Мислам дека не е потребно да се воведе веронаука во училиштата од проста причина што секој има право на свој избор. Не може да се натера некого со сила да учи веронаука ако не го/ја интересира таа област. Се сомневам дека некој ќе се растрча поединечно во секое училиште и одделение да направи анкета бидејќи има деца со различна религија така да не знам колку би била успешна оваа постапка. Најлесно е да се наметне нешто некому против негова волја и далеку од тоа дека би функционирало. Покрај сета технологија што ја имаме ако некој навистина е заинтересиран може сам да си црпи знаење од интернет и секако од семејството за било која религија. Нашето општество не се содржи од една религија така да не е во ред на некое муслиманче, еврејче, протестантче итн. да му ја наметнуваме нашата вера. Да не се навраќаме долги години наназад кога црквата имала влијание, сепак живееме во модерно време. А кој сака да дозне нешто повеќе, може да оди во црква или во џамија или во синагога итн. да поразговара со свештено лице. Поздрав:smir: