Расцеп во верата: Подемот на конзервативните исламистите ги вознемири Косовци
Следбениците на построгите форми на исламот бараат повеќе права во Косово, предизвикувајќи силни реакции меѓу секуларистите.
Благодарноста до САД, и нејзините сојузници во бомбардирањето, ја истакнува визијата на територијата за себе како слободна нација. Но, на другата индиректна последица од тој конфликт сега се гледа со сомневање.
Една построга струја на исламот ги привлекува луѓето од цело Косово. Нејзиниот пораст е предизвик за традициите и аспирациите на едно општество кое помалку се дефинирало по својата муслиманска вера, а повеќе по својата албанска националност и про-американизам.
Зборувајќи под услов да останат анонимни, официјални лица велат оти според нив околу 50.000 луѓе на територијата почнале да практикуваат поконзервативни форми на ислам.
„Европски стандарди”
Новата сорта на религиозни конзервативци велат дека секуларниот устав на Косово ги дискриминира побожните. Тие ги критикуваа законите кои ја ограничуваат можноста за ставање акцент на исламот во образованието.
Исламот повторно заживеа на Косово по војната.
Тие исто така сакаат намалување на рестрикциите за верските симболи во државните училишта, каде на муслиманските жени и девојки не им е дозволено да носат шамии.
„Јас сум муслиманка, како што отсекогаш сум била”, вели Линда, 27-годишна жена во кафуле во центарот на Приштина, која го кажа само нејзиното име. „Но, јас не одам во џамија. Јас сум навистина загрижена за овој нов ислам, кој дојде по војната“.
„ Дотогаш не гледавме млади мажи со бради и куси панталони”, вели таа, осврнувајќи се на фризурата и облеката која ја претпочитаат многумина од оние кои се преобратиле кон порадикалните форми на верата.
Односот помеѓу државата и конзервативците се карактеризира со неизвесност и вознемиреност. И двете страни се повикуваат на меѓународните одредби за човекови права, или во одбрана на нивната позиција или како пречка против преземање акција.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, вели дека загриженоста за човековите права ги попречило неговите обиди да ги заузда активностите на можните исламски екстремисти. Тој изјави за БИРН дека се обидел да промовира закон против „радикалните секти” за време на неговиот мандат како премиер пред девет години.
Но, тој вели, дека бил разубеден од страна на „меѓународните” официјални лица во мисијата на ОН, кои помогнаа во управувањето со Косово од 1999 до 2008.
„Јас ги прашав дали тие би толерирале религиозни секти кои ја загрозуваат нивната држава. Тие одговорија дека тоа биле европските стандарди”
Мисијата на ОН во Косово вели дека немало потреба од такви мерки.
„Врз основа на безбедносната проценка од страна на меѓународната заедница во Косово, во тоа време немало потреба да се донесуваат закони против муслиманските радикални групи”, вели Оливие Салгадо, портпарол на мисијата.
Беџет Шаља, претседател на главното тело за заштита на човековите права на Косово, исто така, вели дека ризикот од екстремизам бил потценет од страна на Обединетите нации и на ЕУ, институции кои постепено ја завршуваат нивната улога во управувањето со секојдневните работи на територијата.
„Меѓународните претставници денес се овде, но ќе си одат. Тие не оставаат со темпирана бомба”, изјави Шаља за БИРН. Тој вели дека сиромаштијата и порозните граници на Косово го направиле плодна почва за радикализам.
Сепак, Жан Франсоа Фито, францускиот амбасадор во Приштина, вели дека овие услови не се единствени само на Косово. Тој вели дека сите потенцијални закани мора да се сфатат многу сериозно. Но, додаде тој, секоја реакција, исто така, мора да се измери со потенцијалната штета врз индивидуалните слободи.
„Комплицирано е. Тоа е секогаш прашање на рамнотежа”, изјави тој за БИРН, истакнувајќи дека Франција, која е дом на најголемата муслиманска популација во Западна Европа, исто така, предизвика жестока дебата со забраната за носење шамии во училиштата.
Во доцните 1990-ти, тие со големо мнозинство ја поддржаа бунтовничката борба против Србите. Интервенцијата на НАТО дополнително ги зајакна целите за таа борба, и убеди многу етнички албански националисти дека нивните најблиски сојузници се во Вашингтон и Брисел.
Повеќето Косовци се муслимани, и практикуваат релативно опуштена форма на исламот, обоена од отомански и мистични суфистички традиции. Многумина сакаат да ја гледаат својата територија како секуларна нација во рамките на Европската унија, како што е предвидено во Уставот и од сегашната влада.
За оние кои не гледаат противречност меѓу нивната вера и нивните либерални вредности, подемот на религиозните екстремисти е вознемирувачки.
„Срамно е што имаме радикали меѓу нас, бидејќи поголемиот дел од Косовците не ги поддржуваат”, вели Луљета Шаља, економист од Приштина. „Ние сме про-американски настроени, како што е добро познато”.
Тврдокорните струи се чини дека се под поголемо влијание од арапските толкувања на верата, отколку од Отоманските традиции повообичаени за Косово. Тие често се нарекуваат вахабисти, или салафи, иако повеќето од нив ги одбиваат овие етикети.
Фуад Рамиќи, претставник на движењето Башкоху, вели дека неговата група ги претпочита јавните протести и ненасилниот отпор за да ги истакне своите барања. Тие се жалеа на забраната за носење шамии во училиштата, како и за постоењето на христијански споменици во Приштина.
„Бараме од политичката класа ... да ги почитува правата на муслиманското мнозинство во Косово”, изјави тој за БИРН. “Тие не дискриминираат наспроти мнозинството обидувајќи се да се претстават себеси како прозападно ориентирани”.
„Државата во која се наметнува секуларизмот врз мене не може да биде демократска”.
Рамиќи вели дека се смета себе си прво и основно за муслиман, а потоа за Косовар. Тој се борел во Босна за време на 1990-тите години, и бил на бродот Мави Мармара, кој носел хуманитарна помош за Палестинците во Газа, што бил пресретнат од страна на израелската војска во 2010 година.
Рамиќи е жесток критичар на Владата на Косово, како и главното верско убедување. Меѓутоа, тој тврди дека неговата група го отфрла насилството и не е закана за никого.
„Ние сме внимателни бидејќи нашите непријатели сакаат да не прикажат како дестабилизирачки фактор во регионот”, вели тој. „Не постои апсолутно никаков ризик од тоа да им се даде на луѓето слобода и право да ги практикуваат нивните верски убедувања”.
Во 2010 година, Аjнишахе Халими, активист за правата на жените во градот Скендерај, организираше петиција против имамот во блиското селото за кој имаше слушнато дека ги охрабрува девојчињата и младите жени да носат шамии.
Кампањата на Халими собра неколку илјади потписи и поддршка од локалните политичари. „Имав информации дека жените во селото биле доведувани во заблуда, а се предавала нетрадиционална форма на ислам”, изјави таа за БИРН.
Многу потписници на петицијата биле вознемирени од постапките на имамот, кои, иако тоа не е нелегално, биле гледани како обид за наметнување на религиозна облека за децата.
Имамот за кој станува збор, Кастриот Дука, бил депортиран во родната Албанија во март 2010 година. Во соопштението од косовската полиција стои дека бил избркан затоа што тој ги прекршил условите за неговата дозвола за престој, која му била доделена само за хуманитарна работа.
„Дозволата за престој се издава за развој на хуманитарни активности, а не [за] други активности, кои г. Дука ги врши на територијата”, се вели во соопштението. Не е јасно дали протерувањето на Дука било поврзано со поплаките од петицијата.
Селото каде работел Дука, Марина, е едно од најсиромашните во Косово. Регионот бил во центарот на конфликтот помеѓу етничките албански бунтовници и српските сили, и во него сега има огромен број вдовици и семејства без татковци
Некои критичари на екстремизмот, исто така, тврдат дека тие биле напаѓани, или пак имотот им бил уништен, заради нивните ставови. Тие ги обвинуваат вахабистите за насилничко однесување и заплашување. Но точниот мотив за овие напади останува нејасен.
Инцидентите се појавуваат спорадично - три за три години - и само еден од нив довел до покренување на кривична постапка.
Мусли Вербани, поранешен имам од градот Качаник, имаше проповед во 2007 година, предупредувајќи го неговото членство на екстремизмот. Набрзо потоа, неговиот паркиран автомобил бил запален. Еден локалец бил обвинет во врска со инцидентот од јануари 2011 година и осуден на три месеци затвор.
ругите напади врз луѓето кои зборувале против екстремизмот не доведоа до дополнителни апсења. Џабир Хамиди, професор по исламски студии на Универзитетот во Приштина и истакнат критичар на вахабистите, бил претепан од маскирани мажи во 2008 година. Тој верува дека бил нападнат поради неговите ставови.
Осман Муслиу, имам од градот Дренас, бил претепан во џамија во 2009 година. „Ја изгубив свеста и мојата рака беше скршена”, изјави тој за БИРН. „Отсекогаш сум зборувал против вахабистите во нашата средина”
Иако немало сериозно екстремистичко насилство во Косово, некои експерти сметаат дека властите треба да продолжат да слушаат внимателно што велат екстремистите, дури и во отсуство на било какви нелегални активности.
„Јас би рекол дека говорот на омразата и радикалните, екстремистички проповеди дефинитивно може да доведат до насилство”, вели Усама Хасан, висок истражувач во Фондацијата Квилијам, со седиште во Лондон, која се бори против екстремизмот. Хасан ги наведува случаите кога британските муслимани, наводно, биле радикализирани преку проповеди.
авганистан , пакистан, ирак, иран, либија следно косово -арапска пролет
ете шо праат америка и еу вака ве истребуваат ко гниди
ајде дај боже побрзо да гледаме како се колат меѓусебе комшииве наши