Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Земја во која е забранета Нова година
Верската полиција на ултраконзервативната Саудиска Арабија ги предупредила граѓаните дека не смеат да прославуваат Нова година, објави денеска „Оказ“.
Комисијата за промоција на вредностите и спречување на пороците или Мутава, како што официјално се вика верската полиција, ја образложила оваа забрана со едиктот на врховниот Комитет на верските поглавари, со кој се забранува славењето на Нова година, пишува саудискиот весник „Оказ“.
Саудиска Арабија официјално го прифати муслиманскиот календар, за разлика од другите соседни земји кои го следат Грегоријанскиот.
Верската полиција ги спроведува и законите на кралството со кои е предвидена строга забрана на мешање меѓу половите и покривање на целото тело и главите на жените кога се наоѓаат во јавност.
Оваа полиција, исто така, ги обиколува и продавниците за да се увери дека се затворени за време на молитвите.
Покрај ова, Мутава забранува и продажба на црвени рози и останати подароци за денот на вљубените, 14 февруари.
------------------------------------------------------------------------
А 21 век сме