- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.363
- Поени од реакции
- 84.587
Обновена фасадата на Шарената џамија во Тетово
Понеделник, 10 Декември 2012 15:00
Новата фасада на Шарената џамија во Тетово беше претставена денеска.
Фасадата беше обновена со грант на Соединетите Американски Држави од 94.700 долари, во периодот септември 2011-април 2012.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за најобемни конзерваторско-реставраторски работи на Шарената џамија со употреба на најсовремени техники и материјали за конзервација и примена на недеструктивни методи.
- Шарената џамија е еден од најрепрезентативните споменици од арихитектурата и сликарството од османскиот период во Македонија. Овој импозантен објект потекнува од 15 век и неговата монументалност најмногу се препознава во внатрешната и надворешната декорација, што е израз на врвните дострели на мајсторите од Дебар, рече Канческа-Милевска.
Министерството за култура во својата Годишна програма за 2012 година издвои 500.000 денари за конзервација и реставрација на фасадното сликарство. Интеревнирано е со конзерваторско-реставраторски зафати на ѕидното сликарство во внатрешноста, дренажа и заштита од атмосферски води, изработен е и проект за заштита на челната фасада, како и интервенции во влезниот дел и оградниот ѕид.
Американскиот амбасадор Пол Волерс е задоволен од успешно завршување на проектот, кој беше дел од 11 што Амбасадата на САД во Скопје ги има поддржано во рамки на Амбасадорскиот фонд за културна заштита.
- Со ова е зачувана фасадата на овој исклучителен културно-историски објект во нејзината оригинална убавина. Така што сега и луѓето од Македонија, како и посетителите од страна, без разлика на нивното религиско или етничкото потекло, може да ги почувствуваат врвната уметност и богатото културно наследство што инспирирало во создавањето на оваа прекрасна џамија. Врз основа на извонредната соработка што ја имаме со Министерството за култура и народот на Македонија, Американската амбасада во Скопје има поддржано најмногу проекти за обнова на споменици од културата од каде било во Европа, изјави Волерс.
На настанот присуствуваа и поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмни и градоначалникот на Тетово Сади Беџети.