Веронаука во училиштата?

Веронаука во училиштата?

  • да

    Гласови: 74 34,1%
  • не

    Гласови: 143 65,9%

  • Вкупно гласачи
    217
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
etik auci za toa, za tolerancija i razbiranje na razlikite, veronauka naprrotiv ke gi naglasuva razlikite kako nesto bitno i ke napravi losa rabota. sustinska razlika e razlikata megu dobroto i zloto, za toa uci ETIKA ETIKA ETIKA, a veronauka gi naglasuva dogmatskite i ritualnite razliki kako sustinski sto e non sens!
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Кога зборуваме за веронаука треба прво да почнеме со тоа во какво општество живееме. Ако општествово во кое живееме на секој можен начин ни се кажува дека е демократско дека секој има право на сопствен избор тогаш зашто ја нема веронауката како сопствен избор во училиштата, ако забранувате нешто не сте демократско општество, ова посебно го насочувам кон невладините организации кои сите девијантни појави во општеството ги нарекуваат право на избор.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
А зарем нема лоши работи без веронаука? Повеќе го почитуваш тој кој што го познаваш.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Да не постоеше Господ требаше да сме ПРОТИВ веронаука, ама вие не го сфаќате животот сериозно и цела ова приказна со Господ, Рај и Пекол ви изгледа смешна.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
бај д уеј......Macedalien.....правната рамка во Македонија постои......но јес дека треба да се мења нешто во Уставот......аман нека тргне веќе нешто...
Не мора - уставот е одлично склепан од таа гледна точка. Религијата во сите Европски држави е надвор од Црквата (освен во Ватикан ама Ватикан и не е некоја “држава“). Нема никаква потреба да се меша со државата.
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
Не мора - уставот е одлично склепан од таа гледна точка. Религијата во сите Европски држави е надвор од Црквата (освен во Ватикан ама Ватикан и не е некоја “држава“). Нема никаква потреба да се меша со државата.
Ух....не верувам дека (многу) ќе се меша...

со ова можам да сметам дека до некаде сме се разбрале? :) :smir: .....+ тоа и твоето 10.000-то мислење ........:vozbud:
поздрав...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Хаос во основните училишта

Вероучителите и наставниците по религии ги нема никаде

Речиси еден месец по почетокот на учебната година, петтоодделенците кои требаше да се определат меѓу веронаука и запознавање на религиите - губат часови. Обиколката на десетина скопски училишта, случајно одбрани, покажа дека од настава се' уште нема ни абер.

Мали исклучоци има на територијата на Општина Кисела Вода, но и таму владее вистинско шаренило. Во едно училиште, на пример, децата почнале да слушаат веронаука, а за историја на религиите се молчи, или, обратно. И, апсурдот да е поголем, се губат часови, а никој, па дури ни училишните директори не можат на родителите и на децата да им понудат валиден одговор на прашањето кога ќе започне наставата, што ќе учат нивните деца...

Во две централни скопски училиштата „Песталоци“ и „Коле Неделковски“ не' замолија посетата на нивните образовни установи и разговорот околу двата изборни предмета наменети за петтоодделенците да ја одложиме. Барем за идната недела, зашто до тогаш децата, веројатно ќе го имаат првиот час по веронаука. Сега се во подготовка распоредите на часови. Досега, одржале само еден час по запознавање со историја на религиите и не беа во можност да говорат ниту за искуствата со овој предмет.

При обиколката не ни се потврдија ниту очекувањата дека работата тргнала барем во чисто етничките училишта. И во „Тефејуз“, каде што наставата е на турски јазик, веронаука нема. Директорот Ѓонул Бајрактар ни рече дека сите деца ќе следат веронаука, а првиот час ќе биде денес. Такви им биле најавите од Министерството за образование. Тој објаснува дека во јунското анкетирање, родителите биле без малку едногласни за веронауката. Само тројца изразиле желба децата да им учат запознавање на религиите, но таа не може да се реализира, бидејќи мнозинството е за првопонудениот предмет. Вели, распоредот е изготвен и за веронауката се резервирани последните часови во четврток и во петок.

Основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари, исто така, е во исчекување. Од седум петти одделенија, во кои пет се со настава на албански, а во две Ромчињата учат на македонски, сите, без исклучок сакаат веронаука. Училиштето чека теолог по исламски науки, но претходно, како што ни објасни директорот Халид Сејдиу, треба да се огласи Министерството за образование без чија писмена согласност дека ќе го плаќаат ангажманот на теологот, наставата не може да почне. До вчера теологот не се ни појавил во училиштето. „Родителите се бунат, доаѓаат, прашуваат до кога децата ќе губат часови, ама јас не знам што да им одгово рам“ вели Сејдиу.

Без настава по веронаука и по запознавање со религиите се и петтоодделенците во ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел. Неофицијално, училиштето е мултиконфесионално и наставниците ги посоветувале родителите децата да не се делат, заедно да следат запознавање на религиите. Колку го послушале советот не се знае, но факт е дека изборот им е различен.

Директорката Мирка Јованова навестува скорешен старт на наставата, но нагласува дека кај нив ќе се слушаат двата предмета. Што се однесува до веронауката, и таму секој ќе ја почитува својата вероисповед, па ќе имаат и православни и исламски теолози. Кој ќе предава запознавање на религиите не прецизираат во ниту едно училиште, па ниту во ова.

Во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“, во отсуство на директорката, не само што никој не можеше да не' информира за тоа како одат часовите по веронаука и кога ќе обезбедат професор за оние другите кои бараа историја на религиите, туку не ни беше дозволен ни разговор со петтоодделенците. За такво нешто била неопходна претходна најава! Децата, пак, иако подготвени за муабетење, мораа да го испочитуваат барањето на директорката.

ОУ „Кузман Јосифовски - Питу“ учениците се' уште не го виделе својот вероучител, ама затоа имале две средби со наставникот по запознавање на религиите. На првиот час само се запознале, на вториот им појаснил дека нема да учат според програма, туку врз проекти и литература која треба да ја донесат од дома(!?), а на третиот час - не се појавил.

Сликата од внатрешноста е малку поинаква. Наши соговорници тврдат дека притисоците за избор на веронауката се многу поизразени. Во Кратово, на пример, во изјавите на родителите како изборен предмет бил посочен предметот запознавање со религиите, но преку ноќ морале да го преиначат својот избор.

Зошто власта има ваков несериозен однос кон веронауката и алтернативниот предмет кои сама ги истурка, со менување на Законот за основно образование, во август, среде одмори, може само да се претпостави. Ако навистина за веронаука се определиле мнозинството основци, несфатливо е зошто се доцни со наставата. Официјалниот избор меѓу веронауката и запознавањето со религиите, родителите го направија уште во јуни кога за верска настава се изјасниле 12.000, над 7.000 сакале децата да учат запознавање со религиите, а дури 2.000 лица не знаеле што да одберат.

Значи, сликата е прилично јасна, ако им веруваме на податоците од Министерството за образование. Нејасно е само до кога ќе се губат часови. Дали некој, сепак, стравува дека со воведувањето на веронауката во државниот образовен систем се крши секуларниот карактер на државата, па свесно се тактизира? Дотолку повеќе што веронауката одново ќе се најде пред Уставниот суд.

На прашањето може ли некому да му се наметне да изучува верски содржини, проф. Љубомир Цуцуловски од Филозофскиот факултет, во интервјуто за „Дневник“ вели: „Со воведувањето на веронауката во световниот образовен систем донекаде се крши принципот на секуларност, бидејќи има места за молење и места за учење. Се моли во сакралните објекти (цркви, џамии...), а се учи во училишта. Од друга страна, се нанесува неправда и се прави поделба меѓу самите ученици: на христијани и нехристијани, на верници и неверници, што не води кон сплотување, туку кон разединување на учениците. Што ќе се прави со протестантите, језуитите, Јеховините сведоци, будистите, хиндуистите..., чии религии нема да се изучуваат, а сите тие се верници?“

извор
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ABB08880517F6C4D925025929DC20820
 

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Види мислење РЕЛИГИЈА = Лага. толку само имам да кажам за веронауката.
:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Jas sum protiv ova no ako se uce smetam deka treba da ne se nametnuva kako obavezen predmet tuku kako sto e kako izboren ili pak fakultativen zasto sekoj eden ne go interesira da uce za ova.Na primer jas bi umirala od dosada na tia casevi i kako prvo ne bi ni sakal da prisustvuvam na nekoj takov cas.No ova e samo moe mislenje
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Jas sum protiv ova no ako se uce smetam deka treba da ne se nametnuva kako obavezen predmet tuku kako sto e kako izboren ili pak fakultativen zasto sekoj eden ne go interesira da uce za ova.Na primer jas bi umirala od dosada na tia casevi i kako prvo ne bi ni sakal da prisustvuvam na nekoj takov cas.No ova e samo moe mislenje
Се согласувам со тебе. И јас не сум за Веронаука да стане задолжителен предмет, сепак треба да се даде избор на децата, односно родителите-бидејќи тие знам одеа на родителски за дали да се учи или да не се учи Веронаука. Значи не целосно против Веронаука, но барем изборен предмет да е.
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Може да се доведи ама како изборен предмет, пример веронаука или информатика, или некој друг предмет.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Види мислење РЕЛИГИЈА = Лага. толку само имам да кажам за веронауката.
:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
Не не, тоа е аксиома, вистина што не се докажува, поради две причини:
Првата, ако тврдењето е интуитивно и очигледно точно и преку негова практична примена не може да се востанови дека тоа е неточно, т.е. не постои случај кога тоа е неточно. Втората причина е ако тврдењето не е така очигледно и не може да се докаже, но исто така се покажува точно при секој случај. А кога кај некоја практична примена, и во некој случај ќе се утврди дека не е точно, тогаш на сцена стапуваат други аксиоми кои што ја тврдат точноста на неточните..а кога и тие ќе се утврди дека се неточни, на сцена доаѓаат камшиците, инквизицијата и.т.н.
 
Член од
28 септември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
4
Мислам дека не би требало..Знаете ли колку деца би забегале од воа..секое второ поп ке испадне :DDD Тоа што треба да го знае,и што го знаеме сите ние е доволно родителите да му го објаснат.Што к*р има сега моето дете да ги знае сите ситници во веза со тоа.Мислам дека подобар беше оној другиот час Историја на религии..барем ке научи за секоја вера по малку и готово..само не дај боже да почат верите да ги мењаваат..ке отиде светов :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Наставата по веронаука ја посетува секој втор петтоодделенец. Ваков заклучок може да се извлече од официјалните податоци од Министерството за образование, но изгледа тој податок е пренадуен бидејки во неформални разговори со претставниците на двете најголеми верски заедници - Македонската православна црква и Исламската верска заедница не кријат дека не се премногу задоволи од одѕивот. Тогаш, логично се наметнува прашањето во што е проблемот - дали треба да се сомневаме во веродостојноста на податоците на МОН или, пак, очекувањата на верските заедници биле преголеми?

Факт е дека петтоодделенците се' уште немаат учебник по веронаука, а предавањата се сведуваат на обично импровизирање. Дали во таков случај учениците ќе добијат вистински знаења за религијата на која и' припаѓаат, може само да се претпостави. Едноставно, се' и' е препуштено на креативноста на дипломираните теолози кои по еднодневна обука што им ја одржа Министерството за образование станаа вероучители. Во МПЦ објаснуваат дека вероучителите работат според утврдената наставна програма, но кога таа би била доволна, зошто би се печателе учебници по овој и по кој било друг предмет.

Реакциите на група родители на деца кои учат во Шутка и во Бутел малку ја алармираа јавноста, бидејќи во државниот образовен систем директорите вработиле вероучители за кои се смета дека го пропагираат радикалниот ислам. Во Исламската верска заедница, која не се стеснуваше да каже дека станува збор за вахабити, сега малку ја спуштаат топката и за добивање одговор упатуваат во ресорното Министерство. Но, ако се има предвид дека вахабитите, освен што заговараат радикален ислам, се разликуваат и по облеката - светли панталони до глуждовите и долга брада, јасно е дека такви лица се инфилтрираа во нашиот образовен систем. Што и како предаваат, ќе мора да утврди Државниот просветен инспекторат.

Во Македонската православна црква на секое споменување на веронауката и одѕивот на петтоодделенците велат дека немаат информации или, во најдобар случај, признаваат дека оваа новина во образованието ги затече и нив. Неофицијално, добар дел од свештенството на МПЦ смета дека работата е далеку под очекувањата на владејачката гарнитура и на духовниот врв. Интересот е многу послаб отколку што се очекуваше и покрај реакциите на родителите дека училиштата не ја почитуваат нивната определба - децата да посетуваат часови по запознавање со религиите, туку ги праќаат на веронаука.

Основците, оние најповиканите, само слегнуваат со рамената. На некои тоа што им го предаваат вероучителите им е интересно, некои се задоволни што научиле да се крстат и наизуст го знаат "Оче наш", ама не е мал ни бројот на оние кои велат дека на часовите им е здодевно, дека само разговараат... Во Министерството за образование тврдат дека ќе имаат увид во работата на вероучителите, но со оглед на тоа што наставата доцнеше цел месец, велат дека за каква и да е контрола, се' уште е рано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom