Велес

M

Moon Child

Гостин
Ќе биде тесно во Велес, Аце има стари гласови но колку има толку и нема на пример од нашава страна и малце повисоките места кои очигледно он ги заборави дека постојат во неговиот мандат. Сепак фаворит е, а и да видиме кој ќе му биде противка...




пред vs сега




Поплочена улицата со бекатон плочки, поставени заштитни огради да не паѓаат веќе деца/коли + 2-3 маалски чешми пуштени Којник/Мегдан/Кирил .. Сепак најбитно е кој и да дојде да проба да ја среди колку може економијава, многу невработени има ..
А па Горан Петров видовме дека ги оправи...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.235
Поени од реакции
30.469
А па Горан Петров видовме дека ги оправи...
На Горан ќе му требаат уште 4 мандати за да ги доизгради црквата и театарот, и успат да му текне некој проект.
 
М

Мартин`

Гостин
A нашиов градоначалник ШТО до сега направи за 3 год....ги искастри дрвата и насади цвеќе...НЕСПОСОБЕН еден,можеше и тој да лобира......
Прочитај го уште еднаш моето мислење, и јас имав критички стави кон сегашниот.. на економски план ниту он ниту пак предходниот и сегашен кандидат ништо не направија за Велес, град кој има огромна невработеност ..

А па Горан Петров видовме дека ги оправи...
Зависи каде, кај нас повеќе направи Горан отколку Аце за надоле не коментирам.. како што реков Аце 2 мандати (или 3 ако не се лажам?) буквално ништо не направи барем кај нас тој дел. Овој за еден мандат пушти неколку маалски чешмички што се и ја среди улицата Којник -> Мегдан -> Кирил и Методиј. А да баш ме интересира и кој ќе биде кандидатот од владеачкава партија ..

На Горан ќе му требаат уште 4 мандати за да ги доизгради црквата и театарот, и успат да му текне некој проект.
Црквата е готова (внатре се црта/средува само) а театарот верувам пред изборите ќе го пуштат :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.235
Поени од реакции
30.469
Црквата е готова (внатре се црта/средува само) а театарот верувам пред изборите ќе го пуштат :D
Па баш ќе биде интересно да го пуштат театарот без фасада и без покрив.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Лелеее....ко бабине на порта сте.....нити имате појма како се финансираат дел од проектите нит ништо...само муабет да се праело.:)

Како прво театарот не го гради општината со свој пари...туку тоа е проект на Владата.

За црквата неможам да знам,бидејќи средствата се сигурно од епархијата...и плус брзината на изградбата на црквата не зависи од градоначалникот,ниту од финансиите....туку од физичкиот фактор....имате таму икони,резби и сл....кои неможат да се завршат вас кога ќе ви текне.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Лелеее....ко бабине на порта сте.....нити имате појма како се финансираат дел од проектите нит ништо...само муабет да се праело.:)

Како прво театарот не го гради општината со свој пари...туку тоа е проект на Владата.

За црквата неможам да знам,бидејќи средствата се сигурно од епархијата...и плус брзината на изградбата на црквата не зависи од градоначалникот,ниту од финансиите....туку од физичкиот фактор....имате таму икони,резби и сл....кои неможат да се завршат вас кога ќе ви текне.
Па бидејќи не знаеш да кажам јас некој збор за таа цркава, бидејќи сум добро запознат околку нејзината изградба. Таа се гради со пари на МПЦ, односно Велешката епархија. Второ не е физички фактор, туку е финансиски фактор. Доколку МПЦ даде пари ќе биде завшено, докстолку не..се знае. Второ иконостасот е почнат уште кога е почната изградбата на црквата(не сум 100 % сигурен,ама мислам дека е завршен). Нити општината дава пари за неа ниту пак за театарот. Театарот е во иста состојба 6 месеци..до 2020 ако биде пуштен ќе биде супер....За него дава пари министерството за култура.......
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Абе ајде ? Знаеш зошто онаа фирмата што ќе произведува некој дел за Мерцедес отиде во Кавардарци а не во Велес ? Затоа што таму градоначалникот направил подобри услови за инвестицијата и имаа понудено готови хали за фирмата додека кај нас само земјиште и бесплатен превоз. Плус треба ако не ништо друго да притиска кон владата за пренасочување на инвестиции и во тој град, да ги промовира условите за инвестирање во градот на странци итн. Не е само да прави троатоари и улици ..
Еве бе и кај вас...дури 30 работници, за 23,4% намалување на невработеноста.
Само не знам каков е тој биодизел добиен од преработка на веќе истрошени масла за возила?:tapp:Биодизел нели е од растително потекло?!Тука нешто смрде...

Четврток, 07 Јуни 2012 09:56​

Сподели
133

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Преку затворен систем со преработка на стари дотраени масла од разни фирми во Македонија, германски инвеститори информираа дека сакаат да градат фабрика за производство на био-дизел гориво во индустриската зона кај велешкото село Оризари.


Мено Мулер еден од двајцата германски инвеститореи потенцира дека нема да произведуваат штетни гасови и нема да се загадува животната средина.

-Ние работиме со зелена еколошка технологија, која подразбира потполно чист производствен процес со заштита на животната средина според европски стандарди, рече Мулер.
Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потребни документи и да почнат да ја градат постројката вредна 12 милиони евра, која според нив ќе биде готова за шест месеци.
Тие воедно информираа дека постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек и за тоа веќе разговарале со надлежните во општина Велес од каде ја добиле првичната поддршка за изградба на фабриката.
-Имавме информативни средби и со граѓаните на Велес, со жителите на селото Оризари и населбата Превалец и ја очекуваме нивната поддршка, потенцира вториот инвеститор, Антон Корчак, кој вели дека инвестира во Македонија затоа што неговите корени се од велешко.
Воедно информира дека првично ќе вработат 30-тина работници,со можност за зголемување на бројот на вработените.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Биодизел нели е од растително потекло?
Биодизел се вика затоа што потеклото му е од природно органско соединение...а биодизел да се произведува од согорено масло, може да е дизел ама не био
 
M

Moon Child

Гостин
Осеќате ли како во последно време во градов смрди на свињи? Низ цел град смрди, дали е од тоа фармите којзнае :tapp:
Шеташ по чаршија и те мава една реа божем се наоѓаш во некое село.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Осеќате ли како во последно време во градов смрди на свињи? Низ цел град смрди, дали е од тоа фармите којзнае :tapp:
Шеташ по чаршија и те мава една реа божем се наоѓаш во некое село.
Арно му текна на некој да спомне....ја летно време морам по неколку саати со затворени џамови да седам....оти се осеќам како во фарма.

И не е само од сега таа миризба...туку сега изгледа ја имаат проширено,па затоа фаќа и низ чаршија.
 
A

AnFem

Гостин
Кои фарми? Инаку, поарно да ви смрди на свињи, него на топилница ;)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Осеќате ли како во последно време во градов смрди на свињи? Низ цел град смрди, дали е од тоа фармите којзнае :tapp:
Шеташ по чаршија и те мава една реа божем се наоѓаш во некое село.
Да, беее. Јас последните два викенда кога се вратив дома осетив. Ја прашав мајка ми ама не знаеше да ми одговори. Мислев дека некој од комшииве одлепил и штала направил во дворот.
А за какви фарми станува збор? Јас освен оние на Агриа не знам дека има други.
 
M

Moon Child

Гостин
Aбе има неколку, некаде кај Речани изгледа и од таму ветерот ја носи смрдеата. Лани летото се осеќаше многу кај Шорка, ама нагоре немав осетено. А вчера се враќав од кај баба живее кај Јурија, и од таму до дома до кај мене кај касарната ме откорна. Цел пат смрдеше да му ебам, помислив некаде гомно сум згазила :tapp:
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Веќе трета година во Велес, во реоните на Нова Населба, Тунелот и Кераминда смрди на свињи од фармата што се наоѓа некаде зад Киро Ќучук. Смрди корне. Навистина е срамота, кога некој ке ми дојде на гости и цел стан и на балконот ми смрди на измет од свињи. Дај жити се некоја петиција да се потпише за дислоцирање или да се запали тоа свињарникот некоја вечер сосе стопанката. Гнасно е.
Друг проблем за Велес се и фармите за свињи на главната улица спроти гимназија (кафичите). Се раширија до степен да ти е незгодно да одиш по тротоарот и над тебе гледаш добиток како се прозева, пие кафе да се расони, пуши по 4 цигари наеднаш и се раширил на столот, како да се наоѓа на гинеколог., бог да чува.
Не можат децата да си играат пред зграда, играат со топка на улицата зад кафичите.
Арно не им текнало да стават маси до базентот по тротоарот, може да се спои тука и Круг и паркингот кај Дистибуција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom