Љубчо за бугарски печат: За 10 години Македонија ќе стане муслиманска држава
Македонија може да стане трета албанска држава или четврта муслиманска држава во Европа, моите идеи за етнички држави на Балканот веќе ги напуштив, македонската власт е просрпски ориентирана, парадоксално е тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска... Ова се делови од интервјуто на Љубчо Георгиевски, претставен и како човек со бугарско државјанство и потекло за бугарскиот весник „Пресе“.
Љубчо Георгиевски
Во интервјуто за весникот Георгиевски вели дека веќе не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот.
„Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна... Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање , ситуацијата на Балканот нема да може да се смири“.
За демографските процеси во Македонија, Георгиевски вели дека за 7-8 години Македонија ќе стане музлиманска, а за 15 години ќе стане албанска држава .
„Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто - дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски“.
Тогаш излегува дека неоотоманизмот жнее успеси во Источна Европа, праша новинарката.
„Во Македонија се восхитувааат на неоотоманизмот. Турција е единствената земја во Европа и во светот која ни вели вие сте во право. Ние од ваквата позиција на Турција сме возбудени и максимално ги отвораме вратите на турската културна и економска експанзија преку телевизиски програми, преку масовно навлегување на турскиот бизнис во сите сфери во Македонија. Во сите градови има основни и средни училишта на турски јазик. Во моментов во Македонија студираат повеќе од една илјада студенти од Турција. Тие не само што учат во Македонија, голем процент од нив се женат и остануваат тука. Другиот сериозен момент е засилениот процес на турцизирање на Ромите во Источна Македонија. Тие масовно се преименуваат во Турци. Ромите не само што изјавуваат дека се Турци, сега бараат и турски паралелки по училиштата. Државата тоа им го дозволува. Тука се и Македонците муслимани (торбешите) кои исто така масовно се турцизираат. Значи, ако сакате да видите неоотоманизмот на живо, дојдете во Македонија и ќе видите дека овој процес на турцизирање ние го правиме со задоволство, бидејќи сите други ни се непријатели, а само Турција покажува пријателство“.
На прашањето зошто Македонците не ја признаваат бугарската врска, Георгиевски вели:
„Тоа е парадоксално! Јас понекогаш се плашам. Дали овие процеси кои се развиваат во моментов кај нас, не се вистински страв од реалноста со кој народ сме најблиски и со кој народ делиме иста приказна“.
За договорот за добрососедски односи Георгиевски смета дека најдобра основа е токму декларацијата што тој ја потпишал како македонски премиер со неговиот тогашен бугарски колега Иван Костов. Тој смета дека процентот на историјата на Македонија и Бугарија не треба да е во коренот на овој договор, јас и Костов не се занимававме со историја и тогаш односите меѓу Македонија и Бугарија беа на највисоко ниво. „Факт е дека антибугарската
политика во Македонија е на сцена и во овие 20 години демократија“.
Просрпската политика на Македонија, според Георгиевски, е очигледна со прославата на 100-годишнината од влегувањето на Србите во Македонија во Балканската војна, споменикот на цар Душан во центарот на Скопје и изградбата на српскиот офицерски дом на плоштадот во Скопје, кој е симбол на српската окупација на Македонија. А за нашата заедничка, реална историја со Бугарија, не сакаме да слушнеме - ниту празник да прославиме, ниту личност. Многу ми е мачно што и по 20 години самостојност нашата држава е просрпски ориентирана . Тоа ќе биде катастрофа за македонската нација!
--- надополнето: 21 декември 2013 во 20:09 ---
С
е поголем број на христијани од Малави се свртува кон халал производите, тврдејќи дека се во склад со учењето на Библијата кои пропишуваат строги стандарди за здраво живеење и хигиена.
„Ние го следиме тој концепт“, рекол отецот Барнабас Салак, од Англиканската црква за Онислам.
„Сватиме дека тоа е за наше добро, за здравјето и верата. И Библијата има учење кое ги советува христијаните да живеат здраво“, додал тој.
Со него се сложува и Пасторот Еммануел Мбаиса, кој вели дека концептот на халал исхрана промовира добри хигиенски стандарди, и дека тој аспект ги привлекува и немуслиманите.
„Како христијански лидер, во потпоност го подржувам тој концепт, а ги охрабрувам и верниците да ги прифатат најдобрите хигиенски стандарди, кои се промовирани од принципите на халалот“.
Концептот на халалот – во превод значи „дозволено“ – а традиционално се однесува на храната. Со проширување меѓутоа се однесува и на другите прозиводи, на козметика, облека, итн.
„Она што луѓето треба да го знаат е дека, иако Халал концептот изворно е муслимански, тој не е само за муслиманите. Тоа го користат сите. Халал производот подразбира производ кој поминал низ ригорозен процес, контрола на квалитет за да се избегне кражбата, заразата, се применуваат стандарди на хигиената, како и добри методи на колење, и тоа е добро за сите“, вели Шеик Салим Чиквату, национален координатор на Халал оделот во Муслиманската Асоцијација на Малави.(МАМ)
„Денес во поголем број места каде купувате ќе најдете месни производи со халал сертификат. Ќе го видете истакнат сертификатот. Тоа ја зголемува продажбата“.
Овој развој на случувањата за муслиманската заедница означува „пресвртница“.
„Во нормални услови, тоа значи прифаќање на концептот на халалот од страна на христијанската заедница. Не беше лесно да се убедат христијаните во текот на изминатите години да го следат принципот на халал“, додава Чиквату.
Исламот е втора по големина религија во Малави после христијанството.
Според официалните податоци муслиманите се 12% од 14 милиони луѓе во земјата. Но според податоците на Муслиманската Асоцијација на Малави се работи за 36 проценти, после пописот спроведен пред неколку години.
Минбер.ба