Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.143
- Поени од реакции
- 83.795
Пакистан: Нападнато христијанското предградие на Карачи
Вторник, 04 Септември 2012
Во предградието Еса Негри, во периферијата на Карачи во Пакистан живеат околу 50 000 христијани кои постојано се малтретирани и искористувани од криминални банди и исламистички терористички групи.
Во престрелките за време на нападот на исламистичките екстремисти кој беше извршен на 29-ти август, во христијанското предградие Еса Нагри на периферијата на Карачи во Пакистан беше убиено младото момче со христијанска вероисповест, Фаисал Масих.
Ова беше потврдено од страна на Отец Марио Родригез, свештеник во Карачи и Директор на Здружението за понтификална мисија во Пакистан. Како што тој нагласил, во оваа густо населена област, живеат околу 50 000 христијани, во услови на голема сиромаштија и недостаток од основни услови.
Во предградието Еса Нагри има околу 15 цркви со различна вероисповест, како и невладини организации кои работат на проекти за образованието и општествената и економската поддршка во заедницата.
Невладината „Мисија и акција за општествени услуги“ која исто така работи во предградието, објави за последните напади против заедницата, која во поселдните месеци постојано трпи насилство и искористување.
По нападот што беше извршен на 29-ти август, толпа христијани излезе на мирен протест. Полицијата за да ги растури протестантите интервенираше и исфрли солзавец, а во немирите со посериозни повреди се здобија свештеникот Корнелиј и уште едне млад христијанин, Шахзад Риаз по што и двајцата завршија во болница.
Како што изјавија од споменатата невладина организација, полицијата наместо да ги уапси тие што го предизвикаа нападот, уапси мноштво христијански демонстранти. Тие велат дека во Еса Нагри христијаните се постојано вознемирувани од криминални банди и исламистички терористички групи од етничките Паштуни. Тие велат дека милитантите „вооружени до заби“ навлегле во областа за да го соберат „арачот“ (данок кој што според шеријатот немуслиманските малцинства треба да го плаќаат, во нивниот јазик „џизја“) и да изнудат пари од христијанските трговци.
Активистите на невладината организација повеќе пати објавуваа за тоа дека христијанското население постојано е ограбувано, малтретирано и искористувано, а сторителите се заштитени од полицијата.
Милитантите провалуваат во куќите, крадат и силуваат жени и деца за забава. Локалното население постојано е тероризирано, а жителите немоќни и без заштита од државата одлучија да формираат сопствена безбедносна милиција за да се одбранат.