Венеција бара независност од Италија

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Денес (сабота) се оддржува масовен митинг за независност на Венеција, која што бара референдум по ова прашање. Според анкетите, меѓу 70% и 80% од населението е за независност.

Движењето Indipendenza Veneta сака во новата држава Република Венеција да биде вклучен регионот Венето, делови од Ломбардија, Трентино и Фриули-Венеција Џулија.

Собрале 20,000 потписи и ќе му ги предадат на гувернерот на Венето.

Водачот на движењето е Фредерико Пизати, поранешен економист во Светската банка. Тој објаснува дека движењето има многу солидна основа бидејќи за истава работа агитирале уште во 1970тите години. Дури смета дека Венеција ќе стане независна пред Шкотска и Каталонија.

Очекувано, владата во Рим категорички се противи на независноста на Венеција, најавува дека референдумот е нелегален и ќе се бори против неговото одржување.

Венецијанците изјавиле ќе се жалат во ЕУ кај Хосе Мануел Баросо. :facepalm:

"Ние аргументираме дека нашето право на самоопределување е нарушено," рече Пизати.

"Економската ситуација тука е очајна, рецесијата посебно им влијае на малите и средни бизниси. Во меѓувреме, од 70 милијарди евра данок што ги плаќаме на Рим, назад добиваме 50 милијарди, директно или индиректно. Губиме 20 милијарди евра годишно," изјави Пизати.

Mass rally in Venice to call for independence from Italy

Two centuries after Napoleonic forces snuffed out the 1,000-year Venetian Republic, Venetians are once again aspiring to become an independent state.

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/italy/9589732/Mass-rally-in-Venice-to-call-for-independence-from-Italy.html


Дека работава не е наивна, говори и текстот во New York Times, јасно со малку комуњарски спин и цитати од Соросовата фондација Отворено Општество, во кој се обработува сепаратизмот на побогатите провинции во ЕУ кои ги исхрануваат посиромашните.

http://www.nytimes.com/2012/10/07/sunday-review/a-european-union-of-more-nations.html?ref=world&_r=0


.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.124
Поени од реакции
9.773
Ајде сега сите бараат независност. Е па нека се распадни цела Европа им ебам тоа крененоидите. Убаво им беше овде да делат на Балканот. Само штета што немаат таму брадоњи да почнат да го пукаат со калашот па малце подобро да осетат како е
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Нека барат бе , нивно право. Како тука овие белоглавите сакат Велика Албанија да ја дигнат, зашо да не и Венеција да си биде посебна држава.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Преку таквото од вакви напумпани вести, сеа секој град ќе бара независност, и шо ако биде Венеција независна, од што ќе живее, и така тоне, буквално. Кој бре ги вади од ракав овие проценти, 70-80% биле за независност. Таблоидни вести од нормално дежурниот таблоиден отварач на теми за подфорумот Свет.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Регионот Фриули Венеција Џулија(сигурно и Венето, гранични се) е најбогат регион со вода во Италија, а истовремено имаа некој проблем со недостаток на водата итн.Само како почеток на приказната, сигурно не е само ова.А нели Венеција беше една од најстарите држави во Европа...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ајде сега сите бараат независност. Е па нека се распадни цела Европа им ебам тоа крененоидите. Убаво им беше овде да делат на Балканот. Само штета што немаат таму брадоњи да почнат да го пукаат со калашот па малце подобро да осетат како е
Секогаш се било за пари.Југославија се распадна дека од сите републики идеа пари во Белград а само во некој републики парите се враќаа назад.

Истото е и во Шпанија,Италија,В.Б.Владите таму собираат огромни пари од некој продуктивни региони а после им враќаат само мал дел назад.

Ние сме премногу мали али со време истиот тренд ќе дојде и тука.Не може најголем дел од парите од Кавадарци,Гевгелија,Битола,Куманово,Струмица и Тетово да завршуваат во Скопје со години а да не се создаде лоша атмосфера со време.

Веќе може да се види истото со константните теми за Скопје-"провинција",



.
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 20:38 ---
Преку таквото од вакви напумпани вести, сеа секој град ќе бара независност, и шо ако биде Венеција независна, од што ќе живее, и така тоне, буквално. Кој бре ги вади од ракав овие проценти, 70-80% биле за независност. Таблоидни вести од нормално дежурниот таблоиден отварач на теми за подфорумот Свет.
Како од што ќе живее бе Венеција,ова е како да кажеш од што ќе живее Каталонија или Шкотска.

Тоа се се продуктивни региони на кои централната власт им зима пари и ги прераспределува на други региони за со тоа да си купи социјален мир и со тоа и гласови на избори.


Ако прогласат независност тоа за нив значи милијарди и милијарди евра кои ќе им остануваат во нивниот регион.




.


.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Како бе „нека бараат?“ А Република Илирида, може да побара?
Па Европа ја спонзорира и лобира за република Илирида, ова им е сега во нивен двор...
Karma is a bitch, aint't it?
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Нешто почнува да мириса по Европава...дали тоа од ова ќумбињава за ајвар што горат деновиве или што ќе да е не знам....:confused:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Мислам дека станува збор не само за Венеција, туку за цела северна Италија .......... или како што ја нарекуваат Ломбардијците Паданија ................ за ова сум прочитал уште пред некоја година .............. има и мапа:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нека бидат Каталонија, Венеција и Шкотска независни па ќе праиме муабет дали ќе бидат попроперитетни од сега, особено кога Италија, Шпанија и Англија заедно со другите од ЕУ ќе ги запукаат со ембарга, опструкции и сл. механизми.

Само оти еден регион е побогат автоматски ли заслужува независност, која е таа држава каде сите региони е се еднакво богати и развиени? Тоа ли е големиот план на новиот светски поредок, расцепкување на државите на мали-градови држави кои подоцна би биле инкорпорирани во една голема федерација. Немаат логика ваквите барања, никаква здрава логика, ај еве ќе речеме Каталонците и Шкотите се разликуваат од Шпанците и Англичаните, а во што се разликуваат Венецијанците од другите Италијани?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нека бидат Каталонија, Венеција и Шкотска независни па ќе праиме муабет дали ќе бидат попроперитетни од сега, особено кога Италија, Шпанија и Англија заедно со другите од ЕУ ќе ги запукаат со ембарга, опструкции и сл. механизми.

Само оти еден регион е побогат автоматски ли заслужува независност, која е таа држава каде сите региони е се еднакво богати и развиени? Тоа ли е големиот план на новиот светски поредок, расцепкување на државите на мали-градови држави кои подоцна би биле инкорпорирани во една голема федерација. Немаат логика ваквите барања, никаква здрава логика, ај еве ќе речеме Каталонците и Шкотите се разликуваат од Шпанците и Англичаните, а во што се разликуваат Венецијанците од другите Италијани?
Не али кога друг регион му ги собира "легално" парите само поради фактот дека имаат повеќе гласови тогаш дефинитивно заслужува независност.

Замислете денес уште да постоеше Југославија,Македонија да беше најбогата република и ние да даваме секоја година по 60 милијарди на Белград а они ни враќаат само по 40 назад додека 20 си ги трошат на купување гласови по Србија и Босна само затоа што Србија и Босна се повеќе од нас и со тоа може да не надгласаат на избори.

НЕМАШЕ ДА БАРАМЕ НЕЗАВИСНОСТ?


Зошто не остават секој регион/град да си ги задржува парите за свој развој.Во Македонија ефектот на централно планирање можеме најдобро да го видиме.Пусти села и 40% од популацијата во еден град


Америка ова многу добро го решила со тоа што не зимаат пари од едни држави и да ги даваат на други.Еднаш кога пробале со тарифи директно насочени кон Југот за да го финансираат Северот се случила граѓанска војна.

.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Пак ќе кажам нема логика, секогаш ќе постојат сиромашни и богати региони, зарем не е патриотска должност и чуство за припадност на нацијата како побогатиот му помага на посиромашниот регион. Чудо вакви мислења од еден од насиромашниот регион во бивша-ЈУ, вака и за нас зборувале Словенците нели?

И никој не ми објасни што е разликата меѓу Венецијанци и Италијани за да првите имаат своја држава?
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.487
Поени од реакции
2.376
Колку е Европа мала, па сега секој сака држава. Што ќе биде, Косово веќе стана, сега ако станат Шкотска, Каталонија... Исто така Лихтејнштајн, Андора, Сан Марино... Ако стане Венеција држава, ќе биде Сан Марино два. Веќе сите сакаат држава да станат. Замислете на другите континенти така, светот ќе има 2000 држави и повеќеo_O.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom