Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Како што падна митот за Божественоста на Исус:

Откритие: Исус имал жена?








Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека епронајден папирус од 4. век, а на кој се спомнува можноста дека Исус имал жена. Како што пренесува весникот, Карен Кинг, експерт за раното христијанство од Харвардскиот богословски универзитет, презентирал парче папирус од 4-от век на коптски јазик, во кој се содржи досега невидена фраза во кој и да е текст на Светото писмо, поврзана со можната жена на Исус.

На папирусот пишувало: „И Исус им кажа, „Мојата жена....“, за кој текст Кинг тврди дека е единствениот досега постоечки документ што експлицитно го цитира Исус во врска со тоа дека има жена.

Избледениот папирус, со големина помала од визит карта, од едната страна има осум редови, испишани со црно мастило, кои се читаат со лупа.

Точно под редот, во кој станува јасно дека Исус има жена, се содржи и втората провокативна реченица: „Таа ќе може да биде мој ученик“.





Потеклото на папирусот во кој се спомнува за можната жена на Исус е енигма, а денешниот сопственик барал да остане анонимен

Откритието беше обелоденето вчера во Рим на Меѓународниот конгрес по коптологија од страна на Карен Кинг - историчарка, која досега објави неколку книги за нови откритија во Евангелието и која е првата жена носител на најстарата титула во САД - професор по богословие „Холис“.
Потеклото на папирусот е енигма. Неговиот сопственик побарал да остане анонимен. До вчера Кинг го покажувала парчето папирус само на мал круг експерти за папируси и за коптски јазик, кои заклучиле оти тој најверојатно е автентичен.
Откритието може одново да го разгори спорот дали Исус бил женет, дали Марија Магдалена била негова сопруга и дали имал жена наследник. Овие спорови датираат уште од раните векови на христијанството, тврдат научниците. Тие се актуелни и денес, кога христијанството е разбранувано од прашања како можноста на жената да е свештеник и границите на бракот, додава „Њујорк тајмс“.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1B1DF230F479D0488CA2B0023CC27030
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Недела, 23 Септември 2012 09:57


Гулам Ахмед Билур, пакистанскиот министер за железници, вчера понуди награда од 100.000 долари за убиство на авторот на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, кој предизвика жестоки протести во муслиманскиот свет.

- Денеска објавувам дека оној кој ќе го убие богохулникот што го навреди пророкот ќе добие награда од 100.000 долари, изјави пакистанскиот министер во Пешевар.
Тој ги повика талибанците и Ал Каеда да бидат „партнери во овој благороден дел“, додавајќи дека доколку има шанса би го убил авторот на филмот со сопствени раце, а потоа можат и да го обесат.
Во насилните протести во Пакистан поради американскиот антиисламскиот филм вчера загинаа 21 лице.





Бомбашки напад во католичка црква во Нигерија


Архивска фотографија- бомбашки напад пред католичка црква во Нигерија.
23.09.2012
Бомбаш-самоубиец денеска нападнал католичката црква во северниот дел на Нигерија. Засега нема извештаи за бројот на убиени и повредени во нападот врз католичката црква Свети Јован во Баучи.​
Сектата Боко Харам која се бори со нигериската влада има изведено неколку напади на христијански цркви, но таквите напади станаа поретки во последниве недели. Наместо тоа, Боко Харам се насочија кој телефонските предаватели за да ги прекинат комуникациите. Според Асошиејтед прес скоро 700 луѓе се убиени во нападите од страна на Боко Харам од почетокот на оваа година.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Католичката црква во Австралија го призна сексуалното злоставување на деца
Мелбурн, 22 септември 2012 (МИА) - Католичката црква во австралиската држава Викторија потврди дека нејзините свештеници сексуално злоставувале повеќе од 600 деца од 30-тите години на минатиот век.

Надбискупот на Мелбурн Денис Харт го оцени овој податок како „ужасен и срамен“.

Информацијата е објавена во документ поднесен до државната парламентарна комисија, која ги истражува случаите на злоставување.

Активисти наведуваат дека многу случаи не се пријавени и дека само во државата викторија бројот на жртвите би можел да изнесува околу 10.000 деца.

Црквата во документот нагласува дека во последните 80 години биле регистрирани 620 случаи, а повеќето се случиле меѓу 60-тите и 80-тите години од минатиот век. Наведено е и дека се води истрага за уште 45 случаи.

Надбискупот истакна дека е важно да се биде отворен „во врска со ужасното злоставување кое се случувало

во Викторија и во други места“.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
А бре форумџии мои мили христијани и вие муслимани...
Сакате да кажете дека верските вести овде се всушност лоши вести од спротивната религија?
Ги прикажувате лошите вести на религијата која не ја поднесувате?
Е браво бре христијани и муслимани, браво. :facepalm:
Барем во едно сте браќа: браќа по омраза и крв по се изгледа.

Треба да се срамите. Дајте малку свртете го другиот образ, понудете добри вести, игнорирајте го и избегнувајте го злото! Не го одобрувајте!
Вака што?
Срамота сте...

И ти, el_kewser , прочитај си го потписот што го имаш ставено! Се забораваш...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
А бре форумџии мои мили христијани и вие муслимани...
Сакате да кажете дека верските вести овде се всушност лоши вести од спротивната религија?
Ги прикажувате лошите вести на религијата која не ја поднесувате?
Е браво бре христијани и муслимани, браво. :facepalm:
Барем во едно сте браќа: браќа по омраза и крв по се изгледа.

Треба да се срамите. Дајте малку свртете го другиот образ, понудете добри вести, игнорирајте го и избегнувајте го злото! Не го одобрувајте!
Вака што?
Срамота сте...

И ти, el_kewser , прочитај си го потписот што го имаш ставено! Се забораваш...
Добар пост иако офтопик ќе го оставам.
Неколку пати истово го напоменувам ама тоа е тоа ...

99% од постовите на темата се спротивната религија на твојата каква глупост направила ... 1% дали и толку е тема со наслов пример МПЦ донираше пари за незнам шо, ИВЗ донираше пари за друго, се направи оваа добрина, се изгради она ....

гревчиња ...

а потписон на el_kewser неможе да биде поконтрадикторен од шо е ...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Вторник, 25 Септември 2012 08:47


Цврсто се држат, но многу е тешко да се замисли нивната иднина во Египет контролиран од Муслиманското Братство. „Христијанските семејства во Северен Синај се соочуваат со закани, но одбиваат да заминат“, вели Милад Заки за ал-монитор.


Свештеникот Габриел Хабиб од Црквата на Дева Марија и Архангел Михаил во Ал-Ариш, вели дека христијаните одбиваат привремено да заминат за да се избегне исполнување на целта на екстремистите, којашто е присилно иселување на христијаните.
Хабиб додаде дека некои христијани му рекле: „И да умреме, не сме ништо подобри од мачениците коишто го жртвуваа својот живот поради татковината и религијата“, додавајќи дека ќе останат со своите соседи муслимани.
Седум христијански семејства нашле летоци пред своите домови и дуќани, преку кои им се наредува да заминат во рок од 48 часа, а во спротивно ќе им биде уништен имотот.
-Една црква беше уништена во јануарската револуција во 2011 година, којашто се уште не реновирана. Молитвите повеќе не се одржуваат поради безбедносната ситуација во Синај, вели Хабиб.
Свештеникот Карлос Виктор, секретар на црквите во областа Северен Синај, вели дека безбедносните сили рекле оти истрагата покажала дека предупредувањата спрема христијаните биле случајни и дека зад нив не стојат организирани групи, додавајќи дека летоците најверојатно биле поделени од локални жители, муслимани, коишто се бесни поради филмот што го навредува пророкот Мухамед.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
А

И ти, el_kewser , прочитај си го потписот што го имаш ставено! Се забораваш...
sto ima vrska potpisot so vesta, sto ja postirav, neli e ova tema za verski vesti.i sekoj covek ima pravo na kritika . no taa kritika da bide socustvitelna so polno razbiranje,i so taa vest jas voopsto ne im go frliv vlice greskite na tie sto go pravele toa zlodelo i voopsto ne recitirav nieden moj zbor, ednostavno kopirav, postirav, , nitu pa dadov nekakva kritika za toa, no i ne treba da se zaboravi toa sto se zlostavuvalo deca od strana na katolickite svestenici. mozebi nekomu ne mu se dopaga taa vest.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Не ми е грижа за твоето разбирање. Јас дојдов да те критикувам. Прими ја критиката. Не се брани и не ми давај објаснувања.
Јадете се едни со други, умирајте за вашите богови. Не ми е грижа воопшто.
Вие си го бирате сами патот.
Бркајте си ги работите...
Само, голема штета...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Не ми е грижа за твоето разбирање. Јас дојдов да те критикувам. Прими ја критиката. Не се брани и не ми давај објаснувања.
Јадете се едни со други, умирајте за вашите богови. Не ми е грижа воопшто.
Вие си го бирате сами патот.
Бркајте си ги работите...
Само, голема штета...
jas ja primiv kritikata tvoja i ti odgovoriv na tvojata kritika ,
ponekogas e podobro i voopsto da ne se diskutira koga ke se zabelezi deka taa diskusija nema da ima plod,, brkaj si rabota priatele.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
На критика е мудро да не се одговара, ами да се примени и смени нешто. Јас не критикувам за да ве навредам, ами малку да ве поправам, да правите како што и си проповедате на сите страни.
Твоето постирање на христијански вести каде што е оцрнета црквата, или пак некој христијанин кога постира вест за да ги оцрни муслиманите... е БЕДНО и НИСКО.
Давате само лоша слика за вашите „мирољубиви“ религии. А кои се смрт и зло по се изгледа, гледајќи како ги третирате другите од некоја друга религија.

Не треба така, мислам, размили... не знам кој дел од критиката не ја разбра.
Ај, терајте си, тешко дека ќе се сменат овие две завојувани страни. (y)

П.С. Дури и овој човекулецот што ти лајкнал постот, го направил тоа од омраза кон мене, не дека ти се сложува со твојата размисла.
Пу бре да му се сневиди до каде стигнавме. И виртуелни ликови успевате да мразите! Ц ц ц ц :rolleyes:
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
П.С. Дури и овој човекулецот што ти лајкнал постот, го направил тоа од омраза кон мене, не дека ти се сложува со твојата размисла.
Ај повторно прочитај на што ставив лајк.

jas ja primiv kritikata tvoja i ti odgovoriv na tvojata kritika ,
ponekogas e podobro i voopsto da ne se diskutira koga ke se zabelezi deka taa diskusija nema da ima plod,, brkaj si rabota priatele.
Понекогаш се прашувам дали разбираш тоа што читаш, или те водат во животот само негативните емоции.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ај доста си се муабетите ...

Дајте уште нешто црна хроника ... да ви фаќаме сеир на умот ...

И да el_kewser ова е тема Верски вести, ама ако ова се вестите кои секојдневно се дешаваат по светот ... црна до црна хроника ... тешко Вас а и Нас (сите останати)
 
D

Daedalus

Гостин
Сигурно не очекувате муслиманите да постираат негативни вести за исламот или христијаните за христијанството. Позитивни вести, тешко ќе чуете затоа што во принцип религиозните установи се бесполезни. Сем некоја вест дека слеп оџа/калугер исцелувале слепо дете. Евентуално исто така мали се шансите да сретнете муслиман koj постира добри вести за христијанството или христијанин кој ќе постира позитивни вести од муслиманството. Знаете ли зошто?
Затоа што оваа тема не е ништо друго освен место за луѓето да се мразат. Не прочитав ниту еден пост за будизмот или вести за хиндуизмот или припадниците на истиот. Без разлика на тоа што омразата не води кон ништо, сепак ова е место за вестите од областа на религијата. Ако ништо друго секогаш ќе бидеме во тек со настаните затоа што никој нема да дозволи свежа вест за религијата на неговиот противник да помине непостирана тука. Sooo...keep goin'(y) :cuc:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
ТВ Мир - Косово: Вахабистичка пропаганда во етерот
Среда, 26 Септември 2012 10:04


Споделете ја веста со Вашите пријатели

Познатиот американски институт Гејтстоун објави детален извештај за пропагирањето на вахабизам, салафизам и радикален исламизам на Косово. За таа цел се користи локална телевизија која се вика „ТВ Мир“, а финансиите доаѓаат од Саудиска Арабија, Дубаи и муслиманските организации во Индија. Извештајот констатира засилување на пропагандата на радикалниот ислам на Косово. Во целост го пренесуваме извештајот на американскиот Гејтстоун институт.


Едно умерено претставување на исламот и почитта спрема луѓето коишто веруваат во други религии, нешто по што се познати муслиманите од Косово, можеби ги убедија агитаторите дека Косово навистина има потреба од „исламистичко будење“, работа што Вахабистите, Деобандите и други екстремистички групи сметаат дека е потребна за глобалната муслиманска заедница. Добротворната организација Рахма (милост), којашто работи од Болтон и Лечестер во Велика Британија и ги следи радикалните Деобанди, од кои се инспирирани Талибанците, тука праќа парични средства.
ТВ Мир, со канцеларии во Индија, Саудиска Арабија и Дубаи, под водство на фундаменталистот и исламски проповедник Закир Наик, продуцираше 12-часовна програма во Косово, земја со 90% муслиманско население.
Оваа емисија на ТВ Мир, продуцирана од Наик, секој ден се емитува на албански јазик и трае од 9 часот наутро до 22 часот навечер. Таа е дел од кампањата на исламистите од Јужна Азија, кои сакаат да пуштат корени кај муслиманите од Балканот. Пораката на ТВ Мир е тврдокорна како Вахабизмот, којшто користи навреди и агресивни термини спрема Суфите, Шиа муслиманите, нефундаменталистичките Сунити, Евреи, христијани и хиндуси, а и многу други. Радикалните исламисти и нивните финансиери, кои главно доаѓаат од Саудиска Арабија и други земји од Заливот, се наоѓаат и во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
ТВ Мир во Косово е управувана од локалниот Центар за исламистички студии, којшто постои само на интернет и на телевизија, а исто како и пропагандата на Наик, нуди академски студии и фатви (религиозни мислења). Центарот исто така не ги објавува своите претставници и финансиери, освен поврзаноста со Наик.
Каналот преку сателит се емитува на англиски и Урду јазик, пред гледачите во Јужна Азија и јужноазиската муслиманска заедница имигранти во цел свет, а и во Косово од 2009 година.
Наик е доктор без исламски религиозен тренинг, го фалеше тероризмот, вклучувајќи го и тероризмот на Осама Бин Ладен, тој и неговите походи се осудувани од муслиманските власти во Индија. Во 2010 година му беше забранет влез во Велика Британија, а потоа и повеќепати му беше одбиен влез во Канада.
ТВ Мир емитува интервјуа на албански јазик со истакнати муслимани од Косово што се под влијание на Вахабизмот. ТВ Мир претходно емитуваше предавања од Сабри Бајгора, „главен имам“ на Балканската република на Наим Тернава, врховниот исламски клерик Вахабист на Косово уште од 2003 година.
Бајгора беше во фокусот на неколку контроверзни инциденти во исламската заедница од Косово. На пример, во 2011 година Тернава, Бајгора и други двајца муслимански функционери беа осудени од седум висококвалификувани професори што проповедаат умерен ислам, кои без причина беа отпуштени од косовскиот факултет за исламски студии.
Отпуштените професори рекоа дека Тернава, Бајгора и нивната група немаат потребни квалификации од религиозните институции.
Во март 2012 година, Бајгора беше на вестите откако отстрани од влас еден клерик, имамот Мусли Вербани, од џамијата во косовскиот град Качаник. Истераниот имам имаше поддршка од околу 1.800 муслимани од Качаник, кои демонстрираа за тој повторно да се врати на местото.
Во јули 2012 година освен ТВ Мир и видеата продуцирани од Центар, кои ја поддржуваа изградбата на мегаџамија од страна на Вахабистите во Приштина, главниот град на Косово.
Муслиманските екстремисти се собраа во Приштина, каде што моментално има 22 џамии што се истакнуваат со прекрасни декорации, бараа „голема џамија“ слична на римокатоличката катедрала што моментално се гради во центарот на градот, а е посветена на Мајка Тереза, Албанка родена во Македонија.
Католиците, кои се 10% од два милиони жители, се втората најголема религиозна заедница во Косово, која се дефинира како секуларна држава, а католиците, иако се малцинство, тие се истакнати во културата и политиката на Косово.
Кампањата за изградба на мегаџамија беше сфатена како екстремистичка провокација од многу муслимани во Албанија. Надгледувачите на демонстрациите за нова и голема градба известија дека учесниците биле главно Албанци од Македонија, каде што официјалната исламска заеднива е под контрола на фундаменталистите.
Рахма (милост) е организација којашто работи од Болтон и Лечестер во Соединетото Кралство и ја следи радикалната исламистичка секта Деобанди, инспирирана од Талибанците. Оваа организација е поддржана и од радикалниот проповедник Кастриот Дука познат како Џемаил Дука, којшто пред да биде истеран од Косово во неговата родна Албанија во 2010 година, основа џамија и програма за сирачињата од косовското село Марина, во близина на градот Скендерај.
Традиционалните муслимани во областа Скендерај обезбедија 6.000 потписи преку петиција со која се бараше затворање на џамијата на Дука, во која сметаа дека млади девојчиња се присилени да носат вахабистички превези и облека што го покрива целото тело.
Но во август Артан Хараџа и Висар Дурики од Центарот за инстражувачко новинарство открија дека откако Дука бил избркан, тој се враќал во Косово во џамиите и сиропиталиштето, а парите од Рахмна се праќале преку банка или преку курир.
Рахма е основана во 199 година и им помага на косовските бегалци. ТВ Мир и Рахман одбрале да дојдат во Косово, што е сиромашна поствоена земја на која и треба помош.
Едно умерено претставување на исламот и почитта спрема луѓето коишто веруваат во други религии, нешто по што се познати муслиманите од Косово, можеби ги убедија агитаторите дека Косово навистина има потреба од „исламистичко будење“, работа што Вахабистите, Деобандите и други екстремистички групи сметаат дека е потребна за глобалната муслиманска заедница. На пример, Косово е единствената земја од копнениот дел на Европа, освен делот од Турција што се граничи со Бугарија и Грција, каде што спиритуалноста на Суфите е главен елемент во исламската клтура. Дури 40% од муслиманите во западно Косово се Суфи, имаат свои простории за средби и отвораат џамии насекаде.
Закир Наик и претставниците на ТВ Мир, како и Деобандите на Рахма и застапеноста на суфизмот во Косово, можеби се поттик за „чистење“ на локалните муслимани од нивните наводни „застранувања“.
Албанците од Косово се посветени на своето муслиманско наследство и може да се кренат во борба кога ќе се соочат со идеолошка агресија од надвор. Исто како и Арапите, Иранците и турските фундаменталисти сакаат да навлезат во косовската муслиманска заедница. Шансата за фундаменталистичка субверзија на косовските муслимани детално се анализира, а на умерените верници им се обезбедува потребната помош.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom