ГОЛЕМА СРАМОТА: Исус претставен како хомосексуалец за парадата во Белград
![](http://www.povikkonvistinata.org/wp-content/uploads/2012/09/parada-gej-isus-600x272.jpg)
Организаторите на парадата на „гордоста“ 2012 во Белград следната недела ќе претстават фотографија на која Исус е прикажан како хомосексуалец.
На оваа парада ќе биде прикажана фотографијата “Ecce Homo” од шведскиот уметник Елизабета Олсон Валин. На фотографијата Исус е презентиран како хомосексуалец, носи високи потпетици и се наоѓа во друштво на трансексуалци, пренесува Телеграф.
Оваа поставка предизвика остра осуда од страна на српскиот патријарх Иринеј, кој вели дека таквата претстава на Исус Христос е скандалозна и е голема срамота!
Слични тврдења и подметнувања на сметка на Исус (божји мир врз него) го има на многу хомосексуални сајтови кои се обидуваат да си го оправдаат своето неморално однесување со цитати од новиот завет.(
http://rainbowallianceopenfaith.homestead.com/JesusProGay01.html)
Овојпат со нивните тврдења тие направиле чекор потаму и намерно предизвикуваат неред и потсмев со сите оние кои го почитуваат и ценат Исус алејхи селам.
Ние како муслимани пред одредено време бевме сведоци на едно слично искуство на омаловажување и понижување по нас, со поставување на карикатури, снимен филм и исмевање на сметка на Мухаммед алејхи селам.
Дали после ова муслиманите требало да го навредат Исус и да го прикажат како не му доликува. Нормално дека не, ниту го правеле тоа, ниту ќе го прават, туку напротив исто како што реагирале за навредата кон Мухаммед алејхи селам тие треба да застанат да ја бранат честа и на Исус алејхи селам. Сите тие пратеници се од Бог пратени за да ни го олеснат и осветлат патот на Вистината, да само Господарот свој Го обожуваме, само на Него да Му робуваме , а своите страсти и пороци да ги изгасиме и да ги совладаме.
Затоа секој говор против пратениците е од незнаење, страст, емоции и омраза и ѓаволско дошепнување, во кое се јавува мисла дека некој на некого ќе му ги одземе правата, ќе му ја уништи слободата, а всушност тие Пратеници се испратени на човештвото како милост од Бог.
Денеска како што гледаме постојат голем број на институти кои почнале да шират исламофобија, но тука е и стравот на атеистите од христијанското позитивистичко учење на морал и на кодекс во општеството. Оваа борба против се што има морален кодекс им пречи на неморалните луѓе, на оние кои овој свет им е само како игра и забава.
Како да постапиме и како да се сочуваме од ваквите напади? Како што видовме ова што ни се случува не е нешто ново. Ние треба да сме свесни дека аманетот што ни останува е да шириме добро мислење за Аллаховите Пратеници, пред се Мухаммед и Исус(Иса) алејхи селам . Да ни биде приоритет одбраната на чесниот морал и името на Пратениците, алејхи селам, да ја шириме вистината и да постапуваме по Упаството пратено од Бог, односно по нивниот ахлак
(морал) .
ЈАС ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ ИСКРЕНИ ХРИСТИЈАНИ ДА ЗАЕДНО ЈА ПРОСЛЕДИТЕ И АКТИВНО РАШИРИТЕ ВЕСТА НА НЕПРАВЕДНОТО ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКОТО ИМЕ КОЕ НЕ ВРЗУВА И КОЕ ГО ПОЧИТУВАМЕ- А ТОА Е ИСУС. ВЕ МОЛАМ РАШИРЕТЕ ГО ТОА НА ФЕЈСБУК; НА ВАШИТЕ ФАН КЛУБОВИ И ПРИЈАТЕЛИ И ЗАСТАНЕТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОТИВ ТОА ЗЛО.
До хептаграм те молам твојот коментар на оваа книга:
http://www.radioislam.org/protocols/index-croat.htm
--- надополнето: 3 октомври 2012 во 02:15 ---
Koi radikalni ekstremisti site znaat civo e toa delo, da ti citiram>Zoran Bozinovski
Кој го изрешета возилото на Општина Илинден?
Напишано од
Зоран Божиновски
Македонија многу бргу ги заборави жртвите од предвелигденскиот масакр крај Смилковско Езеро. Спин-докторската екипа од ВМРО ДПМНЕ направи маестрален двонеделен медиумски перформанс, кој заврши со скоро па спектакуларно апсење на осомничени убијци, за првомајските празници. Во лагите поврзани со акцијата МОНСТРУМ, искажани пред дресирани „новинари„ предничеше министерката Гордана Јанкуловска, а витален придонес даде и обвинителот Љупчо Шврговски со јавна изјава која повеќе наликуваше на давање насоки како осомничените притвореници да се бранат и одбранат, отколку да ја смири јавноста дека навистина Обвинителството има цврсти докази дека токму притворените се сторителите на петкратното убиство.
Денес, четири месеци подоцна, се повеќе ни е јасно дека и Јанкуловска и Шврговски, со своите јавни настапи после акцијата МОНСТРУМ, работеле на заташкување на последиците од претходната акција, ДЕТОНАТОР. Чија разврска исто така до денес нема никаков епилог. Од друга страна, чудно е и однесувањето на семејствата на убиените крај Смилковско Езеро. Молчаливи, веројатно добро исплашени и инструирани како да се однесуваат, глас не пуштаат јавно да запрашаат: Што тоа навистина се случи крај езерото каде нивните деца ги загубија животите? Што е со радикалните исламисти кои беа посочени како главни виновници? Зошто притворените осомничени за убиство на нивните деца немаат обвинение за тоа дело туку им судат за сосема други кривични дела?
Сепак, јавноста не мирува и не го заборава случајот. Па вчера до медиумите е испратена маил порака со прашања кои фрлаат сосема поинакво светло на настаните крај езерото. Пораката, за разлика од останатите медиуми кои тактизираат па мораат да прашаат фактори од ВМРО ДПМНЕ дали да ја објават или не, ние сепак интегрално ќе ви ја пренесеме. Нам не ни треба дозвола од никој за објава, ниту пак консултација. Станува збор за прашања:
Дали ќе беше спречено петкратното убиството на децата крај Смилковско Езеро ако полицијата претходно го расветлеше случајот кога беше изрешетано службеното возило на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски?
Дали градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, му продал 2 хектари државно земјиште со непосредна спогодба на еден од осомничените убијци, уапсен во акцијата МОНСТРУМ? Ако ова е точно, на кој начин е спроведена продажбата?
Која е бизнис врската помеѓу градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и концесионерот на Смилковско езеро, кој е уапсен во акцијата МОНСТРУМ? Како е спроведена постапката за доделување на езерото под концесија на осомничениот притвореник?
Дали убиените се случајни жртви на пресметка помеѓу довчерашни пријатели кои не си ги дефинирале должничко-доверителските односи?
Останатите прашања се однесуваат на индиции за криминал на Жика Стојановски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски:
Како Жика Стојановски ги легализираше своите штали кога тие не се изградени од него, а намената на земјиштето во тој дел на некогашната фарма „Илинден„ е со намена за индустриски објекти, а не за фарми?
Дали Министерството за транспорт и врски и министерот Миле Јанакиевски, заедно со градоначалникот Жика Стојановски, прикриле и злоупотребиле фактичка ситуација, за да го продадат државното земјиште и да ги легализираат објектите кои не се изградени од страна на Стојановски? Изградени се на државно земјиште.
Зошто одделението за спречување организиран криминал, кое го води случајот, по наредба на началникот Горан Савевски (вкупно седум предмети), неколку месеци не превзема ништо? Или веќе е даден налог за заштита на инволвираните од ВМРО ДПМНЕ?
Дали незаконското продавање на државниот имот и решетањето на оштинското возило, имаат врска со нерасчистените должничко доверителски односи во „екипата„?
itn
http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/240-кој-го-изрешета-возилото-на-општина-илинден?.html