- Член од
- 19 мај 2011
- Мислења
- 61
- Поени од реакции
- 2
Јужнокореец се самораспнал на крст
Еден 58-годишен јужнокорејски таксист пронајден е мртов прикован за крст, во очигледен обид за имитирање на распнувањето на Исус Христос, соопшти денеска локалната полицијата.
Телото е откриено во пештера во јужниот дел на земјата на 1 мај, една недела по Велигден. По двенеделан истрага полицијата соопшти дека верува оти човекот, чие презиме е Ким, извршил самоубиство без помош на други луѓе.
Се верува дека Ким прво ги приковал своите стапала за крстот, а потоа направик дупки на рацете и ги „закачил“ на веќе закованити клинци на крстот, изјави претставник на локалната полицијата.
Полицијата го реконструирала самораспувањето и заклучила дека возрасниот човек можел сам да го изведе таквиот чин.
Пронајдена е и порака од Ким во која тој наведува дека планира да се распне на крсто. Пред самоубиството тој ја затворил сметката во банката и го откажал договорот за мобилен телфон.
Аутопсијата покажала дека Ким починал од крварење од раните и гушење, соопшти полицијата.
Sitel.com.mk