Велес

M

Moon Child

Гостин
Друг проблем за Велес се и фармите за свињи на главната улица спроти гимназија (кафичите). Се раширија до степен да ти е незгодно да одиш по тротоарот и над тебе гледаш добиток како се прозева, пие кафе да се расони, пуши по 4 цигари наеднаш и се раширил на столот, како да се наоѓа на гинеколог., бог да чува.
Не можат децата да си играат пред зграда, играат со топка на улицата зад кафичите.
Еј да! И мене ми е незгодно да минам оттука. А обично си шетам кога ќе излезам нагоре-надоле по неколку круга. Стварно се многу раширени, уште фали по тротоарот да се симнат.
Плус тоа јас да живеев во тие згради таму имаше отров одозгоре да фрлам. Не е лесно по цел ден да ти трешти дома Антена 5. Треба некаде да се дислоцираат.
 
М

Мартин`

Гостин
Осеќате ли како во последно време во градов смрди на свињи? Низ цел град смрди, дали е од тоа фармите којзнае :tapp:
Шеташ по чаршија и те мава една реа божем се наоѓаш во некое село.
Некаде измеѓу брако и узус индустриската зона имало фарми, и да не се поднесуваат труе корне ..
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Еј да! И мене ми е незгодно да минам оттука. А обично си шетам кога ќе излезам нагоре-надоле по неколку круга. Стварно се многу раширени, уште фали по тротоарот да се симнат.
Плус тоа јас да живеев во тие згради таму имаше отров одозгоре да фрлам. Не е лесно по цел ден да ти трешти дома Антена 5. Треба некаде да се дислоцираат.
Имаше нели некој предлог сите кафичи да се преместат во салата. Тоа е супер идеја, плус може да се среди и стадионот, да се направи летна тераса во склоп со него. Има простор еден куп таму. Ама јбг па тогаш ке немаат наркоманите кај да се фиксаат и ке нема градско веце. Може да се направи летна тераса и на местото на Скејт Паркот. Местото е супер, во центарот на градот, а сепак настрана.
BTW, да не знаеш што ке биде тоа што го градат во паркот покрај Вардар, чув дека ке било тениско игралиште, ама не знам за сигурно.
 
М

Мартин`

Гостин
Не зафркавај и ти кај ќе ги преместат кафичите па после ќе нема кој да оди, вака тука да ги видат сите тоа е шемата :LOL: инаку да тениско игралиште ќе биде тоа иако и ракометното има(ше) иста функција.. а и помошното фудбалско ич не се искористи ...
 
M

Moon Child

Гостин
Мене не ми е јасно за што ќе ни е тениско игралиште. Зарем некој во Велес игра тенис? Па и да игра, за двајца без тројца ли се гради :cautious: Тоа помошното остана како некоја нива таму, џабе само се зеде дел од паркот и се уништи. Имам чуено дека Ќумбев го барал за да отвори школа и да тренира деца таму, нормално и да си плаќа како ќирија, ама не му го дале од општината.
Туку, изградбата на паркот доле стагнира. Изгледа чуваат така за до изборите. Некаде пред избори ќе продолжат да го прават. Така и лани за изборите беше. Една година стоеше руиниран со трупци и гранки по земја, пред изборите рипнаа да го прават. Сега пак така стои. Ај догодина ваљда ќе имаме парк. И ако се направи, тука треба да има некакво обезбедување. Стварно не е во ред клупите во рок од една недела да се кршат! И тој делот кај скејт паркот може да се искористи за нешто подобро, така стои само, искршени лулашки, и треви пораснати.
А ако ви требаат цигли за по дома, слободно отидете кај пругата до стадионот, наполнете си една приколка од руинираниот ѕид од кај што дуваше промаја, не за друго, туку да не купувате. Гледам лаеја на предходните избори вмровци зошто Аце не го направил, сега гледам па горан го направи. Срамота. И денес пак излегле со тие смешните слики пред Панини да се брукаат, наместо да се скријат и да молчат.
Стварно одамна се откажав од партии и плукам секогаш по двете, чак што више сум и како што сум кажала сите досега да се обесат јавно, без разлика од која партија, ама ова не е во ред, и не е праведно. И обратна да беше ситуацијата истото ќе го зборував. Срамота е. Да излезеа да речат, еве, ова Аце не го направи ама затоа горан петров го направи, молим, ама овака е срамота.
И кој што сака нека рече, факт е дека Аце Коцевски направи многу повеќе за градов отколку горан петров (намерно е со мала буква). Оној што го тврди спротивното џабе се прави слеп. Градов пред тоа беше буњиште, сега има и каде да излезеш, да прошеташ и да седнеш како човек, барем личи убаво ако ништо друго.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Вајда живееш кај игралиштето во Тунелот, чим толку го фалиш ацета. Ништо лично и не сакам да се врти муабетот кој колку направил.
Паркот е црната точка во Велес. Жално е така што пропаѓа, сите имаат некој идеи како да се среди и направи, и секогаш се повеќе се упропастува. Но, за разлика од ацко, сега можеме да уживаме во прекрасниот Младински Парк, да си грицкаме сончоглед и да си ги шетаме децата. Тоа е најдоброто нешто што некогаш се има направено во Велесов. Да не набројувам колку улици се поплочени во градов, секако и тоа е за пофалба. Минус еден за горанче, и тоа голем минус, што им дозволи на кафичите да се рашират како чума, нелегално. И двајцата ги пишувам со мала буква, бидејки не сум фан и на двајцата.
Плус можам да додадам дека и езерото ни е една голема црна точка. Штета.
За тениско игралиште, мислам дека треба бидејки има многу момци и девокјки што се занимаваат со тој спорт во градот. Ако немате видено лани и преку лани имаше неколку турнири во тенис и исто неколку турнири во одбојка на песок и секако беа многу посетени.
 
М

Мартин`

Гостин
Има сигурно околу 10-15 деца што тренираат тенис, дел што се вика и со години предходно во Скопје патуваа за да тренираат и баш добро е што се направија игралишта кога веќе за поголеми спортови со повеќе финансии како ракомет, кошарка и фудбал не ни оди и да паркот доле не е баш до толку запуштен гледам патека направиле долж страната доле на Вардар а коцките што ги вадеа од улициве каде што поплочуваа сега ги местат низ патеките во паркот.. сепак да бавно некако оди, треба побрзо малце.
 
A

AnFem

Гостин
Се фатиле сите за улиците и свињите. Каде е зеленилото бе? Бунете се за повеќе зеленило, не за ебани улици! Се изградила најголемата фонтана во Македонија. Па што? Ќе ви го прочисти таа фонтана воздухот? Многу подобро ќе се чувствувате и вие и вашите деца кога ќе ги шетате во некој убав парк, цветна градина или мала шумичка. Без зеленилото, улиците нема да имаат никакво значење! Ќе скапува народот во сивилото и во жештините. Ама ете, ви изградија црква среде град, па молете се.
Што стана со големиот парк? Го подсредија ли? Уште ме боли срцево за дрвата...
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Шо праиме со свињите??

Ќе правиме ли твитер акција за дислоцирање на фармите??:cool:
 
B

Black Guard

Гостин
Еве бе и кај вас...дури 30 работници, за 23,4% намалување на невработеноста.
Само не знам каков е тој биодизел добиен од преработка на веќе истрошени масла за возила?:tapp:Биодизел нели е од растително потекло?!Тука нешто смрде...

.
Се прави и од потрошено масло(*од фаст фуд на пример) покрај од шеќерна репка.поточно во холандија има и домаќинства кои сами си прават.
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 17:12 ---
Се фатиле сите за улиците и свињите. Каде е зеленилото бе? Бунете се за повеќе зеленило, не за ебани улици! Се изградила најголемата фонтана во Македонија. Па што? Ќе ви го прочисти таа фонтана воздухот? Многу подобро ќе се чувствувате и вие и вашите деца кога ќе ги шетате во некој убав парк, цветна градина или мала шумичка. Без зеленилото, улиците нема да имаат никакво значење! Ќе скапува народот во сивилото и во жештините. Ама ете, ви изградија црква среде град, па молете се.
Што стана со големиот парк? Го подсредија ли? Уште ме боли срцево за дрвата...
Какво зеленило цел град е предаватели и антени кои надминуваат дозволена емисија-сега имаме и зрачење...пазете таму по тоа зградите и обавезно повикајте контрола да измерат.

А што се однесува за зеленилото треба....култура,има Х примери каде дрвца беа уништувани,јас мислам дека важно е ридовите да се пошумат да не биде се така голо и штуро а и ерозијата на земјиштето да се среди-значи околу градот едно масовно озеленување,плански со повеќе врсти на дрвја-липи обавезно за чај:)
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 17:15 ---
Шо праиме со свињите??

Ќе правиме ли твитер акција за дислоцирање на фармите??:cool:
Твитер не ви помага туку законот-а мислам дека законот брани да има таков капацитет односно истиот да биде оддалечен минимум 1500 метри од последнотои домаќинство(куќа или зграда).

Ако не се среди...тешко ќе биде летово-де дајте гугл-мап баш ме интересира каде е таа фармичка-ако нејкој не го мрзи преку гугл еартх.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ако не се среди...тешко ќе биде летово-де дајте гугл-мап баш ме интересира каде е таа фармичка-ако нејкој не го мрзи преку гугл еартх.
Еве ти координати...тука околу зеленава стрелка во радиус околу 100тина метри мислам дека е фармата.....стари се мапите на гугл(туш не е изграден,а работи веќе 2год),инаку можеби ќе се гледаше.
 
М

Мартин`

Гостин
Се фатиле сите за улиците и свињите. Каде е зеленилото бе? Бунете се за повеќе зеленило, не за ебани улици! Се изградила најголемата фонтана во Македонија. Па што? Ќе ви го прочисти таа фонтана воздухот? Многу подобро ќе се чувствувате и вие и вашите деца кога ќе ги шетате во некој убав парк, цветна градина или мала шумичка. Без зеленилото, улиците нема да имаат никакво значење! Ќе скапува народот во сивилото и во жештините. Ама ете, ви изградија црква среде град, па молете се.
Што стана со големиот парк? Го подсредија ли? Уште ме боли срцево за дрвата...
Какво зеленило за ѓубре народ, садат Дервен цвекиња низ градот за 2 дена ги снемува.. сите дома се опремиле :facepalm:
http://tirekovmirece.com/Novost/Стампедо-во-берење-цвеќиња

Се домаќини да се опремат дома.
 
Тоа се треба да се стрела јавно! Срамота!
Порано така правеа од оние дрвените куќички по игралиштата вадеа дрва за дома за распалок. Едно такво во градов здраво не остана. Клупите во рок од една недела по местењето се кршат. Стварно не ми е јасно кој има ќар од тоа. Срамота е, од наш џеб се прави тоа самите штета си правиме. доле во паркот милион пати ламби од оние топките се местат и истите одма се кршат. Клупите исто.
И мислам редно е да се поткастрат дрвата малку по тротоарот карши гимназија. Треба да се наведнам за да поминам, а сум прилично ниска. Башка што е црна темница од нив ништо не се гледа.

Туку, нели пред некое време, незнам дали на ти реков ми рече читав или на лисица, станарите од зградите кај кафичите се бунеа и рекоа дека проблемот ќе го превземат во свои раце? Дезинформација било, или?
 
A

AnFem

Гостин
Какво зеленило за ѓубре народ, садат Дервен цвекиња низ градот за 2 дена ги снемува.. сите дома се опремиле :facepalm:
http://tirekovmirece.com/Novost/Стампедо-во-берење-цвеќиња

Се домаќини да се опремат дома.
Затоа додека бев таму имав во план да организирам акции за подигнување на еко свеста кај народот. Да бидам искрена, предлогов не им изгледаше примамлив на некои луѓе од еко организациите, не сакам да ги именувам. И криво ми е што не успеав барем една акција да организирам, фанав патот... Од друга страна, колку се, толку и не се криви луѓето. Народот не може за живот да си обезбеди, не па за цвеќиња. Мене повеќе ме нервира што се откорнуваат засадените дрвца, од страна на исфрустрирани тинејџери, само за да се направи штета...
 
B

Black Guard

Гостин
Еве ти координати...тука околу зеленава стрелка во радиус околу 100тина метри мислам дека е фармата.....стари се мапите на гугл(туш не е изграден,а работи веќе 2год),инаку можеби ќе се гледаше.

Леле па ова е сериозно веќе на +38-39 целзиус има да корне се во радиус од 1500 метра а ветрот да го шири,патем и нема некоја гаранција од всвинска тенија-не знам фармите колку се модерни и што прават со изметот(некои енергија) ама локацијава е блиску до населено место и мислам дека треба лицата кои живеат најблиску со потписи да побараат релокација бидејќи така е само можн0-знам еден таков пример имаше една фарма од другата страна кај ридовите ама им мирисаше на луѓето а и изметот одеше право по пат така да дојдоа инспектори,реагираа и сопственикот изврши релокација-околу овој проблем колку побрзо толку подобро-и базенот има да мириса на свињи:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom