Велешко Езеро (Езеро Младост)

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Темава ја отварам за велешкто езеро младост.

Езерото „Младост“ (наречено и Велешко Езеро) е вештачка акумулација (езеро) која се наоѓа северно од градот Велес. На земјиште кое е во сопственост на Република Македонија.Сообраќајниот пристап е преку асфалтиран локален пат од правец на Велес кој оди по брегот на езерото, минува низ браната и продолжува до автопатот Скопје - Велес. Во рамките на локалитетот постои асфалтиран пат кој го поврзува локалниот пат со комплексот на мотели.

Крај самото езеро работат многу посетуваните и познати места: мотелот „Романтик“, а на водите на самото езеро работи мотел-ресторан на бродот „Панини“. Езерото било изградено со цел за наводнување на лозовите насади и земјоделските плантажи во околината кои често страдале од суши во минатото.

Денес, езерото „Младост“ е многу посетувано туристичко место. Локалитетот е поврзан со локалната 10 kw мрежа, до него постои телефонска мрежа. Во хидрографски поглед локалитетот се наоѓа покрај акумулацијата “Младост” на реката Отовица, лева притока на реката Вардар.
Урбаното планирање на езерото опфаќа: сателитска населба за домување, комерцијални содржини, угостителство и зона за спорт и рекреација.

Езерото е најчесто посетено за спортски риболов (застапени се рибите: крап, сом, шаран, бојник), излети и пикници, за празници и капење во летните месеци. На брегот на езерото постои камп со приколки и шатори во кои често престојуваат луѓе во летниот период. Во околината на езерото се изградени и се уште се градат голем број на викендички



Модераторите слободно можат и да ги спојат темите за сомовите во ова езеро.
Колку од вас биле,и ваши коментари окулу самото езеро ?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
офтопик: еднаш нешто без википедија....еднаш...барем уредете како што треба....сменете фонт...не го користат сите жолтиот стил...
онтопик: сум бил...како мал :)
офтопик: заради тие сомови имав единица по пракса :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Оф топик-па,сега мора малце општо дефиниционо и така..
Он топик-денеска баш со Waazzaap бевме и не отидовме многу далеку поради тие сомови почнавме да се зафркаваме и така...
Иначе за единицата по пракса како ја доби ? :eek:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.921
Поени од реакции
30.897
Само 2 пати имам одено таму и да ви кажам дека убаво си поминав. :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Не сум бил но сакам да идам. Иначе слушам многу сомови имало и тоа големи многу. :D
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Темата ја средив и имам една молба до идните отварачи на теми во овој подфорум.
Не е проблем да е ископиран текст од википедија или некоја друга веб страна, ама барем средете го убаво, да личи темата на нешто.
Благодарам однапред за разбирањето :cool:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.536
Поени од реакции
7.061
Да не го фалиме ние Велешани, нека му прават промоција Скопјани што одат до солун а преноќуваат таму :)
 

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Во централниот дел на Македонија, поточно на р.Отовица, во непосредна близина на селото Отовица и патот Велес-Скопје, изградена e бетонска-лачна брана. Браната е лоцирана на 41о46’N и 21о45’E, возводно за 2,5km од вливот на р.Отовица во р.Вардар, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Младост. Висината на браната изнесува 27,0m, а должината при круната изнесува 73m.
Сливот на р.Отовица, која го полни Езерото Младост е со јужна експозиција на простирање, а р.Отовица и нејзините притоки се спуштаат од под падините на Градиштанска Планина, чија највисока точка во сливот е на кота од 826masl, врвот Градиште. Сливот на р.Отовица на север граничи со сливот на р.Лка, која кај Катлановска Бања се влева во р.Пчиња, на исток со сливовите на водотеците кои гравитираат према овчеполието, а на запад со сливовите на суводолиците кои гравитираат кон реката Вардар. Веднш по бетонската брана, коритото на р.Отовица стрмо се спушта према реката Вардар.
Акумулацијата има должина од 1,5km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 500m.
Најголемата длабочина во езерото е 25 м. Езерото при кота од 245,00masl зафаќа површина од 0,52km2, и има вкупна зафатнина од 8,00*106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од 3,80*106m3, кој овозможува преку систем за наводнување обезбедување на вода за наводнување на делови околу Велес и с.Отовица. Се наводнуваат околу 1.350 ха обработливо земјиште, претежно со лозови насади.
mladost1.jpg
Инаку за сомовите има големи сомови да, али тие се доле кај браната :D и тешко се поместуваат, кога сме веќе кај сомовите оваа слика е направена пред 15 години сомов е долг 2.20 и тежок 150 кила уловен од макиз :)
makiz i somot.jpg
За туризам е одлично езерото.
Јас секоја година одам на кампување (логорување) со шатор на "првата плажа" едно 5-10 дена, и стварно супер сум си поминувал :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Да не го фалиме ние Велешани, нека му прават промоција Скопјани што одат до солун а преноќуваат таму :)
Еј брат,денеска бевме со едно другарче 90 % од колите со скопски регистарски таблички..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom