Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Куранот сепак запален

Освен сеќавањето на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, деветгодишнината од нападот на Светскиот трговски центар, беше одбележана и со протест против изградба на исламски центар во близина на местото на тажниот настан, а еден од учесниците во протестот ги палел страниците од Куранот. Отакако пасторот Тери Џонс се откажа од спалување на Куранот, вчера еден од демонстранитите кинел страници од Куранот и ги палел.

Видеото е објавено на Јутјуб со предупредување дека се работи за потенцијално навредлива и непримерна содржина.

Стотици лица учествувале на вчерашниот протест, а бројот на демонстрантите бил приближно колку бројот на оние граѓани кои минатата недела излегле во знак на поддршка на изградба на исламски центар, кој воедно го поддржа и американскиот претседател Барак Обама.

Њујоршката полиција во непосредна близина на некогашниот СТЦ раздвојувала две групи на демонстранти, кои застапувале спротивни ставови. Иако ситуацијата била на работ на ескалација, до физички судири не дошло.

Холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, на топлата демонстранти и се обратил велејќи дека исламот е ист со фашизмот и дека не смее да се случи изградба на исламски културен центар.

Демонстрантите од спротивната страна пак, тврделе дека протестите против изградбата на исламски центар е дел од кампањата која има за цел да шири омраза кон муслиманите.

„Навистина ми е страв од ова ширење на омраза во нашата земја. Дел од христијаните застануваат против другите вери и тоа е многу тажно. Муслиманите се Американци исто како нас и имаат право да си ја негуваат својата вера во САД, како и другите“, рекла 51-годишната Американка, Елизабет Михан, пренесува АП.

На свеченоста која претходно се одвивала роднините на загинатите од терористичките напади, гласно ги читале нивните имиња. Некои од нив рекле дека протестите за изградба на исламски центар на тој ден покажуваат непочитување на роднините на загинатите, а други пак дека тоа е вистинскиот ден за протести против изградбата.

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Конечно !!!
После долго време радвижување на религиозната сцена !
Нова самоубиствена секта ! :vozbud: :vozbud:
После Народниот храм,Сончевиот храм,Рајската порта,Црна Ружа,Гранката на Давидијанците,Движењето на реставрација на 10-те божји заповеди и други суициални секти,имаме нешто ново...

Секта од 12 члена напишала писма за збогување,ги средиле своите земски долгови и се собрале да се самоубијат во очекување на вознесението кое требало да се случи деновиве...
Полицијата била известена анонимно и планот ете...не успаеал

The woman identified as the leader of a small religious group was being held for questioning after a 22-hour search sparked by fears of a suicide pact, officials said.The other 12 members of the group, including Chicas' children, voluntarily agreed to be transferred to the Palmdale sheriff's station, Whitmore said.
Family members reported the group missing at about 2 p.m. Saturday, after finding they had left behind farewell notes, mortgage statements, cash and cellphones in a purse. The group was known for previous forays into desert and mountain areas, apparently related to belief in an imminent biblical "rapture," when believers would be transported to heaven.
http://latimesblogs.latimes.com/lanow/2010/09/religious-groups-alleged-leader-held-after-search-linked-to-mass-suicide-fears-ends.html

Успех или неуспех...дилемата останува во зависност од која страна на религијата се смета...
Како и да е ... adrenalin rush (religious style)...
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
50
Поени од реакции
5
Исламистички сајт од Босна го обвинува поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи за финансиски малверзации

Сараево - Исламистички сајт од Босна и Херцеговина го критикува поглаварот на Исламската верска заедница во Макеедонија Сулејман Реџепи, заради неговиот повик САД и Западот да се вклучат во борбата против радикалиниот ислам во земјава.



http://www.efakt.info/?p=3422
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
mozno da e ne se znae nisto.vo ovaa denesnica see e moznoo.ovaa e vreme na fitna neredi i ubistvaa i krazbii, i nee cudo ako taka postapil,, a ako e navistina taka , sram da mue.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Суљо како прво не знае што е радикален Ислам :toe:
Јас сум прв кој би застанал против било какви малверзации кои се надвор од Ислам, ама Суљо е отпадник од Ислам. Што да се очекува од Муслиман кој дава пари да се гради икона на "мајка" Тереза ?
Направил икона која некои луѓе ја слават и обожаваат и плус се колнат во неа. Ширк :uvo: Излегол од Ислам.
 
Член од
5 август 2010
Мислења
12
Поени од реакции
0
Муслиманите се четвртина од населението

Секој четврти човек на Земјата верува во Ислам

Извештајот на американската Пју форум истражувачка група, која обработувала податоци од 232 држави во три години, проценува дека на светот има 1,57 милијарди исламски верници, а 60 проценти од нив живеат во Азија.

Истражувачите анализирале околу 1.500 извори, меѓу кои и извештаи од пописи, демографски студии и набљудувања на население.

"Се на се, овие бројки се повисоки од тоа што го очекувавме," изјавил Брајан Грим, еден од главните истражувачи.

http://news.bbc.co.uk/2/hi/8296200.stm

http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=AE099350B8C5584B897BD61457198F94
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.159
Поени од реакции
83.949
Ахмединеџад сака да соработува со папата Рајцингер.
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Куранот сепак запален

Освен сеќавањето на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, деветгодишнината од нападот на Светскиот трговски центар, беше одбележана и со протест против изградба на исламски центар во близина на местото на тажниот настан, а еден од учесниците во протестот ги палел страниците од Куранот. Отакако пасторот Тери Џонс се откажа од спалување на Куранот, вчера еден од демонстранитите кинел страници од Куранот и ги палел.

Видеото е објавено на Јутјуб со предупредување дека се работи за потенцијално навредлива и непримерна содржина.

Стотици лица учествувале на вчерашниот протест, а бројот на демонстрантите бил приближно колку бројот на оние граѓани кои минатата недела излегле во знак на поддршка на изградба на исламски центар, кој воедно го поддржа и американскиот претседател Барак Обама.

Њујоршката полиција во непосредна близина на некогашниот СТЦ раздвојувала две групи на демонстранти, кои застапувале спротивни ставови. Иако ситуацијата била на работ на ескалација, до физички судири не дошло.

Холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, на топлата демонстранти и се обратил велејќи дека исламот е ист со фашизмот и дека не смее да се случи изградба на исламски културен центар.

Демонстрантите од спротивната страна пак, тврделе дека протестите против изградбата на исламски центар е дел од кампањата која има за цел да шири омраза кон муслиманите.

„Навистина ми е страв од ова ширење на омраза во нашата земја. Дел од христијаните застануваат против другите вери и тоа е многу тажно. Муслиманите се Американци исто како нас и имаат право да си ја негуваат својата вера во САД, како и другите“, рекла 51-годишната Американка, Елизабет Михан, пренесува АП.

На свеченоста која претходно се одвивала роднините на загинатите од терористичките напади, гласно ги читале нивните имиња. Некои од нив рекле дека протестите за изградба на исламски центар на тој ден покажуваат непочитување на роднините на загинатите, а други пак дека тоа е вистинскиот ден за протести против изградбата.

За тие што се радуваа на палењето на Куранот еве нешто интересно.

САД: По палењето на Куранот само во Вашингтон Исламот го прифатиле 180 Американц​
и

Како што пренесува сајтот ABNA, по палењето на Куранот од страна на двајцата американски свештеници, само во Вашингтон, наеднаш Исламот го прифатиле 180 Христијани.

Мухамед Насир, директор на Исламскиот Центар на Вашингтон (Washington), изјавил:
„По палењето на Куранот и церемонијата против изградбата на џамии во Њујорк (New York), Американците почнаа уште повеќе да се интересираат во Исламот.

И само во Вашингтон Исламот го прифатиле 180 луѓе. "

Мухамед Насир вели дека за дванаесет години во САД, се изградени повеќе од 1.200 џамии (тоа е повеќе од 100 џамии годишно).

Многу од луѓето кои го прифатиле исламот, почнале уште веднаш да ги повикуваат другите во Ислам, сметајќи ја за должност грижата да ги пренесат вистинските информации за исламот на Американците, разбивајќи ги со тоа стереотипите кои за нив ги пласирале масовните медиуми.

Официјалните податоци покажуваат дека бројот на оние кои го прифаќаат исламот нагло се зголемил.

Според Фадл Сулејман, директор на центарот за проучување на Исламот „Džazur“, годишно повеќе од 80.000 Американци се враќаат во монотеизам - Исламот.

Фадл Сулејман истакнува дека бројката од 80 000 луѓе е официјален податок, кој е земен од џамиите и исламските центри, каде што Американците ги изговараат зборовите на шехадетот.
За точниот број на новите муслимани во САД, не се познати прецизните податоци.


Извор: http://www.kavkazcenter.com/russ/content/2010/09/...
__________________
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
И РУСИЈА ИМА КОНТРОВЕРЗНА „ГРАУНД ЗЕРО“ ЛОКАЦИЈА
Џамија ја подели Москва
Лидерите на московската муслиманска заедница, која има околу 1,5 милион верници во главниот град на Русија, им испратија на градските власти сигнал дека очајнички им треба повеќе простор за молитва и побараа изградба на нова џамија, што им е одобрено. Но, планот се најде на удар од националистите, кои повикаа на „чиста Москва“ без муслимани и странци, што според германски „Шпигел“, почнува да го дели главниот град. Планираната џамија би била дури петта во Москва, иако во руската престолнина од десет и пол милиони луѓе, десет проценти се лица со исламска вероисповед. Токму затоа, Московскиот муфтиски совет повел иницијатива да се изградат повеќе џамии во Москва додавајќи дека би требало да ги има најмалку 40 за да се оствари оптималниот капацитет за сите верници. Поголемиот дел од муслиманските верници, на големите празници не можат да влезат во некои од московските џамии, па поради тоа се молат во дворовите пред верските објекти. Парчето земја во југоисточниот дел на Москва, кој се нарекува Текстилшчики, што и е доделено на управување на муслиманската заедница е големо речиси колку едно фудбалско игралиште. Еден дел од него е зелена површина меѓу високи згради, запуштени гаражи и блокови со модерни станови, каде што мајките ги шетаат своите деца, а некои луѓе своите домашни миленици. Брзо откако е објавен планот за изградба на џамијата, жителите на Текстилшчики се собрале во организација на групата „Мој двор“, која ги повика на потпишување петиција против изградбата. Се одѕвале околу 300 жители, кои излегле носејќи плакати со слики на муслиманските верници што се молат на улиците на Москва поради неможноста да влезат во џамиите со испишано прашање: „Дали ни треба сето ова?“. Лидерот на организацијата „Мој двор“, Михаил Бутимиров, присуствувал на собирот, при што изјавил дека тие не се против џамијата, туку дека само се за опстојување на паркот и дека нивното појавување е само поддршка на локалното население. Московските медиуми овој случај веќе го нарекоа „рускиот граунд зеро“, како референца на судирите по повод изградбата на футуристичка џамија во близина на местата каде што се урнаа кулите-близначки во Њујорк. Најчитаниот руски портал на интернет „газета.ру“, повлече паралела со други контроверзии поврзани со исламот, забраната на бурката во Франција и дебатите за имигрантите што се одвиваат во Германија. Според „Шпигел“, до неодамна некои политички субјекти, екстремни десничари и ултраправославни верници, отворено изразуваа исламофобија, но откако државата изведе серија апсења во десничарското подземје, екстремните групи почнаа да применуваат посуптилна тактика во ширењето на омраза. Во Текстилшчики, неонацистичките организации се обидуваат да го разгорат антимуслиманското расположение со наведување аргументи со кои луѓето полесно ќе се поврзат, отколку што би било случајот со апстрактните зборови за идеологија. Тие тврдат дека се спротивставуваат на изградбата на џамија бидејќи сакаат да ја заштитат московската зелена површина. - Оригинална идеја! Да се камуфлира ксенофобијата во загриженост за човековата благосостојба - вели Галина Кожевникова, заменик-директорка на московскиот центар за информации и анализи СОВА, што ги следи активностите на екстремистите и кршењето на човековите права. Според информациите на СОВА, Бутимиров и неговите активисти негуваат блиски врски со ултранационалистите, како што е националистичката партија Народен сојуз. На некои интернет-локации може да се пронајде Бутимировата поезија, каде што тој ги повикува странците да се наведнат од страв пред лидерите на утрешнината. Московскиот муфтиски совет, кој е одговорен за изградба на џамијата, нема сомнеж дека зад протестот на „зелените“ стојат националистите. Тие велат дека џамијата во секој случај ќе биде изградена на работ на паркот, што ќе остави доволно место за рекреација и за шетање на домашните миленици. - Проблемот лежи на друго место - вели Илдар Аљаутдинов, имам на најголемата московска џамија, кој предупредува дека би можело да дојде до радикализација кај муслиманите доколку не го добијат своето место за молитва. - Мораме да ја изградиме џамијата, инаку некое зло ќе ја замени религијата - се закани имамот Илдар.


Исламизацијата во подем



Поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) , Кирил, вели дека за 20 години во Русија бројот на редовни парохиски припадници во православните цркви ќе достигне 40 милиони. Во исто време, претставници на муслиманската заедница предвидуваат значително зголемување на следбениците на исламот во оваа земја.
- Според некои статистички прогнози, доколку работите продолжат да се развиваат во оваа насока, за дваесет години во нашата земја ќе има 40 милиони луѓе што и припаѓаат на црквата - изјави патријархот Кирил. Но, на прашањето дали исламот има реални шанси за неколку децении да стане религија со мнозинство следбеници во Русија, Гејдар Џемал, лидер на Исламскиот комитет на Русија, одговара: „Во тоа нема никакви сомнежи!“.
Руски политиколог што сакал да остане анонимен за медиумите во оваа земја изјавил дека бројот на муслимани во Русија ќе расне со геометриска прогресија.
- Пред се, многу Руси преминуваат во ислам! Плус, наталитетот кај муслиманите е поголем отколку кај лицата од друга конфесија. А, јас мислам и дека политичката ситуација, односно притисокот од Западот на Русија, ќе доведе до зголемување на бројот на муслимани во Руската федерација - констатира политикологот.
Според исламскиот лидер Џемал, главниот извор на нови следбеници на исламот во Русија, пред се, ќе биде миграцијата, а на зголемувањето на бројот на муслимани ќе влијае и високото ниво на наталитет на Кавказ, во реонот Поволжје, и на широк план во руската дијаспора. „Па, така, дури на трето место е преминувањето на Русите во исламот“, додава Џемал, кој на прашањето дали за руското општество ќе се пронајде идеја што ќе ги обедини сите граѓани, независно од нивната религија и националност, вели: „Се разбира дека ќе се најде!“.



Заканата е далеку

Димитриј Смирнов, претседателот на одделението на Синодот на РПЦ за соработка со вооружените сили и со органите на редот и на законот, вели дека не е потребно да се бараат некои посебни идеи за консолидација на мутлинационалното и мутлирелигиозното руско друштво.
- Само треба да се почитува Уставот. А, ако нема надворешно влијание над нашите муслимани, од некои острови или преку океанот, кај нас се ќе биде во ред, како што беше пред 400 или 500 години - смета протојерејот Димитриј, кој за зголемувањето на бројот на православни верници што редовно ја посетуваат црквата, но и за поголемиот број муслимани, вели дека сето тоа не претставува закана за никого.
- Опасноста ќе се појави кога половина од словенското население ќе изумре, а муслиманското ќе нарасне. Кога нашите муслимани ќе почувствуваат дека ја имаат силата, тие веќе нема да бараа ништо туку, едноставно, ќе си го земат тоа што им треба и ќе прават што сакаат - додава духовникот Смирнов.


Русите исчезнуваат како мамутите


Поради исламската експанзија во Москва, ние ќе мораме за неколку децении да се селиме некаде над главниот град, во Северна Тебаида, односно во градовите Вологд и Архангелск. Таму ќе формираме мала држава во границите на северна Русија. Едноставно, тешко дека Русите ќе ја задржат Москва бидејќи изумираат како мамутите. Само што Русите изумираат полека, а мамутите тоа го направија брзо - констатира протојерејот Димитриј од Руската православна црква.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2151&ArticleID=150557
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ден на Реформацијата

Ве поканувам на свечената прослава по повод светскиот ден на Реформацијата (31 Октомври)

Прославата ќе се одржи на 30ти Октомври (Сабота), во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Програма:
- Свечено Отворање: м-р Марко Грозданов, м-р Валентина Божиновска - Директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи
- Музичко интермецо
- Промоција на книгата „Универзалните придобивки од протестантската реформација“: д-р Иван Грозданов
- Музичко интермецо
- Предавање на тема „Практична импликација на реформацијата во општеството“: д-р Светлана Трбојевиќ
- Музичко интермецо
- Промоција на книга „Тајната на просперитетните нации“: м-р Љупчо Ристовски
- Музичко интермецо
- Предавање на тема „Сличностите и разликите меѓу православната и протестантската теологија и последиците кои произлегуваат од нив“: м-р Саше Георгиевски
- Музичко интермецо
- Промоција на книга „Сведоштвото на Барнаба“: Библиска Лига
- Музичко финале

*Во програмата ќе бидат вклучени и неколку кафе-паузи.

Организатор: Библиски центар „Божилак“

Фејсбук настан: http://www.facebook.com/event.php?eid=161114683919109
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
МОСКВАСексуално злоставувани деца во руски манастир
25.10.2010 | 15:17
Извор: Макфакс
Во рускиот манастир во покраината Владимир, североисточно од Москва изби скандал поради сексуално злоставување во дом за сиромашни деца, објави рускиот правобранител за човекови права, пренесе Хина. Пет девојчиња, од кои три малолетни, од домот во манастирот Свјато – Богољубски, во октомври поднеле тужби против воспитувачките кои ги злоставувале.

Девојчињата биле казнувани со ускратување на храна, удари со колан, читање молитви до 2 часот наутро а биле принудувани и да работат на поле од 3 часот наутро до 10 навечер.

Рускиот омбудсман најави детална истрага.

Повеќе од 2.000 деца починаа минатата година во Русија како последица на насилство, а на насилство биле изложени околу 106.000 деца, тврди рускиот омбудсман за деца Павел Атахов.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Настан: “Заедно во Христа - од цело Скопје“

За вторпат, во рамките на проектот „Да живееме ЗАЕДНО како ЦРКВА“, во Црковната Општина „Св. Георгиј“ - Чаир, ја организираме средбата „Заедно во Христа - од цело Скопје“ . Средбата ќе започне со Литургија со почеток од 9 часот. По Литургијата, учесниците на средбата ќе можат да присуствуваат на две предавања на тема: „Зошто се причестуваме и како треба да се подготвиме за истото?“ предавач - о. Ивица Тодоров; „Значењето на точното исповедање и практикување на Православната Христијанска вера“ предавач - о. Александар Миткоски.
За време на паузите присутните ќе може да си помуабетат помеѓу себе со кафе, чај, сок, колачиња.
На оваа средба ја воведуваме праксата наречена „Размени, Продај или Подари книга!“ Целта на оваа прaкса е да можете вашите дуликати, или вишок книги - со Христијанска Духовна тематика, па и пошироко - да ги размените, да ги продадете или подарите - по ваша желба!

Се гледаме на 30. сабота. 10. 2010,
ваш во Христа,брат!
презвитер Ивица Тодоров




Заедно во Христа - од цело Скопје
сабота во 09:00
Црковна Општина „Св. Георгиј“ - Чаир



 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom