Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Од Христијаните до Вас муслиманите има разлика како од тука до небото и назад.
Разликата е огромна...за атеистите кои не разбираат ништо од спиритуалноста....
А ако меѓу нив се стави атеист, разликата се намалува и се претваро во двобој и мерење на пен....
 
M

Muranyi

Гостин
Само едно прашање до тебе...биди љубезен и одговори искрено...
Со твоите „религиски вести“, дали си свесен дека додаваш бензин во огинот и дека само ствараш омраза?
не се работи само за овој пост, него за многу други...
Најголем дел од ова религиозните атеисти, само додаават бензин во огинот, ....не дека ги интересира за спиритуалноста...
христијаните повеке не ви ни одговараат на вашите провокации....а на муслиманите ќе им требе повеќе време да го сватат тоа од кој идат тие провокации и како да не ве ставаат во исти кош тоа атеистиве со религиозните...
Можеби сум провоцирал на почетокот кога се зачленив на форумов,но не повеќе.Разликата е што со Христијаните можеш да направиш саглам дискусија,со Муслиманите малку потешко со два-три исклучоци.Е сега ќе бидам искрен,кога некој ќе ми каже дека Евреите се проколнат народ и дека треба да се уништат,кога некој ми брани убијци на деца,оправдува сечење на глава заради личен избор на вера,тогаш во мене се активира механизам на одбивност и силна желба за мајтапење со такви идиоштини.Ме разбираш ли?Се надевам да.
И за каков бензин во оганот ми зборуваш?Што ја пишуваме вистината што се случува низ светот и каков покољ и какви глупости прават Мухамеданците?Треба ли да ќутиме?Да не треба главата да ја совијам и да ми ја пресечат зашто сум каур,т.е.неверник?Пријател,игнорантноста е опасна работа,поопасна и од незнаењето,јас тебе ти се чудам што толку си рипнал да ги браниш.Дали беше член пред 4 месеци кога ги изрешетаа дечињата,да најдеше барем еден пост на осуда од страна на "спиритуалните" Муслимани?Не бе човек,сите до еден ги бранеа тие што излегоа на улица да ги бранат убијците.
Па нека се запали оганот до крај ако е тоа цената на вистината,вака веќе не оди.
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Можеби сум провоцирал на почетокот кога се зачленив на форумов,но не повеќе.Разликата е што со Христијаните можеш да направиш саглам дискусија,со Муслиманите малку потешко со два-три исклучоци.Е сега ќе бидам искрен,кога некој ќе ми каже дека Евреите се проколнат народ и дека треба да се уништат,кога некој ми брани убијци на деца,оправдува сечење на глава заради личен избор на вера,тогаш во мене се активира механизам на одбивност и силна желба за мајтапење со такви идиоштини.Ме разбираш ли?Се надевам да.
И за каков бензин во оганот ми зборуваш?Што ја пишуваме вистината што се случува низ светот и каков покољ и какви глупости прават Мухамеданците?Треба ли да ќутиме?Да не треба главата да ја совијам и да ми ја пресечат зашто сум каур,т.е.неверник?Пријател,игнорантноста е опасна работа,поопасна и од незнаењето,јас тебе ти се чудам што толку си рипнал да ги браниш.Дали беше член пред 4 месеци кога ги изрешетаа дечињата,да најдеше барем еден пост на осуда од страна на "спиритуалните" Муслимани?Не бе човек,сите до еден ги бранеа тие што излегоа на улица да ги бранат убијците.
Па нека се запали оганот до крај ако е тоа цената на вистината,вака веќе не оди.
Со вакви одговори си исти како нив....

Ако велиш смрт за христијаните поради крстоносните војни, смрт на муслиманите поради екстремистите,..кажи ми во што се разликуваш од нив?
 
M

Muranyi

Гостин
Со вакви одговори си исти како нив....

Ако велиш смрт за христијаните поради крстоносните војни, смрт на муслиманите поради екстремистите,..кажи ми во што се разликуваш од нив?
Само офтопик одиме и ќе ми извини модераторот,но сепак се работи за сериозно обвинување.Каде прочита дека јас велам смрт или дека на некој му посакувам смрт?Немој,те молам.Овде завршувам со тебе.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Седуммина мртви во напад на верски храм во Висконсин
Вооружени напаѓачи убија најмалку шест лица во храм на етничката заедница Сики, во градот Оук Крик во американската сојузна држава Висконсин.
Според последните информации, полицијата убила еден од напаѓачите, а претпоставува дека во храмот се наоѓа уште едно вооружено лице. Неизвесно е дали има и заложници. Од полицијата доаѓаат „штури“ информации, а некои медиуми јавија дека во храмот има близу 400 лица. Не се знае точниот број на ранети, дали се четири, седум, или над десет, како што јавуваат некои телевизии, меѓу нив е и еден полицаец.

Нападот бил извршен околу пладне за време на верска служба во храмот во кој имало десетици верници, меѓу кои и деца.

Сиките се заедница од неколку десетици милиони лица во Индија и во Пакистан, додека во САД нивната заедница се проценува на неколку стотици илјади, со стотици храмови низ земјата. Сиките се препознатливи со носењето на турбани и други видливи белези на нивната вера.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3D00B21A7514E44EAB99EB6F5CD490B2




















--- надополнето: 9 август 2012 во 18:20 ---





Се подготвува појадокот на Камениот мост





По повод верскиот празник Мала Богородица, Градот и годинава ќе ја организира традиционалната манифестација „Појадок на мост“ на 23 септември.

Појадокот ќе се одржи на Камениот мост, а сите заинтересирани угостителски објекти, ресторани, гостилници, пекарници, производители и дистрибутери на пијалаци може активно да се вклучат во организацијата на манифестацијата преку донација на производи од сопствено производство.
Заинтересираните треба да се обратат до секторот за локален економски развој на Град Скопје, во бараките на булевар Илинден број 82, во текот на наредните седум работни дена.






.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Стаљин да е жив и здрав у пеколот, добри методи им остаи на АлКаеда:

http://kurir.mk/svet/vesti/80756-Protest-na-novinarite-vo-Egipet
Неколку египетски новинари во дневните весници оставија празно место на страниците на изданијата во знак на протест поради назначувањето од страна на Парламентот на 50 нови уредници во државните весници.


Поголемиот број новоименуваните уредници се познати како исламисти.
Во независните весници новинарите напишаа кратки текстови за начинот на протест. Тие наведоа дека се против обидот на Муслиманско бртатство да ги контролира државните медиуми.
Во Горниот дом од египетскиот Парламент (Шура) мнозинство се исламисти. Шурата официјално е сопственик на државните весници
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
На Кале ќе се доградува музеј џамија

Незџит или мала џамија ќе се догради до музејот од отоманскиот период на скопското кале. Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман, објаснува дека за разлика од музејот црква што се гради врз темели на средновековна христијанска црква, музејот џамија ќе се гради врз отоманска кула каде според претпоставките постоел незџит или мал муслимански храм.

-Тоа ќе биде доградба до отоманската кула врз основа на претпоставени остатоци од таков мал објект кој што служел и кој што веројатно постоел на калето како молитвен дом за војниците на калето и други групи луѓе од муслиманска вероисповед. Тоа е помал сакрален објект –помала џамија, незџит, со иста намена како секој молитвен дом или како секој џамија во денешно време-изјави Кузман

На музејот џамија нема да има минаре, како што ниту на музејот црква нема да има крст. Според Кузман просторот зад тврдината што се реконструира повеќе од година ипол може да поднесе доградба. Постоењето на т.н Незџит Кузман го потврдува со стари фотографии.

-Го има на стари фотографии, но јас не сум го видел.Тоа бил помал објект па со текот на времето бил демонтиран и неможеше да се препознае на терен-објаснува Кузман

На калето ќе се градат три музејски обележја, од праисторискиот, отоманскиот и средновековниот период.

Група предводена од функционери на владеачката ДУИ се обиде да го урне објектот, музеј црква.Три дена подоцна следеше масовна меѓунационална тепачка помеѓу група за и група против црквата.
http://daily.mk/forward/1453518/na-kale-kje-se-dograduva-muzej-dzamija

Ај на здравје нека е.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Судот на Иран ја потврди жалбата од минатата недела од шест години затворска казна изречена за вршење на христијанството на Farshid Fat’hi.


Иранската мула успеа да изнуди затворање на христијанските пастири и нивните следбеници-активисти.
Персиската христијанска мрежа на телевизии во петокот на својата веб страна ги објави извештаите од Техеран за христијанските активисти и домашната црква како и за организаторот, дека е осуден на шест години затвор врз основа на обвиненијата дека дејствува против националната безбедност преку членство на христијанската организација со собирање на финансиски средства и пропаганда против исламскиот народ и режим со помагање на ширењето на христијанството во земјата.
Во електронска пошта до Ерусалим Пост во вторникот, Јордан Секулов, извршен директор на Американскиот Центар за закон и правда напишал: "Иран продолжува да ги гони христијаните едноставно заради нивните верски убедувања. За жал, овој народ е еден од најлошите престапници во светот кога станува збор за злоупотреба на верски и човекови права.“
Американскиот Центар за закон и правда започна глобална кампања да се заложи кај иранските власти да се ослободи Пасторот Јусуф Надракхани, кој има поминато повеќе од 1.000 дена во затвор, бидејќи тој се обиде да ја регистрира матичната црква
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28

Датум: 12.08.2012, 18:14
ВЕРУВАЊЕТО КАЈ НАС ЗАВИСИ И ОД ПРИМАЊАТА
Богатите помалку се молат

Наспроти сознанието што проистекло од истражувањето на „Галуп интернешнел“, во МПЦ-ОА наведуваат дека тие не би можеле да го потврдат бидејќи не знаат во каква материјална состојба се нивните верници
Побогатите македонски граѓани му се молат на Господ поретко од граѓаните кои се во послаба материјална положба. Истото важи и за оние граѓани што се пообразовани од другите.

Ваквите сознанија произлегле од неодамна објавената анкета на „Галуп интернешнел“ која, како што е познато, покажала дека македонските граѓани се најрелигиозни во Европа.

Сознанието дека овој слој граѓани се помалку религиозни од другите се дозна откако биле споредени податоците за материјалните примања на граѓаните и нивните одговори за тоа каков однос имаат кон религијата и кон нејзиното практикување.

Ѓорѓи Kимов, директорот на „Брима Галуп“, кој го спроведуваше истражувањето, ни рече дека информацијата се наметнала од резултатите од истражувањето.

- Таквиот заклучок од истражувањето е изведен откако беа споредени примањата на луѓето кои беа анкетирани во минатата година. Тоа ми звучи и логично - ни рече тој.

Сознанието дека побогатите граѓани на некој начин се помалку религиозни произлегло и за граѓаните во останатите европски земји што учествувале во анкетата, која опфатила околу 52 илјади лица во 57 земји во светот. Главното прашање што било поставено гласело „Без оглед на тоа дали одите на места за богослужба или не, дали за себе сметате дека сте религиозна, нерелигиозна личност или сте убеден атеист“.

Од друга страна, едно неодамнешно истражување на Институтот за демократија покажало дека само 31 процент од нашите граѓани редовно ја практикуваат религијата, додека мнозинство до околу 60 проценти од граѓаните изјавиле дека тоа го прават само на големи празници или еднаш месечно.

Во Македонската православна црква не можеа да ни одговорат дали на нивните редовни богослужби повеќе присуствуваат верниците со пониски материјални можности или оние кои се побогати.

- Тоа не може да се каже како општа оценка. Ние не знаеме кој човек во каква материјална состојба е - вели владиката Тимотеј, синодски портпарол.

И повардарскиот владика Агатангел наведува дека редовното одење во црква не е доволен аргумент да се каже дали некој граѓанин е добар верник или не.

- Верувањето во Бога е работа на човечка интима. Не значи дека ако некој човек не се моли на Господ во црква дека тоа не го прави и дома. Може и оној верник што доаѓа во црква, откако ќе излезе од неа да не постапува онака како што бара христијанството и обратно. Сето тоа е индивидуално и зависи од луѓето. Тоа се однесува и на прашањето колку на нашите служби доаѓаат поимотните граѓани. Јас сум задоволен од тоа колку луѓе доаѓаат на службите во нашата епархија. Доаѓаат луѓе од сите слоеви, и млади и постари, мислам дека се зголемува бројот на верниците - наведува г. Агатангел.

Тој додава дека долготрајните литургии се причина зошто некои граѓани не доаѓаат редовно во црквите.

- На пример, една литургија трае од 7.30 до 10.30 часот, а кога е некој голем празник и до 12.30 часот. А луѓето стојат и тоа на некој начин им паѓа тешко. Свесен сум за тоа, но такви се нашите канони и не можеме да ги менуваме бидејќи тоа е спротивно на нашето учење - потенцира овој владика.​
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Ал Каеда киднапира деца за нејзината школа


Во школата за обука на терористи во Сомалија децата ги држат врзани за синџири и им ги „перат“ мозоците како би ги подготвиле за самоубиствени акции, пренесува „Дејли Мејл“, повикувајќи се на сознанито до кое дошол новинарот Нил Дојл, специјализиран за разоткривање на активности на терористичките групи.

Децата, од кои најмладите имаат седум години, во терористичките школи ги држат врзани со синџири за кревет и им ветуваат дека ќе отидат во рајот ако загинат како маченици во самоубиствени акции.
Фотографиите, Нил Дојл ги објавил откако полицијата извршила упад во школата во Могадишу.
Наставата се одржува во еден исламски интернат, а ја води припадник на сомалиската терористичка рупа Ал Шабаб, инспирирана од Ал Каеда. Слични школи постоеле и во Авганистан, каде Талибанците индоктринирале учениците и ги обучувале за терористички напади.
Наставникот на школата во Могадишу изјави дека учениците се врзани со синџири затоа што бегале од наставата. Повеќето родители, меѓутоа не знаеле каде им се децата.

Генерација деца-војници и бомбаши-самоубијци
Фотографиите наведуваат на заклучокот дека Ал Шабаб воведува ропство за да произведе генерација на деца војници и бомбаши-самоубијци, вели Дојл.
-Во борбите со владините сили, групата изгубила голем дел од територијата и сега очајнички се обидува да ги врати позициите така што ги злоупотребува децата, вели Дојл.
Школата во која децата се подготвуваат за терористи е откриена неколку дена откако Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот во кпј се убиени најмалку осум сомалиски војници, кога бомбата на далечински управувач го погоди нивното возило во Могадишу.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Според денешното издание на „Ел Фегр“, исламистичките џихад организации денеска дистрибуирале летоци за убиство на Коптите во Суез, Исмалија и во Горен Египет, ветувајќи им на Коптите трагичен крај доколку не се свртат кон вистината.


Инаку во рамки на весникот се појавила и копија од писмото, насловена како „Итна и важна напомена“ која започнува со поканата „за сите браќа и сестри“ да „ги убиваат или физички да се пресметуваат со непријателите на религијата на Алах“ – „христијаните во сите области на Египет, робовите на Крстот, нека ги стаса казната на Алах“. Продолжува со ветување за парична награда за сите што ќе помогнат да се постигнат правата на Алах над сите непријатели.
Како сведоштво за тоа колку сигурно се чувствуваат организациите предводници на џихадот во денешен Египет со кој владее новиот претседател и Муслиманското Братство на Мохамед Морси, вообичаениот шифриран јазик бил отфрлен затоа што во писмото се истакнати контакти, па дури и џамијата Шеик Ахмед во Касфрит каде сите сите заинтересеирани треба да се пријават по петочната молитва и каде ќе бидат прифатени новите членови на организацијата.
-Геноцидот нема да престане се додека Египетските христијани не се свртат кон вистината – референца што очигледно значи дека или Христијаните мора да ја прифатат „вистината“ што во овој случај е Исламот или да го прифатат потчинетиот дхими статус.
Последниве вести го зголемија стравот и теророт помеѓу египетската христијанска популација.



Египетските „џихад“ организации повикуваат на геноцид


мој личен фаворит:"робовите на Крстот, нека ги стаса казната на Алах"
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Четврток, 16 Август 2012 15:40


Исламските радикали во Тунис упатија барање до тамошните власти за одземање на државјанството на освојувачите на медали на Олимписките игри одржани во Лондон.


Туниските екстремисти го „нападнаа“ пливачот Усама Мелули, кој освои златен медал на 10 километри и бронза на 1.500 метри, но и атлетичарката Хабиба Гриби која го освои второто место во трката на 3.000 метри со пречки.
Тие ги обвинуваат спортистите дека не се однесувале соодветно, во согласност соб исламските вредности.
Според екстремистите, Гриби не била доволно покриена, односно нејзината облека за натпреврување го откривала поголемиот дел од нејзиното тело.

Мелули, пак е обвинет дека за време на рамазанските пости консумирал храна и пијалоци.
Одговорот од властите се уште се чека.


Више коа сме кај спортскиот Ислам, малку касниме (неколку месеци) али редно е да им честитаме на Санџаклиите у Нови Пазар сефтосуење нов стадион!
Ај аирлија нека е...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom