Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Г

Господ

Гостин
ако ја нема темава за секој од овие постови на темава ќе се отвора нова тема ..
затоа е и темава .. еден вид на канта за пропаганда и вести за перење на мозок .. се со цел да не се загадува цел подфорум со нова тема за секоја вест ...
Bro,if so може ли од време на време да опнеме по некој офтопик пошо и онака повеќе е заебанции темава?:smir:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Рамадани го изгуби спорот со ИВЗ, нова тепачка во џамијата


Рамадан Рамадани има осум дена рок да ја напушти Иса беговата џамија и да ги прекине сите верски обреди што ги извршува во овој објект.
Основниот суд во декември пресудил дека Рамадани неовластено узурпирал имот на Исламската верска заедница, бидејќи со одлука на Поглаварот на ИВЗ од 1 јули 2010 бил разрешен од свештеничката функција, а тој и понатаму продолжил да ги извршува верските обреди.
Судот ја прифатил тужбата на ИВЗ и констатирал дека Рамадани го попречува нормалното функционирање на џамијата, недозволувајќи легитимната верска институција да воспостави контрола над сопствениот имот.
Во Скопското муфтиство сега ја чекаат правосилноста на пресудата, а потоа доколку Рамадани не ја напушти џамијата, ќе побараат асистенција од полиција.
Правосилност чека и Рамадани, но е уверен дека апелациониот суд ќе ја укине оваа пресуда.
-Ќе продолжиме со сите правни средства да ја докажеме нелегитимната промена на Уставот на ИВЗ од 2008. Ќе ја напуштам Иса Бег Џамијата, кога ќе бидам избран на челната позиција во ИВЗ, бидејќи нема да држам како некои од нив по две работни места, вели Рамадани во писмената реакција за одлуката на основниот суд.
Во образложението на пресудата, судот како клучен аргумент дека е нарушено владеењето на ИВЗ врз џамијата, го посочува инцидентот што се случи на 15 јули, кога новопставениот имам на ИВЗ беше физички нападнат.
Тепачката во Иса беговата џамија беше само еден од настаните што ги одбележаа случувањата во ИВЗ минатата година.
Инаку и годината не почна славно за Исламската верска заедница.
Пред два дена во центарот на Куманово бил претепан Кумановскиот Муфтија, Абедин Имери, исто од лице кое имало нередовен работен однос како оџа во ова муфтиство.
По претходна вербална расправија во која џамија може да врши верски обреди, Седат Мемиши, и уште две лица го пресретнале муфтијата и со тупаници му нанеле повреди во пределот на главата. Настанот го расчистува кумановската полиција.
Муфтијата Имери, денеска не беше достапен за коментар.
Без коментар е Исламската верска заедница.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
ИВЗ најави тужби против радикалите во своите редови


Исламската Верска заедница со тужби ќе се бори против радикалните структури, кои ги имаат узурпирано дел од џамиите во Скопје.
Охрабрени од пресудата против Рамадан Рамадани, ИВЗ најавува судски процеси и против останатите кои го нарушуваат нејзиното право на владение врз имотот.
Сепак засега никој во ИВЗ не сака да прецизира колку џамии се надвор од контролата на Исламската заедница, ниту пак за колку лица станува збор кои би можеле да се најдат пред судот за узурпирање на имот.
Извори за Сител тврдат дека на овој начин, со правосилни судски пресуди ИВЗ лесно ќе може да обезбеди асистенција на полицијата за да ја врати контролата врз џамиите, доколку и понатаму радикалните структури останат во џамиите.
Рамадан Рамадани беше привиот за кој основниот суд во Скопје пресуди дека неовластено врши верски обреди и узурпирал имот на Исламската верска заедница. Судот му даде рок од осум дена, да ја напушти Иса беговата џамија.
Рамадани веќе се изјасни дека до правосилност на пресудата нема намера да се повлекува, туку напротив ќе продолжел да докажува дека актуелното раководство на ИВЗ нема легитимитет.
Правосилност чека и Скопското муфтиство. Муфтијата засега се воздржува од коментари, што доколку Рамадани не постапи по решението на судот.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Австрија: Римокатоличката црква изгуби 87 илјади верници
12.01.2011 | 09:58
Извор: Макфакс
Рекорден број на Австријци ја напуштија Римокатоличката црква минатата година по низата на сексуалните скандали кои ја потресоа. Црквата во Австрија изгуби 87.393 верници минатата година, дури 64 проценти повеќе од 2009 година, односно најмногу од 1945 година, објави австриската католичка новинска агенција врз основа на статистичките податоци од австриската епархии.

Најголемиот број на верници на црквата ја напуштија во првиот дел на годината. Австрија во март ги потресе скандалите за свештениците за сексуалната злоупотреба на децата во католичките институции.

Во крајот на 2010 година во Австрија имало околу 5.45 милиони римокатолици од 8,4 милиони жители.

Секое отстапување на верниците од црквата е „болен“, рече виенскиот надбискуп кардинал Кристоф Шоенбрун во соопштението, додавајќи како овие податоци се сигурно поврзани со сексуалните скандали.

Австриската бискупска конференција побара од сите свои верници годишно да даваат од 0,1 до 1,1 отсто од своите приходи во црква, зависно од брачните статуси и бројот на деца, што изнесува околу 350 милиони евра годишно
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Во Албанија спор поради носење фереџе во државните училишта

МИА Коментари (0)
17.01.2011 11:34

Новиот Закон за образование, со кој се забранува носењето на фереџе во државните училишта предизвика остри реакции на невладините организации кои се борат за верските слободи.
Албанското здружение на имами бара во новиот закон да не се внесува забраната со образложение дека „фереџето е централно прашање на верскиот идентитет“.
„Фереџето за нас е повеќе од симбол. Тоа е верска обврска, а не прашање на избор. Новиот закон не смее да го загрози изразувањето на верските чувства на јавни места“, истакна Јустинијан Топули од Здружението.
Албанската исламска заедница, исто така, не го прифаќа новиот Закон. Неколку здруженија на граѓани кои се борат за човековите права најавија дека ќе поднесат амандмани во Парламентот пред усвојувањето на новиот закон за образование
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Покрај масовната тепачка во вода во Делчево, во која млади делчевчани се тепаа кој да го фати крстот, за да потоа собираат пари од куќа во куќа, не помина без скандали и на реката Црна. Капењето во водите значи духовно раѓање, а верниците се покрстуваат миејќи се и налеваат вода која ќе ја понесат дома. Традиција која го чисти духот. Спротивно на традицијата се случија сите овие немили настани.

Нашата редакција беше информирана и за сличен инцидент на реката Црна, каде што според локалните жители, попот го наместил фрлањето на крстот и уплатил во локалната кладилница дека анонимното момче ќе победи, по што следувала бурна реакција на мештаните.

На мирните церемонии во кои крстот го фатија триесет и тригодишниот Мирче Димовски на реката Црн Дрим во Струга, Александар Настески во Тетово а Љубиша Џепиќ во Скопје. Во Делчево на масовната тепачка, за која можете да прочитате детално на овој линк не е извесно кој го фатил крстот.

Без дополнителен коментар ве оставаме да го погледнете видеото снимено од локалните жители.

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razonoda/skandali-pri-fakjanjeto-na-krstot-za-vodici

--- надополнето ---

Коцкар поп го намести фаќањето на крстот..:))
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
ЛОНДОНБританска министерка, муслиманка, предупредува на исламофобија
Саједа Варси, првата британска министерка, муслиманка која е член на владата, предупреди дека предрасудите кон нејзината вера станале општествено прифатливи во Велика Британија. Во говорот кој би требало да се одржи денеска, а чии делови веќе се објавени во медиумите, министерката без ресор Саједа Варси укажува дека Британија станува се понетолерантно општество, пренесува Бета.

Според зборовите на Варси, предрасудите кон исламот „го поминале тестот на кујнската маса“ и многу од Британците ги прифатиле.

Мохамед Шафик, претставникот на младинското движење Фондација Рамадан, се согласува со оценката на Саједа Варса и додава дека станало нормално „да се напаѓа муслиманската вера и да се смета за одговорна за сите зла низ светот“.

Варси и претходно ги критикуваше оние делови од британското општество кои ги демонизираат сите муслимани како одговор на заканите кои доаѓаат од малиот број исламски екстремисти
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Педесет и двајца шиитски верници беа убиени и над 200 ранети во два напади со автомобили бомби крај ирачкиот град Кербала, соопшти локалната полиција.
Два автомобили со експлозиви беа активирани од напаѓачи-самоубијци во период од 20 минути во северното и јужното предградие на шиитскиот град. Потоа уште ден терорист го активира експлозивот на себе.
Целта на нападите биле шиитски верници, кои над илјадници допатуваа во Кербала за да го прослават религиозниот празник Арбаин, чија кулминација е на 25 јануари.
Повеќето од убиените и ранетите се жени и деца. Многу од повредените се хоспитализирани во тешка состојба.
Во изминатите три дена бунтовници извршија во Ирак неколку напади во кои загинаа вкупно 130 лица.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Во Пакистан 13 мртви при напад на бомбаш самоубиец

Пакистанските власти соопштија денеска дека при нападот на тринаесет годишен бомбаш самоубиец, загинале најмалку 13 луѓе, а 50 се повредени во близина на одржувањето на религиозен ритуал на шиитските муслимани во Лахоре. Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот кога полицијата сакала да го претресе на еден контролен пункт.
Исламските милитанти поврзани со Ал Каеда и талибанците најчесто ги напаѓаат религиозните собири, како дел од нивната крвава кампања против пакистанската влада која е подржана од САД.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
ШТО ИМАШ ТИ СО ПРОТЕСТАНТСКАТА РЕФОРМАЦИЈА?
• Ако слободно можеш да се образуваш на свој јазик, а жив да не те запалат ...
• Ако слободно можеш да твориш наука, музика, уметност или книжевност ...
• Ако имаш право на своја вера и црква ...
• Ако имаш Свето Писмо на свој јазик, а поради тоа да не те изгорат како еретик.....
ТИЕ ПРИДОБИВКИ Ѝ ГИ ДОЛЖИШ НА ПРОТЕСТАНТСКАТА РЕФОРМАЦИЈА!



DEN NA PROTESTANTSKATA REFORMACIJA - 1 del

http://evangelie.blip.tv/file/4680025/




DEN NA PROTESTANTSKATA REFORMACIJA - 2 del

http://evangelie.blip.tv/file/4684995/
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
За 20 години двојно повеќе муслимани

Осумдесет и два процента од муслиманите во светот живеат во Азија, Блискиот Исток и во Северна Африка
Муслиманската популација во светот двојно ќе се зголеми во однос на немуслиманското население во следните 20 години, покажа новата обемна демографска анализа што, најверојатно, ќе предизвика контроверзија во Европа и во САД. Ако продолжат сегашните трендови, студијата открива дека, бројот на муслимани во САД повеќе од двојно ќе се зголеми, од 2,6 милиони во 2010 година на 6,2 милиона во 2030 година. Процентот на муслимани родени во САД е проектирано да се зголеми од 35 отсто денес на 45 проценти во 2030 година.

Пакистан ќе ја престигне Индонезија како најголема муслиманска нација во светот.

Анализата би можела да разгори критики за исламот во Европа и во САД, кои наведуваат дека религијата не е во согласност со вредностите на Запад, и се загрижени дека бројот на муслимани-екстремисти е во подем. Или би можеле да ги смират тие стравувања со обезбедување докази дека муслиманската популација на Запад ќе остане релативно малобројна.

Студијата, која користи вртоглава комбинација на јавни и приватни извори на податоци, става јасно до знаење дека дури и брзиот раст меѓу муслиманите нема да произведе драматични демографски промени во повеќето делови од светот. Осумдесет и два процента од муслиманите во светот живеат во Азија, Блискиот Исток и во Северна Африка, и таа бројка е проектирана да биде околу 79 отсто во 2030 година. (Вашингтон пост
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
КАИРОВИДЕО: Христијаните во Каиро со своите тела ги штитат муслиманите за време на молитва
04.02.2011 | 16:14
Извор: Нетпрес
Прочитано: 696 пати
Испрати на пријател
Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот Фотографија на која се гледа како христијаните кои за време на протестите со своите тела ги штитат муслиманите додека тие ја извршуваат својата попладневна молитва во Каиро, за кратко време го заобиколи целиот свет и предизвика огромно воодушевување меѓу луѓето. Фотографијата пред два дена била снимена и поставена на социјалната мрежа “Твитер“.

“Имајте на ум дека оваа фотографија е снимена само еден месец откако во Александрија беа нападнати мнозинството христијани. Но, сепак стоиме обединети“, напишала Невине Заки, автор на фотографијата.



Христијаните биле фатени за рака и ги опколиле муслиманите за никој да не може да ги нападне за време на молитвата.

Светските медиуми соопштуваат дека тие ги штителе од камењата и нападите на приврзаниците на Мубарак, полицијата и војската, кои се обидувале да го пробијат живиот ѕид.
 
Г

Господ

Гостин
Албанци од Чаир спречија преку ноќ да се изгради црквата на Калето

http://daily.mk/cluster3/fa9bbe785913f32227c0e444bd4a3d5a/592166




Во најголема тајност градежни работници донесени од Битола синоќа околу 20 часот забрзано работеле на доградба на сакралниот објект на темелите на старата црква на Скопското кале, иако директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман неодамна изјави дека изградбата е запрена. Но ,откако за ова разбрале група од околу стотина граѓани, подржани од министри и градоначалници од редовите на ДУИ, околу полноќ насилно упаднале на тврдината и урнале дел од објектот. Настанот беше регистриран само од телевизијата Алсат –м, кои биле повикани од насобраните граѓани. Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити вели дека граѓаните биле револтирани бидејќи се продолжува со изградба на црква на калето.

http://daily.mk/cluster3/fa9bbe785913f32227c0e444bd4a3d5a/592166
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Разрешениот имам од Чаир Рамадан Рамадани го осудува наводното политичко насилство на државата на Кале.

Рамадани бара проблемот на Кале да го решаваат институциите, но тоа не го спречи да се приклучи на групата што завчера со оксигенски апарати направи насилство врз македонското културно и цивилизациско наследство.

Рамадани заедно со припадниците на исламиситчката организација Селефи бил завчера на Кале, завчера беше присутен на уривањето на Музејот на Кале.

За инволвирањето на припадници на исламистички организации во политичката пресметка во владината коалиција се заинтересирале и странските дипломати во Скопје. Владата неофицијално нема да отстапи од изградба на Музеј во кој ќе бидат поставени сите артефакти пронајдени на Кале.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Полски католички свештеник брутално заклан во Тунис

Полскиот свештеник Марек Рубински убиен е во Тунис, а туниското министерство за внатрешни работи објавило дека убиството го извршиле екстремистите.
Рубински бил пронајден со неколку убодни рани од нож и пресечена врата од гаражата на едно приватно католичко училиште во туниското предградие Мануби.
“Убиството на католичкиот свештеник во Тунис е нешто абнормално. Убиството е извршено на абнормален начин и тоа ни покажува дека злосторството го извршиле екстремистите“, изјавил анонимен извор од туниското министерство за внетрешни работи.
Изворот исто така истакнал и дека војската и полицијата одлучно ќе се одмаздат на сите кои планираат напади на припадниците на друга вера.
Во Тунис живеат околу 10 милиони граѓани, меѓу кои околу 200.000 католици, населени најмногу во главниот град и неговите предградија.
Убиството на полскиот свештеник било осудено и од најголемата туниска исламистичка група “Енахда“ што во превод значи будење, која побарала од властите што е можно побрзо пронаоѓање на виновникот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom