Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.586
Обновена фасадата на Шарената џамија во Тетово
Понеделник, 10 Декември 2012 15:00
Новата фасада на Шарената џамија во Тетово беше претставена денеска.

Фасадата беше обновена со грант на Соединетите Американски Држави од 94.700 долари, во периодот септември 2011-април 2012.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за најобемни конзерваторско-реставраторски работи на Шарената џамија со употреба на најсовремени техники и материјали за конзервација и примена на недеструктивни методи.
- Шарената џамија е еден од најрепрезентативните споменици од арихитектурата и сликарството од османскиот период во Македонија. Овој импозантен објект потекнува од 15 век и неговата монументалност најмногу се препознава во внатрешната и надворешната декорација, што е израз на врвните дострели на мајсторите од Дебар, рече Канческа-Милевска.
Министерството за култура во својата Годишна програма за 2012 година издвои 500.000 денари за конзервација и реставрација на фасадното сликарство. Интеревнирано е со конзерваторско-реставраторски зафати на ѕидното сликарство во внатрешноста, дренажа и заштита од атмосферски води, изработен е и проект за заштита на челната фасада, како и интервенции во влезниот дел и оградниот ѕид.
Американскиот амбасадор Пол Волерс е задоволен од успешно завршување на проектот, кој беше дел од 11 што Амбасадата на САД во Скопје ги има поддржано во рамки на Амбасадорскиот фонд за културна заштита.
- Со ова е зачувана фасадата на овој исклучителен културно-историски објект во нејзината оригинална убавина. Така што сега и луѓето од Македонија, како и посетителите од страна, без разлика на нивното религиско или етничкото потекло, може да ги почувствуваат врвната уметност и богатото културно наследство што инспирирало во создавањето на оваа прекрасна џамија. Врз основа на извонредната соработка што ја имаме со Министерството за култура и народот на Македонија, Американската амбасада во Скопје има поддржано најмногу проекти за обнова на споменици од културата од каде било во Европа, изјави Волерс.
На настанот присуствуваа и поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмни и градоначалникот на Тетово Сади Беџети.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.586
Четврток, 13 Декември 2012 11:05​

Американскиот Гејтстон институт го објави месечниот извештај за октомври за нападите врз христијаните. Нападите се најчести во Египет, Сирија, Саудиска Арабија, Пакистан, Нигерија, Судан, Казакстан и на повеќе други места. Билансот е запалени цркви, убиени цивили, како и затворање на христијаните. Христијаните се убедливо најпрогонета религија на светот.

И покрај ветувањето да се воведат реформи во учебниците, образовниот систем во Саудиска Арабија и понатаму ги полни децата со омраза и осудување, особено против христијаните и евреите. Според учебниците, пасусите полни со омраза велат дека „христијаните се непријатели на верниците“ како и дека „евреите се мајмуни, неверниците (христијаните) се свињи“.
Категоризирани се според тематиката, ова се дел од прогонствата на христијаните низ целиот свет коишто се случиле во октомври, подредени под азбучен ред, не според сериозноста на нападот.
Напади на цркви
Канада: Како што редовно се случува во Египет , еден молотов коктел беше фрлен во новоотворената коптска црква во близина на Торонто. Но за разлика од Египет, пожарникарите брзо стапиле на сцена и била предизвикана мала штета. Полицијата нема осомничени во врска со инцидентот.
Египет: Толпа муслимани, од кои најголемиот дел беа салафисти, ја опколија црквата Сент Џорџ. Биле вооружени со палки, па ги напаѓале христијаните кога излегувале од црквата по неделната литургија; петмина беа хоспитализирани поради скршеници. Салафистите се против тоа што христијаните кои во своите села немаат цркви, патуваат до Сент Џорџ. Свештеникот со часови не можел да замине од црквата иако се јавил во полиција; тие дошле откако угледен коптски адвокат се пожалил на Министерството за внатрешни работи поради загриженоста дека полицијата не реагирала. „Сакам луѓето да знаат дека еден свештеник го држат како заробеник во својата црква, се плаши од Салафистите коишто ја опколија истата“, рече тој. Во друг инцидент, група муслимани водени од Мустафа Камел, обвинител во судот во Александрија, влегле во црквата Сент Мери во Рашид, во близина на Александрија и го уништиле олтарот, затоа што сметале дека тој ја откупил црквата од 9 век, којашто порано била сопственост на грчките копти. Двајца свештеници, Максимус и Лук, веднаш заминале да ја викнат полицијата на помош. Камел и неговите двајца синови дошле во полициската станица, каде што отворено се заканиле дека ќе ги убијат свештениците и нивниот адвокат. „Повеќе од шест часа бевме во полицијата, го молевме обвинителот Камел и неговите синови да не ни ја уништуваат црквата“. Свештеникот Лук изјавил дека обвинителот ги изгубил сите случаи коишто ги имал против црквата. „Кога тоа не му успеало, ги зел работите во свои раце“.
Индонезија: Непознати напаѓачи ја запалиле пентакосталната црква во градот Посо, откако ја полеале кутијата во која се собираат добротворни прилози и ја запалиле. Пламенот се раширил и во канцеларијата на свештеникот. Реакцијата на пожарникарите и доброволците спречиле пламенот да се рашири и да нанесе штета на две згради. Неколку недели претходно, во истиот регион, напаѓале христијански домови и ги бомбардирале. Исто така, двајца полициски агенти коишто ги истражувале инцидентите во христијанската заедница биле киднапирани, а нивните тела биле пронајдени го близина на место каде што вежбаат екстремистите. Во Посо има голем број христијани, па нападите на муслиманите се чести. Во 2005 година таму беа обезглавени три девојчиња коишто во моментот оделе на училиште. А во Ацех, официјални лица со изговор дека немаат соодветна дозвола, затвориле девет цркви и шест будистички храмови, кои всушност биле приватни домови кои се користеле за религиозни церемонии. Според извештајот, локалните муслимани со радост ја пречекале информацијата. Јусуф ал-Кардавеј, којшто е на чело на Исламистичкиот одбранбен фонд повикува сите неисламски активности да бидат сопрени. Провинцијата Ацех е единствената во којашто владее Шеријатот. Постои полиција којашто ги казнува оние што грешат во однесувањето и облекувањето.
Иран: Безбедносните сили затвориле четири домови кои служеле како цркви и уапсиле седум христијани. Тие ги опишале црквите како „криминална мрежа“. Во минатите неколку недели, уапсени се околу 30 муслимани коишто станале христијани, а истите се однесени во затвор. Според друг извештај, државните безбедносни агенти се позиционирани околу две цркви во Есфахан, Иран, затоа што исламистичкиот режим се обидува да ги исплаши христијаните. Агентите постојано се мешаат во активностите на црквите и ги малтретираат присутните. Ги плашат посетителите заканувајќи им се со смртни последици доколку продолжат да одат во црква. И децата на верниците добиваат закани и не смеат да присуствуваат на молитвите. Но ова не е ограничено само во овие цркви. Се случиле слични активности и во црквата во Техеран.
Казахстан: Нападнати се две протестантски цркви. Маскирани полицајци влегле во една црква и ги заплениле компјутерите, вредните работи и религиозни книги за кои сметале дека се екстремистички. Потоа од присутните побарале да им извадат крв за да видат дали користат халуциногени дроги. По девет дена била нападната и друга црква под истите услови. „Членовите на црквите се плашат дека властите го прават ова за да не добијат повторна регистрација“, поради што се затвораат се повеќе цркви.
Кенија: Била фрлена граната во неделно училиште, загинало едно момче и осум други деца биле повредени. Нападот се случи откако еден исламистички терорист, дел од организацијата Ал-Шабаб, беше осуден на затворска казна затоа што планирал напади на Парламентот. Според мајката на едно од децата „Христијаните, вклучувајќи ме и мене, се плашат дека нешто ќе се случи. Секоја недела сме на штрек. Но сепак одиме во црква“. Еден член на парламентот изјавил: „Едно невино дете умре, а другите се сериозно повредени и истрауматизирани во свето место. Овие чинови ја потценуваат христијанската црква. Во овие моменти ние веруваме во Господ и неговата милост, се молиме да ни донесе мир и правда“.
Нигерија: Илјадници христијани бегаат од Нигерија по нападите на црквите. Нигерија е муслиманска земја, а џихадистичката организација Боко Харам ја контролира. Еден бомбаш самоубиец влета во црквата Сент Рита и ја разнесе. Починаа осум луѓе, а стотина беа ранети. Црквата беше уништена, а телото на самоубиецот беше најдено под остатоците. Друга црква беше разнесена од исламистички активист, којшто уби двајца христијани и ја запали црквата. По нападите многу цркви се затворени од страв кај верниците.
Пакистан: Католичката црква Сент Френсис беше нападната од 600 муслимани, кои ја уништија. Во моментот имало венчавка во црквата, па се слушнала врева и викотници. Радикалните исламисти упаднале во црквата, а жените и децата биле однесени во парохијата. Исламистите уништувале се што им се нашло пред патот, а ја украле и статуата на Богородица. Фрлале со камења по црквата, извикувајќи навреди. Еден час подоцна пристигнала и полицијата, со што терористите имале доволно време да беснеат. Оваа црква отсекогаш им служела на сиромашните, имала училиште и амбуланта која ја воделе калуѓерките. Речиси 80 години му служела на човештвото.
Сирија: Нападнати се две цркви. Една бомба експлодирала во близина на историски споменик, каде што има голем број христијани. Десет луѓе загинале додека оделе кон својата црква. Еден христијанин изјави дека ова го прават терористите, затоа што сакаат да стекнат контрола на главниот град. Друга бомба-автомобил експлодирала пред единствената сириска православна црква, којашто е под контрола на опозицијата. Петмина загинале. Истата црква во септември била нападната од вооружени банди.
Танзанија: Муслимански толпи запалиле неколку цркви откако две деца се расправале за моќта на Куранот. Некое христијанче наводно зборувало против светата книга. Муслиманите на островот Занзибар уништиле зграда којашто припаѓала на евангелистите, а во Дар ес Салам биле уништени уште три цркви. Еден од исламистите изјавил дека ќе продолжат да напаѓаат цркви додека не ги уништат сите цркви во Танзанија.
Силување и убиство на христијани
Египет: Еден муслимански лидер, Али Хусеин, заедно со двајца поранешни затвореници, влегле во еден христијански дом и побарале Хијам Заки, мајка на две деца, да дојде да живее со нив. Тој побарал огромен откуп, а доколку не му го обезбедат се заканил дека ќе ја земе жената со него. Хусеин беше убиен пред толпа луѓе, но не е јасно кој го уби. Муслиманска толпа на опколила болницата, барајќи одмазда од христијаните „затоа што убиле муслиман“. Иако киднапирањето и присилната исламизација на млади девојчиња во Египет е честа работа, киднапирањето на 14-годишната Сара предизвика бунтови. Татко и ја пријавил за исчезната, а потоа добил анонимен повик со којшто му било кажано дека повеќе никогаш нема да си ја види ќерката. Се верува дека безбедносните сили знаеле каде е девојчето, но не реагирале. Салафистичкиот фронт ги предупредил организациите за борба за човекови права да не се обидуваат да ја вратат Сара кај семејството, затоа што се преобратила во ислам и се омажила за муслиман. Салафистите рекле дека доколку Сара се врати кај семејството, ќе биде убиена од татко и, на што тој одговорил дека си ја сака ќерката назад, иако станала муслиманка.
Нигерија: Триесет студенти биле убиени, а маскирани вооружени лица ги одделиле христијаните од муслиманите. Потоа ги извикувале христијанските студенти по име, ги одделувале од толпата и ги убивале. Мотивот за нападот бил тоа што поранешни членови на Боко Харам станале христијани.
Пакистан: Едно 14-годишно девојче, Тимар Шазади, беше киднапирано од муслимани кога се враќала од училиште. Според пасторот, девојчето било со пријателките кога напаѓачите ја удриле и ја одвлечкале. Нејзиното семејство се плаши дека ќе биде присилена да стане муслиманка и потоа ќе ја омажат доколку не се преземе нешто. Тие поднеле пријава во полиција, но тие не спровеле истрага. Исто така, едно девојче по име Ребека, било киднапирано и присилено да се преобрати во ислам, па потоа ја венчале со киднаперот. Исто така, 24-годишната Шумалиа Биби, беше киднапирана и присилена на сексуални односи со киднаперот, којшто се оженил со неа. Неколку дена подоцна, Шумалиа успеала да избега. Но нејзиниот сопруг го обвинил семејството на Шумалиа дека ја киднапирале, а полицијата врз основа на неговите тврдења покренала истрага, тврдејќи дека девојчето своеволно се омажило и преминало во ислам. Во Пакистан честопати се случува девојчиња да бидат киднапирани и присилувани да се преобратат во ислам, да ги чуваат како сексуални робинки и да ги продаваат на богати муслимани.
Судан: Асија Омер, христијанка и мајка на седум деца, од кое најмладото има само четири месеци, беше убиена во воздушен напад, затоа што владините сили ја продолжуваат својата намера да го исчистат регионот Нуба од христијани. Друга христијанка, мајка на седум деца, била критично повредена, но не добила медицинска нега. И други христијани биле ранети во нападот. Исламистичкиот режим сака да ја исчисти нацијата од немуслимани, затоа што сака 100% муслиманска нација.
Сирија: Еден свештеник бил киднапиран од вооружени групи. Неговото тело било најдено неколку дена подоцна, а тоа било ужасно измачено. Претходно киднаперите побарале од неговото семејство откуп од 550.000 евра, сума којашто е невозможно да се собере. Убиен е и последниот христијанин во Хомс, 84-годишен човек со грчко потекло.
Дискриминација
(Општа злоупотреба, понижување и угнетување на немуслиманите како „толерирани“ граѓани)
Босна: Според најновите извештаи, христијаните масовно заминуваат од оваа муслиманска нација. Моментално има само 440.000 католици. А додека десетици џамии се градат во Сараево, нема издадени дозволи за градба на цркви. Кардиналот веќе 13 години чека дозвола да изгради мала црквичка. „Немаме време, радикализмот расте“, вели еден човек. Тој додаде дека луѓето од Босна со векови се прогонувани, откако европските власти не успеаја да ги поддржат во борбата против турското царство.
Египет: На телевизијата Ал Хафиз, еден муслимански клерик објасни зошто не може да се предава христијанство во училниците во Египет; затоа што тоа ги забранува полигамијата и разводот, а на жените им дозволува еднаквост со мажите, работи коишто се косат со проповедите на муслиманскиот пророк. Тој се пожалил дека така мажите нема да може да практикуваат полигамија и развод, што би ги категоризирало како криминалци. Две момчиња христијани на возраст од 9 и 10 години, беа уапсени под сомнеж дека сквернавеле копија на Куранот.
Иран: Се повеќе извештаи велат дека се апсат протестанти и муслимани кои го напуштиле исламот. Најмалку 100, но најверојатно и 400 луѓе биле затворени за само 10 дена. Јасно е дека протестантите ги сметаат за најголем непријател на државата. За да бидат ослободени, ги присилуваат да ветат дека повеќе нема да одат во црква.
Малдивите: Запленети се 11 христијански книги, затоа што е нелегално да се пропагира која било вера освен исламот. Доколку тоа се прекрши, обвинетите може да добијат затворска казна од две до пет години.
Пакситан: Едно 16-годишно момче беше уапсено поради богохулство, тероризам и сајберкриминал затоа што пратил пораки на своите пријатели во кои се зборува против Мухамед. Муслиманите го нападнале неговиот дом и го уништиле.
Саудиска Арабија: Образовниот систем во Саудиска Арабија и понатаму им ги полни главите на децата со омраза и осудување. Според учебниците, пасусите полни со омраза велат дека „христијаните се непријатели на верниците“ како и дека „евреите се мајмуни, неверниците (христијаните) се свињи“.
Швајцарија: Муслиманите се бунат против логото на авионската компанија којашто за заштитен знак го има крстот што е дел од швајцарското знаме, велејќи дека тоа го промовира христијанството пред останатите религии.
Турција: Во учебник за втора година средно се вели дека христијаните се предавници. Иако министерството за образование реагирало на ова, учебниците повторно се испечатени без да се поправи ова, туку навредите биле уште посилни.
За оваа серија
Прогонствата на христијаните од исламскиот свет достигнува максимум, ја направивме оваа листа за да се истакнат неколку, но не сите, напади коишто се случуваат секој месец. Тоа има две цели:
Да се документираат настаните на начин на којшто медиумите не можат да го направат тоа: прогонствата се по хроничен редослед.
За да се покаже дека овие прогонства не се „случајни“, туку систематски и поврзани, инспирирани од Шеријатот.
Според тоа, каква и да е целта на нападите, обично одговара на конкретна тематика којашто се темели на омраза спрема црквите и други христијански симболи; сексуална злоупотреба на христијанските жени; присилно преобратување во ислам; кражби и грабежи како финансиски придонес од немуслиманите; очекувања од христијаните да се однесуваат како граѓани од втора класа, односно како „толерирани“ граѓани; како и насилство и убиства. Некогаш се работи за комбинација од наведените работи.
Овие прогонства опфаќаат различни етнички групи, јазици и локалитети – од Мароко до Запад, од Индија до Исток, па и преку Западот каде што живеат муслимани – треба да разјасниме дека една работа ги поврзува сите прогонства: исламот. Без разлика дали станува збор за исламскиот закон Шеријат или за расистичката нација којашто се раѓа од него.
Автор: Рејмонд Ибрахим, член на Центарот за слободи Дејвид Хоровиц и член на Форумот на Средниот Исток.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
И
Жесток терор врз христијаните од милитантните исламисти

Четврток, 13 Декември 2012 11:05

Автор:Рејмонд Ибрахим, член на Центарот за слободи Дејвид Хоровиц и член на Форумот на Средниот Исток.
СЕ ОВА ОД НАЈМИРОЉУБИВАТА СРАЊЕ РЕЛИГИЈА
ПЛЕМЕ САТАНСКО
 
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Жими газот најмирољубива религија...Ова е сатанска религија 100% само погледнете што се пишува во КУРанот против другите религии,и како ги учи КУРанот да ги убиваат христијаните и евреите...
На тој Мухамед му се јавил ѓаволот у глава и самиот ѓавол му диктирал што да пишува...
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106

Владиката на СПЦ Василије Качавенда, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите
Раскошот, луксузот, скандалите и сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба го симнаа од владичкиот трон зворничко-тузланскиот епископ на СПЦ Василије Качавенда. Иако Синодот на Српската православна црква тврди дека единствена причина за неговото повлекување се здравствени проблеми, сепак српските, а особено босанските, медиуми тврдат дека Качавенда се повлекува под притисок, бидејќи за сите скандали постојат сериозни докази. Верските аналитичари оценуваат дека по мај следната година, кога и официјално ќе биде разрешен од епископската служба, Качавенда ќе стане предмет на сериозни судски процеси.
Владиката на СПЦ, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите. Неговиот поранешен ѓакон Бојан Јовановиќ лани отворено проговори за сексуалните склоности на владиката. Тој, но и семејството на еден искушеник, кој се самоуби во еден од манастирите, го посочија токму Качавенда како причина за смртта.
Генералниот секретар на детската амбасада Меѓаши, адвокатот Душко Томиќ, кој ги застапува оние на кои владиката Василије им згрешил, вели “би бил среќен да не го знам она што го знам. Кога ќе си отиде Василије Качавенда, дури тогаш ќе испливаат страшните работи”, потсетувајќи на смртта на 19-годишното момче.
-Момчето, кое со цело срце ја сакаше црквата и Бог отиде на небото ниту виновно ниту должно, само поради тоа што не сакаше своето тело да му го даде на својот претпоставен, владиката Василије Качавенда. Ги собравме сите искази на сведоците, ѓаконите, дедото, бабата, мајката. Неодамна мајката и јавно сведочеше и Василиј Качавенда по ова не може да биде ништо, а уште помалку владика”, вели Томиќ.
Качавенда е вториот епископ на СПЦ кој е обвинет за сексуална злоупотреба. Со таков случај се соочи и врањскиот епископ Пахомије.
Верските аналитичари проценуваат дека СПЦ ќе мора сериозно да ги расчисти ваквите состојби, кои стануваат речиси секојдневие меѓу владиците во Белград.
ПЕДОФИЛИЈАТА СЕ ОДВИВАЛА ПО РАЗРАБОТЕНО СЦЕНАРИО
Ме бакнуваше по вратот и ми рече да се соблечам

Поранешниот ѓакон и близок соработник на епископот Василије Качавенда, Бојан Јовановиќ, повеќе од една година водеше отворена битка со Качавенда во обид да ги убеди српските владици, за неговиот, како што го нарекува, ѕверски однос кон потчинетите. Јовановиќ напиша и книга со сведочења за животот на Качавенда. Лани во изјава за Вечер детално раскажуваше што му се случувало во манастирските ќелии.
- Не можам повеќе да молчам, затоа што тишината ме убива. Мораме да го спречиме владиката Василије во име на христијанството. Во името на СПЦ. Бев негов ѓакон, доживеав и преживеав се и сешто. Дента кога пристигнав, по ручекот ме покани во својата соба. Ми раскажуваше за неговиот тежок живот. Одеднаш почна да ме бакнува по вратот, да ме допира, ми рече да се соблечам за да види како сум граден. Избегав веднаш во мојата соба. И наместо да го напуштам, ја направив најголемата грешка. Останав за да видам што ќе се случува понатаму, раскажуваше Јовановиќ во 2011 за Вечер.
Јовановиќ бил еден од најблиските соработници на Качавенда се до моментот кога разбрал за наводното самоубиство на еден свештеник, кој одбил да има сексуални односи со владиката. Јовановиќ тврди дека свештеникот бил убиен. Раскажувајќи за соработката со владиката неговиот соработник вели дека педофилијата се одвивала по разработено сценарио.
- Се бираа деца без родители, од сиромашни средини. Од мене бараше да најдам кои се деца без родители, да им дадам малку пари и да ги доведам во дворецот. Тогаш сакав да го убијам, само Бог го спаси, раскажуваше Јовановиќ.
Качавенда живее во раскош, со позлатен мебел и јаде од златни лажици

Резиденцијата во којашто живее владиката Василије Качавенда јавноста ја нарекува “Српски Версај”, и тоа поради луксузот и богатството во кое ужива овој епископ на СПЦ.
Според проценките на медиумите, но и по фотографиите кои излегоа во јавноста, Качавенда во својот дворец вложил милиони евра. Најголем дел од мебелот се длабоки резби, златни и позлатени садови, предмети и уметнички слики со висока вредност. Качавенда има салони со позлатен мебел, скапоцени порцелански премети, златен накит и се што, како што пишуваат медиумите во Србија, може да се најде во еден дворец, како на пример Версај.
-Ма ве молам, претерувате. Тоа ништо не е мое. Јас само таму живеам и сето тоа го чувам. Всушност, тие што мене ме прозиваат, нека видат како и каде живеат некои олигарси, а мене нека ме остават на мира, велеше Качавенда за неговиот животен стил како Владика на СПЦ.
Марјан Николовски (превземено од ВЕЧЕР)
 
идиот слепец
--- надополнето: 17 декември 2012 во 03:35 ---
е ај више коа се пофали за свештеников, дај кажи што има ново кај вас бар пофалисе и за исламот
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.586
Измамници собирале пари од гостиварци за џамија во Пробиштип

Измамници од гостиварски бизнисмени собирале пари и стока под изговор дека им требаат за изградба на џамија во Пробиштип.
Првиот случај на измамата во гостиварската полиција го пријавил Ф. Т. (60) сопственик на фирма од Гостивар. Според неговата изјава, на 3 декември месец, кај него дошле две лица кои допатувале со „опел“ со бугарски регистерски ознаки. Од него побарале да поддржи иницијатива за изградба на џамија во Пробиштип.
Му побарале пари, а тој им дал 100 евра и за тоа добил белешка „каса прими“. Подоцна во случаен разговор со негов соработник од Пробиштип разбрал дека таква иницијатива немало, ниту пак се планира изградба на џамија.
Од СВР Тетово потврдуваат дека, гостиварецот случајот го пријавил, по што била покрената истрага. Во меѓувреме полициските инспектори дошле до сознанија дека изманиците успеале и од други двајца бизнисмени и да земат извесни количини на ламинат. Се претпоставува дека на измамата наседнале десетина бизнисмени од Гостивар и Тетово.
 
леле леле ова е за во балканска превара па да гледаме тепачки после
 
M

Muranyi

Гостин
Христијаните се најбројни верници во светот

Христијаните се најбројната верска група во светот и вкупно ги има 2,2 милијарди, покажуваат резултатите од истражувањето што денеска го објави Форумот за вера и јавен живот на Истражувачкиот центар „Пју“. Врз основа на собраните податоци за бројната состојба и географската распределеност на осумте главни верски групи, вклучувајќи ги и атеистите, „Пју“ заклучил дека христијаните сочинуваат 32 отсто од светската популација.
Муслиманите, кои во светот ги има 1,6 милијарда, претставуваат втората најголема верска група на глобално ниво, додека хиндусите се трета најбројна група во светот со една милијарда припадници, а зад нив се будистите (500 милиони) и Евреите (14 милиони). Според резултатите на најновата демографска студија, со која беа опфатени повеќе од 230 земји и територии во светот, околу 5,8 милијарди луѓе се идентификуваат со некоја верска група, а повеќе од 400 милиони луѓе спроведуваат различни народни обичаи и традиции.
http://grid.mk/read/news/126981463/1345616/hristijanite-se-najbrojni-vernici-vo-svetot
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Аскерот го спаси македонското село од грчкиот масакар организиран од Митрополит

Германос Каравангелис – грчки митрополит

Писмо од македонското население после масакрот кој го извршија грчки банди предводени од грчката црква.
„Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!“
Иако, македонската историја укажува на искривената и лошата слика за време на отоманското владеење, следниот пример е поврзан за светлите мигови на заштитата на македонското население од разни крџалски качачки и други крволочни банди. Меѓу нив спаѓаат и екстремистички грчки елементи кои повикувајќи се на својата вера и нација немилосрдно истребуваа се што не е грчко.
Овие пораки не се напишани сега, по уште едната срамна одлука на европската администрација во однос на Македонија. Во овие пораки Македонци се жалат на однесувањето на Европа, на цивилизираните земји што го толерираа ваквото однесување на Грците. Во 1905 година!

Се работи за масакрот во македонското село Загоричани на 25 март во 1905 година кога ѕверски биле убиени 62 селани, деца, жени-старци од страна на грчките андрати, кога биле запалени куќи, ранети луѓе… Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, Грк што целиот живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.
Цитатот од погоре е писмо од преживеаните селани на Загоричани испратено до австрискиот и рускиот конзул во Битола.
Овој масакр се смета за еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, не постапила слично и со таа суровост.
Еве што италијанскиот полковник Албер, офицер на италијанската армија кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, напишал за убиствата во Загоричани. „Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“. Тој, заедно со неговиот колега Манери, австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, кога пристигнале во Загоричани ден-два по злосторството, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат. Обезличени тела, пресечени грклани, избодени очи, распорени гради, исечени раце и нозе… е само мал дел од описите на очевидците на овој грозоморен чин.
Велат дека пламенот во селото од далеку го посматрал и Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото.
Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село. Ова име го добило во 1928 година.
Еве го писмото од населението на с. Загоричани што на 28 март 1905 година му го напишале на рускиот и австрискиот конзул за ѕверскиот колеж на жителите на селото.

До господата рускиот и австрискиот конзул
На 25 март во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најнапред слушнавме како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души [...] О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!
Сите ние ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам, чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Георгиос Каравангелис), ако не пристигнеше еден одред турска војска. При појавата на тој мал одред војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од сигурна смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението нè спаси!!!
По тоа малку време (разбојниците отворија оган во 10 и пол часот „алатурка“. Аскерот се појави во 1 часот и по еден и пол час борба, во 2 и пол часот, бандата се повлече) додека разбојниците дивееја во нашето село, беа извршени злосторства, чии размери јасно се гледаат од таблиците што се дадени во прилог.
По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!
Бараме казнување на виновниците и обезбедување на човечкиот живот и на човечките права!
Од целото население на село Загоричани
(Писмото е објавено во зборникот „Руски документи за Македонија и македонското прашање (1859-1918)“, издание на Архивот на Македонија)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А то ќе бидит најнова „хит„ серија,така?...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.586
Овде изглеа можело да се стават и вести од деветнаесети век. Супер, баш имам вест од 1767-ма, за укинувањето на Охридската патријаршија (по 1200 години постоење) од страна на подмитените Турци.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Бугарски свештеник го прифати Исламот

Преминот на бивш свештеник на Бугарската православна црква во ислам беше причина за несогласување помеѓу Муфтијата и Митрополитот на бугарската православна црква.
Имено како што нагласува сајтот „Pravoslavie.by“ цитирајќи ги Vesti.bg од објавеното онлајн писмо на Бугарската црква во име на Архиепископијата, на чело со митрополит Дометианом Видин, се дознава дека Митрополитот одбил да учествува на заедничката прослава која се одржува секој 5 декември на муслиманскиот празник Ашура.
Причината за одбивањето е објавата на вебсајтот кој е во посед на Главниот Муфтија на Бугарија за статија на преминот во Ислам на свештеникот Атанас Михајлов. Имено Атанас Михајлов по прифаќањето на исламот го презеде новото име Абдулах. Тој претходно дипломирал во Софија во православната семинарија за да потоа студира две години на Богословскиот факултет на Софискиот Универзитет. Статијата на Муфтијата завршила со зборовите: „Се молиме на Семоќниот да не води до Вистинскиот пат и да не дозволи да скршнеме од тој пат.“
Митрополитот Видин овие зборови ги нарече за навредливи за него бидејќи укажувале дека православната вера е во длабока заблуда.
Муфтијата сакајќи да ги смири тензиите го смени насловот од „Свештеник го прими исламот“ во „Поранешен свештеник го прифати Исламот“
Исто така од муфтиството изјавија дека не им била намерата да навредат никого ниту да се конфротираат со било која заедница со постирањето на таа приказна.
Митрополитот Кирил кој е на патријаршскиот престол во Варна го искоментира ова на следниот начин:„Секој е слободен да избере било која религија, тоа што тој сака и секој човек е одговорен за своите постапки пред Бог, било христијанин или муслиман.“ Исто така митрополитот конвертирањето на Атанас Михајлов го нарече нешто „нормално“.
Инаку Атанас бил поп во Софија 20 години каде го оформил и Црковниот совет.
Михајлов кој сега е муслиман објаснил дека бил во потрага по вистината и дека тоа истражување го натерало да ја прифати вистината. Михајлов потврдил и дека ги прекинал сите врски со Бугарската Православна црква и дека на 27. ноември 2012 официјално во главната Софиска џамија го прифатил исламот.
Атанас не е прв православен свештеник кој во последниве години посведочил за Исламот. Имено еве некои слични статии:
Висок православен свештеник прифатил ислам
Зошто свештеници го прифаќаат исламот
Уште еден Руски свештеник го прифаќа исламот

Извор:
http://newsbom.com/religion/228284.html
http://www.sandzaklive.rs/index.php/svijet-religija/4292-pop-postao-musliman-drzava-to-ne-priznaje (17)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom