тамошната влада којашто ја поддржуваат западните земји, објави католичката новинска агенција Zenit.

Безбедносните сили во Сомалија добиле задача годинава да ги спречат сите обиди за прослава на Божик, изјавил за агенцијата шеик Мохамед Кајров Аден, главен директор на министерството за правосудство и религии. Заедно со уште еден функционер од министерството тој појаснил дека сака „на муслиманските браќа и сестри" да им го сврти вниманието на „христијанските празници" коишто се прославуваат во целиот свет. Тие прослави во Сомалија се забранети, појасниле двајцата функционери пренесува Zenit. Споменатата одлука за забраната била проследена и до сите хотели и угостителски објекти во сомалиската престолнина Могадишу.
Римокатоличката црква беше активна во Сомалија во времето на авторитарниот режим на Саид Баре кога Сомалија беше унитарна држава. Бискупот на Могадушу, Пјетро Салваторе Коломбо беше убиен на 9-ти јули 1989 година пред влез во катедралата, на почетокот од бранот исламистички насилства кога и Сомалија се распадна како унитарна држава. Во годините што следеа беа убиени повеќе свештеници и монаси, и околу 50 католички монаси, главно потомци од мешаните италијанско-сомалиски бракови. Катедралата во Могадишу беше опустошена во 1991 година, а во 2008 година исламистите целосно ја урнаа, кога беа уништени и католичките гробишта.
Тогаш погребувањето на бискупот Коломбо мораше да се одржи тајно и преку ноќ. Две години подоцна, исламистите го пронајдоа и разурнаа неговиот гроб, а неговите посмртни останки и коските на другите бискупи беа расфрлани. Бискупот на Џубути, Џорџо Бертиин, во 1993 година со помош на италијанските падобрански единци ги собра останките од бискупот и ги превезе во Италија.

.... КЕ ГИ ПОЗНАЕТЕ ПО НИВНИТЕ ДЕЛА.

http://kajgana.com/somalija-oficijalno-go-zabrani-bozhikj
--- надополнето: 30 декември 2013 во 15:15 ---
Браќа од Јордан си ја задавиле сестрата


Двајца браќа на возраст од 20 и 23 години, во Јордан ја убиле сестра си, бидејќи мислеле дека ја загубила невиноста.
- Двајцата браќа ја однеле нивната сестра позади куќата каде живееле и ја задавиле, велат од судот во Јордан.

Браќата признале дека ја убиле сестрата и се осудени на смртна казна.
Двете момчиња рекле дека причина за убиството било и недоличното однесување на нивната сестра.


http://www.sky.mk/svet/402111-brakja-od-jordan-si-ja-zadavile-sestrata
--- надополнето: 30 декември 2013 во 15:21 ---
(ВИДЕО) Ужас во Нигерија: Сечете им ги главите, но не ги јадете

Абубакар Шекау, водач на озогласената африканска организација Боко Харам во новото видео на своите војници им порачува дека мора да се подготват за борба со се’ што е против волјата на Алах.



http://netpress.com.mk/video-uzhas-vo-nigerija-sechete-im-gi-glavite-no-ne-gi-jadete/
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Вторник, 31 Декември 2013 10:52

Петмина христијани се уапсени во Техеран за време на прославата на Божиќ, а истите се соочуваат со постојани ограничувања и прогонувања.


Иранските безбедносни сили насилно влегле во куќа која имала улога на црква, а каде се наоѓала група христијани кои се собрале за да го слават Божиќ на 24 декември.
Тие биле уапсени, но моментално не се знае нивната судбина – дали се уште се во затвор или биле пуштени на слобода.
Божиќ е еден од најважните и најголеми празници во христијанската релиција, време кога се слави раѓањето на Исус.
Сепак, христијаните во Иран не можат да ја доживеат оваа магија на празникот, затоа што постојано се во страв.



Екстремистите убија 12 христијани во 2 христијански села


Според изјавите на сведоците, исламистичките милитанти убија 12 христијани во напад на две села во северна Нигерија. Еден од нападите се случи за време на христијанска венчавка.


Осуммина од погодените починале за време на венчавка во село во Борно минатата сабота, а четворица починаа по нападите во друго село.
Безбедносните сили го потврдија случајот, но изјавија дека се уште немаат точна бројка на починатите.
Нападите на селата станаа се почести, а тие продолжуваат и по испраќањето на илјадници мировни трупи од почетокот на Мај.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец


http://denesen.mk/web/2014/01/02/denes-se-praznuva-svetito-svestenomacennik-ignatij-bogonosec/
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 14:38 ---
Убиле свештеник па телото го оставиле во црква


http://www.press24.mk/ubile-sveshtenik-pa-teloto-go-ostavile-vo-crkva
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 14:38 ---
На џамија во Стокхолм осамнале кукасти крстови (ФОТО)

http://www.mkd.mk/svet/vesti/na-dzhamija-vo-stokholm-osamnale-kukasti-krstovi-foto
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 14:39 ---
Двајца исламисти ликвидирани во Русија


http://makfax.com.mk/326303/dvajca_islamisti_likvidirani_vo_rusija
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 14:41 ---
НОВИНИ ВО ТЕТОВСKО-ГОСТИВАРСKАТА ЕПАРХИЈА
НАЈБЕДНАТА ЕПАРХИЈА ПОЧНА ДА ИМ ПОМАГА НА СИРОМАШНИТЕ

http://dnevnik.mk/?ItemID=B14C9AF840BEA94EACBDD3034068756E
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
извор: Local
02 јануари 2014 - 15:18

На џамија во Стокхолм осамнаа свастики

Портите од џамијата на Стокхолм се прекриени со свастики, односно кукастиот крст кој беше симбол на германските нацисти во Втората светска војна, кои најверојатно биле нацртани ноќта кон четвртокот, соопшти полицијата на шведската престолнина, пишува во четвртокот информативниот портал Local.

„Во моментот кога вработените во џамијата во Стокхолм дошле на работа, откриле дека некој го нагрдил влезот. Меѓу другото, нацртани се неколку кукасти крстови", се наведува во соопштението на полицијата што го цитираат шведските медиуми.

Осум кукасти крстови се видливи на фоторгафиите коишто на Twitter ги објави претседателот на Исламското здружение на Стокхолм, Омар Мустафа, според кого не е првпат вандалите да го сквернават овој храм.

„Годината повторно почнува со кукасите крстови нанесени со боја на вратата на џамијата во Стокхолм. Обично тоа се само графити. Првпат тоа е изразено на овој начин ", изјавил Мустафа.

Џамијата се наоѓа во мала уличка на островот Соедермалм, во близина на главниот град на Шведска.

За овој чин на вандализам претставниците на муслиманската заедница ја информирале полицијата којашто ги направила фотографиите како доказ. „Таквите случаи и маат приоритет, кога се случуваат на такви места и во атмосфера којашто може да го вознемири општеството", изјавил портпаролот на полицијата на Стокхолм, Микаел Петерсон./крај/мф/с
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Ал Шабаб ја превзеде одговорноста за бомбите во Могадишо

Могадишо, 02.01.2014
02.01.2014


Милитантната исламистичка група Ал Шабаб ја превзеде одговорноста за бомбашкиот напад во хотелот во сомалијскиот главен град Могадишо, во кој загинаа 10 лица. Во хотелот главно имало странци и владини претставници. Ал Шабаб беше протерана од Могадишо пред две години и се бори против владините сили и мировниците од Африканската унија за контрола на териториите во јужна и централна Сомалија.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Египетските христијани го поддржуваат новиот нацрт-устав

изработен од новите власти


Каиро, 2 јануари 2014 (МИА) - Египетските христијани Копти го поддржуваат нацрт-уставот што го изработија и го подготвија за усвојување новите власти во Египет.
Претставник на коптската црква изјави дека египетските христијани се задоволни од одредбите предвидени во новиот Устав на земјата, затоа што од него се тргнати сите делови со „строга интерпретација“ на исламското, шеријатско право на кое инсистираа Муслиманското братство и исламистите кои го изработија претходниот нацрт-устав.
Коптите претставуваат десет отсто од населението на Египет од 88 милиони жители. Нивната црква е една од најстарите во христијанскиот свет, но тие постојано се жалат дека се изложени на напади и насилство на разни исламистички групи и организации.
Такви инциденти имаше и во времето на владеењето на Хосни Мубарак, но тие особено се засилија по изборот на исламистот Мохамед Морси за претседател на Египет и по доминацијата на Муслиманското братство, откако од власт беше соборен Мубарак.
Нивните цркви, бизнисот и домовите на Коптите беа честа цел на напади од исламистите во кои имаше многу убиени и повредени лица.
Исламистите атакуваа врз египетските христијани по тргањето од власт на Морси и решението на Коптите да ја поддржат војската и новата власт. Ние се определивме да ја подржиме интервенцијата на армијата и новата власт во земјата, затоа што Морси и неговото Муслиманско братство ќе претвореа Египет во исламистичка држава, изјави претставник на египетските христијани.
Во Божикната и во новогодишната порака, Коптите ја истакнаа молитвата за мир во земјата, по неколкумесечните неми и насилни протести во земјата.
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 18:37 ---
Четврток, 02 Јануари 2014 13:25 www.islamski-centar.org
Расистички натпис на џамијата во Бугарија

nа надворешните ѕидови на џамијата Шериф Халил паша во бугарскиот град Шумен, каде мнозинството население се Турци, со црвена боја било напишано – „Смрт за вас“.
Според информациите од Главното муфтијство во Бугарија, непознати лица натписот го напишале во понеделникот, во доцните ноќни часови.
„Вандализмот во нашето опшество во повеќе наврати ги има извалкано муслиманските објекти. Тие чинови се обиди да се предизвика конфликт меѓу муслиманското и немуслиманското население“, било кажано во соопштението од Главното муфтијство.
Муфтијството наведува дека ќе се обрати на релевантните институтиции со барање сторителите на овие не-дела, кои се насочени против џамиите и муслиманите во Бугарија, да бидат откриени и казнети во што е можно пократок рок.
Локалното муфтијство во Шумен ги повика муслиманите во тој дел од земјата да останат смирени и да не превземаат никакви иницијативи.
Пред една недела непознати лица ја запалиле и џамијата Азизије во Варна. Како што се наведува во извештаите, џамијата претрпела голема штета предизвикана од пожарот.
Анадолија
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Кенија: Десетмина повредени во бомбашки напад




Четврток, 02 Јануари 2014 10:53

Откако бомба била фрлена врз еден ресторан во познатото кениско летувалиште Дијани рано утринава, повредени се десет лица.


- Експлозијата се случила во бар и има десетина повредени, изјави шефот на локалната полиција Џек Екакуро.

Извори од полицијата изјавија дека напаѓачите биле на мотоцикл и избегале по нападот, за кој досега никој не презеде одговорност.

Откако во октомври 2011 година кениски војници навлегоа во јужниот дел на Сомалија за да и помогнат на соседната земја да се ослободи од бунтовниците, во Кенија се извршени серија напади.

Во Кенија е активна сомалиската група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда. Групата денеска презеде одговорност за синоќешниот троен напад пред хотел во сомалискиот главен град Могадишу, при што загинаа најмалку 11 лица.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Анита Петковиќ од Нови Сад примила ислам

Во петокот, 27.12.2013.година, пред џума намаз, во месџидот на Исламската заедница во Нови Сад, пред имамот Мухаммед Зиљкич, Анита примила ислам и го изговорила шехадетот.
Фатима Петковиќ по потекло е од Ниш, а живее во Нови Сад. Исламот долго време ја привлекувал, и извесен период водела разговори со главниот имам на Bојводина Мухаммед еф. Зиљкич.
Со Аллахова волја Анита, сега Фатима Петковиќ, е 11 личност која за три години го примила исламот во Нови Сад пред главниот имам Мухаммед еф. Зиљкич.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
И АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ И ГАЛЕРИЈА

Битолската Јени џамија како истанбулската Аја Софија

Пронајдениот материјал од археолошките истражувања упатува на поврзаност со легендата според која на просторот каде што сега е џамијата, некогаш постоела црквата "Св. Ѓорги". Во досегашните ископувања пронајдени се и епископски печати во кои се споменува свети Ѓорги

Битолската Јени џамија ќе биде налик на Аја Софија во Истанбул. Ова е целта на Битолскиот музеј и завод кој интензивно работи на реконструкција и конзервација на објектот во кој од
.....................................................
...................
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CB0D99BD4BD6FE4EA8D1ABE705646F83
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Го направив тоа за да заслужам рај – порака на бомбашот од Волгоград
Павел Печенкин, кој на 29 декември се разнесе на железничката станица во Волгоград и притоа уби 18, а потешко повреди 36 лица, во март им оставил видеопорака на своите родители во која им соопштил дека не можат да го оттргнат од патот по кој тргнал, пишуваат странските медиуми.

„Тешко ми е да ги гледам вашите солзи, но јас го одбрав патот на Алах. Го направив тоа за да заслужам рај и да направам Алах да биде задоволен. Вие не можете да ме тргнете од овој пат", им порачал на своите родители.
Во пораката тој додал дека нема да ги погледне нивните пораки бидејќи не сакал тие да го поколебаат во намерата.
„Не сакам да ги погледнам вашите пораки бидејќи мислам дека ќе влијаат врз мојата одлука", истакнал Печенкин и додал дека нема намера да се врати дома, пренесува „Москов Тајмс".
Мене Алах никој не ми го наметна, рекол Павел во пораката и истакнал дека многу негови браќа ги оставиле своите семејства и „тргнале во искушение на џихадот".
Тој им порачал на своите родители да не им веруваат на она што го зборуваат телевизиите за муслиманите.
„Ние не убиваме деца, но овде можам да видам многу деца кои плачат по своите татковци", рекол Печенкин.
Оваа видеопорака, всушност била одговор на повикот од неговите родители кои го молеле да се врати дома. Неговиот татко Николај во порака го замолил „да го фрли оружјето пред да стане терорист".
„Шетаат ли сите муслимани со оружје? Само вие сте толку тврдоглави. Каква штета ти нанеле тие луѓе?“, стои во пораката што татко му ја испратил до него.
Неговата мајка Фаназија му порачала дека и таа е муслиман и дека и таа верува во Алах, молејќи го да се воздржи од насилство.
„Каков Куран!? Алах никому не кажал дека треба да се убиваат луѓе. Павлик, јас верувам во тебе - врати се, те молам“, му порачала неговата мајка и додала дека откако заминал таа живее во пекол.
„Замисли некој да ги убие твоите родители, како би се чувствувал? Зошто децата ги претвораш во сирачиња", го прашала таа.
Павел Печенкин е роден во Волжск, место кое се наоѓа на источниот европски дел од Русија. Во декември 2011 година преминал во ислам, а потоа се отселил од родителите кои подолго време не знаеле каде се наоѓа.
По преминување во ислам Печенкин го променил своето име во Ансара ал Руси.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 16:02 ---
vesta e objavena nad tebe, nema potreba od duplo postiranje
Има на секои стотици кафири убиени по светот во име на Алах, они имаат една ишарана џамија у Шведска. Како ќе покажат дека кафирите го заслужуваат геноцидот од Муслиманите?
Ако нема што да постуваат, нека постуваат по два три пати исти вести, ех не им е првпат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom