Куранот сепак запален
Освен сеќавањето на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, деветгодишнината од нападот на Светскиот трговски центар, беше одбележана и со протест против изградба на исламски центар во близина на местото на тажниот настан, а еден од учесниците во протестот ги палел страниците од Куранот. Отакако пасторот Тери Џонс се откажа од спалување на Куранот, вчера еден од демонстранитите кинел страници од Куранот и ги палел.
Видеото е објавено на Јутјуб со предупредување дека се работи за потенцијално навредлива и непримерна содржина.
Стотици лица учествувале на вчерашниот протест, а бројот на демонстрантите бил приближно колку бројот на оние граѓани кои минатата недела излегле во знак на поддршка на изградба на исламски центар, кој воедно го поддржа и американскиот претседател Барак Обама.
Њујоршката полиција во непосредна близина на некогашниот СТЦ раздвојувала две групи на демонстранти, кои застапувале спротивни ставови. Иако ситуацијата била на работ на ескалација, до физички судири не дошло.
Холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, на топлата демонстранти и се обратил велејќи дека исламот е ист со фашизмот и дека не смее да се случи изградба на исламски културен центар.
Демонстрантите од спротивната страна пак, тврделе дека протестите против изградбата на исламски центар е дел од кампањата која има за цел да шири омраза кон муслиманите.
„Навистина ми е страв од ова ширење на омраза во нашата земја. Дел од христијаните застануваат против другите вери и тоа е многу тажно. Муслиманите се Американци исто како нас и имаат право да си ја негуваат својата вера во САД, како и другите“, рекла 51-годишната Американка, Елизабет Михан, пренесува АП.
На свеченоста која претходно се одвивала роднините на загинатите од терористичките напади, гласно ги читале нивните имиња. Некои од нив рекле дека протестите за изградба на исламски центар на тој ден покажуваат непочитување на роднините на загинатите, а други пак дека тоа е вистинскиот ден за протести против изградбата.